Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, кој на самиот почеток истакна дека Македонија успешно ја спроведува Реформската агенда, посочувајќи дека, според оценките на Европската Унија, се реализирани девет од десет предвидени точки, а земјата е оценета како најуспешна во нејзината имплементација. „Видовме и не само по наши изјави туку и по изјавите на Марта Кос дека девет од ...
На 08.07.2026 во 12:50 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода Л.М. (73) од истото село. Според пријавеното, тој претходно запалил оган на нива, во сопственост на неговиот брат, кој се проширил и зафатил сува трева, дел од игралиште, нива засадена со луцерка, во сопственост на Ѓ.А., засадени дрва ореви, во сопственост на И.Ј. мал дел од сушара за тутун, во сопственост на П.В., а постоела ...
Поранешниот романски фудбалски репрезентативец Габриел Мурешан се удави во езеро во близина на гратчето Аполд каде изминатите години беше градоначалник, јавија денеска локалните медиуми. Фудбалската федерација на Романија ја потврди смртта на 45-годишниот Мурешан, кој одигра девет натпревари во националниот дрес, вклучувајќи ги и квалификациските натпревари за Светското и Европското првенство од 2007 до 2011 година. „Фудбалската федерација на ...
Најмалку 28 лица загинаа во пожарот во фабриката за обувки „Фуџијан Хуитенг Шус“ во кинескиот град Џинџијанг во покраината Фуџијан, јавува Ксинхуа. Според претходното соопштение на кинеските власти, пожарот избувнал четири минути по полноќ по локално време во повеќекатницата во која била сместена фабриката. Првите резултати од истрагата покажуваат дека пожарот избувнал на првиот кат (приземје) од зградата. Пламените се ширеле со голема брзина ...
Канцеларијата на украинскиот генерален обвинител денеска објави дека не се пронајдени докази за вмешаност на Украина во оштетувањето на гасоводот во Балтичко Море во 2022 година. Канцеларијата соопшти дека истрагите се во тек и нагласи дека соработува со властите во Германија, потенцирајќи дека „Украина е подготвена да помогне во разјаснувањето на сите факти од случајот“. Германските обвинители минатата недела поднесоа обвиненија против ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за ...
Ѕвездата на мароканската фудбалска репрезентација Исмаел Саибари, поради повреда, ќе го пропушти натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство против Франција, кое е на програмата вечерва од 22 часот по средноевропско време во Бостон. Мароканскиот селектор Мохамед Уаби сите репрезентативци се подготвени за дуелот против Франција, со исклучок не Саибари. Новото засилување на Баерн Минхен беше повлечен од теренот на средина од првото ...
Според анкетата на Францускиот институт за јавно мислење (ИФОП), лидерката на ултрадесничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен е фаворит за претседател на Франција. Апелацискиот суд пред два дена ја потврди пресудата за Ле Пен за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, а Ле Пен вчера ја почна кампањата за претседателските избори во Франција, што треба да се одржат ...
На покани без датум, време и место не одговораме бидејќи се несериозни. Ние подолг период дебатираме со бројни искрени членови на СДСМ и подржувачи кои посакуваат силна опозиција, велат членовите на СДСМ и поранешни функционери на партијата кои промовираа Платформа која бара промени во опозициската партија, пишува Курир. -За нас дебатата е основа на демократијата. Но, немаме намера да преговараме со оние кои ги создаваат проблемите. Затоа, му ...
Генералниот директор на албанската државна полиција, Скендер Хита, изјави дека граничната полиција „постапила во согласност со законот во случајот пријавен вчера на граничниот премин Ќафасан, каде на едно лице не му било дозволено да влезе на албанска територија поради законски пречки“. На прес-конференција, на прашањето за случајот со двајцата пратеници и еден функционер на „Вреди“ на граничниот премин Ќафасан, објасни дека на граничниот ...
– Ајде заемно да се „бомбардираме“ со музика, сликарство, архитектура и поезија. Само на овој начин ќе продолжиме напред како жив вид и како луѓе, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, Јанис Карасавас, член и основач на грчката група „Десетте бузуки на Домна“ во пресрет на нивниот настап на Локум фест во Битола. Најпознатиот грчки музички инструмент – бузуки, а во конкретниот случај не едно, туку десет за прв пат доаѓаат во нашата ...
Повеќе од 1.800 професори по математика и науки на Универзитетот во Калифорнија, еден од најпрестижните во САД, во отворено писмо се пожалија на голем проблем: голем број од новозапишаните студенти ги немаат вештините што требало да ги стекнат до матурирањето. На 20-30% од студентите на рани курсеви на кампусот Беркли инструкторите морале повторно да им предаваат математика за средношколци. Извештај од кампусот во Сан Диего во ноември покажа ...
Албанските власти им забраниле влез на повеќе десетици лица од Македонија кои, според информациите во дел од албанските медиуми, планирале да присуствуваат на антивладините протести во Тирана. Според објавените информации, на таканаречената „црна листа“ на Албанија се нашле повеќе од 60 лица поврзани со коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство во Македонија. Меѓу лицата на кои, според медиумските наводи, им бил ограничен влезот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на движењето на инфлацијата во државата и споредба со другите држави, изјави: -Живееме во прилично предизвикувачко време. Имаме две војни, коишто се случуваат, озбилни војни. Еве од последните информации коишто ги добивам, војната во Заливот повторно почнува да разгорува, војната во Украина. Она коешто за нас претставува предизвик, а тоа е да имаме навремено ...
Лекот „фостер“, инхалациска терапија за астма и за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се очекува од 1 август да биде достапен во аптеките без доплата и со партиципација од 280 денари, а за антикоагулансот „ксарелто“ (ривароксабанот) од 1 јануари ќе се плаќа партиципација од само 160 денари. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека има два начина за ...
Случаите на трговија со кокаин во Албанија се зголемиле за 27,6 отсто во текот на 2025 година, додека запленетите количини се намалиле, развој што властите го припишуваат на промената во начинот на работа на криминалните мрежи и употребата на поприкриени методи на трговија со дрога, објавија медиумите. Според Националната стратегија за спречување и борба против организиран криминал и тешки кривични дела 2026–2030 година, трговијата со кокаин ...
Вака, како што е моментално начинот на кој што гласа дијаспората, односно иселениците не се содвествува на вистинскиот капацитет, односно имаме неможност за тие да излезат во доволен број да го дадат своето право, посебно иселениците во Австралија, Канада и останатите прекуокеански земји. Тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право. Ние се обидовме да дадеме предлог кој што бепше прифатен заедно со сите други ...
Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно зголемување на буџетот за 7,6%. Во ребалансот на државната каса, здравствената заштита за граѓаните е мерлив и опиплив приоритет. Од претходните 7,566 милиони денари, сега се предвидени над 8,139 милиони денари. Ова претставува едно од најголемите и најзначајните промени во новото буџетско прекројување – истакна на денешната прес-конференција ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на лидерите на земјите членки на НАТО им приреди необичен подарок за време на самитот во Анкара – им подари луксузно изработени, гравирани пиштоли, заедно со придружните куршуми и комплети за чистење. Според информациите од британските медиуми, секој од лидерите добил ист подарок, а оружјето било персонализирано со името на примателот. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и ...
Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон. Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни пред своето членство со не потпишувањето договорот за носењето на ИЗ, доаѓа откако увидоа дека рејтингот не им оди како што посакуваат, и на овој начин создаваат алиби за лошиот резултат на следните избори, и секако, прстот го ...
За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна. Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво и во јуни изнесува 3,4%, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Споредено со месец мај, инфлацијата забележува намалување од 0,5 проценти, додека, пак, индексот на цените на ...
Синоќа во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. -Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се ...
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија на МВР во Идризово оцени дека Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата. Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за подготовка на идните полициски службеници. – ...
Коалиција од девет европски земји го повикува Брисел да ја продолжи итната флексибилност за Системот за влез/излез (ЕЕС), со аргумент дека блокот сè уште не е подготвен да ги укине моменталните заштитни мерки. Во заедничкото писмо со датум од 7 јули, во кое „Политико“ имаше увид, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија му порачаа на комесарот за внатрешни работи, Магнус Брунер, дека првите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во деловиод ...
Големо задоволсто е кога се гледа дека се реализираат големи проекти, навистина ова што го гледаме е еден прекрасен проект, ќе даде целосно нов лик на овој дел од градот, на овој Гевгелија. Ќе ја врати автентичноста, но исто така има доста модерни елементи, тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно. И тоа што има едно подземно осветлување кое што навечер ќе даде целосно нов дух на овој дел од градот. Мислам дека ќе го смени ...
Грчките власти објавија интерактивна дигитална мапа на Гугл, на која се следи појавата и ширењето на опасната риба зајак, позната и како Lagocephalus sceleratus. Станува збор за инвазивен вид за кој летово се зголемува вниманието, особено поради неговото присуство во грчките води. Мапата ги покажува местата каде што досега е регистрирана оваа риба, која се смета за исклучително опасна. Lagocephalus sceleratus е распространет во тропските води ...
Ставот на новиот унгарски премиер Петер Маѓар кој отворено се заложи за европскиот пат на земјите од Западниот Балкан не е добра вест за Бугарија. Вака смета Спас Ташев, професор по национална безбедност и директор на одделот „Демографија“ во Бугарската академија на науките (БАН). – Разговарав со бугарски европратеници кои ми кажаа дека го информирале Маѓар за бугарската позиција и за суштината на проблемите во Скопјe. Бидејќи тој продолжува ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го извести Конгресот за намерата да го поништи статусот на Сирија како држава што го спонзорира тероризмот (ССТ), соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека оваа одлука на Трамп е уште еден историски чекор што овозможува да му се даде шанса на сирискиот народ за напредок и Сирија повторно да се вклучи во меѓународната трговија и инвестиции. „Стабилна, обединета Сирија која е во мир ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од самитот на НАТО во Анкара оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност. – Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените ...