Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопши турското Министерство за одбрана. Од Министерството соопштија дека новоформираните механизми ќе ги опфатат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува спроведување заеднички воени ...

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ. Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат. Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на новинарството и медиумите. Неговата ...

Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на банката во Истанбулскиот финансиски ...

Пожарот во шумата над селото Габер е проширен и се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, поради што за негово гаснење се ангажирани три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи, информираат од Центарот за управување со кризи. Ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува ...

ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Зошто молчеа досега? Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите политики, но ...

Ерупцијата на вулканот Етна и сериозните нарушувања во воздушниот сообраќај предизвикаа загуби од околу 24 милиони евра за туристичкиот сектор на Сицилија, покажуваат проценките на трговското здружение „Асоезерченти“ (Assoesercenti). Аеродромот „Катанија-Фонтанароса“ останува затворен до 2 часот во петок поради наталожениот вулкански пепел. Од петокот до вторникот, вклучувајќи го и 12 август, беа откажани околу 700 летови, додека повеќе од ...

Пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на Сивири и Фурка, кон Касандрија, односно кон Скиони, на првиот крак на Халкидики, беше испратена до сите оние кои се наоѓаат во двете места, поради пожарот што избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително зајакнати и интервенираат 125 пожарникари со три пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои 12 пожарникари ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...

Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на одбрана и заштита на демократијата и слободата, по повод 65-годишнината од изградбата на Берлинскиот ѕид, објави германската новинска агенција ДПА. „Политичкото раководство на Германска Демократска Република (Источна Германија) го изгради ѕидот пред 65 години. Денес нашата земја е обединета подолго отколку што беше поделена и живееме во слобода и мир. Поуките од Берлинскиот ѕид остануваат – ...

Бројот на загинати цивили во Украина во текот на јули достигна највисоко ниво од мај 2022 година досега, покажува денеска објавениот извештај на Обединетите нации. Најмалку 437 цивили биле убиени, а 2.610 биле ранети минатиот месец, што претставува зголемување од 30 отсто во однос на јуни и дури 70 отсто во споредба со јули минатата година, предупреди Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина. „Бројот на загинатите достигна ...

ДУИ изразува сериозна загриженост поради поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука. По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение – се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција, кое МИА го објавува интегрално. Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво ...

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги денеска го повика рускиот амбасадор во Токио, Николај Ноздрев, за да му изрази категоричен протест поради посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Курилските Острови, врз кои право полага и Јапонија. „Откако дознавме дека рускиот претседател Владимир Путин го посетил островот Итуруп на 13 август, го повикавме рускиот амбасадор Николај Ноздрев во Министерството за надворешни ...

До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е зафатена ниска вегетација има во ...

На 12 август 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Н. (18) од Скопје, Х.И. (40) од село Инџиково, скопско, и С.А. (31) од Штип. При преземените дејствија кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите, против тројцата ќе следуваат соодветни поднесоци. На 12 ...

На 12 август 2026 година во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода О.Н. (61) од Пробиштип. Според пријавеното, околу 18:30 часот пред семејната куќа во пробиштипско село, тој се обидел со остар предмет да го нападне својот син. Во нападот бил спречен од нивен сосед. При преземањето на мерките, полициските службеници констатирале дека О.Н. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,17 промили ...

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал. Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема, стои во соопштението-реакција на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. ...

Големата порота во округот Лос Анџелес поднесе обвинение против Ник Рајнер (32) за убиство на неговите родители, режисерот и актер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел Сингер Рајнер, со навод дека ги чекал во заседа пред нападот. Можноста дека Рајнер ги чекал во заседа пред да ги убие своите родители би можела да биде важна за утврдување на предумислата, пренесе „ABC News“. Доколку биде осуден за убиство со ова обвинение, би можел да биде ...

Настанот се случил ноќеска, околу 00:45 часот, во домот на сопружници во Велес, каде започнала кратката расправија која преминала во физички напад со употреба на дрвен и закани со остар предмет како и за палење на семејниот дом. Имало и интервенција на полициски службеници, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. „На 13.08.2026 во 00:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Г.Е.(52) и неговата ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од ефективен притвор и почетокот на судскиот процес ќе го чека во домашен притвор. Оваа одлука на надлежниот суд следува откако Ѓорѓиоски депонираше банкарска гаранција во висина од 500.000 евра. Со одлука на судот, мерката притвор му е официјално заменета со куќен притвор сè до стартот на судењето. Во домашен притвор престојува и актуелниот ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки за унапредување на здравствениот систем, со јасен фокус на јакнење на медицинскиот кадар, примарната здравствена заштита и обезбедување поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. Како потврда за оваа определба, годинава за здравството се обезбедени рекордни повеќе од ...

Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква ...

Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот, по што лицето Л.Х. било пронајдено со повреди, додека смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. – ...

Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. – Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, ...

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, ...

По труењето со вода и здравствената криза во Гостивар, сега нова криза со епидемија од западно- нилска треска. Сега повторно, како и во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски и ВМРО закаснија со реакцијата, истакна Кети Штерјова од СДСМ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. Западно-нилската треска не е нова болест. Комарците не се појавија вчера, климатските услови не се појавија вчера, а ризикот од вектор-преносливи ...

Романското Министерство за национална одбрана соопшти дека ноќта меѓу 12 и 13 август испратило два борбени авиона Ф-16 откако во близина на границата со Украина биле откриени пет воздушни цели, од кои една навлегла во националниот воздушен простор. „Радарскиот систем за набљудување на романското Министерство за национална одбрана во ноќта од 12 кон 13 август, во 1:27 часот, откри група од пет воздушни цели во областа Измаил, над украинска ...

Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Во објава на Фејсбук пртседателот ...

Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, вели претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод одбележувањето на годишнината од договорот. -Денес, одбележувајќи ја годишнината од Охридскиот рамковен договор, се потсетуваме на еден од ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42