Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Евидентирани се вкупно девет пожари на отворен простор во текот на денов до 18 часот. Од нив, два сѐ уште се активни, еден пожар е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Едниот сѐ уште активен е шумски пожар на подрачјето на село Бајково, општина Струмица. Другиот пожар е на територијата на село Гарани, општина Кичево, каде што се опожарени ниска вегетација и стрништа. Под контрола е пожарот во ...
Македонскиот атлетски шампион Дарио Ивановски од денеска ќе биде ангажиран во Министерството за одбрана, каде своето знаење, искуство и професионален пристап ќе ги насочи кон унапредување на физичката подготвеност на припадниците на Армијата. Информацијата ја објави министерот за одбрана Владо Мисајловски, во која пишува дека Ивановски со својата дисциплина, борбеност и спортски дух е пример за сите генерации. -Со гордост ги поддржуваме оние ...
Попладнево околу 16:30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис. Во гасењето на пожарот е ...
Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!, пишува на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека без вода попладнево, освен селата Драчево и Студеничани, се и населбите Драчево и Батинци. Причина за дополнителниот прекин на водоснабдувањето е поголемиот обем на дефектот што веќе го санираат теренските екипи. Вода нема да има до завршување на работите. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека без вода попладнево, освен селата Драчево и Студеничани, се и населбите Драчево и ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска истакна дека и тој е дел од тоа мнозинство што поддржува дека и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. -Ако ја гледаме суштината на работата и суштината на проблемот, како држава, што го имаме, за мене барем, како судија, нема дилема. И јас сум дел од тоа мнозинство што поддржува дека „да“ и платите на обвинителите треба ...
Комисијата на финансирање и буџет на денешната седница му предложи на Собранието да ја разгледа завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски појасни дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година остварил реален раст од 3,5% и е во согласност со проекциите на Министерството за финансии. Динамиката на растот била поизразена во втората половина од годината, кога ...
Во Собранието денеска се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата биле констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Гаши посебно ја издвоил соработката на ниво на ...
Главниот извршен директор на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, треба да стане нов украински премиер, потврдија за „Киев Индепендент“ два извори, висок украински функционер и лице запознаено со ситуацијата. Очекуваното назначување следува откако премиерката Јулија Свириденко потврди на 12 јули дека се повлекува од функцијата по најавата на претседателот Володимир Зеленски за реконструкција на владата. Според изворите, Зеленски го предложил Корецки ...
Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Со преземањето на функцијата, како што информираат од Министерството, се обезбедува институционален континуитет во работењето на Министерството и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областа на социјалната ...
ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 ...
Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски. Уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност – се вели во соопштението од ВРЕДИ. Не случајно ВЛЕН го прашуваше Бујар Османи дали и зошто се среќавал со Груевски во Будимпешта? Заедничкиот содржател на трајна врска меѓу Ахмети и Груевски се нивните гревови. Албанскиот народ и две години после одењето ...
Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Го немаше да дискутира во Собрание ...
Во изминатите две години успеавме да обезбедиме речиси девет милијади денари поголем буџет во здравството бидејќи без зголемување на неговите издвојувања нема да ги решиме проблемите. Ова не е само зголемен буџет, туку зад секоја оваа бројка стои конкретна мерка за подобрување на здравствената заштита за пациентите и за подобрување на условите за здравствените работници – истакна денеска досегашниот директор на Фондот за здравствено ...
Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции за Иван Стоилковиќ – изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче, осврнувајќи се на вчерашните настани во Собранието, на седницата на чиј дневен ред беше реконструкцијата на Владата, а на која на една од паузите опозициски пратеници забележаа дека биле навредувани од сега веќе избраниот министер за локална самоуправа, ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека малку е веројатно дека мирот во Украина наскоро ќе биде постигнат и додаде дека очекува Русија да ја продолжи војната барем до почетокот на зимата. Туск во Париз изјави дека за ситуацијата во Украина разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во овој момент, се чини малку веројатно дека ќе се постигне прекин на огнот или мировен договор ...
Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми. Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки ...
Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот “Талир 2”, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. -Иако беа направени измени на обвинението ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата. – Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи (ИТС) во ...
Тројца членови на криминалната група Беланоца денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, јави Телма. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Третиот обвинет е осуден на 4 години за ...
Премногу ниските, но и премногу високите вредности на кортизол (хормон на стресот) може да доведат до негативни здравствени последици. Долготрајната изложеност на стрес може да ја наруши неговата природна регулација. За одржување нормално ниво на кортизол и заштита на ендокриниот систем најважно е да се влијае на: регулирањето на стресот (спиењето), правилната исхрана и умерениот тип вежбање, вели во интервју за МИА директорот на ...
Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ѝ даваат поддршка на Украина во одбрана од руската агресија, објави претседателот Румен Радев. Со овој потег, Бугарија дополнително се дистанцира од мнозинството членки на Европската Унија кои ја поддржуваат Украина, објавува Блумберг. Радев, кој е познат како гласен критичар на испраќањето воена помош на Украина, постојано ги отфрла обвинувањата дека зазема проруски став во војната. Тој ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...
Го читам внимателно колегата Љубиша Николовски, како се обидува да објасни дека Платформата 12.05 отвора прашања што постојат и меѓу членството на СДСМ и дека пласира ставови за демократизација, кадровска политика, отчетност и потреба од нова визија. И “наместо тие прашања да станат тема за дебата, конфликтот се персонализира“, пишува колегата на Фејсбук. Е баш штета… „Раководството, од своја страна – мудрува Николовски – има право да го ...
Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, денес истакна дека по долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место. Спортот, според Димитровска, е област во која треба да се инвестира, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти. За да можат посветено и безгрижно ...
Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик, велат од партијата. „Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. ...
Левицата соопшти дека ја одложила координативната средба за Изборниот законик поради отсуство на претставник од СДСМ. Ова е очекувана реакција од партија што се обидува да создаде привид на опозициско единство, а во реалноста ја турка агендата на Христијан Мицкоски, наведува СДСМ во соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Позицијата на СДСМ по прашањето на Изборниот законик е јасна и недвосмислена. Нема што да се усогласува со Левицата. ...
Осумнаесет нови возила, донација од ЕУ, беа промовирани денеска, а кои се за потребите на Државниот инспекторат за транспорт. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија, посочувајќи дека сега вработените ќе може да ги има на секоја точка од државата. -Со овие 16 специјално опремени патнички моторни возила, и две ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. -Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот ...