Владата на вчерашната седница донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата. Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на ...

Владата на 11.седница ја разгледа Информацијата во однос на Извештајот на МВР што се однесува на околу 100.000 лица со истечени документи, доставен на барање на претседателот на Владата на РС Македонија, а со цел да се разгледа можноста околу реализација на нивното гласачко право на претстојните претседателски и парламентарни избори. Владата донесе заклучок, МВР, до следната седница на Владата да достави прецизни информации на колкумина од овие ...

Го поздравуваме проширувањето на американската црна листа со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Токму нејзината лична определба, наместо испорачување правда да се стави на страната на криминалците заради лични интереси, создаде предуслови да нема одговорност за политичка корупција. Оваа ознака, за жал, докажува дека политичката корупција во Северна Македонија длабоко ги внела своите корени во системот, во институциите, а особено ...

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски имаше воведно обраќање на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на Меѓународната асоцијација за безбедност на администратори на кампуси на агенциите за спроведување на законот (IACLEA). Овој симпозиум ги опфати темите поврзани со сајбер безбедноста, спречувањето на криминалот од омраза, обезбедувањето при собири од поголеми размери, спречувањето и борбата против трговијата со луѓе и ...

Општина Центар е првенец во обезбедување бесплатни услуги за своите граѓани. Денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со претставници од Стоматолошкиот факултет ги промовираа новите бесплатни услуги за граѓаните. Станува збор за користење услуги од областа на болести на устата и пародонтот, орална хирургија, болести на забите и ендодонтот, стоматолошка протетика ...

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани, се наведува во денешното соопштение на Министерството за правда. Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати, додаваат од министерството. „МУАРЕМИ ШЕВАЉ, татко Азби, мајка Азбије, роден 18.11.1977 година во Скопје, живее на улицата 5 бр. 1, с. Грчец општина Сарај. Се ...

На сцената на Националната опера и балет утре (20 март) со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена раскошната и драматична балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музика на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. „Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, ...

Младинскиот културен центар (МКЦ) ја најави светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм, „CPH:DOX“, на 23 март во познатата сала „DR Koncerthuset“, во Копенхаген, Данска. „Музичкиот документарен филм, кој се снимаше во текот на април 2023 г., претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во потрага по македонски музичари, со цел ...

Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски, кој се кандидира и ќе учествува во Претседателските избори 2024. Одлуката е да им се забрани влез во САД, покрај на назначените и на семејствата на Јакимовски и Јанева. – Овие назначувања ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...

На 15 март започна едукативниот караван на ЈП Лајка, спроведуван во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје. Во рамки на оваа кампања ќе се спроведат над 20 едукации во основните училишта на територија на Скопје. Караванот започна со посета на ОУ Љубен Лапе, во Општина Аеродром, каде со учениците од шесто и седмо одделение другарувавме и низ ...

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани. Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири ПМВ се марка МЕРЦЕДЕС, три ПМВ се марка АУДИ, две ПМВ се марка БМВ, едно патничко товарно возило е марка ТЕСЛА и др., а сите возила биле управувани од ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик, денес, понеделник (18.3.2024 г.) во 11:00 часот ќе направат увид во проектот за реконструкција и адаптација на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно. Старото училиште „Димитар Влахов“, како ...

Издавачката куќа „Антолог“ во вторник, 19 март, од 19:00 часот во „Лабораториум“ (бул. „Климент Охридски“ бр. 68, Скопје) ќе го одбележи објавувањето на „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов, дело од исклучително значење за културната меморија и хроника на современата македонска културна историја. Како што информираат од „Антолог“, книгата ќе ја претстават проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, и ...

Во текот на вчерашниот ден (17.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 260 возачи. Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 100 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место. Сообраќајните контроли ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.03.2024 до 15.03.2024 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. ...

На 15.03.2024 во 10.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени 37 пакувања хероин и марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со хероин, марихуана, четири дигитални ваги и други предмети за кои ...

Во интервјуто за ТВ Тера и прашање дали полицијата се подготвува за изборите со нивното наближување и зголемување на политичките тензии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев потврди дека министерството за внатрешни работи е во интензивни подготовки и спремно да го гарантира мирното одржување на изборниот процес. „Од вчера од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски е формиран ...

Ако ненормалното го направиме неопходно, подоцна пропаста ќе ни дојде неизбежно. Никој незаслужено не треба да стане пратеник ако самиот не го победи ривалот. Така се зајакнува пратеничката позиција, а водачите на партиите нема незаслужено да добијат пратеничко место. Трамп најави дека за 24 часа ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина и дека ќе го прекине „континуираното испраќање на американското богатство во Украина“. Дури ќе ...

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација со долгогодишно искуство во изборниот мониторинг, оценува дека изборниот процес за „ре-избор“ на рускиот претседател претставува флагрантно кршење на сите демократски принципи и стандарди. Нема услови за фер и демократски изборен процес во Руската Федерација. Таканаречените избори ќе бидат злоупотребени само за дополнително угнетување на населението во таа земја, веројатно најжестоко од распадот на ...

Како континуиран и доследен поддржувач на стручни и научни настани кои имаат висок импакт врз целокупниот развој на фармацијата и медицината во земјава и надвор од границите, „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, која се одржува од 14 до 16 март во Истанбул, Турција. Меѓу учесниците на овој значаен настан се вбројуваат и претставниците на „Алкалоид“ и на ентитетите на компанијата надвор од Македонија, ...

„Уставот, како највисок правен акт, е нашиот водич за практикувањето на демократијата, за заштитата на темелните вредности на уставниот поредок, за почитување на принципот на поделба на власта, за владеење на правото, за заштита на правата на граѓаните и оттука Уставниот суд неговата улога во правниот и политички систем е неприкосновена“, порача во своето обраќање претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, по ...

Говор на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија. Дозволете ми да ви посакам добредојде на прославата на 60 тиот јубилеј од постоењето на Уставниот суд. Со длабока почит ви се обраќам на сите вас ценети претседатели и судии на уставните судови од европскиот регион, институционални, меѓународни претставници, соработници од невладиниот сектор, поранешни претседатели и судии ...

Романот е во издание на ТРИ и уште по своето објавување ја освои читателската публика. Жири-комисијата составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева, одлучи токму романот на Димковска да се закити со една од најпрестижните и несомнено најпосакуваните признанија во домашната книжевност. „Единствен матичен број“ е четврти роман на авторката, од кои „Резервен живот“ исто така беше во најтесниот ...

Во рамките на надлежностите на техничкиот министер денеска до директорите на Центрите за социјална работа, Меѓуопштинските центри за социјална работа, Јавните установи и сите чинители на избрани и именувани функционери кои се под капата на Mинистерството за труд и социјална политика, министерот Ѓоко Велковски испрати укажување за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, а во согласност со ...

Општина Крива Паланка за првпат годинава ја организира манифестацијата „Сусурига 2024“, што ќе се одржи на 16 март (сабота) со почеток во 18:00 часот на Градскиот плоштад, со што и официјално започнува програмата на „Крива Паланка – град на културата 2024“. Организаторот информира дека манифестацијата е посветена на празникот Прочка, а целта е заживување на згаснатата традицијата за маскирање и ритуално палење оган, познато како „сусурига“, ...

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска се обрати на свечениот настан по повод Денот на основањето на Црвениот крст и Ден на крводарителството на Република Северна Македонија во организација на Црвениот крст. Демири го честиташе овој ден на крводарителите истакнувајќи дека се големи хуманисти, луѓе со големи срца кои секогаш се подготвени својата крв да ја дадат таму кадешто е најпотребна. „Министерството за здравство посебен фокус ...

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Младинскиот центар-Матично ги отворија вратите за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ. Ликовните и театарски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и актерката Нина Максимова ќе продолжат да функционираат во пријатниот и креативен амбиент на културните катчиња во Општина Центар. Детското ликовно ателје на мултидисциплинарниот уметник Нешовски веќе почна со работа во ...

Во Македонскиот народен театар утревечер (16 март) во 20:00 часот, Џез-оркестарот ќе го одржи концертот „Џез-лектира“. -На концертот „Џез-лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на „Каунт Бејси биг бенд“, како и на соработката со современата американска џез-пејачка и пијанистка, Дајан Шур. По тој повод, специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ, една од најдобрите џез-пејачки на овие простори −информираат од Џез-оркестарот. Од ...

Директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, е наградена со признанието „Витез на редот Ѕвезда на Италија“. Ова високо одликување вчера во Чифте амам, на отворањето на изложбата посветена на италијанскиот дизајн, ѝ го врачи амбасадорот на Република Италија во нашата држава, Андреа Силвестри. Орденот го доделува претседателот на Републиката за воспоставување и негување лични и професионални релации со Република Италија, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52