Обвинителката Соња Симовска ќе биде нова в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески. Таа на функцијата ќе ја извршува до регуларното именување на републички обвинител. Симовска во понеделник ќе ја презеде функцијата од досегашниот шеф на обвинителството Јовески. Симовска едногласно е изгласана од сите членови. Таа работела како приправник во скопското обвинителство, а потоа и како обвинителка во ОЈО Скопје. Од 2009 до 2021 била ...

Во галеријата на Домот на култура “Илинден” во општина Илинден отворена e ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена “Патување”. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да погледнат околу 50 врвни уметнички дела на Трајковски, изработени во техника со актил и масло на платно. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ја прогласи изложбата за отворена, истакна дека оваа ...

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, утрово гостуваше во студиото на Слободен печат кадешто се дискутираше за најактуелните теми во јавното здравство. Меџити истакна дека од првиот ден како министер се соочувал со проблематиката за лекот Трикафта со што брзо се издејствувало. „Прво беше планирано за осум пациенти, донесовме Трикафта за 12 пациенти. И искрено, мораме да признаеме сите дека никој не веруваше дека сега ќе донесеме за 55 ...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 93 возачи ја пречекориле ...

Претседателот Стево Пендаровски во „Само интервју“ на телевизијата Канал 5 ги изнесе своите ставови за политичките случувања во земјава, а во пресрет на формирање на новата техничка Влада, за состојбите во правосудството, владеењето на правото и корупцијата, измените на Кривичниот законик, оправданоста од уставни измени, а воедно ги коментираше и последните одлуки донесени на Советот на Европската Унија. Во интервјуто, претседателот се осврна ...

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани: Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници ...

Во просториите на Европска куќа Скопје, денеска (петок, 22 декември) со почеток во 17:00 часот ќе се одржи промоцијата на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“. На постојната платформа за аудиокниги „Самоглас“, додадени се аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“. Ова е нова категорија што го збогатува постојниот каталог и ги промовира радиодрамите како еден речиси заборавен медиум. На аудиодрамите работеа актери и режисери кои дадоа ...

Вчера на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи беа реализирани низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници. Во рамки на заедничките активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје „Петарди НЕ, безбедност пред се“, беше посетено тетовското Средно земјоделско училиште „Моша ...

Младите на Европскиот сојуз за промена пред објектот на Министерството за политички систем кое е под раководство на Артан Груби, со маски на функционери на ДУИ импровизираа процес на избор на претседател на Форумот на младите на оваа партија. Тие иронично ја обвинија ДУИ дека отвора казина во близина на училишта и универзитети. Додека Прпарим Бајрами, беше прогласен за нов претседател на Форумот на младите на Лотарија. „Почитувани медиуми, ...

Во рамките на проектот на ЗНМ, а со поддршка на УНЕСКО „Стратешките тужби против учеството на јавноста (SLAPP) се шлаканица за граѓаните и за јавниот интерес“, денеска беше презентирана и анализа на темата. На прес конференцијата за медиуми се обрати извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски кој кажа која е целта на анализата и зошто е потребен ваков вид на водич за SLAPP тужби: „Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) издаде ...

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска одржа прес-конференција по повод пристигнувањето на лекот Трикафта за пациентите со цистична фиброза. „Се сеќавам пред неколку месеци на кризата која се создаде поради бирократските процедури кои создадоа паника кај пациентите со цистична фиброза, оправдан беше нивниот револт, на нивните семејства, блиски. Оправдан беше и револтот на јавноста, а ние како Влада нешто мораше да смениме. Како ...

Во интервју за “24 Отворено” претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска зборуваше за состојбата во Судот, за факторите кои влијаат врз довербата на граѓаните во судството, пропаѓањето на предметите од СЈО и последиците од измените на Кривичниот законик, за притисоците врз судиите и културата на неказнивост во државата. На прашањето дали Уставниот суд ќе одлучува за партијата Десна, чијшто претседател е осомничен за двојното убиство кое ...

Општина Центар продолжува со хуманитарната акција за помош на младиот Леонид Игнов, на кој му е потребно лекување во странство за да закрепне. Во ТЦ “Рамстор”‘ вчера е одржан уште еден хуманитарен новогодишен базар на кој со свои ракотворби и музички точки учествуваа ученици од општинските основни училишта. Средствата собрани од продажбата на нивните креативни трудови и изработки ќе бидат донирани за медицинскиот третман на младиот Лео, кој се ...

Почитувани сограѓани, припадници на турската заедница во Република Северна Македонија, Со задоволство упатувам од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име срдечни честитки по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, до сите наши сограѓани Турци кои живеат, творат и придонесуваат во Република Северна Македонија. Тие се додадена вредност во нашето мултиетничко општество и мултиетничка ...

Речиси 2 илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. Пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената ...

Уставниот суд на седница одлучи да поведе постапка за делови од три члена од Законот за матична евиденција во кои е содржан зборот „националност” во изводите за родени, венчани и умрени. Имено, Судот изрази сомнеж во уставноста на членот 4 став 1 точка 2 во делот националност, членот 11 став 1 точка 1, во делот националност и членот 13 став 1 точка еден во делот националност. Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно покрај ...

На 21 декември во Кристалната сала во Собранието, во 12 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2023 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката му се доделува на Ненад Георгиевски, а за остварување ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал-мајор Арбен Кинѓи, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за билатералната воена и одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Албанија при што беше констатирано дека таа е на задоволително ниво и беше изразен интерес за јакнење на оваа соработка, преку ...

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска се обрати на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања при Собранието на Република Северна Македонија на која се разговараше за успешниот состанокот на Европскиот Совет од кој, како што се очекуваше, стигнаа охрабрувачки пораки за проширувањето на Европската Унија, од земјите членки дека европската перспектива ...

Министерството за финансии обезбеди 560 милиони евра за завршување на последната делница од железничката пруга на Коридорот 8 до границата со Република Бугарија. Средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, од ЕУ преку ВБИФ грант и преку ИПА програмата. „Со ова го заокружуваме финансирањето на проектот за изградба на железничката пруга од Коридорот 8 до границата со Република Бугарија. ...

„Ронлива“ е поетски роман кој протекува преку внатрешниот шепот на главниот лик. Еден громогласно тивок глас се шири како ехо низ страниците. Текстурата на оваа книга е нежна, но изгравирана со длабоки гребнатини од остар предмет, по тело кое длабоко чувствува, кожа со засеци наполнети со густ и монохромен колорит. Романот ќе го промовира Виолета Танчева-Златева, која низ разговор со авторката ќе проникне во неговата содржината. Милена ...

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате, вчера (19.12.2023) во три трговски објекти во гостиварските села Неготино и Добридол пронашле и одзеле вкупно 6.964 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди, при што лишени од слобода биле три лица. Имено, во периодот од 16.50 часот до 19.10 часот полициските службеници ги лишиле од слобода И.Д.(61), од кого со одземени 3.826 парчиња и ...

Во Националната галерија – објект Чифте амам денеска (20 декември) во 12 часот ќе биде отворена изложбата „110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова (1913 – 1991)“. Лена Стефанова зазема втемелувачко и изделено место во историјата на современата македонска ликовна уметност. Од НГМ велат дека Стефанова има голема улога во културата на уметноста како прва уметница во современата македонска ликовна уметност, но и дека има малку пишувани ...

Детската фантазија и искреност се непроценливи и токму поради истото се одлични судии, точно знаат што им се допаѓа, а што не. Кога нешто е добро, веднаш препознаваат и со уживање се препуштаат кон нови авантури. „Светот на Биби“ е дел од светот на секое детенце и веќе неколку години по ред на забавен начин преку едукација и интерактивност ги води низ целиот универзум на Биби и Боби. Децата се секогаш подготвени за нова „Светот на Биби“ ...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2023 година (четврток), Ден на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик. ...

Владата утврди текст на Предлог на закон за забрана на нефер трговски практики, во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Креирањето соодветна правна рамка за оваа област, за прв пат во РС Македонија, како што е образложено од Министерството за економија, јасно ги дефинира основите, правилата и мерките за отстранување на нерамнотежа во преговарачката моќ. Станува збор за примена и целосно хармонизирање со европски ...

Денес беа потпишани договорите за реализација на конкретните проекти, помеѓу соодветните министерства и институции и општините, обезбедени како поддршка од страна на Владата за реализација на проекти од локален интерес. „Вкупно 2 милијарди денари или 32,5 милиони евра се обезбедени преку пренамена на финансиски средства од буџетите на 6 министерства и една агенција. Односно од министерствата за здравство, образование и наука, труд и социјална ...

Уставниот суд утре ќе ја одржи 45. седница на која меѓу останатите предмети е предвидено да се гласа по предметот кој опфаќа оспорени одредби од Законот за матичната евиденција. Овој предмет беше ставен на дискусија на 19 јули 2023 година, при што се исцрпи дискусијата, но во фазата на гласање, предлогот не го доби потребното мнозинство. Судијата-известител Дарко Костадиновски, тогаш предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза ...

Полициски службеници на СВР Тетово денеска на градскиот плоштад во Тетово, ја привеле 53-годишната Х.М. од тетовски Челопек кај која биле пронајдени и одземени 1686 парчиња пиротехнички средства, а десетина минути пред тоа, исто така, на плоштадот во Тетово, го привеле и 20-годишниот тетовец М.Б. со 885 парчиња пиротехника. Во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување и документирање на случајот, на двете лица ќе им бидат ...

Двата клучни сектори за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни мерки, ќе се зајакнат со дронови што ќе бидат обезбедени како донација од Обединетото Кралство, со коишто ќе ракува специјален тим кој неделава помина обуки организирани од страна на експерти од Обединетото Кралство. Ова е од големо значење за зголемување на ефикасноста на институцијата, превентивно ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52