Заливската држава Катар препорача привремен прекин на поморскиот сообраќај по новите ирански напади, пренесе ДПА. Катарското Министерство за транспорт денеска соопшти дека препорачува сите патувања и други „поморски активности“ да бидат суспендирани до понатамошно известување. Ова се однесува и на рибарските и рекреативните чамци, џет-скиите и „сите други пловни објекти“. Соопштението е во форма на препорака, иако некои други медиуми го ...

Артилериска граната која потекнува од Првата светска војна е пронајдена кај битолското село Меџитлија и успешно отстранета. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека гранатата ќе биде транспортирана до армискиот полигон Криволак каде ќе биде уништена. – Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор вчера, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна кога со дрон нападнал еден брод. Говорејќи за телевизијата Ен-Би-Си, Трамп рече дека Иран се согласил на договор со кој, како што наведе, „се откажал од сè“. – Имавме состаноци со нив … Вчера се согласија на договор – совршен договор за нас. Без нуклеарна програма, без ...

Украинската премиерка Јулија Свириденко денеска поднесе оставка, а претседателот на земјата, Володимир Зеленски, најави дополнителни промени во украинската влада. Во соопштението преку социјалните мрежи, Свириденко наведе дека е „горда што ја имала честа да ја води владата во текот на еден од најтешките периоди во современата украинска историја“. Таа исто така рече дека разговарала за следните чекори со Зеленски, но не изнесе дополнителни ...

Во денешните израелски напади врз Појасот Газа убиени се пет лица, вклучувајќи и едно деветгодишно девојче, соопштија палестински здравствени функционери. Според спасувачите, израелскиот оган бил насочен кон група шатори источно од бегалскиот камп Ал Буреиџ во централниот дел на Газа, каде што е убиено девојчето Тала Абу Матара, кое имало девет години. Израелската војска не се огласи во врска со смртта на девојчето. Во воздушен напад врз ...

Војската на Бахреин соопшти дека Иран ги продолжува своите, како што наведува, „гнусни ракетни напади и напади со беспилотни летала насочени кон цивили“ во земјата, додавајќи дека системите за противвоздушна одбрана ги собориле проектилите со кои бил извршен нападот. „Вооружените сили, со сите свои единици и капацитети, се наоѓаат на највисоко ниво на борбена готовност и се подготвени да ги исполнат своите одбранбени задачи со цел заштита на ...

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот нема активни пожари на територија на државата. Има еден пожар под контрола и два изгаснати. Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот на градската депонија во Штип, а изгаснати се пожарите кај селото Уларци во општина Чешиново – Облешево и меѓу селата Дедели и Собри во општина Валандово. Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот нема активни пожари на ...

Управата за Персискиот Залив, орган што Иран го формираше за време на војната со цел воведување дигитален систем за одобрување транзит, денеска соопшти дека „поради неодамнешните илегални движења на американските воени сили во регионот, транзитот низ Ормуската Теснина во моментов не е возможен“. „Штом ќе се воспостават стабилност и мир, сите барања ќе бидат разгледани според утврдениот распоред и ќе бидат издадени потребните дозволи“, наведе ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека предложил смена на премиерката Јулија Свириденко. „Благодарен сум ѝ на Јулија за нејзината јасна, доследна и ефикасна работа на функцијата премиерка, како и за годините на нејзината продуктивна работа во тимот на Украина, а ѝ понудив можност да раководи со нова и важна област во односите со клучен партнер“, наведе Зеленски на Х. Тој истакна дека очекува оти ќе бидат спроведени ...

ВРЕДИ со соопштение реагираше на вториот протест што го организираше ДУИ во Тетово во врска со имињата на улиците и плоштадите, оценувајќи дека станува збор за обид на партијата да ги заштити сопствените политички интереси, а не за протест во интерес на граѓаните. Од ВРЕДИ тврдат дека протестот не бил израз на незадоволство на тетовци, туку, како што наведуваат, „манифестација на стравот на партијата на која ѝ истекува политичкото време“. Во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...

Новинарот Ромен Молина објави сериозни обвинувања за наводни финансиски злоупотреби во Аргентинската фудбалска федерација поврзани со парите заработени по освојувањето на СП во Катар во 2022 година. Според информациите што ги изнесе Молина, повеќе од 42 милиони евра од вкупно околу 300 милиони евра, колку што Аргентина наводно инкасирала по освојувањето на светската титула, биле префрлени на сметки на фиктивни компании. Сомнежи предизвикуваат ...

Возачот на Дукати, Марк Маркес ја потврди својата доминација и е победник на денешната трка во рамките од МОТО ГП шампионатот во Германија. Деветократниот светски шампион, само го повтори она што го направи во спринтот и на главниот тренинг вчера и беше најбрз на патеката во Сахсенринг. На втората позиција на денешната трка се пласираше возачот на Трекхаус, Аију Огури, додека трет на пиедесталот се изкачи Раул Фернандез. Во генералниот ...

Дарко ЈАНЕВСКИ (текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Денешен.мк) Недела наутро е, 15 минути до шест часот. Чудното будење и потоа несоницата пак доаѓаат по своето. Надвор, соседот, помлад од мене, веќе излегол на тераса, пуши цигара и кашла, онака утрински, од желудник и од гради, чиниш утробата ќе ја извади и од тоа ечи цела населба. Познавам жена, мајка на една пријателка, која има над 80 години, ...

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, продолжи во Битола – градот на конзулите, културата и традицијата, кој со своето историско наследство, образовен развој и современ потенцијал претставува еден од најзначајните центри на Пелагонискиот регион. На панел-дискусијата се обрати претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој истакна дека главната обврска на ...

Женскиот одбојкарски сениорски национален тим летово ќе настапот на 20. Медитерански игри, кои од 21 август до 3 септември ќе се одржат во Таранто, Италија. Селекторот на Македонија, Милош Гавриловиќ објави список од 16 одбојкарки кои ќе конкурираат за настапот на Игрите. Новиот список носи одредени промени, споредено со оној за Европската лига 2026, а една од причините е што дел од помладите репрезентативки во истиот период ќе имаат обврски ...

Лионел Меси никогаш досега не играл против Англија, а двете репрезентации ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство во Северна Америка. Последниот дуел меѓу Англија и Аргентина беше во ноември 2005 година на пријателски натпревар. Меси тогаш веќе беше дел од аргентинската репрезентација, но поради суспензија го следеше натпреварот од трибините. ” Натпреварите против големите репрезентации секогаш се посебни. Никогаш досега не сум ...

Феран Торес би можел да биде еден од најзвучните трансфери ова лето, откако шпанските и француските медиуми објавија дека Пари Сен Жермен сериозно работи на негов ангажман. Се споменува сума од околу 50 милиони евра. За трансферот известуваат шпанскиот „Мундо Депортиво“ и францускиот „L’Екип“ кои укажуваат дека меѓу клубовите се водат сериозни разговори. Во меѓувреме, Барселона веќе работи на реконструкција на напаѓачката линија. Каталонскиот ...

Во 37 француски департмани денеска е прогласен црвен метеоаларм, а во поединечни делови од земјата се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 и 42 степени Целзиусови. Од топлотниот бран погодени се околу 26 милиони Французи. Маса од многу топол воздух стагнира над земјата неколку дена, создавајќи продолжен, интензивен и широко распространет топлотен бран, објави утрово Француската метеоролошка служба. Целата област на Париз, ...

Владините политики се фокусирани на развој и модернизација на железничкиот сектор, преку конкретни инвестиции во изградба на нови пруги, обнова на железничкиот товарен и патнички сообраќај и подобрување на услугите, потенцираше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во поткастот “Радар“. Како резултат на овие политики се бележи зголемување на карго транспорот за 18 %. Дополнително, се забрзува ...

На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 11.07.2026 околу 18:20 ...

Албанија нема да го искористи правото на вето против Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, дури и ако претходно стане членка на Унијата, порача албанскиот премиер Еди Рама за време на младинскиот камп „RinCamp 2026“ во Јал, одговарајќи на прашање на студент од Скопје, пренесе Експрес. – Албанија нема да му наметне вето никому и никаде. Имаме целосен интерес работите во С. Македонија да се развиваат што е можно подобро. ...

Иранскиот ултраконзервативен весник „Хамшахри“ денеска објави список на личности, кои треба да платат со своите животи за смртта на ајатолахот Али Хамнеи, меѓу кои се Доналд Трамп, Бенјамин Нетанјаху, Емануел Макрон и други европски лидери. Иранскиот врховен лидер ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во вчерашната пишана изјава, по погребот на неговиот татко, кој беше убиен на 28 февруари во израелско-американскиот напад врз Иран, наведе дека одмаздата ...

Не можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат. Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги – само вистина, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро. Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника. Но народот не живее од статистички извештаи. ...

Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ на прес-конференција која МИА ја објавува интрегрално. Не затоа што не ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Куманово и околината има поројни врнежи и грмежи, а невремето се движи од запад кон исток. Во делови од скопската котлина е најавена нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето утре и во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен ...

Албанскиот министер за одбрана, Ермал Нуфи во телевизиско гостување потврди дека Албанија ќе испрати штабни офицери во меѓународната стабилизациска мисија во Појасот Газа. Тој додаде дека по завршувањето на извидувачката мисија и анализата на извештајот составен од албанските офицери, кои веќе биле во Газа, Генералштабот го утврдил почетното ниво на ангажман на албанските вооружени сили во оваа мисија. Според него, првата фаза ќе се состои од ...

Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик. За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус – изјави денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше решение ...

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, посочува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Вицепремиерот детално информирал за напредокот на сите автопатски проекти што во моментов се реализираат низ ...

Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, а целта е да се подобри локалната инфраструктура што директно го олеснува секојдневниот живот на граѓаните, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, општините со години биле запоставувани, поради што Владата одлучила паралелно со големите инфраструктурни инвестиции да даде ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Бакар

12.58