Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски ја заврши приказната во САД и во оваа сезона ќе го гледаме на европската сцена во дресот на Тренто. Тој денеска го имаше официјалното деби за оваа екипа и тоа во рамките на полуфиналето на италијанскиот Супер Куп против Бреша. Тренто диктираше темпо и игра во првиот дел кој го заврши со плус 13 (45:32), но падна во вторите 20 минути и му дозволи на противникот да уфрли 56 поени, да направи пресврт ...

Усман Дембеле и официјално беше крунисан за најдобар фудбалер на светот, односно ја доби најпрестижната индивидуална награда „Златната топка“. Офанзивецот имаше импресивна сезона за Пари Сен Жермен, сезона со 35 гола и 16 асистенции на 53 натпревари, сезона крунисана со успеси во повеќе натпреварувања меѓу кои и Лигата на шампионите. Ова му помогна да дојде до врвот, да биде прогласен за број еден, па сосема очекувано доби честитки од повеќе ...

Екипата на Реал Мадрид го доживеа првиот сезонски пораз во шпансото првенство и тоа од градскиот ривал Атлетико кој ги реши на „Метрополитано“ со 5-2. Ова беше средба во која домаќините беа поопасни, поконретни, упатија повеќе удари од противникот и на крајот дури и „испукаа петарда“ во мрежата на Куртоа. Конечниот резултат никој не го очекуваше особено откако Реал направи пресврт и поведе со 2-1, но потоа Серлот, Алварез (2) и Гризман се ...

Македонскиот голман, Мартин Томовски ја продолжи серијата на добри мечеви за Битигхајм во втората германска лига, овојпат во соочувањето со Нордхорн-Линген. Гостите одиграа две различни полувремиња, но и тоа се покажа како доволно за да осварат позитивен резултат на теренот на противникот или поточно реми од 27:27. Домаќините беа во елемент во првите 30 минути и на одмор заминаа со плус пет (17:12), но во продолжението гледавме друга приказна во ...

Јувентус и Аталанта одиграа без победник во вториот натпревар од денешната програма во италијанската Серија А. Двете екипи добија по едно полувреме за конечни на крајот 1-1 и по еден бод на нивното конто. Овој резултат е омилен за двата тима во тековнава сезона затоа што кога ремизираа тогаш мора да е 1-1. Имено Јуве тоа го направи со Верона, додека Аталанта играше вака и со Парма и Пиза. Гостите од Бергамо го зададоа првиот удар со голот на ...

Ракометарите на Алкалоид без никаков проблем остварија триумф над Радовиш од 35:23 во средбата од 4. коло во Суперлигата. Ова за „сино-белите“ од Автокоманда беше второ сезонско славје во кое лидер беше Тордарсон со шест гола, по пет реализации имаа Стојковиќ и Ѓорговски. Инаку избраниците на Алкалоид беа подобри во двата периоди, првиот дел со 18:13, второто со 17:10. И екипата на ГРК Охрид ја запиша втората победа и тоа во соочувањето со ...

Милан Ристовски го постигна својот прв гол во дресот на Бохемианс, но и тоа не беше доволно неговиот тим да оствари победа над Сигма Оломоуц каде настапува Тихомир Костадинов. Ристовски беше стартер на денешното соочување и со мајсторски погодок во 3 минута го отвори резултатот. Меѓутоа гостите одговорија и во 17 и 18 минута се погрижија за експресен пресврт преку Васулин. Začátek jak se patří 🔝 pic.twitter.com/AktB6OBGY3 — Chance Liga ...

Тимот на Брегалница продолжува со сигурните настапи во Втората македонска фудбалска лига каде денеска дојде до петтата победа во низа. Нова жртва на составот од Штип беше Преспа која беше совладана со 2-0. Стрелци на погодоците вредни три бода беа Калпачки во 6 и Масевски во 86 минута. Шкендија Арачиново пак им се врати на победите и тоа против Слога Виница со 2-1, додека Кожув и Скопје ремизираа 1-1 во мечот кој беше одбележан од инцидентот во ...

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ од 2022 година е член на калчолигашот Јувентус, тим со кој има договор до 30 јуни 2026. Калчолигашот се обиде да се ослободи од него во летниот преоден рок, па иако имаше неколку опции на маса, ниту една од нив не се реализираше и тој остана во Торино. Во досегашниот тек на кампањата имаше неколку добри изданија и Душан повторно стана актуелен и се појавија информации дека голгетерот може биде продаден во ...

Мадридското дерби во Ла Лига заврши со победа (5:2) на Атлетико Мадрид, екипа која денеска постигна дури пет погодоци во мрежата на градскиот ривал Реал. Атрактивното соочување на мадридските гиганти донесе интересен натпревар со неколку пресврти, а на крајот се радуваа домашните фанови, додека Реал се соочи со првиот неуспех во новата сезона. Ле Норманд го отвори резултатот во корист на домаќините, но Реал успеа да направи пресврт со головите ...

Челси доживеа непријатен пораз на домашен терен од Брајтон (1:3), додека Кристал Палас го победи шампионот Ливерпул и му го нанесе првиот пораз (2:1) во новата сезона. Ливерпул пристигна во Лондон со перфектен учинок, но повторно имаше проблеми со традиционално незгодниот противник, кој поведе со голот на Сар уште в0 9. минута. Актуелниот освојувач на ФА купот не реализираше уште неколку големи шанси благодарение на одличниот Алисон, а во ...

Наполи ќе добие сериозен предизвик во соочувањето со Милан во Серија А, а тренерот Антонио Конте има сериозни проблеми со составувањето на својата одбрана. Актуелниот италијански шампион го дочекува дербито со „росонерите“ со максимален број поени и перфектен скор по првите четири рунди, но сега со соочува со голема дефанзивна криза. Стоперите Алесандро Бонџорно и Амир Рахмани се повредени и уште пред денешниот ден беше јасно дека нема да ...

Ривалството меѓу Барселона и Реал Мадрид е големо, но еден од поранешните играчи на актуелниот шпански шампион џентлменски истакнал дека Винисиус ја заслужил „Златната топка“ во 2024 година. Бразилецот остана без престижната награда, која заврши во рацете на Родри, а Ињиго Мартинез искрено потенцирал дека очекувал поинакво сценарио во гласањето. – Како и многу други, минатата година очекував наградата да заврши кај Винисиус. – Според мене, тој ...

Арсими и Тиквеш остварија домашни победи на денешните средби од Првата македонска фудбалска лига, освојувајќи по три бода во дуелите со Шкупи, односно Македонија Ѓорче Петров. Фенерџијата Шкупи два пати израмнуваше на гостувањето кај Арсими, но домаќините на крајот постигнаа уште два гола за конечни 4:2 и очекувани три бода во дуелот со екипата која го доживеа и осмиот пораз сезонава. Многу потешка беше задачата на Тиквеш, екипата која во ...

Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите фанови, доживувајќи пораз на гостувањето кај Брентфорд, а менаџерот Рубен Аморим во првата анализа признал дека неговиот тим не одиграл добар натпревар. Португалскиот стручњак тврди дека неговите избраници ја прифатиле играта на противникот и тоа ги чинеше скапо на оваа средба. – Секако дека сакавме да победиме, но не го контролиравме натпреварот. – Ја игравме играта на Брентфорд, сите решавачки ...

Повредата на Жоао Гарсија дојде како сериозен удар за Барселона и тренерот Ханси Флик, па шпанскиот шампион одреден период ќе мора повторно да смета на услугите на ветеранот Војчех Шчесни. Барса ја потврди повредата на својот прв голман по дуелот со Овиедо, а денеска официјално информираше и дека Гарсија имал успешна операција. Хирурзите во клиниката во Барселона морале да направат корекција на менискусот на коленото на левата нога, по што од ...

Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, ...

Арсенал утре има тешко гостување кај Њукасл, а една англиска легенда смета дека евентуален пораз ќе значи уште една сезона без премиерлигашка титула за „топчиите“. Иако се уште се игра првата фаза од првенството, Пол Мерсон смета дека Арсенал мора да ги освои бодовите на „Ст. Џејмс Парк“, бидејќи во спротивно нема што да бара во трката со шампионот Ливерпул. – Почетниот состав на Арсенал против Сити ме шокираше. – Немам ништо лично против ...

Манчестер Јунајтед имаше шанса да израмни и да се врати од два гола негатива на гостувањето кај Брентфорд, но нереализираниот пенал на Бруно Фернандеш му даде друг тек на натпреварот и избраниците на Рубен Аморим доживеаја пораз (3:1) кој ќе ја зголеми кризата на „Олд Трафорд“. Брентфорд ги израдува своите фанови со два гола на големото засилување Игор Тиаго, па со погодоците од 8 и 20. минута, домаќините имаа солидна предност против англискиот ...

Доделувањето на „Златната топка“ и натаму носи интересни реакции и коментари, нешто што е вообичаено кога се работи за најпрестижното индивидуално фудбалско признание, а подоцна објавените гласови открија дека Усман Дембеле имал сериозна предност во однос на Ламин Јамал. Фудбалерот на Барселона како мала утеха го доби „Копа“ признанието, кое се доделува за најдобриот играч на возраст до 21 година, а организаторот откри интересни детали со ...

Масимилијано Алегри го прифати предизвикот да се врати во Милан во период кога клубот минува низ турбулентни времиња, но првите неколку натпревари во Серија А покажаа дека актуелните фудбалери ја следат визијата на искусниот стручњак и веруваат во методите кои ги применува. По стартниот шок и поразот од Кремонезе, Милан врза ветувачки три победи во домашното првенство, а сега во петтото коло го има првиот најголем предизвик, и тоа на домашен ...

Лионел Меси игра во страшна форма во Америка и забележа пет погодоци и три асистенции на последните три натпревари, но видеата кои пристигнуваат од САД ни откриваат дека ужива и на тренинзите. Интер Мајами му овозможи на Меси да ужива покрај добро познати лица како Жорди Алба, Суарез, Бускест и Де Пол, а пристигнувањето во тимот на сонародникот го направи тимот уште покомпетитивен. Де Пол се очекува да биде големо засилување во обидот да се ...

Ханси Флик може да биде задоволен од играта на Барселона на последните неколку натпревари, но Германецот денеска призна дека има и причини за незадоволство, а причина за тоа е загрижувачкиот здравствен билтен кој се полни во неговиот тим. По повредите на Фермин и Гави, Барселона вчера информираше дека недостапни за тренерот Флик ќе бидат и Рафиња и Жоан Гарсија, со тоа што повредата на голманот е покомплксна и ќе бара подолга пауза. Гарсија ќе ...

Луис Буфон го привлече вниманието минатата сезона кога реши да ја избере репрезентацијата на Чешка, пред Италија, а бидејќи неговото презиме е премногу звучно, се најде во фокусот и кога пред неколку дена доби шанса за првиот тим на Пиза. Талентираниот 17-годишен фудбалер е член на младинскиот тим на Пиза и е регистриран како играч на вториот тим, но сега доби 30-тина минути во Купот и тоа беше професионално деби за него во Копа Италија. – ...

Ињиго Мартинез ја изненади целокупната светска јавност кога во текот на летниот преоден рок побара да направи трансфер од Барселона, но два месеци подоцна, стоперот веќе отворено говори за тоа дека ја донел вистинската одлука, без разлика на извонредниот учинок кој го имаше во тимот на Ханси Флик. Искусниот стопер замина на печалба во Саудиска Арабија и не одолеа на понудата која тешко се одбива, но како што вели самиот во интервјуто за „Марка“, ...

Брентфорд и Манчестер Јунајтед ќе ја отворат шестата рунда во Премиер лигата, а непосредно пред стартот на возбудувањата, од Англија пристигна вест за нов менаџерски отказ. Грем Потер „висеше на конец“ по ужасната серија на резултати на Вест Хем, па иако се чинеше дека ќе добие последна шанса против Евертон, сепак поранешниот менаџер на Челси нема да го дочека натпреварот против „карамелите“ како предводник на лондонскиот клуб. Вест Хем се ...

Турнирот во Пекинг полека влегува во својата највозбудлива фаза и одиграните осминафиналиња се најава за уште повозбудливи пресметки во следната рунда, но победата која ја оствари Лоренцо Музети се најде во центарот на вниманието поради еден шокантен испад на Италијанецот. Музети се намачи во дуелот си Мпетеши Перикар и славеше победа по три одиграни сета, но при крајот на вториот, режираше сцена која ги шокираше сите тениски приврзаници во ...

Јаник Синер и Карлос Алкарас втора година по ред се најдобри светски тенисери, а двајцата овојпат решија азиската турнеја да ја започнат на различен начин, односно со настап на друг турнир. Карлос Алкарас како нов светски рекет број еден се пријави во Токио и е прв фаворит на турнирот во Јапонија, па така денеска ја запиша и втората победа и потврди дека повредата на зглобот ја остава зад себе. Алкарас не пронајде вистински ривал во Зизу Бергс и ...

Хари Кејн вчера постави уникатен рекорд и стана првиот фудбалер кој постигнал 100 погодоци за еден клуб на 104 одиграни натпревари, достигнување со кое стигна благодарение на двата погодоци кои ги постигна против Вердер Бремен. Досега, на врвот на оваа листа беа Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд кои имаа постигнато 100 голови по 105 одиграни натпревари за клуб од топ 5 лигите, но на Кејн беше побрз за 90 минути и сега е апсолутен рекордер по ...

Манчестер Јунајтед ќе го отвори шестото коло во Премиер лигата со натпревар против Брентфорд на гостински терен, а во најавата за оваа средба, Рубен Аморим излезе со неочекувано објаснување за еден важен фудбалер. Менаџерот на Јунајтед откри дека денеска нема да може да смета и на Амад Диало, отсуство кое се должи поради трагична вест која пристигнала од неговото поблиско семејство. – Лича Мартинез е во аут, Касемиро е во аут поради црвениот ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
77%
1019
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
82%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
81%
1019
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.89
87%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.14
79%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1014
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
94%
1021
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
78%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60463

Currency

1.26793