Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени ...

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор дека испраќањето крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија. Кремљ ја потврди веста во официјално соопштение. Според Кремљ, Путин изразил загриженост за можноста напредното американско оружје во рацете на украинските сили да доведе до понатамошна ...

Прекини на електричната енергија се воведени низ цела Украина втор ден по ред поради штети предизвикани од руските напади врз инфраструктурата на земјата, соопшти вечерва операторот на електричната мрежа. „Поради тешката ситуација за енергетскиот систем, воведени се итни прекини на електричната енергија во сите региони на Украина“, соопшти Укренерго преку Телеграм. Ограничувања на потрошувачката на енергија за индустриските потрошувачи веќе се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон. Висока украинска делегација веќе е во Вашингтон за да го подготви теренот за средбата на Зеленски со претседателот на САД, Доналд Трамп, која е закажана за утре. Нивното пристигнување следеше по низа состаноци во последните денови, а тоа се случува во време кога Трамп најавува и разговори меѓу американски и руски советници следната недела. Шефот на претседателскиот кабинет Андриј ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 октомври. Денеска е Св. свештеномаченик Еротеј. Зборот маченик доаѓа од грчкиот мартис, што во превод значи сведок. Значи, македонскиот јазик става акцент на страдањето за Христа, кое е симбол за влезот во новиот живот. Во својата суштина исто значење има и грчкиот мартис, само што се става акцент на проповедта, т.е. сведочењето за Христа со личниот пример на мачениците. Таков сведок ...

Денеска е 4 октомври (по стар стил) и се слави Светиот свештеномаченик Еротеј. Другар на свети Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од светиот апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна, овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење, мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. ...

Денеска се навршуваат 147 години од Македонското востание дигнато во Кресна во Пиринска Македонија на кое Бугарија му го менува името во Кресненсо-Разлошко со цел да се избегне „македонско“ во идентитетот на востанието. Сведоштво за ова е објавено на страницата за историја на Фејсбук Macedonia : a True Endless Story… која објавува документи и теми од историјата на Македонија. Во продолжение целата објава: Адам Калмиков, 1878 г.: Писмата без ...

На 17 октомври 1916 година во Ваташа е роден Димката Ангелов Габерот, една од најпопуларните личности во поновата историја на народот од Тквешкиот крај, македонски херој кој го дал животот за слобода на Македонија, кој загинал на 10 јуни 1943 година кај месноста Клинска Леса во Кавадаречко, во борба против бугарската окупаторска војска. Габерот е македонски револуционер, учител и политички комесар во НОВ. Димката Ангелов кој го добил ...

На денешен ден, 17 октомври 1878 започнало Македонското востание во Пиринска Македонија. Вистинското име на познатото Кресненско востание во Пиринска Македонија од 1878 година е Македонско востание. Но, југословенската историографија го именувала како Кресненско, за да не се создаваат тензии меѓу Југославија и Бугарија и за да не се разбуди желбата за обединување кај Македонците од двете страни на границата. Бугарите исто го менуваат името на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека партијата чиј лидер е води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои, како што рече, до денес не се реализирани. Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во поткастот „Проверитас“, истакна дека очекува убедлива историска победа на кандидатите за градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а бројката смета дека ќе биде меѓу 40-50 градоначалници и Град Скопје. „Очекувам убедлива победа повторно на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Очекувам минимум помеѓу 45-50 градоначалника плус главниот град Скопје. Сега имавме точно 42. ...

Дејан Митески кандидат за градоначалник за општина Аеродром, од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, гостуваше во дебатната емисија Вин-Вин на телевизија Телма, при што најнапред ги посочи проектите коишто локалната власт предводена од ВМРО- ДПМНЕ изминатите години во општина Аеродром ги има реализирано односно оние кои се во фаза на реализација. Митески напомена дека во изминатите месеци општината добила голема поддршка од актуелната Влада која резултирала ...

„Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е многу зрела, многу точна, достоинствена кампања, којашто изобилува со многу предлози, со проекти, со стратегија, со визија, ова не го зборувам субјективно и не ја исклучувам можноста дека дел од нашите граѓани нема да се сложат со мене, сигурно има и такви кои ќе кажат дека не чини и природно е тоа, но бидејќи мене ме прашувате, јас сметам дека овие атрибути се содржани во изгледот, содржината и пораките кои се дел од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп попладнево објави дека го завршил телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, на кој, меѓу другото, се разговарало за состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, Унгарија каде би се дискутирале можностите за крај на војната меѓу Русија и Украина. Се согласивме дека следната недела ќе има состанок на нашите советници на високо ниво. Првичните состаноци на Соединетите Американски ...

„Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација. Значи нешто што е со векови создавано, што луѓе се жртвувале, имале саможртва итн., тие успеаја за седум години да го распродадат“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Мицкоски нагласи дека додека е тој претседател на Владата нема да се случат уставните измени, ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Аеродром, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека програмата е реална со рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, за разлика од кампањата на опозицијата која се темели на демагогија, трикови и подземни коалиции. „Што дознавме од оваа кампања досега? ...

На денешниот народен митинг во Аеродром во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври, се обрати и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски претставувајќи ги проектите од програмата кои ќе се реализираат во општина Аеродром. Ѓорѓиевски истакна дека, во соработка со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески ...

,,Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос на нашиот политички противник, во случајов СДСМ“, вели Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Мицкоски смета дека 45-50 од кандидатите за градоначалници низ општините, ќе бидат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. ,,На овие избори би се задржал на ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“ во гостување во вечерашната емисија ,,Само интервју“ на Канал 5 телевизија, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги решава проблемите на граѓаните, за разлика од ДУИ која 20 години ништо не направи, а води кампања само на картата етничка омраза. „Ние немаме формален договор со никого, ние сме рекле таму каде што има потреба и цениме дека ќе има потреба, ќе се поддржуваме. Еве ќе ви дадам еден пример, пред некој ...

Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека Аеродром ќе продолжи да се развива, и да се реализираат важни проекти, безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило, спортски сали, културни центри. „Мојот претходник, Тимчо Муцунски ...

Ја делам истата родителска грижа со вас, ги живеам истите секојдневни предизвици. Од утринската гужва до училиште, до попладневната потрага по паркинг. Јас сум ваш сограѓанин, еден од вас и затоа стојам овде денес, подготвен да бидам вашиот глас во Советот на Град Скопје, рече во своето обраќање Даме Димитровски, носител на листа за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје на денешниот народен митинг во општина Аеродром. Во рамки на ...

На овие локални избори се судруваат две дијаметрални различни понуди, едната понуда е од една неформална коалиција којашто ја сочинуваат СДСМ, ДУИ и политичката партија Левица и втората понуда е понудата којашто ја нуди ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Твоја Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Чаир, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! ...

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски од денешниот митинг во Чаир порача дека за него Скопје не е збир на поделени општина, потенцирајќи дека ќе работи подеднакво за секој човек, во секоја општина, во секое маало. -Скопје е еден град, еден дом за сите нас. И затоа, нема да дозволам да се прават поделби по етничка, верска или партиска основа. Поделбите се минато. Време е за обединување. Мојата рака е подадена ...

Носителот на листата за совентици на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Даме Димитровски се обрати на надорниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Чаир. -Место кој што секогаш имало душа, место што ме враќа мене во детството. На првиот бербер во Чир, на стариот кројач во Чаир, на ќебапи со татко ми во Чаир, на Бит пазар со мајка ми во Чаир. Тоа е Чаир што јас го паметам, место каде што комшијата ти е како брат како пријател, како побратим, ...

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Чаир се обрати носителот на советничка листа Никола Трајановски. За кандидатската листа на советници Трајановски рече дека тоа се личности што носат свежина, скромност, човечност, конкретни решенија, предизвици со кои што секојдневно се соочуваме во нашата општина. -Заеднички поминавме многу тешки моменти, периоди на политички кризи, поделби но и времиња на победи, рече Трајановски. Тој ...

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, ...

Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе бидат убедливи победници. Тоа сите го знаат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во што ќе се ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград разговараше со руски истражувачи за „развојот на револуционерна вакцина против онколошки заболувања“. „Србија е заинтересирана за овој најнапреден вид терапија и потенцијалната соработка во оваа област со нашите руски партнери претставува огромен чекор кон подигнување на стандардите за дијагностика и лекување во нашата земја“, напиша тој на Инстаграм. Тој во Белград разговараше со ...

Со 500 рози, тага и сеќавања крушевчани ги пречекаа 12-те ултрамаратонци кои денеска пристигнаа во Крушево, на Гумење каде е вечното почивалиште на Тоше Проески, македонската и балканска ѕвезда, големиот човек и хуманитарец. Маратонците по 18-пат, колку што години Тоше не е меѓу нас, го почнаа маратонот од Нова Градишка, Хрватска од местотокаде Тоше на 16 октомври 2027 година загина во сообраќајна несреќа. -На 13 октомври од 17 часот стартуваше ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина „сериозно го задушува“ европскиот економски развој, но дека ако војната заврши, економскиот раст во Европа би можел да се тројно зголеми за „многу кратко време“. Тој нагласи дека украинскиот отпор на фронтот е „херојски успех“, но дека Украина сè уште губи територија и нејзината економија зависи од европската помош. Орбан тврди дека Европа носи голем товар за финансирање ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
78%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.92
77%
1024
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
86%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.72
84%
1017
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
82%
1025
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
80%
1025
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
94%
1020
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60355

Currency

1.27209