Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот, се вели во соопштението од Судот кое МИА го објавува интегрално. Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во ...

Потпретседателката на унгарската влада и министерка за надворешни работи Анита Орбан изјави дека Унгарија нема да ја менува својата политика кон војната во Украина и оти нема да испрати оружје за Киев. – Нашата политика по ова прашање останува непроменета. Унгарските гласачи ни дадоа мандат да не испраќаме оружје, туку да помагаме на други начини, со хуманитарна помош и санкции, истакна Орбан во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро. Како што информираат од Дирекцијата, гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за „хаубица“ М14, а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. сст/ Фото ДЗС ...

Од првиот ден, постапките на амбасадорот Мејдани оставаат впечаток дека неговиот ангажман бил повеќе во функција на враќање на ДУИ на власт, отколку на зачувување на улогата што му припаѓа на еден дипломат, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеничката на ВРЕДИ Саранда Имери Стафаи во однос на однесувањето на албанскиот амбасадор во Македонија Денион Мејдани. -Колку и механизми да се користат и колку и сценарија да се креираат, едно е ...

Со околу двочасовна интервенција од воздух и со формирање на заштитен појас од копно за да се спречи натамошно ширење, пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово е локализиран. Ова за МИА го потврди градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, кој очекува пониските вечерни температури да помогнат за целосна ликвидација на пожарот во утринските часови. – Пожарот во моментот е локализиран. Пресечени се приодите, односно со помош на ...

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд ...

Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Галички ...

СДС секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, но официјалните податоци повторно ги демантираат нивните тврдења, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во регионот. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 ...

Поранешниот емир на Катар, шеик Хамад бин Калифа ал Тани денеска почина на 74 години. Тој владееше со Катар од 1995 до 2013 година, кога абдицира во корист на неговиот син Тамим бин Хамад ал Тани. Шеик Хамад го собори својот татко со државен удар во 1995 година. Хамад бин Калифа ал Тани го преобрази Катар од земја со бедуинско минато во регионална сила. Тој го зголеми глобалниот углед на Катар со телевизиската мрежа Ал Џезира, како и со ...

Тајфунот Бави синоќа пристигна до брегот на источната кинеска провинција Џечијанг. Претходно беа евакуирани над 1,7 милиони луѓе поради силниот ветер со брзина од 144 километри на час. Тоа е втор тајфун што ја погоди Кина во изминатите девет дена. Првиот тајфун Мајсак го погоди брегот на јужна Кина на 3 јули. Бави претходно донесе обилни дождови и силни ветрови во југозападниот дел на Јапонија и се приближи до Тајван, каде вчера беа ...

Морнарицата на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) нападна брод во Ормуска Теснина, на што американските сили возвратија со напади врз јужен Иран. Американската акција предизвикаа ирански напади врз земјите од Персиски Залив. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека Ормуска Теснина е затворена до понатамошно известување. Како што јави иранската државна телевизија ИРИБ, одлуката за затворање на мореузот е донесена откако ИРГЦ испука ...

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила околу 140 цели во Иран, меѓу кои лансирни рампи за ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени објекти. – Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни и трговски бродови кои слободно поминуваат низ Ормуска Теснина, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ. Нападите уследија откако морнарицата на ИРГЦ гаѓаше брод, што пловел под ...

Американскиот сенатор од Јужна Каролина, Линдзи Греам почина синоќа, објави неговата канцеларија на платформата Икс. Греам почина на 71-годишна возраст, а според американските медиуми, синоќа во неговиот дом била повикана брза помош по пријава за срцев удар. Неговото последно појавување беше пред два дена, кога во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Греам беше еден од најистакнатите сојузници на претседателот ...

Француските безбедносни сили приведоа 32 лица осомничени за подметнување шумски пожари во 22 департмани од почетокот на летото, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез. Осомничените се приведени во време кога жандармеријата ги продолжува операциите за справување со шумските пожари ширум земјата, поддржувајќи ги напорите за локализирање на пожарите и евакуација на луѓето од погодените подрачја, наведе Нуњез во објава на Х. ...

Европската одбрана не треба да биде ограничена само на границите на ЕУ, туку треба да добие вистинска континентална димензија преку партнерства со земји кои ги вклучуваат Турција, Обединетото Кралство и Украина, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето. Во коментари за италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“ објавени денеска, Крозето се осврна на сигналите дека САД би можеле да го намалат својот ангажман во Европа, велејќи се ...

Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче. Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата. Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ...

Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во ...

Општина Чаир и оваа година го организираше Маршот на сеќавањето и церемонијата за оддавање почит по повод Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, продолжувајќи ја традицијата на оддавање почит на жртвите на една од најтрагичните случувања во современата европска историја. Маршот започна од зградата на Општина Чаир и продолжи до Спомен-обележјето на Сребреница во Паркот Чаир, каде што се одржа централната комеморативна церемонија и беа ...

Стартот на шпанското првенство е закажано за 15.август, но јасно е дека половина од натпреварите од првото коло ќе бидат одложени и ќе се играат во други термини. Причината е тоа што голем број фудбалери настапуваат на Светското првенство и по завршувањето на Мундијалот имаат право на три неделна пауза пред да се вратат на клупските обврски. Сигурно ќе бидат одложени натпреварите: Барселона – Атлетик Билбао, Реал Мадрид – Реал Сосиедад, Селта ...

Бројот на жртви во Газа достигна 73.221 лице, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. Според моменталната евиденција, во тековната војна во Газа од октомври 2023 година загинале најмалку 73.221 лице, а ранети се 173.643. Како што е наведено, во последните 48 часа во болниците во Газа биле донесени седум тела, додека 28 луѓе биле ранети во истиот период. „Сè уште има голем број жртви под урнатините и на патиштата, бидејќи ...

Екстремната горештина која во изминатите неколку недели двапати ја погоди Велика Британија донесе температури повисоки од 40 степени Целзиусови во училниците на некои училишта, пренесуваат денеска британските медиуми. Учениците и вработените страдаат од топлотен удар, мачнини и главоболки, а наставниците сведочат дека очајнички се обидуваат да ги заштитат децата, пренесува „Гардијан“. Некои наставници ги покривале помладите ученици што лежеле ...

Најмалку две лица загинаа во руски ракетни напади и напади со дронови врз Украинакоја се соочува со недостиг на системи за противвоздушна одбрана. Една од руските ракети го погоди пристаничниот град Одеса, каде што две лица загинаа, а едно е рането. Во напад со дрон врз Харков ранети се седум лица. Во Киев се ранети 11 луѓе во напади со дронови и балистички ракети. – Цивилната инфраструктура беше погодена уште пред да биде издадено ...

Министерството за здравство на Турција издаде предупредувања за граѓаните во врска со внесот на течности и исхраната поради зголемените температури и влажноста во текот на летните месеци. Во соопштението се советува избегнување на мрсна храна, пржена храна и печива колку што е можно повеќе, а се препорачува подготовка на оброците со варење, печење на скара, динстање или готвење во мала количина вода. Исто така, се препорачува зголемување на ...

Холандија се подготвува за нов топлотен бран, а температурите во текот на викендот во одредени делови од земјата би можеле да достигнат и до 34 степени Целзиусови, поради што властите го активираа националниот план за горештини и издадоа жолта фаза на предупредување за делови од земјата. Највисоки температури се очекуваат во провинциите Лимбург, Северен Брабант и Зеувс-Фландерен, додека во централните и јужните делови од земјата тие ќе се ...

Во пресрет на трката во Мото ГП шампионатот, која викендов се вози во Германија, на денешниот спринт најдобро време постигна Марк Маркес. Шпанецот веќе дванаесет пати има победено на оваа патека и е најдоминантниот возач во историјата. Денеска со тотална супериорност обезбеди прво место, пред Алекс Маркес, односно Фабио Ди Џанатони. Ова за Маркес е 19 победа во спринт трка во историјата. Ако на сето ова се додаде дека ја има и пол позицијата ...

Белгискиот голман Тибо Куртоа не го доигра дуелот против Шпанија, кој неговата репрезентација го загуби со 2:1, откако беше заменет поради повреда. Сепак, искусниот чувар на мрежата по натпреварот изјави дека се чувствувал способен да продолжи, но дека селекторот одлучил поинаку. По поразот, Куртоа откри дека размислува за привремено повлекување од националниот тим. Неговата намера е да направи едногодишна пауза од настапите за Белгија, а ...

Иранскиот министер за надворешни работи пристигна во Оман за да разговара за аранжманите за безбеден премин на бродовите низ Ормуската Теснина, јавуваат иранските државни медиуми, додека Вашингтон бара јавно ветување за слободен и безбеден транзит. Полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним јави дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи пристигнал во Оман. Оваа земја помага во посредувањето за ставање крај на војната која ја ...

Четири републикански и демократски членови на американскиот Сенат соопштија на социјалните мрежи дека добиле одобрение од Белата куќа Конгресот да ги разгледа новите санкции против рускиот енергетски сектор. „Горди сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со администрацијата на Трамп за унапредување на нашето ажурирано законодавство во врска со санкциите против Русија“, наведоа републиканските сенатори Линдзи Грејам и Роџер Викер ...

Јапонската експериментална ракета за повеќекратна употреба денеска полета и безбедно слета за време на својот прв пробен лет. Јапонија бара начин да ги намали трошоците за лансирање и да ја зголеми сопствената конкурентност на глобалниот вселенски пазар, со кој доминира американската компанија „СпејсИкс“. Ракетата „РВ-Икс“ (RV-X) полета, лебдеше и се движеше хоризонтално пред да слета за време на својот лет кој траеше помалку од една минута ...

Полуфиналето меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ му припадна со 3-0 во сетови на помладиот тенсиер актуелниот шампион на Вимблдон, Синер. Ѓоковиќ го играше своето 15.то полуфинале на Вимблдон и остана на 24 Гренд слем титули во кариерата. – Се чувствував физички добро. Можеби не најсвеж, очигледно, не како на почетокот на турнирот, но физички бев добро. Тој беше едноставно, беше многу подобар играч на теренот. Секако, разочаран сум и, секако, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Калај

46.54