Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
По повод „Денот на македонските рудари“, Радовиш ќе биде во знакот на македонскиот рок. На сцената доаѓаат две од најпрепознатливите имиња на домашната рок-сцена – групите „Меморија“ и „Ареа“*, со песни што обележаа генерации и звук што добро го познаваме. 28 август 2026 година, Паркинг Орел, Радовиш со почеток од 21:00 – 23:00 часот „Меморија“ и од 23:00 часот „Ареа“. Влезот е слободен. Настанот е поддржан од Општина Радовиш и Рудник Бучим. ...
Состојбата со пожарите на отворен простор денеска значително се влоши. Попладнево имавме најмалку 21 пожар на отворен простор од кои поголем дел во моментов се активни, оцени попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Тој како еден од пожарите кои се тешки за гасење го издвои пожарот на територијата на општината Македонски Брод во местото викано Видуш во близина на село Драгов. -Утре наутро таму ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во контекст на уставните измени и почетокот на преговори за влез во ЕУ, вечерва повтори дека за нас се значајни суштински две работи – првата е да имаме јасни гаранции што или ќе бидат проточени во нашиот правен систем — уставни измени со одложена примена или ќе има гаранции од европските институции. – И исто така, за нас е значаен концептот на меѓународно-правен ...
Топлотните бранови што ја погодија Франција во изминатите неколку месеци би можеле да предизвикаат директни и индиректни економски загуби во вредност од 10 до 15 милијарди евра, изјави денеска француската министерка за животна средина Моник Барбју, повикувајќи се на најновите проценки на Националниот институт за статистика и економски истражувања (ИНСЕЕ). Барбју предупреди дека периодот на екстремни горештини сè уште не е завршен и дека ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре и ...
Шпекулациите за наводно присуство на опасната бактерија Escherichia coli во скопскиот водовод, кои брзо се раширија преку приватни пораки и социјални мрежи, за кратко време предизвикаа масовна паника меѓу граѓаните и стопанството. Иако официјалниот лабораториски извештај бр. 6637 на Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје потврди нула присуство на штетни бактерии, со што беше демантирана небезбедноста на ...
Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив и здрав, објави JOQ Albania. Претходно, како што објави JOQ Albania, 4-годишното дете исчезнало во областа Алто Маре. Според пријавата, семејството подолго време го барало детето, а ја известило и полицијата во Голем. За среќе, детето е пронајдено и е заедно со своите родители. Четиргодишниот Богдан од ...
Поранешниот кинески премиер Џу Ронгџи, кој важи за еден од главните архитекти на кинескиот економски бум и за реформатор што ја внесе земјата во Светската трговска организација (СТО), почина денеска на 97-годишна возраст, објавија кинеските државни медиуми. Џу ја вршеше функцијата премиер на Кина — највисоката раководна економска функција во земјата — од 1998 до 2003 година и одигра клучна улога во низата коренити промени за пренасочување на ...
Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа Алто Маре во Република Албанија, објави JOQ Albania. Според пријавата, семејството веќе подолго време го бара детето, но досега нема никаква трага од него. Семејството ја известило и полицијата во Голем, но до овој момент потрагата не дала резултат. Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во зелен костим за капење, а во раката носел пиштол-играчка на вода. Неговата мајка, е во ...
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено место, значи дека е утврдено ширење на инфекцијата во таа област и дека ризикот за населението е поголем од вообичаено. Прогласувањето епидемија е пред сè јавно-здравствена и административна мерка за организирано справување со заразна болест, а не нужно знак дека постои непосредна опасност за населението. Тоа не значи дека сите жители се заразени, ниту автоматски значи дека местото ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. -Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...
Пратеникот Сергеј Попов објави статус на стовот фејсбик профил дека на СДСМ им пречи што Македонија се гради и напредува, но и дека завршило времето кога се правеа национални отстапки. „ЗОШТО ТАЛОГ? Затоа што не се радуваат на независноста на државата. Не се радуваат што по долги години Македонија повторно вложува сериозен напор својата независност да ја одбележи достоинствено и гордо. Не им се допаѓаат полните плоштади, народот кој ја сака ...
Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување биле изречени на територија на цела држава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16 до 21 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, спроведе акциска контрола за санкционирање на возила што непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што велат за МИА од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра. -Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, ...
Александар Андов, претседател на ОФС Кочани, денеска потпиша договор со кој Фудбалската федерација на Македонија им доделува 1.300 столчиња, со што значително се подобрува инфраструктурата и условите на Градскиот стадион „Никола Мантов“. -Ова е уште еден конкретен чекор кон создавање подобри услови за фудбалот и спортот во Кочани, вели претседателот на ОФС Кочани. Андов упати благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на ...
Од саботата до вчера, 59-годишен маж во солунското предградие Синдос намерно предизвикал шест пожари и е уапсен и изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од противпожарната служба на Грција, од Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари во рамките на нивната истрага го уапсиле 59-горишниот Грк, кој се товари за намерно и повторено подметнување пожари. Истрагата ...
На Украина, поради итноста од снабдување со оружје, српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ е поважен од прашањето за независноста на Косово, додека Вучиќ се надева дека преку поблиските односи со украинскиот лидер Володимир Зеленски ќе ги ублажи критиките од ЕУ пред претстојните избори, оценува балканскиот експерт Флоријан Бибер во анализа за бриселскиот портал „Политико“. По посетата на Зеленски на Белград и неговата повторена изјава дека ...
Капачите во Каштел повторно се соочија со необична и вознемирувачка ситуација, откако голема желка во неделата нападнала млад човек во морето. Инцидентот се случил на плажата „Миљенко и Добрила“ во Каштел Лукшиќ, каде што желката му се приближила на младиот човек одзади и го каснала во долниот дел од грбот. Од повредата имало крвавење, поради што веднаш била побарана медицинска помош. Ова е веќе петти пријавен случај на каснување од 22 јули. ...
Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение. Екипите на терен дејствуваат во ...
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор, Зоран Заев. Имено, од свиркачи дознаваме дека на 06.08 во 16:40 часот, Филипче со својот мотор е виден на граничниот премин Богородица, по што се упатил кај неговиот ментор Заев во Паљури, 6 дена на одмор, пишува на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски. Не му требаше многу на предавникот Филипче за да отиде кај неговиот другар по ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес одржа прес-конференција на која посочи дека водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија или други бактерии. Пред медиумите, тој побара вода од чешма и ја испи за да докаже дека водата е чиста и безбедна за пиење. -Сакам да се напијам пред вас, да знаете дека во Скопје водата е безбедна и дека скопјани пијат безбедна вода. Јас, моето семејство и мојот 8 ипол годишен син ...
До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници. Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните. СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. -Ова е смислено ...
Нема ешерихија коли или било која друга бактерија во водата во Скопје. Ова на денешната прес-конференција го истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Скопје има една од петте најдобри води и извори во Европа. Не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Секој ден на дневна основа се прават по 36 испитувања на примероци кои се земаат од разни локации во градот, истакна Ѓорѓеивски. Додаде ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. -Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...
Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата за пиење во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје. – Тоа што можам ја да го кажам како директор на Инфективната клиника, е дека на ...
Москва ќе возврати доколку западните земји запленат руски трговски бродови – изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе новинската агенција ТАСС. – Ако овие планови бидат спроведени, ќе мораме да возвратиме на ист начин – рече Путин, реагирајќи на мерките што ги одобри Европската Унија, а кои им овозможуваат на земјите-членки да го конфискуваат и продадат товарот од руските бродови од т.н. „флота во сенка“ кои ги прекршуваат санкциите ...
ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Затоа, најпрво фактите: Инвестициите во акции се правени во повеќе наврати во ...
Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност на домашниот пазар од неговото пуштање во оптек како физичка валута. На девизниот пазар денеска се купува за 92,4 леки, а се продава за 93,3 леки. Од почетокот на 2026 година, еврото изгуби околу 3,8% од својата вредност во однос на албанската валута, додека во споредба со највисокото историско ...
Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски заедно со претставниците од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и Клиниката за инфективни болести, на денешната прес конференција информираа за епидемиолошката состојба со западнонилска треска во земјава. – Навремено и транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со западнонилската треска. Ова не е ново заболување, присутна е и во текот на претходни години, а ...
Последниве денови економските т.н. „експерти“ од СДС се обидуваат да создадат слика дека македонската економија е во криза, мешајќи го нивото на цените со инфлацијата и номиналните со реалните показатели. Официјалните бројки покажуваат нешто сосема друго, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Инфлацијата во јули изнесува 2,3% на годишно ниво. Кај храната и безалкохолните пијалаци цените во јули се намалени за 1,1% во однос на јуни. ...