Европскиот првак Шпанија ја продолжи серијата победи без примен гол на Светското првенство и со триумф во судиското продолжение над Португалија во Далас со 1-0 се пласираше во четвртфиналето. Победата на Шпанија ѝ ја донесе Микел Мерино во првата минута од судиското продолжение, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Дани Олмо. Првото полувреме изобилуваше со шанси за гол на двете страни. Шпанија прва се закани во 3. минута ...

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека самитот на НАТО во Анкара ќе помогне во обликувањето на иднината на Алијансата и ќе ги прилагоди нејзините структури на сè посложената безбедносна средина, објавува Анадолија. Фидан, во објава на Икс, изјави дека одлуките донесени на самитот „не само што ќе се справат со непосредните предизвици“, туку „ќе ја обликуваат евроатлантската безбедносна средина во годините што доаѓаат“. ...

Со денешната одлука на Апелацискиот суд во Париз лидерката на француската крајно десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, останува осудена за проневера на пари од Европскиот парламент, но ѝ е дозволено потенцијално да се кандидира на претседателските избори во 2027 година. Судот ја ублажи претходно воведената забрана за јавна функција, што не ја спречува да се кандидира за претседател на Франција. Во исто време, таа беше осудена да ...

Танкер што пловел низ Ормуска Теснина е погоден од неидентификуван проектил. Бродот е оштетен, но нема информации за евентуални жртви и загадување на животната средина, објави Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО). Според неименувани извори погоден е катарски танкер за гас. Синоќа Иран истрела најмалку два проектила врз комерцијални бродови што транзитирале низ Ормуска Теснина. И во тој инцидент бродовите се оштетени, но ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации. – Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и ...

Европската ракометна федерација денеска ги објави клубовите кои ќе се натпреваруваат во Лига Европа и во Европскиот куп. Од македонските екипи Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лига Европа, а 32-те екипи ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи. Во следната рунда ќе продолжат двете првопласирани од секоја група и трето и четвртопласираните од групите од Лигата на шампионите. Потоа 28-те екипи ќе играат два натпревара (дома-гости), а ...

Работите за реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ се одвиваат согласно предвидената динамика. По завршувањето на асфалтирањето на едната страна од пешачките патеки, во тек се подготовките за асфалтирање на велосипедските патеки и пешачките површини на другата страна од улицата. Завршувањето на оваа фаза од работите се очекува до крајот на неделата, а активностите се реализираат за време на летниот распуст со цел да се намали влијанието врз ...

За нас, важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди – истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик. -Нашата дијаспора не е само дознаки и помош на роднините. За неа не може да се сети ...

– Македонското општество во текот на изминатите години носеше тешки, политички предизвикувачки одлуки и на тој пат на Северна Македонија ѝ е нанесена неправда. Сега на сите им станува сè појасно дека проширувањето за ЕУ повеќе не може да биде само техничко прашање, туку стратешки интерес, особено во контекст на променетите геополитички околности – истакнува европратеникот Карло Реслер во интервју за МИА. Реслер, кој важи за еден од ...

Книгата „Вера и суеверие; На клетва лек нема; Мојот пат“ (издание на „Гирланда“ од Скопје) од неуморниот проф. д-р Марко Китевски зборува за старите народни верувања и обичаи, кои биле важен дел од животот на луѓето. Во неа авторот објаснува како настанале многу суеверија и какво значење имале во минатото. Покрај тоа, во книгата има и дел во кој тој раскажува за својот живот и за неговата работа како истражувач на македонската традиција. Ова ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници – објави Ен-би-си. Зборувајќи на прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на алијансата во Анкара, Трамп рече дека можеби немаше да присуствува на самитот доколку не се одржал во Турција, земја чиј лидер, рече, е „силна личност“. -Доколку не се одржеше во Турција, каде ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (8 јули 2026 година) во 12:10 часот ќе ја пречека еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос. Предвидена е тет-а-тет средба меѓу премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе се одржи билатерална средба со владини претставници. Во 13:20 часот е закажана заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, на која ќе бидат ...

СДСМ од очај преминаа во Фрустрација, вака аналитичарот Милан Стефаноски ги толкува внатрешните битки и атаци врз до вчера видни членови на партијата на Венко Филипче (читај Заев) на кои граѓаните деновиве, буквално, им фаќаат сеир. Врхушката безобѕирно се пресметува со секој оној кој ќе ја каже вистината за каатстрофалните состојби во апртијата, посочи Стефаноски во интервју со новинарот Љупчо Цветановски на ТВ Алфа. -Случувањата во СДСМ од ...

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи. Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, ...

Во стан во Солун вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта. Според државната новинска агенција АНА-МПА, бидејќи членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, нејзино блиско лице се качило на ...

Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје. -С. Македонија покажа дека може да испорача резултати ...

Најмалку 18 лица, вклучувајќи четворица полицајци, беа повредени денеска во двете детонации на импровизирани експлозивни направи во Дамаск, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува ДПА. Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, група со седиште во Велика Британија, соопшти дека по почетната експлозија за неколку секунди следела уште една посилна експлозија, во близина на хотелот каде што престојува францускиот претседател ...

Ниската реализација на судовите во првиот квартал од годинава е резултат на повеќе фактори, меѓу кои најзначајни се големиот прилив на предмети и хроничниот недостиг на судии и судска администрација, истакна денеска претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. – Судовите продуцираат огромен број завршени предмети, но истовремено имаме и огромен прилив на нови. Во услови кога недостигаат судии и административен кадар, крајниот ...

Сето тоа коешто ќе го договорат Левица, СДСМ, ДУИ и другите помали опозициски партии од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали кои се инкорпорирани, ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори – истакна ...

На Самитот на НАТО во Турција, С. Македонија се претставува со делегација без ниту еден претставник Албанец, се вели во соопштението од ДУИ, што МИА го преенсува интегрално. Ова е одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор. С. Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура изградена врз еднаквост, соодветна ...

Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Потоа следува период на стабилно време, освен во недела кога повторно се очекува попладневна нестабилност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Фото архива Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, ...

Според последната прогноза на ММФ за раст на европската економија, Македонија се најде на седмото место на најбрзо рaстечки економии на стариот континент. Во него се вклучени сите земји во Европа, не само членките на ЕУ, пренесе еминентната EURONEWS. Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија го зазема седмото место, далеку над 1,2% раст кој е просек за најголемите ЕУ економии. Прогнозата за Германија е 0,92%. ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статситика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци ...

„Бедна минимална плата, растечка сиромаштија, нови задолжувања и граѓани кои сè потешко можат да си дозволат основни производи, тоа е реалноста овие две години со ВМРО е на власт“, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, се наведува во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Тренчевска посочи дека, Владата колку и да се обидува преку бројки и статистики да создаде слика за ...

Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, истакна денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот за ...

Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија – истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. – По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен за да ја испитаат причината ...

Француската метеоролошка служба соопшти дека 61 департман во земјата денеска е ставен во портокалово ниво на предупредување поради високите температури, со очекувања топлотниот бран да продолжи до крајот на неделава. Метеоролошките служби најавија температури меѓу 35 и 38 степени Целзиусови низ поголемиот дел од земјата, додека на југозападот на Франција тие би можеле да достигнат и 41 степен. Пожарот во департманот Источни Пиринеи што зафати ...

Американскиот Стејт департмент изрази „сериозна загриженост“ по однос последните активности на кинеската армија односно спроведеното тестирање балистичка ракета, способна да носи нуклеарна боева глава, а лансирана од подморница во Тихиот Океан. „Во време кога САД работат поинтензивно од кога било за да го спречат ширењето на нуклеарното оружје, Кина го прави токму спротивното. Брзото и нетранспарентно зголемување на нуклеарниот арсенал на ...

Европскиот сателит Sentinel-2 во рамките на програмата „Коперникус“, додека поминувал над Грција, ги снимил Охридското и двете преспански езера, а снимките со висока резолуција ги објави грчкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија – јави дописничката на МИА од Атина. Од „Метео“ информираа дека на сателитската снимка се Големото Преспанско Езеро и Малото Преспанско Езеро, „кои се разделени со тесен копнен појас“. – Големото Преспанско ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07