
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска се обрати и го отвори 30-от Министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува во Скопје. Северна Македонија 2023 година е земја претседавач со најголемата светска регионална безбедносна организација. Слоганот на претседавањето на нашата држава беше „За луѓето се работи“, токму луѓето беа движечка сила која нè водеше за време на нашето претседавање. „Овој настан е кулминација на нашето овогодишно ...
Во денешниот број на белградска „Политика“, на тема Самитот на ОБСЕ чиј претседавач е Република Северна Македонија, а од 28 ноември до 1 декември се одржува во Скопје, во која се обработува политичкиот контекст на овој, 30-ти по ред Министерски совет на ОБСЕ и неговото значење за иднината на оваа најголема регионална безбедносна организација, преку предзнакот „историски“, опфатен е и сегментот околу организираните мерки и активности со цел ...
Европскиот сојуз за промена загрижено ја следи кампањата на ДУИ и Судскиот совет за разрешување на г-ѓа Беса Адеми од позицијата Претседател на Врховен суд. Ја потсетуваме јавноста дека борбата за разрешување на г-ѓа Адеми е со цел да се врати Груевски и да има негова целосна амнестија! Стратегијата за компромитирањето на г-ѓата Адеми е произведено во Министерството за пропаганда предводена од Артан Груби, додека кампањата се спроведува преку ...
Над 950 деца досега се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација со пропуштени рутински вакцини и се поделени над 1.400 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“. Во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 500 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против ...
Претседателот н Владата, Димитар Ковачевски, денеска одржа тет-а-тет средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. По тет-а-тет средбата, се одржа и билатерална средба, на којашто присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на ...
Министерот за економија Крешик Бектеши денеска оствари работен состанок со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто. Тема на состанокот на кој што присуствуваа и генералниот директор на АД НОМА Гас, Бајрам Реџепи и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше таксата за руски гас која што ја наметна Република Бугарија. Двајцата министри разговараа за следните чекори кои што ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот на честа при ЗНМ и Советот за Етика во медиумите (СЕММ), како дел од саморегулацијата во Македонија, најостро го осудуваат начинот на кој известуваат одредени медиуми за исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, со што на груб начин го кршат Етичкиот кодекс на новинарите, пласирајќи неточни и непроверени информации, најчесто преземени од социјални мрежи. ЗНМ и СЕММ ги потсетуваaат ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој во Скопје допатува по повод учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, попладнево се сретна со министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи. “Како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за Украина и одбраната на современите демократски вредности и принципи, изјави министерот Бујар Османи. ...
Лажните и малициозни вести, лиферувани од лица и медиуми кои немаат основно чувство за професионалност ниту пак се придржуваат кон основните етички и морални нормативи на еснафот се рак рана на македонското општество со децении. Таков е и примерот со т.н. медиум, порталот „Нетпрес“ кој во континуитет шири лажни вести во врска со Јавното Сообраќајно претпријатие, со единствена цел – исполнување на нарачана политичка агенда, наспроти ...
Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава. Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не ја направи задолжителната проверка ...
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски попладнево во Скопје се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата, Ковачевски и Блинкен уште еднаш ги истакнаа одличните односи меѓу двете земји и разговараа за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на патот кон членството во Европската унија и спроведувањето на потребните реформи. На средбата, премиерот Ковачевски оцени дека двете држави во ...
Велешкиот театар со претставата „Нема струја за електричниот стол“ вечерва гостува во Белградскиот драмски театар (Београдско драмско позориште). Гостувањето е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Белградскиот драмски театар (Београдско драмско позориште), Српскиот народен театар (Српско народно позориште) од Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“ од Нови Сад и Народниот театар од Велес. Претставата е работена по ...
Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети Штабот во рамки на Оперативната акција „ОБСЕ 2023”, со цел организирање, раководење и координирање на мерките и активностите за безбедно и непречено одржување на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, во текот на следните два дена, а на кој присуствуваат 74 високи странски делегации. Началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти кој е носител на ...
ДЛУМ со проектот „Фемина“ на кураторката Јана Манева-Чупоска, на покана од Министерството за култура, е дел од триесеттиот Министерски совет на ОБСЕ каде што се селектирани и прикажани повеќе дела од уметници кои во изминатите пет години биле дел од овој проект. Учесници во изложбата се: Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Јана Манева-Чупоска, Маја Рауниќ, Дијана Томиќ Радеска, Гордана Вренцоска, Ирена Паскали, Наташа Милованчев, Дита Старова Керими, ...
Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, „Rosforth“ и „Rumraket“, ќе биде на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска. Музичкиот документарен филм „Ефтеркланг: Македониум бенд“ претставува патешествие на данскиот бенд „Ефтеркланг“, кој е во потрага по македонски музичари. Премиерата на филмот ќе биде ...
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во Владата на РС Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ. Според агендата, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската комисија, Борел. На билатералната средба ќе ...
Вчера, 28 ноември, Комората за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија додели сертификати за ВЕРИФИКУВАН МАКЕДОНСКИ ИКТ ПРОИЗВОД на 15 македонски ИКТ компании за да се поттикнат да развиваат сопствени производи трансформација на процесите не само на приватниот сектор, туку и во државните институции. Компаниите добитници се: Настанот го отвори г-дин Трајан Ангелоски, Претседател на ...
62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството. Покрај решенијата Герасимовски на ...
Од денеска 29 ноември, до петок во Скопје ќе се одржи 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ, на кој ќе учествуваат делегации од 57-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Во Скопје се очекува да присуствуваат околу 1.000 учесници, вклучувајќи ги американскиот државен секретар Ентони Блинкен, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Министерскиот совет ќе ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Европската Комисија во Брисел ја посети Постојаната Мисија на Република Северна Македонија во ЕУ, каде што реализираше интервју со Македонската информативна агенција. Запрашан за пораките кои беа упатени на Меѓународната конференција на Глобалниот сојуз за борба против криумчарењето на мигранти на која на покана од еврокомесарката за внатрешни работи и миграции ...
Месец декември Кинотека го започнува со филм на 35мм лента “АНГЕЛИ НА ОТПАД” во чест на Мето Јовановски 1 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч. АНГЕЛИ НА ОТПАД (Angels of Waste) Игран филм, Македонија, 1993, 114 мин., колор, 35мм Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli) Сценарио: Томислав Османли (Tomislav Osmanli) Улоги: Мето Јовановски, Мери Бошкова, Катина Иванова, Јосиф Јосифовски (Meto Jovanovski, Meri Boshkova, Katina Ivanova, Josif ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на услугите дека на денеска шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 14:00 часот, а на 30 ноември 2023, четврток, од 09:00 до 14:00 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат. Со редовни работни активности и редовно работно време се продолжува на 1 декември 2023, петок. Оваа одлука е во согласност со заклучоците ...
Прва самостојна изложба на уметницата Мартина Спасовска со наслов “Гласна тишина”, во МКЦ, 5 декември Мартина Спасовска во нејзините дела почетно го претставува сопствениот лик, не како модел(и) туку како катализатор(и) на проследување на енергијата што ја чувствува и нејзино преобликување во ликовен продукт. Таа во делата што ги создава ги надминува границите на едноставен портрет, сликата оди подлабоко од претставената индивидуа, служејќи ...
Приведено е лицето од Мала Речица, кое постави знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка, информираат од МВР. Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во ...
Министерството за внатрешни работи активно се вклучи во потрагата, веднаш по добивањето на пријавата за изчезнувањето на девојчето од Скопје и на нејзино пронаоѓање интензивно работи посебен тим формиран од страна на СВР во Скопје, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА во Брисел во врска со случајот со исезнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска. – Синоќа до доцна во ноќта, практично до утринските часови, ...
“Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата “Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг. Лицето кое го симна знамето на МПЦ е приведено”, напиша Стојанче Ангелов на својот ФБ профил. “Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба ...
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити е во работна посета на Обединетото Кралство, кадешто вчера оствари средба со специјалниот претставник на премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс, главниот оперативен директор на „International Hospitals Group“ (IHG), Симон Ешворт и со заменик-шеф на одделот за здравство (инфраструктура, едукација и тренинг) во Министерството за бизнис и трговија, Дејвид Шепард. ...
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска одржа прес-конференција на која што го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки, кој е во вредност од 662 милиони евра. На крајот на ноември на денешната владина седница го усогласивме деветтиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и ...
Во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален Зелен Центар“ Охрид, изработи шест промотивно-едукативни видеа. Во секое видео е претставено културно наследство од соодветен период почнувајќи од праисторија, антика, ран среден век, византиски период, отомански период и нов век. Оваа активност имаше за цел запознавање на јавноста ...
Во врска со изнесениот јавен став на министерот за правда, Кренар Лога кој побара од Судскиот совет, поради конфликт на интереси да го изземе членот Лорета Ѓорѓиева од Комисијата на известители по поднесено барање за утврдување на одговорност за судија, Судскиот совет на РС Македонија цени дека е должен да даде одредени појаснувања. Министерот Лога е должен да го почитува Законот за судски совет, да се однесува професионално и како што му ...