Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Утрешниот православен празник, што секогаш се одбележува на 12 јули, кај народот познат како Петровден, се смета за еден од најголемите празници по Велигден и празник на врховните апостоли Петар и Павле. По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД се согласиле да продолжат со преговорите со Иран откако Техеран побара продолжување на разговорите, но истовремено нагласи дека прекинот на огнот од јуни меѓу двете земји е завршен. „Исламската Република Иран нè замоли да ги продолжиме разговорите. Ние се согласивме на тоа, но САД им ставија до знаење дека прекинот на огнот е завршен!“ напиша Трамп во објава на социјалната мрежа ...
Намалување на бројот на сообраќајни несреќи во однос на лани, наплив на прекршоци за возење со енормни брзини по автопат во летниот период, но и зголемена свест кај возачите за возење под дејство на алкохол, покажале податоците од јануари до сега со кои располага полициската станица со општа надлежност во Гевгелија. Според информацијата за безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Гевгелија, презентирана на денешната ...
Како „Рустика Вединг Хол“, компанија со долгогодишно искуство во обезбедување кетеринг услуги за голем број компании, институции и приватни настани, ја информираме јавноста дека, по завршувањето на инспекциските постапки и добивањето на конечните лабораториски наоди што следеа по случајот со труењето во Прилеп, нашата кујна повторно е во функција, велат од компанијата. Во продолжение следува нивното соопштение до јавноста: Од самиот почеток ...
Денешното соопштение на ДУИ е јасен доказ за паниката што ги зафати нивните редови. Откако со години го држеа Тетово во заложнижтво со празни ветувања и неуспеси, денес се обидуваат да политизираат процес кој конечно се решава, велат од ВРЕДИ. -Граѓаните знаат дека проблемот со имињата на улиците и плоштадите не го создаде ВРЕДИ, туку е наследство од неодговорноста на ДУИ. Наместо да ја прифатат вината за своите пропусти, тие избираат да ...
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Рим учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа на покана на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани. На средбата учествуваа министрите за надворешни работи од земјите – членки на Европската Унија и од Западен Балкан, како и високи ...
Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени ...
Иран ќе одговори на секој напад врз неговата инфраструктура, вклучително и со напади врз Израел“, предупреди шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохамед Багер Золгхадр. Неговата изјава следува откако вчера израелскиот министер за одбрана Израел Кац наведе дека израелската армија е подготвена „и третпат, ако е потребно“ да го нападне Иран и тоа „уште посилно“. Армијата е подготвена и во состојба на готовност за ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го поздравува зголемениот интерес на младите за образование во областа на сметководството. По зголемениот број запишани студенти на катедрите за сметководство и ревизија во изминатата година, годинава е евидентен и пораст на интересот кај средношколците, при што во првиот уписен рок во повеќе средни економски училишта се исполнети предвидените места во сметководствената област. Во ...
На 09.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром- Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода Д.М.(25) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола констатирано е дека приложила патна исправа со фалсификуван штембил. Таа е задржана во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка. На 09.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром- Скопје, на излез од ...
МЗТ Скопје Аеродром официјално ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Обновувањето на договорите со двајцата искусни репрезентативци било еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата натпреварувачка сезона. За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес. Најтрофејниот македонски кошаркар ќе има можност да ја нападне својата 12. шампионска титула, а сите досегашни ги освои ...
Белгиската фудбалска репрезентација се соочи со нови проблеми на Светското првенство во Канада, САД и Мексико. Белгиската федерација објави дека тренинг центарот што првично им беше доделен од организаторите за подготовки за денешниот четвртфинален натпревар против Шпанија не ги исполнувал „ниту минималните стандарди потребни за тренинг“. ФИФА брзо реагираше брзо и им дозволи на Белгијците да тренираат во комплексот на МЛС лигашот Лос Анџелес ...
На 10.07.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода У.Ф.(35) од Велес. Тој се сомничи дека од двор на 54-годишен велешанец одзел разни предмети. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство. У.Ф. бил спроведен во установата, известен бил јавен обвинител и по ...
Бугарија се соочува со казнена постапка од ЕУ поради прекумерен нов долг, соопштија денеска властите во Брисел. Советот на Европската унија – телото што ги претставува владите на земјите-членки на ЕУ – ја следеше препораката на Европската комисија од јуни за започнување на постапката. Целта на „постапката за прекумерен дефицит“-ЕДП (EDP) е да ги доведе државите кон стабилно фискално управување и да ја заштити стабилноста на еврозоната. ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет во денешното продолжение на седницата досега не прифати ниеден од предложените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. Отфрлени беа неколку амандмани на ДУИ со кои се бараа дополнителни финансиски средства за инфраструктурни проекти во повеќе населени места, како и за изградба на жичница од Тетово до Попова Шапка. Како што објасни заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, средствата ...
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека тие остануваат на ставот за гласањето на дијаспората и дека ќе ги прифатат барањата на опозицијата за Изборниот законик и оти сега се фокусирани на постигнување елементарен договор со нив во Парламентот. – Проблемот е што ние немаме единствен став во рамките на опозицијата за да можеме да постигнеме елементарен договор кога станува збор за Изборниот ...
Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот. Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството се резултат на претходни измени на регулативата со кои биле ...
Во моментов во Собранието се прават измени на Законот за студентскиот стандард во делот на сместувањето и користењето на услугите на студентските домови. Целта е подигнување на безбедноста во објектите и спречување на негативни практики кои постоеја во минатото, како неосновано долгорочно сместување на поединци. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на прес конференција ги образложи поважните измени. „Ја ограничуваме ...
Денес направивме уште еден значаен чекор во насока на зацврстување на парламентарното мнозинство и обезбедување политичка стабилност, како неопходен предуслов за продолжување на реформите, реализација на проектите и исполнување на обврските што ги презедовме пред граѓаните, информира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на ...
Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за миленици, детски игралишта, спортски содржини, велосипедски полигон, ...
Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген денеска наутро (10 јули) се врати во Солун кратко по полетувањето откако за време на летот се откачи прозорец до патник – соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот, во кој полесно бил повреден еден од патниците, јави дописничката на МИА од Атина. Од авиокомпанијата посочија дека авионот регуларно слетал во Солун и патниците биле вратени во терминалната зграда. – Еден патник побара и доби ...
СВР Битола информира дека од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено е дека на место викано Тумбе кафе, во поранешната касарна во Битола биле пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 парчиња бомби и гранати од Првата светска војна. Станува збор за 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни бомби и 532 тромблонски гранати, сите од Првата светска војна. Од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, ...
Гитаристот на легендарната рок група Ролинг Стоунс, откри дека постигнал голем успех по долгогодишната борба против суровата болест. – По долгогодишна борба со ракот на белите дробови, го постигнав најзначајниот пресврт во мојот живот. Денес воопшто нема ни траг од болеста, изјавил Рони Вуд. Болеста му беше дијагностицирана во 2017 година, и успешно излекувана. Во 2020, за време на пандемијата, повторно се соочуи со малигно заболување, ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Отворањето на Центарот беше најавено од министерот Андоновски при неговата последна посета на Прилеп. Со неговото ставање во функција административните услуги достапни преку ...
Времето претстојниот викенд ќе биде сончево и топло, а во недела во попладневните часови можни се дожд и грмежи, покажуваат прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи. За утре најавено е сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, исто така, сончево време со мала облачност. Се очекува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Според синоптичарите, во недела ќе биде сончево со мала до ...
Во главниот град на Словенија, Љубљана синоќа се одржа протест на кој се побара излегување од НАТО. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО=мочуриште“и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување на санкции за САД и Израел и пренасочување на воените расходи кон јавната сфера. Демонстрантите, исто така, изразија критики кон сегашната ...
Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората, истакна на прес-конференција портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално. Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел. Ние не сме против тоа право. Ние сме против ...
Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја од овие опозициски партии излегува со различен изговор. СДС е против олеснување на гласањето на македонската дијаспора, Левица доби повеќе пари па после се откажа, додека пак ДУИ, отвора нови услови за начинот на одлучување во ДИК. Различни ...
Третиот летен топлотен бран во Италија почна денеска и ќе трае најмалку до 20 јули, јави новинската агенција Анса. Откако вториот топлотен бран забележа температури кои достигнаа 38 до 40 степени Целзиусови, во наредните денови повторно се очекуваат екстремни температури во Италија. Градовите Фиренца и Перуџа денеска и утре ќе бидат под црвен аларм за опасна жештина. В понеделник, температурите би можеле да достигнат 43 степени во ...
Македонските аеродроми бележат рекорден раст на бројот на патници. Во првите шест месеци од годинава низ двата аеродроми поминале два милиони патници, што претставува раст од над 30 проценти во однос на истиот период лани, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. „Бројките излегоа денеска и се одлични. Имаме два милиони патници за шест месеци годинава, што е раст од над 30 проценти споредено со ...