Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии, сè додека во законското решение е задржано гласањето на дијаспората. -Сакам да ја потсетам јавноста дека изминатата недела, поточно во саботата, како и оваа недела во вторникот, се одржаа средби на ...
Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Киев е заинтересиран за соработка со јапонската компанија „Мицубиши“, која има лиценца за производство на ракети за противвоздушниот систем „Патриот“ и има искуство во такво производство. Тој истакна дека „Мицубиши“ е пример за компанија која може да има сопствено производство на противракетни системи по добивањето на американска лиценца. Секако, би сакале да ги видиме во Украина. Би ...
Северна Кореја планира да ги прошири и зајакне своите нуклеарни вооружени сили, да ја модернизира воената инфраструктура и да ја зголеми борбената готовност на армијата. Мерките за модернизација на армиските капацитети биле донесени на проширена седница на Централната воена комисија на Работничката партија на Кореја, со која претседавал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Како што објави севернокорејската државна агенција КЦНА, претседателот ...
Четиринаесет годишно девојче почина по пад од лулашка во Гостивар. Трагедијата се случила вчера вечерта, а случајот во полиција го пријавиле од болницата каде малолетничката била донесена без знаци на живот. -На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од ...
Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА. Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски ...
Расте незадоволството кон владата на премиерот Еди Рама, чија итна оставка демонстрантите побараа и на синоќешниот 40. по ред протест во Тирана, на кој изразија револт и за издвојувањето 4 милиони евра од државниот буџет за концертот на американскиот рапер Канје Вест, што ќе се одржи утре во Тирана. -Иако на земјата ѝ е потребна заштита на животната средина од пожари, на болниците лекови, а на универзитетите научни истражувања, ниту едно од ...
Тетово доживува инфраструктурен бим и тоа е за секоја поддршка и за секое поздравување, само преку програмите кои што одат преку министерството за транспорт досега има реализирано или реализира проекти од 428 милиони денари што е исклучително добра сума, а она што е уште побитно е исклучително високиот степен на реализација на истите, изјави денеска при посетата на оптина Тетово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. ...
Следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, којшто според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028-ма, а работиме и на железничко поврзување Скопје со Албанија, како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Тоа е автопат кој го почна оваа Влада, решени се ...
Податоците за следење на бродовите покажаа дека повеќе танкери за течен природен гас продолжиле да минуваат низ Ормуската Теснина во последните денови и покрај обновените борби на Блискиот Исток. Вкупно 22 бродови поврзани со Јапонија го напуштија Заливот од вторникот, соопшти Токио. Ормуската Теснина, клучен пат за глобални испораки на нафта и течен природен гас, е внимателно следен од бродските компании и владите по иранските напади врз ...
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност, велат од партијата. Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ...
Ако погледнете каде е сега секоја од земјите по големото проширување во 2004 година, економскиот раст, животниот стандард и квалитетот на живот што им беа донесени на тие земји, јасно покажуваат дека проширувањето е вин-вин ситуација, не само за земјите што сакаат да станат членки, туку и оние што веќе се дел од Унијата, посочи претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола за време на нејзиното учество на конференцијата на ...
Лидерот на албанската Демократска партија Сали Бериша, во соопштение за медиумите остро го осуди задржувањето на функционери од партијата ВЛЕН од Македонија на граничниот премин Ќафасан. „Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, вчера, по наредба на Еди Рама, на тројца функционери од коалицијата на албански партии во Македонија, ВЛЕН, не им беше дозволено да влезат на ...
Во најавата за посетата на Македонија на еврокомесарката за проширување Марта Кос беа предвидени средби со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието Африм Гаши, со претставници на Владата, на граѓанското општество, организации на младите… Претходните еврокомесари за проширување, на пример Јоханес Хан и Оливер Вархеј при посетите во Македонија често имаа одвоени средби и со власта и со опозицијата. ЕУ традиционално сака да ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, в сабота ќе биде сончево и ...
Енергетската независност останува еден од највисоките стратешки цели на Владата, порачува Министерството за енергетика по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на енергетската независност. Оттаму посочуваат дека во изминатиот период се преземени конкретни чекори за енергетски независна држава која ќе произведува повеќе домашна, чиста и достапна енергија, забрзување на инвестициите во обновливи извори, модернизација на енергетската инфраструктура ...
Во првите шест месеци од оваа година Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28 проценти во однос на истиот период лани, и реализираа 13.167 лета, што е раст од 7,6 проценти. Само во јуни скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6 % повеќе патници (374.714) во однос на истиот период лани. – Растот од 28 проценти на бројот на патници во првите шест ...
Украина постигна политички договори со САД за производство на ракети-пресретнувачи „Патриот“ на нејзина територија, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми. Зеленски рече дека работата на техничките детали е во тек. Дополнително, Украина во следните денови ќе ги добие критично важните ракети-пресретнувачи „PAC-3 – Патриот“ од САД, додаде тој. Киев, истовремено, ќе му обезбеди на Вашингтон ...
Со развојот на вештачката интелигенција и дигиталните плаќања, криминалот целосно ги брише границите и се трансформира во транснационална операција, затоа, глобалната соработка меѓу полициските агенции е клучна и поважна од кога било, порача генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза. Во гостување на Тема на денот на Сител, Уркиза нагласи дека големината на една држава не е клучен елемент, туку нејзиниот потенцијал да придонесе во ...
На 08.07.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Г.А.(43) од Куманово, Ќ.М.(41), А.М.(34) и И.М.(67) сите од с.Липково, општина Липково, постапувајќи по претходна пријава дека во стан на ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која Г.А. од огнено оружје, испукал неколку куршуми во воздух. По целосно документирање на случајот, против ...
На есен Грција се очекува да биде домаќин на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“, а исто така на есен, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис ќе ја продолжи посетата на земјите од регионот – кандидатки за членство во Европската Унија, брифираат високи грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина. Активностите се во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 ...
Израелската армија е подготвена да го нападне Иран „по трет пат доколку е потребно“ и „дури и посилно“, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац за време на воена церемонија. Новите американски напади врз Иран и нападите на Техеран врз регионалните сојузници на САД од среда го доведоа во прашање прекинот на огнот меѓу двете страни. „Армијата е подготвена и во состојба на подготвеност да продолжи да се бори со цел повторно да ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските сили ќе останат во Либан „колку што е потребно“. „Ќе останеме во безбедносната зона во јужен Либан колку што е потребно за да ја гарантираме безбедноста на нашите заедници на север“, рече Нетанјаху на церемонијата по повод завршувањето на обуката за пилотите на израелските воздухопловни сили, објави „Тајмс оф Израел“. Либан бара Израел да го исполни своето ветување да се ...
Општина Маврово и Ростуше продолжува со инфраструктурната „офанзива” со цел создавање што подобри услови за жителите и туристите, кои се сѐ побројни. -Согласно програмските определби, на терен интензивно се работи на поплочување, санација, проширување и реконструкција на локалните патишта и улици во неколку населени места, меѓу кои Битуше, Скудриње и Жировница, рече за МИА, Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање. Според него, ...
Општина Карпош денеска организираше „Отворен ден“, на кој граѓаните имаа можност непосредно да се сретнат и разговараат со градоначалникот Сотир Лукровски, како и со раководителите на општинските сектори. Настанот беше организиран со цел да овозможи директна комуникација со жителите од Карпош, да се слушнат нивните предлози, проблеми и барања, како и да се разговара за прашања од секојдневното функционирање во локалната заедница. Во текот на ...
Лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Сократис Фамелос си однесе оставка од функцијата претседател на левичарската партија, но останува пратеник, јави дописничката на МИА од Атина. Во видео изјава, Фамелос ја соопшти одлуката да се повлече од лидерската позиција на која беше избран на крајот на ноември 2024 година, објаснувајќи дека неговиот предлог за соработка меѓу прогресивните сили наишол на одбивање од ПАСОК и Нова левица, а истакна дека ...
Полициски службеници денеска на различни локации реализирале низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари, за заштита од телефонски измами и кражби. На минувачите, полицајците им поделиле и едукативни материјали во форма на летоци со едукативните препораки. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска на наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, реализирале сообраќајна превентивна ...
Македонскиот првак го претстави тимот за следната сезона во која ќе брани две титули. Во СЦ “Јане Сандански” во Скопје ќе дојдат екипите на Нант, Мелсунген и Плоцк, а Вардар се најде во групата Б. Според системот на натпреварување првите две екипи одат во следната фаза, додека последните две се селат во Европската лига. Вардарци прво му гостуваат на Мелсунген, потоа играат два меча дома со Нант и Висла Плоцк. Следува гостувањето кај Висла, ...
– На 9 јули 1913 година, кај месноста Бел Камен, загинал Васил Чакаларов, една од најславните личности во македонската револуционерна историја од Костурско. Чакаларов и неговата чета биле гонети од страна на грчките сили, а на 4 јули во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден, а четата се поделила на два дела. Иван Попов и Панде Сидов заминале за Баница, каде на 5 јули биле поразени. Истиот ден ...
Членовите на собраниската Комисија за образование, наука и спорт попладнево на седница ги прифатија во прво читање предлог-законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и за научноистражувачката дејност, со заклучок да се проследат во натамошно читање. Пакетот-закони го претстави заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, кој појасни дека тие се значаен дел од Стратегијата за 2026–2032. – ...