
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



На покана на Македонската радио телевизија, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во Дневникот за „Тема на денот” на 12.12.2023 година зборуваше за потребите и придобивките од воведувањето на уставната жалба. Н:Последните неколку месеци интензивно водите кампања за подигнување на свеста за воведување на уставна жалба во Македонија. Може ли преку еден практичен пример да ни објасните што губиме што сега ја немаме таа уставна жалба и ...
Претседателот на Владата на РС Македонија, Димитар Ковачевски, е во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе учествува на Самитот Европска Унија-Западен Балкан. Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски е вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Домаќин на Самитот е претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Покрај премиерот Ковачевски, на Самитот ќе учествуваат лидерите и шефови на Влади и држави на ...
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека предлогот тој да биде технички премиер во преодната влада е одлука на партиските органи и оти договорот е пржинската влада да се применува за изборите во 2016 година и последователно за сите наредни избори. Џафери изјави дека нема никаков проблем тој да биде номиниран за функцијата технички премиер затоа што Уставот е сепак над законот. “Оставка на Влада подразбира одење на сите, а за техничка ...
Заменикот на претседателот на Владата на РС Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со делегација на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во состав на Рана Карадшех – Директорка за Европа, Николас Маркиер – Регионален менаџер за Западен Балкан, како и претставникот за Косово и Северна Македонија, Висар Перани. Вицепремиерот Битиќи, ја искажа неговата ...
Денес, на 13 ноември во 11:30 часот, во фоајето на Националната опера и балет да присуствувате на потпишувањето на Договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Северна Македонија. Договорот ќе го потпишат вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт. ...
Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа привремено задржаа товарно моторно возило со полуприколка, натоварено со алуминиумски котури во вредност од 92.635 евра, откако возачот на возилото – странски државјанин, при влез во Република Северна Македонија на ГП Богородица се обидел на царинскиот орган да му стави на увид транспортно средство на кое е поставено царинско обележје – пломба и овозможил отварање на ...
Во Театар Комедија вечер, 12 декември, со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Демнејќи го Годо“ по текст на словенечкиот писател Драго Јанчар, а во режија на Сибел Авдиу. Улогите ги толкуваат Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет, сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на костимографката Ивана Каранфиловска, а кореограф на претставата е Александра ...
Над 700 милиони евра се обезбедени средства за реализација на развојни проекти и реформи. Од Светска банка 93,8 милиони евра за развојни политики за одржливост и отпорност, 50 милиони евра од Француската развојна банка за зелени и социјални инвестиции. Од ЕИБ, ЕБОР и ЕУ за железничката пруга од Коридорот 8 кон Бугарија 499 милиони евра и 60 милиони евра ИПА програма, како и 7,5 милиони евра од ЕБОР и ЕУ за заеднички железнички граничен премин ...
На 14 декември, со почеток во 20:00 часот, Оркестарот на Филхармонијата ќе го изведе концертот „Мистика“, посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. На програмата се Интермецо „Il sogno“ од операта „Гуљелмо Ратклиф“, Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ и музиката за филмот „Сатанска рапсодија“ кој, во соработка со Кинотеката на РС Македонија, паралелно ќе се прикажува во текот на изведбата. Диригент е Масимилијано Калди ...
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во работна посета на ЈЗУ Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар кадешто оствари средба со менаџментот и вработените на установата. Министерство за здравство за Клиниката за ортопедски болести набави нов артроскопски столб наменет за пациентите. – Станува збор за најсовремена апаратура со која ...
Претседателката Добрила Кацарска и судиите Осман Кадриу и Татјана Васиќ Бозаџиева учествуваа на дебата организирана за заштитата на човековите права и слободи пред Уставниот суд од страна на Институтот за човекови права. Претседателката Кацарска имаше обраќање на темата „уставна жалба” и во оваа прилика пред претставници на невладиниот сектор и академската заедница ја изрази потребата од поддршка за проширување на надлежностите на Уставниот ...
Претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 зборува за актуелните политички случувања во државата, за двете убиства кои ја потресоа македонската јавност, состојбите со корупцијата, законските решенија и предлозите за нивни измени, како и за претстојните парламентарни и претседателски избори и дали ќе се кандидира за втор мандат. “Добра одлука е претседателските и парламентарните избори да се одржат ...
Не ја разбирамe потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи и оваа година во истиот период како на тајмер, партиските војници да констатираат дека „Скопје е тажно“ и дека „Скопје нема да се накити“ за време на Новогодишните празници, реагираат од Град Скопје. Секоја година истите луѓе се демантирани. Не од нас, туку од граѓаните кои се фотографираат со Новогодишните украси во градот. За загрижените да информираме – Градот Скопје ...
Во издание на Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат новиот роман на познатата авторка и поетеса Наташа Сарџоска насловен „Живот без сведоци“. Ова е втор роман на Сарџоска по „Трамонтана“, кој се вброја меѓу најдобрите романи за 2021 година и беше во тесна конкуренција за Роман на годината. Промоцијата на „Живот без сведоци“ ќе се одржи на 14 декември (четврток), со почеток од 19 часот, во Филхармонија-бар, а негов промотор ќе биде авторката и ...
Општина Центар го заврши новогодишното украсување. Годинава општината е украсена на повеќе локации каде се поставија новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси. Украсувањето започна од улицата „Орце Николов“ па продолжи кон улиците Боемска 1 и 2 каде на неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни фигури на бандери, ѕвездено небо и 9 метарска новогодишна елка. Украсен е и Скверот пред ...
Во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, во Обединетите нации во Женева, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари и низа билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот ...
На вчерашната седница, Извршниот одбор донесе одлука зелената партија ДОМ да ги поддржи предлозите: Талат Џафери за претседател на техничката влада и Јован Митрески за претседател на Собранието. Согласно одлуката на Централниот одбор на ДОМ со која го овласти Извршниот одбор за преговори со СДСМ за заеднички настап на претстојните избори, ИО на ДОМ формираше тим за преговори, предводен од претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, информираат од ...
Малопродажните цени на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат и тие ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 40,572 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ...
Денеска, (11.12.2023), во Полицискиот Центар Ѓорче Петров, беа промовирани 20 интервентни комбиња наменети за потребите на сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, а кои се опремени со најнова високософистицирана опрема согласно поставените високи стандарди на работа на македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во оваа прилика истакна дека стратешката поставеност на Министерството ...
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска беше во посета на МАНУ кадешто присуствуваше на презентацијата на нова апаратура за генетско испитување во рамки на проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“. „Денеска отвораме една нова страница од научната, образовна, здравствена сфера. Новата апаратура за генетско испитување во МАНУ како ...
Во период од 4 до 8 декември 2023 година, во Струга, се одржи 5 дневна интерактивна обука за ментално здравје и психосоцијална поддршка заснована на заедницата, со домаќинство на Црвениот крст на РС Македонија, со севкупна цел да се поддржат националните друштва во Централна и Југоисточна Европа, за да ги изградат своите капацитети за поддршка на луѓето погодени од Меѓународниот вооружен конфликт во Украина, делегацијата на Кластерот на МФЦК ...
Вчера, во 22 часот на ул.„Антон Попов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево го лишија од слобода Љ.С.(48) од Куманово. Тој бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за доиздржување 10 месеци затворска казна, а бил осуден на две години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот ...
Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на дигитални вештини и безбедно пребарување на интернет, се дел од придобивките од набавената ИТ опрема за 40 основни училишта, преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка. Министерството за образование и наукa вложува во дигитализација на образовниот процес, како еден од главните фокуси на ...
На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, бара МВР до Собранието да достави Информација за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во која ке бидат опфатени сите аспекти поврзани со ликвидацијата на Вања и Панче, вклучително и активностите и мерките на МВР, како и на другите служби за безбедност. И покрај сите апели да не се политизираат овие ...
Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на ...
Во обезбедувањето на независна и сигурна енергија за нашата држава, македонските институции посегнуваат по сите можни енергетски решенија. За нив, приоритет се изградбата на гасната инфраструктура исто колку и продолжувањето на работењето на РЕК Битола на јаглен, како и изградба на нова голема хидроцентрала, но и поставувањето на фотоволтаични и ветерни централи и декарбонизацијата. Очигледно е дека во моментот се пристапува кон енергетскиот ...
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава отпатува за Будимпешта, Унгарија со цел учество на конференцијата „Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ. Тренчевска ќе ја отвори конференцијата и воедно ќе учествува на работниот дел на истата. Таа за време на нејзиниот престој во Будимпешта ќе се сретне и со регионалната директорка на ...
ДУИ се уште макотрпно се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје „без трн во ногата“, бидејќи неговото враќање од Будимпешта, на оваа партија, им значи многу. Им значи, бидејќи ДУИ единствениот спас го гледа во враќањето на Груевски. Ова е сон на ДУИ, но за нивна жал, сегашната реалност не е сон, туку доказ кој покажува дека во Северна Македонија имаме влошување на состојбите во секој аспект и во секоја сфера. Веќе постојат докази дека ...
Бугарија да ги преземе сите мерки за гаранција на правата на малцинствата на нејзина територија, вклучувајќи го и македонското малцинство, како и да ги отстрани сите бариери за регистрација на Македонците, се вели во најновиот извештај на Комитетот за елиминација на дискриминација на Обединетите нации, во кој се бара од Бугарија да ги преземе сите мерки за поттикнување на нивните активности и да соработува со малцинствата. Во извештајот е ...
На Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември, во Собранието на РС Македонија свечено беа доделени државните награди „Мето Јовановски“, највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. „Гордост и чест е што државната награда за човекови права е именувана „Мето Јовановски“ по нашиот писател и активист, кој беше и остана запаметен како неуморен борец за заштитата ...