Во текот на овој викенд, ДОМ во соработка со зелено-левата партија од Данска и шведската зелена партија одржа конференција на тема „Иднината е зелена“. Конференцијата ја отвори претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, а низ серија панел дискусии свои обраќања имаа претставници и експерти од областа на зелена енергија и климатски промени, политики за заштита на животната средина и еко и гастро туризам. Во дискусиите се истакна досегашниот ...

Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери и членови на Владата беа во посета на Општата болница Гостивар кадешто заеднички направија обиколка низ установата. Во изминатиот период, тука интензивно се работи на подобрување на условите за третман на пациентите, но и за подобрување на условите за работа на здравствените работници. „Направивме увид на ...

Претседателот Стево Пендаровски ја официјализираше својата кандидатура за втор мандат и упати повик до граѓаните да му дадат поддршка. „Првата и главна причина поради која влегувам во трката за претседател е поради тоа што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси поврзан со мене, моето семејство и моите најблиски соработници. Јас на овие избори ...

Државната изборна комисија ги усвои Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на претседател на Република Северна Македонија и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Од вкупно доставени 333 барања од медиумите за платено политичко рекламирање за претседателските избори, ...

Законот за изменување на Законот за спортот има за цел обезбедување на финансиски поттикнувања, субвенции по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување и развој на спортот, организирање на национален систем на натпревари, учество и пласман на државно и меѓународно ...

Собранието го донесе Законот за спорт. Законот беше предложен од Министерството за правда и со него се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво вонашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и на ...

Советот на Народната банка, на вчерашната редовна седница, ја усвои Одлуката за задолжителна резерва, којашто предвидува сет од сеопфатни мерки главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација во банкарскиот сектор и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Воедно, мерките овозможуваат и поедноставување, модернизација и усогласување на системот на задолжителна резерва со поставеноста во еврозоната. Во ...

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во нашето општество. Претседателот Пендаровски порача дека оваа иницијатива претставува дополнителен мотив младите да ги градат своите професионални кариери во државава, да бидат ...

Денеска, 1 март, во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било ...

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ја одржа првата работна средба со членовите на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Упатувајќи честитки за изборот, вицепремиерката Грковска им посака успех во секојдневната работа и во исполнувањето на значајната мисија на Комисијата во воспоставувањето ефикасен систем за превенција и спречување на корупцијата и ...

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Холандскиот уметник, кој ќе биде специјален гостин на музејот е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Еден од ...

Од вчера се воведе уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи, информираат од МВР. “Имено, во оваа секција наречена “Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин. Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ...

По успешното приклучување на три државни инспекторати во Информацискиот систем за инспекциски надзор, Е- инспектор, од наредниот месец сите останати инспекторати, за кои е надлежен Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, ќе се приклучат на овој систем, со што ќе се заокружи проектот за целосна дигитализација на инспекциските надзори. Ова беше соопштено на денешниот брифинг за новинари, кој го одржаа заменичката на претседателот на ...

Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска учествуваше на панел дискусијата посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести. Во своето излагање, Демири потенцираше дека во 2009 година буџетот за ретките болести изнесувал околу 25 милиони денари, а денеска изнесува 950 милиони денари. „Ако правиме компарација математички 2009 инвестициите први во ретки болести биле некаде околу 25 милиони ...

Март – месец кога започнува пролетта. Повеќе светлина, подолг ден, разновидни бои. Во секој случај, месец што се очекува со нетрпение. Со понудата во својата програма Кинотека се определи да соодветствува на месецот на пролетта. На почетокот и при крајот на понудата Кинотека ќе ги прикаже филмовите кои одбележуваат три децении од премиерата. Првиот јубилеец е ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ креиран од Квентин Тарантино. Оваа филмска класика изврши немерливо ...

На 28.02.2024 околу 23.25 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот А.А. од тетовска Шипковица. При претрес во домот во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 28.02.2024 во ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска, во Тирана, Република Албанија, беше пречекан од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама, пред официјалното започнување на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција за Западен Балкан“. Премиерот Џафери, во своето обраќање ќе се осврне на определеноста и посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за успешното спроведување на Планот за раст ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска, ја продолжува работната посета на Тирана, Република Албанија, со учество на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција за Западен Балкан“. Во фокус на состанокот е Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија, а ќе се разговара и за унапредувањето на регионалната соработка и реализацијата на Заеднички регионален пазар, како процес на ...

Има неколку причини зошто трпението е важно кога се вдомува куче од прифатилиште: 1. Адаптација на новата средина: Кучето треба да има доволно време да се навикне на новата околина, мириси, звуци и луѓе во вашиот дом. Некои кучиња можат да се адаптираат брзо, додека други можеби ќе имаат потешкотии. 2. Можен страв и несигурност: Многу кучиња што пристигнуваат во прифатилиштата можеби веќе искусиле траума или биле малтретирани. Затоа е важно да ...

ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет. Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните. Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за ...

Со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан Хунг, в петок (1 март) во киното „Милениум“ ќе биде отворено годинашното издание на „Празник на франкофонијата“ во Скопје. Програмата за активностите планирани од франкофонските земји и партнери во текот на март 2024 година со кои ќе се одбележи месецот на Франкофонијата во Северна Македонија ја претставија амбасадорите на Швајцарија и на Франција. Во годинашната програма за ...

Собранието на РС Македонија денеска го усвои Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој беше подготвен на иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Со изгласувањето на овој закон се дава зелено светло за воведување на дополнителен антикорупциски механизам во нашето законодавство, со цел да се постигнат поголеми резултати во борбата со корупцијата и ...

Македонската туристичка метропола, градот Охрид, наскоро преку Региониот центар за средно стручно образование и обука “Ванчо Питошески”, ќе влезе во друштвото на најдобрите од земјите на поранешната југословенска федерација, но и Ј.И. Европа, кога е во прашање средното стручно образование на кадри во туризмот и угостителството. Имено, со разбирањето и помошта на Владата на РС Македонија, преку ресорното министерство (МОН), Региониот центар за ...

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 16 %, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2023 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2023 година продажбите достигнуваат 12.261.902.275 денари, што е за 16% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 16.512.977.886 ...

„Како дозволивме државава да нѝ се распаѓа пред очи?, ми е првата мисла. Иако го знам одговорот, прашањето не ми дава мир, изјави за „Скопско ехо“ професорката Катерина Тодороска зборувајќи за актуелните состојби во државата. Таа потенцира дека се направени три крупни грешки во изминатиот период во Македонија. -Прва е приватизацијата. Со процесот не беше само отуѓен државниот имот, тука истиот беше раскрчмен со бесцение. Единствена полза од тоа ...

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп вечер (28 февруари) од 19:30 часот ќе биде прикажана претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска. Од Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп информираат дека станува збор за проект на независниот театар „Златен Елец“, а претставата во 2022 година ја доби наградата за најдобра женска улога на Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино. Aдаптацијата и режијата се на ...

Претседателот на Владата Талат Џафери, од денеска, 28-ми февруари, е во работна посета на Тирана, Република Албанија. Во состав на владината делегацијата се и Бојан Маричиќ, прв заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, како и Бујар Османи, министер за надворешни работи и Филип Николоски, заменик министер за финансии. Премиерот Џафери ќе присуствува и ќе има обраќање на Регионалниот самит за развој на Западен Балкан, ...

Интегрално обраќање на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев: “Почитувани граѓани, Дозволете ми во свое и во име на МВР да го истакнам значењето на Законот за продажба на станови кои се во државна сопственост, а кој моментално се наоѓа во собраниска процедура. Овој закон претставува значаен чекор напред кон подобрување на условите за живот и работа на нашите вработени. Тоа е израз на признание за нивната неуморна ...

Владата на денешната седница го разгледа случајот на Леонид Индов, за што детално информираше министерот за здравство. Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов. Во врска со ова прашање, Владата донесе заклучок со којшто го задолжи министерот за здравство да разговара со семејството и да ги запознае со можните решенија за подмирување на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
56%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
3.58
57%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52