На вчерашната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека на територија на пријателска Турција е пронајден и лишен од слобода и главниот креатор, планер, координатор и директен извршител на неколкуте кривични дела поврзани со монструозното двојно убиство во Скопје и во Велес. Министерот Спасовски информираше дека е добиено и официјално известување од колегите од Турција, а пронаоѓањето соодветствуваше на ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице. ...

Министерството за образование и наука изразува длабоко сочувство до семејството и блиските на трагично починатата Вања. Невино дете кое наместо да му се радува на животот, не по своја волја и вина, замина во вечноста, испраќајќи порака дека општеството и граѓаните мора повеќе да ги прифаќаат и да ги шират вистинските вредности за мир, толеранција, почитување и ненасилно однесување. Сочувство, но и јавна благодарност изразуваме до раководството ...

Секоја година на 5-ти декември во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина се одбележува Светскиот ден на волонтерството. На глобално ниво, во националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина секоја година, над 16 милиони волонтери даваат активен придонес во подобрување на животот на ранливото население. Оваа година Црвениот крст на РСМ го одбележува Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември под мотото “Надеж” ...

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2023 година се доделува на платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и на хуманитарецот и основач на невладината организација „Донирај компјутер“, Борче Стаменов соопшти Министерството за култура. Наградата се доделува за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Претседателка на Одборот е Александра Цветановска. Наградата ...

МАКЕДОНИЈА – Облачно, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во втората половина од ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно и магливо, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремен дожд. T= 6 °C, P= 980 hPa, U= 80 %, V= 2 m/s. (Т- ...

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2023 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 декември 2023 година. Со цел ...

МВР најостро ги демантира шпекулациите кои денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во општина Карбинци. Според официјалната пријава до полицијата: Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло ...

Безмалку 2.000 граѓани, ученици и наставници, членови на граѓански здруженија и невладини организации, минатиот месец го посетија Собранието на Република Северна Македонија и ја искористија можноста да се запознаат со функционирањето и организацијата на законодавниот дом, да ги разгледаат најрепрезентативните простории и сали и да научат повеќе за историјата и за законодавниот процес. Парламентарниот институт во ноември 2023 година ...

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити присуствуваше на првата министерска конференција на 28. Конференција на страните на рамковната конвенција на ООН за климатски промени, што од 30 ноември до 12 декември се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Меџити, истакнува дека целта на овој министерски состанок, на кој присуствуваат над 100 земји од светот е унифицирање на активностите и пристапот на климатските промени на ...

“По 17 години повторно имаме редовни парламентарни избори. Последните редовни парламентарни избори во нашата држава биле во 2006 година. Тоа значи дека Владата успеала да креира дополнителна стабилност, извесност, предвидливост и почитување на редот и законите согласно највисоки демократски принципи. И тоа е голем чекор, по постоењето на заробената држава до пред само помалку од една декада”, изјави премиерот Димитар Ковачевски, по лидерската ...

Универзитетската професорка проф. д-р Рабије Мурати и филмскиот режисер Антонио Митрикески се добитници на државната награда „Св.Климент Охридски” за 2023 година, која се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на РС Македонија. Универзитетската професорка ...

Oркестарот на Филхармонијата на 7 декември, од 20 часот ќе одржи концерт кој претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно. Концертот има наслов „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек-дела на браќата Коен, Скорсезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола… Диригент е ...

Во Националната галерија – објект Чифте амам, денеска, 5 декември, во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Музеј на детството“ на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили од Приштина, Косово. Изложбата „Музеј на детството“ опфаќа триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника. Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија. Изложбата ќе биде достапна за публиката до 18 декември 2023 година. ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 17 мерки за некористење на сигурносен појас… ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на Љ.П. со прекар П. Од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната ...

Авдокатот Васко Стојков го однел Љупчо Палевски во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, објави „Телма“. “Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ...

Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, МВР ја информира јавноста, дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изрази сочувство на семејството и најблиските за смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска. “Прераната смрт на Вања претставува ужасна трагедија која нѐ погоди сите нас. Моето искрено сочувство за семејството и најблиските; нашите мисли се со вас, иако сме свесни дека ништо не може да ја надомести вашата празнина. Ова злосторство ќе биде најстрого казнето, за што сум убеден дека Обвинителството ...

Лидерите на Европскиот Сојуз за Промени ја напуштија лидерската средба, информираше Изет Меџити, претседател на Демократското движење. Тој рече дека средбата ја напуштиле по заминувањето на спикерот Талат Џафери, во моментот кога се разговарало за членот на ДИК. “Излеговме и ние затоа што немавме со кого да ги соочиме аргументите“, рече Меџити. Тој истакна дека бараат предвремени парламентарни избори бидејќи оваа влада не го исполнила главното ...

Започна лидерската средба којашто се одржува на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Собранието на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседатели на политички партии застапени во Парламентот. Тема на средбата се актуелни политички прашања од значење за претстојните редовни претседателски и парламентарни избори, како и од ...

Општина Центар по повод немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ “Јохан Хајнрих – Песталоци“ дава препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан. Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и ...

На денешната средба на лидери на политички партии, претседателот на Демократскиот сојуз, меѓу другото ги афирмираше следните ставови: Прво, евроинтеграциските процеси на Македонија се во сериозен застој поради тоа што во изминатите седум години СДСМ и ДУИ не спроведоа темелни реформи во ниту една област, не воспоставија систем на владеење на правото, ја криминализираа државата, а ги партизираа сите институции, почнувајќи од Уставниот суд, па ...

На денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето каде било извршено убиството, појасни дека утврдено е дека двете лица кои биле со возилото „цитроен“, по претходно добиена информација која ја имале вечерта пред извршувањето на грабнувањето дека девојчето ќе биде само и во колку часот, во влезот од зградата го земаат и потоа било внесено во возилото. „Пред возилото ‘цитроен’ се наоѓа ...

Спасовски на заедничка прес-конференција со ОЈО Бубевски МВР во координација и под водство на ЈО во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот, откако вчера се добија информациите, се обезбедуваа доказите и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. Иако, за жал, разрешницата не нѐ доведе до исходот кој го посакувавме сите ние и целата македонска јавност, да ги пронајдеме живи, туку двете лица, и малолетничката од Скопје ...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција изјави дека малолетната Вања е грабната во влезот, по што и биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и потоа е однесена на локација каде што била убиена и закопана. „Грабната е од внатрешнот дел на зградата, со врзани раце и нозе во вреќа за спиење и ја стваат во возилото „цитроен“. Пред нив се движи возило канго, однесена е надвор од Скопје, ...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција изјави дека малолетната Вања е грабната во влезот, по што и биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и потоа е однесена на локација каде што била убиена и закопана. „Грабната е од внатрешнот дел на зградата, со врзани раце и нозе во вреќа за спиење и ја стваат во возилото „цитроен“. Пред нив се движи возило канго, однесена е надвор од Скопје, ...

“Осомничениот за убиството на Вања е избеган од Македонија заедно со неговиот адвокат, изјави денеска на прес конференција министерот Оливер Спасовски. Лицето е заминато со возило заедно со неговиот адвокат и заминато во Белград. Од таму заминува во Бугарија следниот ден”, изјави министерот Спасовски. Главниот организатор и извршител, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.11.2023 до 01.12.2023 зема 150 примероци за ...

Таткото на Вања оддал информации кога таа излегува за во училиште, по што киднаперите ја грабнале уште во влезот од зградата во која живеела, изјави на прес-конференцијата која се уште трае, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. – Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничкат, а исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата, за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57