Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
По неочекуваниот пораз од Торино, Рома врза трета победа во низа, а за првпат од стартот на сезоната славеше на еден натпревар со два гола разлика. Тимот на ЏанПјеро Гасперини се уште е во фаза на конструкција и е далеку од „завршен продукт“, но и покрај тоа што „волчицата“ не игра најдобар и најатрактивен фудбал, засега успева да оствари позитивни резултати и во Серија А има биланс од 4 победи и еден пораз. Последниот триумф пристигна ова ...
Двата попладневни натпревари во Првата македонска фудбалска лига донесоа отворен фудбал и доста возбудувања на двете страни, но ако во Тетово гледаме рововска битка на дербито меѓу Шкендија и Силекс, во Скопје фановите беа сведоци на вистинска голеада. Работнички и Брера Струмица режираа вистински фудбалски празник, па во трилер со седум погодоци, на крајот повеќе среќа имаа гостите на „Тодор Проески“. Брера цело време водеше во драматичниот ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со одлична серија на последните турнири се врати во Топ 200 на ВТА ранкинг листата, а ваквата форма и овозможи да се најде на турнир со поелитна конкуренција каков што е Челинџерот во Самсун. Турнирот од ВТА 125 серијата ќе започне утре со дуелите од првото коло, а нашата најдобра тенисерка за противничка ќе ја има поранешната светска тенисерка број еден, Каролина Плишкова. Плишкова долго паузираше поради ...
Луис Енрике има проблеми со доста повредени фудбалери пред натпреварот со БАрселона во Лигата на шампиони, па по остварениот рутински триумф над Оксер, Лучо не беше премногу расположен за новинарски прашања. Шпанскиот стручњак е познат како тренер кој не ужива премногу во соочувањата со француските новинари, но вчера реши да се пошегува со нив пред стартот на прес-конференцијата. Вчерашниоте обврски кон медиумите започнале доста подоцна од ...
Џанлуиџи Донарума не доби нов договор од ПСЖ и беше ставен на трансфер листата, а тоа експресно го искористи Пеп Гвардиола кој доби голман од светска класа за сума од 30-тина милиони евра. Италијанскиот чувар на мрежата важи за еден од најдобрите во светот и веќе десет години е дел од фудбалската елита, па иако има само 26 години, изгледа како веќе да е цела вечност дел од европскиот крем. Донарума стартуваше како тинејџер на голот на Милан и ...
Ливерпул се предодреди да постигнува голови во финишот на натпреварите од стартот на сезоната, но вчера почувствува како е да се загубат бодови со свој рецепт, откако Кристал Палас постигна победнички гол во 97-та минута. Еди Енкетија се најде на вистинско место по големата мешаница во шеснаесетникот на гостите и постигна гол за победа на Кристал Палас, но бидејќи има свое минато како играч на Арсенал, неговиот погодок донесе дополнителна радост ...
Карлос Алкарас игра во страшна форма и со денешната победа го израмни најдобриот ефект по бројот на победи во една сезона, но повеќе од јасно е дека Шпанецот нема да застане тука и дека ќе оствари најдобар личен рекорд во 2025-та година. Алкарас е нов светски рекет број еден по трофејот на Ју-Ес Опен и сега напаѓа нова титула во Токио, а од ова утро е чекор поблиску до такво нешто. Карлито го надигра Накашима во четвртфиналето и закажа ...
Атлетико оставри историска победа против Реал Мадрид и за првпат после 75 години постигна пет голови во мрежата на лутиот градски ривал, а за овој чин многу големи заслуги има Диего Симеоне кој во изминатиот период се најде и под силен притисок. „Колчонеросите“ имаат најлош старт на една сезона под водство на аргентинскиот стручњак, но двете победи во низа над Рајо и Реал ги смируваат страстите, особено после извонредното ниво кое го покажа ...
Пеп Гвардиола има јасен ред и поредок и бара максимална дисциплина во својот тим, а ако некој не ги исполнува неговите услови, обично експресно завршува во друг клуб. Шпанскиот стручњак се откажа од неколку клучни фудбалери кои беа дел од историската триплета пред две години, па иако најголем дел од нив ги ослободи поради значително послаби перформанси на теренот, случајот со Џек Грилиш беше посебен. Крилниот фудбалер не ги исполни барањата на ...
Марк Макрез чекаше шест години за нов триумф во Мото ГП и тоа го направи на една од најемотивните патеки во неговата кариера, односно во домот на тимот чии бои ги бранеше од стартот на својата професионална кариера. Маркез освои осум светски титули како возач на Хонда и оставри историја со јапонскиот тим, но сега првата како член на Дукати му носи израмнување со Валентино Роси, но и посебна сатисфакција поради се она што го мина во изминатите ...
Жозе Мурињо оствари многу големи успеси во својата кариера, а едни од највпечатливите се оние кои ги имаше како менаџер на Челси, тим кој го водеше во два наврати. Искусниот португалски стручњак го доживеа Челси и како ривалски менаџер на други екипи во Премиер лигата, но сега после долго време ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“ како противник и предводник на странски клуб. Мурињо неодамна потпиша за Бенфика и сега како лидер на „лисабонските орли“ ...
Атлетико Мадрид запиша историска победа над Реал во големото мадрилењо дерби и вчера славеше со неверојатни 5:2, резултат кој беше сосема заслужено остварен со оглед прикажаното на теренот. Момците на Чоло Симеоне буквално „летаа“ по теренот од првата до последната минута и со својот интензитет и енергија направија огромни проблеми за избраниците на Чаби Алонсо, а играч на мечот за Атлетико повторно беше Хулијан Алварез со два постигнати гола. ...
Вчерашното мадридско дерби заврши со победа на Атлетико и разорачувачки епилог за Реал, кој прими пет погодоци и заработи многу критики од фановите и шпанската јавност. Поразот и критиките не се единствена лоша вест и за тренерот Чаби Алонсо, кој се соочи и со проблеми околу дополнителни повреди во тимот. Утринава, Реал потврди дека Дани Карвахал заработил повреда на десната нога и прегледите покажале дека ќе оди на принудна пауза. Првичната ...
Светскиот рекет број еден, Карлос Алкарас, рутински обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Токио и веќе го очекува следниот предизвик во јапонската метропола. Шпанецот денеска славеше со 6:2/6:4 против Брендон Накаџима и во меч во кој испорача и многу атрактивни поени, стигна до место меѓу најдобрите четворица во Токио. Алкарас стигна до 65-та победа сезонава, со што го израмни личниот рекорд за бројот на победи кој го постави во 2023 ...
Џон Стоунс речиси цела деценија е дел од Манчестер Сити, а покрај променливата минутажа, останува еден од милениците на Пеп Гвардиола и фановите на премиерлигашот. По летните шпекулации за разделба со Сити поради добивање поголема минутажа, Стоунс сепак остана на „Итихад“, а сега донел и конечна одлука околу својата иднина. Договорот на дефанзивецот истекува по крајот на сезоната, но тој веќе го овластил својот агент да почне преговори за ...
Борис Бекер ја промовира својата автобиографија со изјави кои го привлекуваат вниманието на јавноста, а во последната зборувал за својот голем ривал Андре Агаси. Германецот признал дека не бил премногу среќен од пристигнувањето на Агаси на елитната тениска сцена, па имал и сериозен анимозитет кон Американецот. – Кога го освоив Вимблдон во 1985 година, сите ме нарекуваа суперстар и тоа ми се допаѓаше. Но, кога Андре Агаси се појави со долга ...
ПСЖ и Барселона ќе се соочат во веројатно најинтересниот натпревар од престојното второ коло во Лигата на шампионите, но и двете екипи се соочуваат со проблеми со повредени играчи во пресрет на ова дерби. Барса веќе остана без Гави, Рафиња и првиот голман Гарсија, но очекува Јамал да биде целосно подготвен за оваа средба, додека Луис Енрике има уште поголеми проблеми. Покрај повредите на Дембеле, Дуе, Невеш и Маркињос, вчерашниот натпревар ...
Ханси Флик го има Војчех Шчесни како соодветна и квалитетна замена за повредените Жоан Гарсија и Марк-Андре тер Штеген, но тој и Барселона не сакаат дополнителен ризик и решиле да повлечат еден очекуван потег. Шпанските медиуми тврдат дека талентираниот голман Диего Кочен веќе тргнал на пат кон Европа и ќе биде во комбинација за настап уште за дуелот со Реал Сосиедад, како евентуална замена за полскиот ветеран. Американскиот голман доби дозвола ...
Лионел Меси се обидуваше да искреира шанса за своите соиграчи, имаше и неколку директни удари, но не успеа да го совлада расположениот голман на Торонто. Шон Џонсон блескаше на дуелот со Интер Мајами и е еден од главните фактори што Торонто стигна до реми (1:1) во дуелот со фаворизираните гости од Флорида. Аљенде го постигна единствениот гол за гостите, пред Михаиловиќ да обезбеди реми за канадскиот состав, а овој резултат ги намали шансите на ...
Раководството на Ал Итихад решило да ја прекине соработката со досегашниот тренер и денеска го потврди отказот за искусниот Лорен Блан. Французинот заминува од клупата на клубот од Џеда, а повод за ваквата одлука беше и поразот на дербито со Ал Наср, на кое на крајот се радуваа Кристијано Роналдо и неговите клупски колеги. Ал Итихад одлично ја започна сезоната и обезбеди три победи на три натпревари, а Блан мора да замине уште по првиот пораз во ...
Манчестер Јунајтед вчера загуби од Брентфорд, со што го поништи ентузијазмот меѓу фановите кој се појави по триумфот над Челси од пред една недела. Рубен Аморим повторно негодуваше за она што го гледа од своите играчи покрај аут-линијата, а по натпреварот истакнал дека не се плаши од отказ од раководството на премиерлигашот. – Никогаш не се плашам од отказ, едноставно не сум таков човек. – Тоа не е моја одлука, а јас ќе го давам најдоброто од ...
Марк Маркез го освои второто место на Мото ГП трката за ГН на Јапонија и на тој начин ја потврди титулата на пет трки до крајот на сезоната во елитното натпреварување. Шпанецот стигна на целта зад Франческо Бањаја, а пред Жоан Мир, кој го комплетираше победничкиот подиум, но имаше дополнителна причина за славење поради теоретски потврденото прво место во генералниот пласман до крајот на шампионатот. Маркез претходно последен пат беше на врвот на ...
Арне Слот секогаш е максимално искрен и отворен во разговорите со англиските новинари, па откако пред неколку дена јавно го прозва и го критикуваше Уго Екитике, сега реши повторно да зборува за погрешен потег од свој фудбалер, иако не сакаше јавно да го посочи неговото име. Ливерпул го претрпе првиот пораз во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата на гостувањето кај Кристал Палас, но фактот што прими гол во 97-та минута го направи овој ...
Атлетико Мадрид сосема заслужено славеше во големото градско дерби и му го нанесе првиот пораз на Реал Мадрид во новата натпреварувачка сезона, и тоа во натпревар кој уште долго ќе остане во сеќавање на „колчонеросите“. Тимот на Диего Симеоне излезе на теренот како да не постои друг излез освен победа, па иако во еден момент Реал направи пресврт и возврати на почетниот гол на домаќините со два погодоци за 1:2, во продолжение домаќините постигнаа ...
Денешната програма во англиската Премиер лигата ни носи два натпревари меѓу кои е и дербито на колото меѓу Њукасл и Арсенал. Ова се два клуба со голема традиција во Англија, два тима кои имаат високи амбиции и се очекува да биде доста пеколно на „Сент Џејмс Парк“ во терминот од 17:30 часот. „Топчиите“ имаат можност со победа да дојдат на само минус два во однос на лидерот Ливерпул кој во оваа шеста рунда го претрпе првиот пораз. Најдобриот ...
Пари Сен Жермен и со комбиниран тим го совлада Оксер со 2-0 на вечерашниот меч на „Паркот на принцовите“ во француската престолнина. Бранителот на пехарот погоди по еднаш во двете полувремиња, а во двете ситуации интересно улогата на егзекутори ја имаат двата стопери. Засилувањето од Борнмут, Забарњи донесе водство во 32 минута, додека Бералдо во 54 го потврди триумфот број пет во Лига 1. (ТУКА можете да ги видите головите) Меѓутоа овој меч ...
Тотенхем игра променливо во оваа сезона, а потврда за тоа добивме вечерва каде избраниците на Томас Франк во „последен час“ се спасија од пораз од „фенерџијата“ Вулверхемптон во Премиер лигата. „Петлите“ влегоа како големи фаворити во овој дуел против тимот кој немаше освоен ниту еден бод во првите пет кола во шампионатот, но токму „волците“ водеа во Лондон со 1-0 до 94 минута. Палиња на асистенција на Сар погоди атрактивно за конечни 1-1. ...
Фудбалерите на Интер го потврдија статусот на фаворити и го совладаа Калјари со 2-0 во последниот меч од денешната програма во првата италијанска лига. Избраниците на Киву славеа рутински и со тоа фатија приклучок кон врвот на табелата во Серија А. Актуелниот вицешампион погодуваше во почетната и завршната фаза на натпреварот, Мартинез со удар со глава го отвори резултатот во 9 минута. Во 82 пак резервистот Еспозито на асистенција на Димарко ...
Македонскиот кошаркарски стратег, Емил Рајковиќ имаше фантастично деби на кормилото на Тофаш во турскиот шампионат, деби крунисано со победа над актуелниот турски и европски шампион Фенербахче. Клубот од Истанбул падна во Бурса по една драма која беше решена со звукот на сирената. Домаќините во завршниот период губеа и со седум разлика, ама во ниту еден момент не се предадоа и се доведоа до позиција да го имаат последниот напад на мечот и тоа на ...
Составот на Вардар 1961 оствари рутинска победа на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш (30:25) во средбата од 4. коло во Суперлигата. Тиквеш знае да биде незгоден ривал, но „црвено-црните“ овојпат немаа никакви проблеми и го положија последниот испит пред престојното дерби со Еурофарм Пелистер закажано за 1 октомври во Скопје. Избраниците на Чупиќ одиграа цврсто во одбраната во првиот дел, примија само 8 гола и притоа дадоа 14, па таа позитива ...