
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Министерот за здравство д-р Илир Демири на денешниот Европски ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, 12 Март потенцира дека насилство врз здравствен работник е недозволиво и казниво со закон. „Здравствените работници мора да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ни овозможат здравствена грижа и нега. Податоците на Лекарската комора говорат дека 78% од докторите пријавиле дека биле ...
По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага. На 21 март, во Националната галерија во Прага ќе биде отворена патувачката изложба „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“, со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје. Ова големо претставување првично е резултат ...
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба ...
САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и ...
Во „Чифте амам“ вечер (12 март) во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“ – Жените во општеството, културата и науката. „Изложбата ја истакнува улогата на жената во обликувањето на светот во изминатите 200 години. Преку прикажување на биографии на значајни австријки, изложбата има за цел да го исправи историското маргинализирање на женските достигнувања, препознавајќи ги нивните таленти, решителност и ...
Министерството за правда во денешното соопштение нагласува дека нема законски надлежности да дава автентично толкување на законските норми што, како што наведуваат, е во исклучива надлежност на Собранието на РС Македонија. Министерството за правда ве информира дека исклучива надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител има судот во соодветна постапка. Правниот институт -застарување, роковите, прекинот и начинот на ...
По повод 13 март – Денот на Специјалната антитерористичка единица “ТИГАР”, припадниците на оваа единица денеска (11.03.2024), во соработка со Црвениот крст и со Институтот за трансфузиона медицина, повторно на дело го демонстрираа хуманиот аспект од чествувањето на нивниот ден. Преку веќе традиционална крводарителска акција организирана во базата на САЕ “ТИГАР” во касарна Илинден, тие и денеска на дело ја покажаа својата хуманост и солидарност ...
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за Кризниот центар за згрижување жени жртви на семејно насилство „Надеж“, којшто 20 години нуди поддршка и помош за жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на ...
Претседателот на Владата Талат Џафери, се обрати на одбележувањето на 81 година од Холокаустот на македонските Евреи, на локацијата на поранешен скопски Монопол, каде за време на Втората светска војна, започнала депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор во Треблинка. Воедно, владината делегација, предводена од премиерот Џафери, оддаде почит и положи цвеќе пред Споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи. Овој настан во ...
На малата сцена на Театар „Комедија“ вечер (11 март) во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Добри луѓе“ според текст на Данкан Мекмилан. Оваа претстава од независната продукција на Театарот „Златен Елец“ е во режија на Тамара Стојаноска. Настапуваат: Тијана Трајчевска и Филип Христовски. −„Добри луѓе“ е дуодрама работена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од проект на Марина Абрамовиќ и Улај. Претставата е интимна ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно ...
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола оддаде почит во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Костадиновска-Стојчевска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара и беше дел од „Поворката на живите“ на која чекореа бројни битолчани, членови на Еврејската заедница, гости ...
Од страна на ДОМ беше искажано задоволство од одлуката на Претседателот Пендаровски да го прифати барањето на ДОМ за непотпишување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што придонесе да се стопира продолжувањето на легализацијата на дивоградбите. На средбата беше истакната и важноста на одржаната седница на Советот за безбедност на предлог на Претседателот Пендаровски, на тема за заштита на животната ...
Да се биде сопственик на куче е прекрасно искуство и привилегија. Животните носат уживање и љубов во нашите животи. Но, истовремено вие сте одговорен за здравјето и благосостојба на вашиот миленик. Да се биде одговорен сопственик е долгорочна обврска. Затоа треба да земете предвид неколку фактори пред да земете куче, како што се неопходноста од посветеност, избор на куче кое одговара на вашите карактеристики и животниот стил, како и проценка на ...
Домот треба да биде приказна што ќе раскажува кои сте вие, а Саем на мебел дефинитивно ќе биде воведот во новата приказна за вашиот личен простор. За само две недели отсега следува големо саемско освежување во Скопје. Од 20 до 24 март ќе се одржи овогодинешното издание на Саем на Мебел во комплексот „Борис Трајковски“ со неверојатен избор, исклучителни понуди и неодоливи цени. За ова саемско издание, организаторите обезбедија соодветен ...
Со оглед на веќе започнатите активности за организирање на зонското паркирање на територијата на Општина Карпош, во тек е поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, чија реализација е поврзана со временските прилики. Со воведувањето на организирано паркирање на територија на општината, целта е да се овозможат подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила, а се овозможува паркирање на ...
Делегации на Собранието на РС Македонија утре (10 март) и в понеделник (11 март), ќе положат венци свежо цвеќе по повод 81 година од Холокаустот на Македонските Евреи. По повод 81-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта „Треблинка“, пратеничките Марија Кочовска и Олга Лозановска, на 10 март во Битола, ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола (во 11 часот). Во 12 часот, пак, во ...
Платеното политичко рекламирање и понатаму може да биде предмет на партиско медиумска корупција или злоупотреба. Очекуваните измени во Изборната регулатива за кои се залагаа и се залагаат еснафските новинарски и медиумски организации не беа земени предвид за претстојниве избори. Останаа старите проблематични решенија во законот, и покрај забелешките кои беа дадени на креаторите на законските решенија на повеќе консултативни средби на работните ...
Во организација на НУ „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ во Охрид се одржа концерт на светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија, во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот е по повод 8 Mарт, Денот на жената, и е посветен на припадничките на понежниот пол, велат организаторите. – Веќе трета година надвор од фестивалската рамка 12 јули – 20 август реализираме концерти преку цела година. Имавме прекрасен новогодишен ...
Од понеделник, 11. март започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта, информираат от МВР. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта. Оваа постапка следува, откако анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса ...
Во изјава за ТВ24 и Канал 5, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за извештајот на внатрешна контрола во врска со истргата за двојното убиство на В.Ѓ. и П. Ж. „Моите информации се оние кои вчера ги објавивме официјално од МВР, дека против ниту едно лице ќе биде покрената дисциплинска постапка, за луѓето кои работеле на двете грозоморни убиства. Што покажува тоа? Тоа покажува дека полицијата ...
По повод 8 Март, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје во 11 часот ексклузивно ќе биде прикажана дигиталната изложба „Жените во ретката периодика“. Авторки на изложбата се д-р Марина Мијаковска и Милица Ивановска. Весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“е важен наслов од фондот на Збирката за ретка периодика. Тоа е првото женско списание објавено во Македонија. Овој периодичен наслов има големо ...
Музичката програма на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ продолжува и овој петок на 8 март со уште еден целовечерен настан кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар. Настанот, кој почнува во 21 часот ќе обедини и претстави две сцени на современа поп и рок музика. Првата белградска, со концерт на култните Артан Лили, еден од најмногу споменувате бендови во регионот кога се зборува за новата домашна и регионална музичка сцена. Втората скопска, со ...
Книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од македонската теоретичарка Сузана Милевска ќе биде промовирана денеска во галеријата МС во Њујорк. Книгата е во издание на ЗГ Контрапункт – Скопје во едицијата „Пунктум“ што е дел од платформата КРИК-фестивал за критичка култура. На промоцијата воведно излагање ќе има Искра Гешоска, културен теоретичар и издавач, а ќе се одржи и разговор меѓу авторката на книгата ...
Сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, доби една година и осум месеци казна затвор и парична казна од 800.000 денари, а изречена му е и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на компанијата. Според судот, сопственикот и превозникот се виновни бидејќи немале извод од лиценцата која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски, а границата се поминувала со лажен документ. Според обвинението, Хаџиу, како управител на ...
Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите, преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки. За таа цел, Народната банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги https://uslugi.gov.mk/. Директна врска за да се ...
“Чест ми е да ве поздравам на оваа регионална конференција посветена на родот и безбедноста организирана од ОБСЕ и од ОДИХР. Не случајно оваа конференција се одржува во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, бидејќи има за цел да ни помогне да се вратиме на автентичното разбирање на овој важен ден. А тоа е постигнување на вистинска родова еднаквост во секој сегмент од општеството, вклучително и во безбедносниот. Затоа и сме денес ...
Министерството за надворешни работи на Бугарија во вчерашното соопштение објави дека амбасадорката на РС Македонија во Софија е повикана „во врска со неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната држава и од нив распространетите неточни тврдења во однос на Република Бугарија“. „Бугарија постојано одржува конструктивен дијалог и се воздржува од коментари за постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Бугарија го ...
Општина Центар ги потсетува граѓаните дека се уште е активен јавниот повик за користење локации за поставување подвижни објекти и апарати на подрачјето на општината. Подвижните направи за продажба на сладоледи, пијалаци, пуканки, крофни, палачинки и други производи, ќе може да се поставуваат на 14 атрактивни и фреквентни локации во Центар. На Сквер Јадран, пред Македонска опера и балет, Паркот на Франкофонија, кај Порта Македонија, кај Паркот ...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 98 возила ја пречекориле брзината во ...