
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Во рамки на соработката помеѓу Министерствата за внатрешни работи на СР Германија и РС Македонија денеска амбасадорката Петра Дрекслер предаде дополнителна полициска опрема на Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија, претставувано од директорот на Бирото за јавна безбедност, д-р Сашо Тасевски, при што во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово, се спроведе официјална церемонија за ...
Денешниот ден е еден чекор напред кон унапредување на нашите билатерални односи со Јапонија, бидејќи претставници на водечки јапонски компании се дојдени за да ја запознаат нашата земја и можностите за развој на нивните бизниси кои нашата држава ги нуди, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу ...
Денеска, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во одговор на новинарско прашање, за време на неговата посета на Дојран, истакна дека внатрешна контрола на МВР треба да утврди каде е грешката зошто не се издаваат веќе готовите пасоши на граѓаните. „Јас не спорам дека е зголемен бројот на пасошите кои се подготвуваат, туку спорам дека има готови пасоши кои се во управните служби и не се ставени на соодветно место ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека министерот за здравство, д-р Илир Демири ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) за спречување на ширењето на голема кашлица (пертусис). Министерот Демири, ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предивидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да ...
Утре, од 13 часот, во големата сала на општина Охрид, со посебна програма, на која акцент ќе биде ставен на неговото творештвото, ќе бидат врачени наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски. Конкурсот по втор пат го распишува Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“, кое преку ваквата востановена ...
Јакимовски очекува изненадувања на овие избори а решавачка улога според него во составувањето на новата Влада ќе имаат помалите политички партии. ,,СДСМ и ВМРО ДПМНЕ треба да размислуваат на кого ќе ги дадат гласовите во вториот изборен круг а не јас“, рече Јакимовски. Јакимовски вели дека е точно дека има албанофобија која ескалира во последните три години Но, Јакимовски смета дека за ова виновни се партиите од албанскиот политички блок и дека ...
По повод 60 години Универзална сала – Скопје, денеска во 12:00 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ (прв кат) ќе се одржи промоција на монографијата „Скопскиот симбол на хуманоста“ од авторката Весна Дамчевска. Монографијата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради Универзалната сала која е замислена како мултифункционален простор наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и ...
Во просториите на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Националниот џез-оркестар денеска со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт со наслов „Џез нова“ (Jazz Nova). На програмата се композиции за биг бенд од домашни автори од различни генерации. Концертот е прв од низата концерти што ќе бидат изведени во текот на годината од страна на Оркестарот во градовите низ Македонија. Целта на овие концерти е да се допре до публиката која не е ...
Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров одржа прес-конференција на која го најави отпочнувањето на серија јавни дебати за „Утврдување на интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција“. Тој информираше дека проектот почнува откако на седницата на Владата одржана на 27.02.2024 година се ...
Владата на 9. владина седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми. Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршка на националните весници кои имаат сериозни проблеми со големите трошоци за печатење и дистрибуција, како последица на високата цена на хартијата и на зголемувањето на цените на горивата, а имајќи предвид дека медиумите имаат голема улога во развојот на демократските ...
Во Собранието денеска се одржува 62. Состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК). Во фокусот на состанокот е инвестирањето во човечкиот капитал за иновации и просперитет во регионот. Состанокот го отвори претседателот на Комисијата, Муса Гулијев, кој ги поздрави присутните и изрази уверување дека конструктивната соработка ќе ја продолжи уште поинтензивно. ...
Од денеска, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”. Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од ...
Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка. Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите. ...
На 13 и 14 април во Македонска Филхармонија ПОТОЧИЊА по 21. пат ќе потечат и ќе донесат многу радост и насмевки на детските лица. Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски во маската на популарниот водител Поки. Билетите се во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс и онлајн на следниот линк – https://mktickets.mk/event/potocinja2024/ по ...
Во изјава за Сител Телевизија, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан зошто граѓаните не можат да ги подигнат своите готови патни исправи, на што тој рече дека за ситуацијата се истражува од внатрешна контрола на МВР. „Има доволен број навработени, ќе се испита целата ситуација, ќе се најде проблемот и ќе има решение и за тоа. Ова се случува во последните 30 дена, порано знаете дека личните документи ...
Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје, Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници „ЛАЈКА” Скопје започнува едукативен караван во скопските училишта на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик” на која децата ќе имаат можност да се едуцираат и да научат што подразбира одговорно одговорно чување на куче и како ...
Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С., полициски службеник во Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво по член 382 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ...
По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката утре (5 март) ќе бидат прикажани документарниот филм за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки „Манаки – Приказна во слики“ и целокупниот опус од 42 филма што овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната „Камера 300“. Претходно, со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) укажува на непримерна јавна комуникација од страна на Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица кон телевизијата Канал 5. Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, од 2-ри март, меѓу другото го истакнува и следното: „Од сите куртон-медиуми, само (К)АНАЛ 5 продужува упорно со вмроидната хајка против Левица!?“ Со оваа објава, Апасиев прави обид за дискредитација на медиумот ...
Службите на Општина Центар ја поставија новата подлогата, оградата и головите на постоечкото фудбалско игралиште за децата кои живеат близу зградата на синдикатите ССМ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека детските и спортски игралишта се најзначајни за правилниот раст и развој на децата затоа се работи на нивна комплетна реконструкција. „Во изминатиот период реконструиравме и направивме нови игралишта со цел децата да ...
Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се ...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата надржавата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 195 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината ...
Во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за органодонорство и трансплантација во земјава, изминатата недела во просториите на „Еurope house“ Скопје се одржа дебата со ученици од средните училишта на тема органодонорство. На дебатата учествуваа ученици од средните државни училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Здравко Цветковски“, „Лазар Личеноски“, „Панче Караѓозов“, како и претставници од Сојузот на средношколци. ...
На Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК во 14:20 часот волонтер од Охридска спасителна служба, којшто е и водич на туристичка група – скијачи од странство, пријави дека туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста „Орлов камен“ на Попова Шапка се здобила со повреда на ребрата. Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју на утринската програма на Слободен печат изјави дека идејата на Народниот правобранител, Владата, и сите оние кои бараат издавање лични документи по брза лента е одлична, но факт е дека МВР располага со две машини. Во среда ќе се отвори нов пункт за вадење на лични документи биде во Идризово, каде четири лица ќе работат во една смена. Ќе можат да се фотографираат 250-300 луѓе дневно, а ...
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 405 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 254 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место. Сообраќајните контроли ...
На 5 март (вторник), со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи промоција на изданието „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Настанот ќе се одржи во конференциската сала во Музејот на македонската борба. Во промотивниот дел ќе учествуваат универзитетската професорка и модна дизајнерка, Лидија Георгиева, во улога на промотор, ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Анталија дипломатскиот форум, во Република Турција, каде имаше обраќање на панелот насловен „Предизвици и можности на Балканот“, посветен на последните геополитички случувања на Балканот, специфичните предизвици и можните решенија за гарантирана стабилност и мир во регионот. Османи осврнувајќи се на состојбите во Регионот подвлече дека истиот и натаму продолжува да е ранлив со сложени ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денес (3.3.2024 година) од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица. На сите осомничени им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 ст.3 в.в. ст.1 од од КЗ. ...
Над 1. 000 граѓани го посетија Собранието од почетокот на 2024 година, користејќи ја можноста, преку организираните обиколки, одблизу да ги видат знаменитостите во собраниската зграда и да се информираат за активностите на законодавната власт. Според евиденцијата на Парламентарниот институт, во првите два месеци од годината се реализирани вкупно 27 обиколки низ Собранието, во кои беа вклучени 1. 159 посетители, во најголем број ученици и ...