Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“, на која во фокусот беа можностите за соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. Како што соопштуваат од Министерството за туризам, на средбата Николоски го истакнал огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио-дестинација, особено во услови на континуиран ...
Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија, пишува во денешното соопштение на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, клучниот проблем е датумот. Според ...
Процесот „Турција без тероризам“ влегува во нова критична фаза, откако 600-членото Големо национално собрание на Турција (Меџлисот) со 467 гласа го усвои рамковниот закон што ја поставува правната основа на иницијативата, објави весникот „Туркие“. Клучно значење во процесот ќе има очекуваниот конкретен повик на лидерот на Курдската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан, за распуштање на организацијата и нејзино практично разоружување, ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи и работи за оние кои ја градеа државата. ВМРО- ДПМНЕ во предизборието вети 5.000 денари но за само две години пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Над 330 000 пензионери денес имаат повисоки пензии и посигурен сеемен буџет. Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, па така ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се ...
Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс” не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност, додека од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Според здравствените власти, од почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се суспектни. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника ...
Европската Унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Иако сите земји членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во клучните престолнини, меѓу кои се Франција, Германија и Холандија, постои изразен отпор кон идејата ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави денеска дека Европската Унија издвоила два милиони евра за помош за погодените од земјотресот во Колумбија. „Додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, ЕУ ја поддржува Колумбија секаде каде што е можно. Ние ставаме на располагање два милиони евра за поддршка на заедниците во најпогодените области“, рече фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X. Според ...
Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше на платото пред Офицерскиот дом во Битола каде пристигна караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден”, по повод 35 години независност на Македонија. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски ...
Американскиот глумец и продуцент Бред Пит ја објави својата намера да преземе прилично специфична улога – да ги обучува фудбалерите како поверодостојно да глумат кога ги кршат правилата. Необичната понуда дојде откако 62-годишниот актер посведочил на „ужасната глума“ на Светското првенство во фудбал коешто се одржа во Северна Америка. – Ќе почнам да давам часови по глумење затоа што овие момци се ужасни во тоа, изјави Пит за списанието ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се уште имаат контрола врз Ормуската Теснина и се закани дека Иран ќе „биде разнесен“ доколку Техеран се обиде да ја промени ситуацијата. „Тие немаат контрола. Ние имаме целосна контрола. Ние ја поседуваме и во одреден момент, можеби ќе направат нешто, а потоа ќе бидат разнесени. Во моментов сме во многу добра позиција“, рече Трамп како одговор на прашања од новинарите во воздухопловната ...
Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио. Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија. Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп. Компанијата веднаш ја активираше стандардната постапка за справување со вакви ситуации, без да го прекине телевизиското и ...
Денеска, на одредени делови во светот ќе има целосно затемнување на Сонцето. Овој феномен ќе ги опфати северните и западните делови на планетата, од Северниот Пол и Гренланд, преку Исланд, па сè до Шпанија и делови од Балеарските Острови, каде што Месечината целосно ќе го покрие Сончевиот диск. Во поголемиот дел од Европа, затемнувањето ќе биде делумно. Според НАСА, максималното времетраење ќе изнесува две минути и 18 секунди над ...
Дури 67 проценти од Полјаците, според најновата анкета, го поддржуваат барањето на опозицијата за депортирање Украинци, бегалци кои подлежат на воена служба и не се легално вработени, додека владата го отфрли бидејќи 80 проценти работат легално, а без нив цела Полска би запрела за само еден ден. Во анкетата спроведена од агенцијата IBRiS за дневниот весник „Жечпосполита“, 67,2 проценти од испитаниците се за депортирање на Украинците, мажи на ...
Талогот на СДС со месеци гради наратив врз стравови, шпекулации, а и селективно молчи. Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за во јули 2026 година, 2,3% на годишно ниво. Просекот на Европската Унија изнесува 2,9%. Со други зборови, опозицијата тврди дека земјава тоне економски, кога напротив бележи една од најниските стапки на поскапување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Движењето ...
„На земјата ѕвезди, на небото светулки“ е насловена изложбата на сликарката Катерина Поп-Арсова која денеска (12 август) ќе биде отворена во Ликовниот салон во Велес. Катерина Трајковска Поп-Арсова, е родена 1990 г., во Скопје, а живее и работи во населба Илинден. Големата љубов кон ликовната уметност, во неа се вкоренила уште од нејзиното најрано детство, гледајќи и растеjќи покрај ликовните дела создавани од нејзиниот татко Новица ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничните премини е следно: ГП Табановце за излез – околу еден час, а на ГП Богородица за излез исто околу еден час На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина Сруденичани каде што е зафатена мешана шума. Пожари под контрола се пожарите на градската ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина им предала на американските преговарачи предлози за план за завршување на војната со Русија. Изјавата на Зеленски за новите предлози за мировни преговори доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји. „Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите Американски Држави можат да помогнат ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1.328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати денеска ќе го полагаат тестот по изборниот екстерен испит – математика или ...
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел до граѓаните да не отвораат лажни пораки, кои наводно се испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци. Изминатиов период, нагласува МВР, е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како ...
Бројот на загинати од силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија се искачи на 181, соопшти денеска асоцијацијата Asocapitales, сојуз на најголемите градови во земјата. Најмалку 1.246 лица се повредени во земјотресот со магнитуда од 7,4 степени, еден од најсилните во последните децении. Се очекува бројот на загинати дополнително да расте додека спасувачките акции се во тек. Околу 3.800 лица се пријавени како исчезнати на неофицијална ...
Најмалку 2.000 луѓе починаа од почетокот на најновата епидемија на ебола во Демократска Република Конго, покажуваат најновите податоци на тамошните власти, кои потврдуваат дека станува збор за најбрзо растечката епидемија од овој вирус досега забележана во историјата. Според официјалните податоци објавени изминатава ноќ, досега се регистрирани вкупно 4.381 потврден случај на зараза, од кои 2.011 завршиле со смртен исход, додека во моментов ...
Европската Унија издвои во првиот круг 100.000 евра за поддршка на итните операции на терен по земјотресот со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија, додека истовремено се мапира потребата од дополнителна помош. Европската комисија соработува со германскиот Црвен крст во погодениот регион, изјави денеска портпаролката. ЕУ истовремено ѝ ги стави на располагање на Колумбија своите услуги за сателитско мапирање за да ги поддржи ...
На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на ...
Во последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во училиштата. Тоа покажува дека обемот на насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи. Затоа, институциите на централно ниво, со поддршка на локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, ги зајакнуваат и превентивните и казнените механизми. Ова го истакна министерката ...
Околу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво одделение сè уште не се запишани, но бројката не е конечна бидејќи дел од родителите традиционално ги запишуваат децата кон крајот на август и во текот на септември, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за телевизија Сител. Таа појасни дека Министерството за образование и наука конечните податоци за бројот на запишани првачиња ќе ги има до ...
Парламентот на Унгарија го избра Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за претседател на земјата. Бака беше избран на оваа, во голема мера, церемонијална функција со гласовите на владејачката десноцентрична партија Тиса. Пратениците од опозициската партија Фидес претходно соопштија дека нема да учествуваат во гласањето. Парламентот го избира претседателот со двотретинско мнозинство на тајно гласање. Доколку првото гласање не ...