Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Парламентот на Унгарија го избра Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за претседател на земјата. Бака беше избран на оваа, во голема мера, церемонијална функција со гласовите на владејачката десноцентрична партија Тиса. Пратениците од опозициската партија Фидес претходно соопштија дека нема да учествуваат во гласањето. Парламентот го избира претседателот со двотретинско мнозинство на тајно гласање. Доколку првото гласање не ...
Веќе исклучително ниското ниво на водата на реката Рајна во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија денеска достигна историски најниско ниво во Келн, покажаа податоците од Канцеларијата за водни патишта и пловидба на Рајна. Ќе стане само полошо, велат метеоролозите. „Едвај можете да верувате во тоа што го гледате“, изјави Мориц Акст, портпарол на канцеларијата. Историски најниското ниво од 56 сантиметри се очекува да се спушти на ...
За време на гаснењето на пожарот што избувна во ниска вегетација во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, што веќе е ставен под контрола, пожарникарите пронајдоа тело во изгорен автомобил, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна околу 15.30 часот, интервенираа 121 пожарникар, со два пешадиски тима и 36 возила, меѓу кои и 23 пожарникари со пет возила од Романија и 18 пожарникари со три возила од Франција, кои ...
Романските власти денеска започнаа итни работи за продлабочување на коритото на Дунав за да го зголемат протокот на реката кон единствената нуклеарна централа во земјата, АЕЦ „Черна Вода“, откако националната компанија „Нуклеарелектрика“ предупреди дека вториот реактор би можел да биде исклучен веќе на 13 август поради историски нискиот водостој. Нивото на Дунав — втората најдолга река во Европа — денеска падна на најниско ниво во историјата, ...
Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза. Тендерот за изведувач се уште трае, по изборот на изведувач ќе започнеме да работиме и очекувам за година дена да го санираме лизгањето на земјиштето, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги, информираат од ресорното министерство. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и ...
Илјадници туристи денеска останаа блокирани на италијанскиот остров Сицилија, откако вулканот Етна продолжи да исфрла големи облаци од пепел по ерупцијата што започна минатата недела. Вулканската активност веќе петти ден по ред предизвикува сериозни прекини и хаос во воздушниот сообраќај, и тоа во самиот шпиц на летната туристичка сезона. Поради густите облаци од пепел, на аеродромот во Катанија – најголемиот воздухопловен центар на Сицилија ...
СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста. Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера. Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им пречат резултатите кои ги има оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ...
Три лица, по кои се трага со потерница за издржување затворска казна денеска се лишени од слобода во Скопшје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска трите лица ги лишиле од слобода на различни локации во градот. Од слобода се лишени М.Ч. (23), Ф.М.(68) и С.Г. (76), сите од Скопје, барани со потерници по наредби од Основен кривичен суд Скопје, за издржување ...
Во јавноста во изминатиот период се појавија информации и шпекулации во врска со површинска депонија, која се поврзува со изворот „Рашче“, при што се создава загриженост кај граѓаните за безбедноста на водата за пиење, информираат од Град Скопје. Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи. Депонијата за која се зборува не се наоѓа ...
Мали Фрчко не само да намали, туку да престане со “цртите”, не е добро за здравјето! Јавното обвинителство веќе постапува и јас ги охрабрувам да истражат најпрофесионално до последен факт и да утврдат одговорност. Со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје.. -СДС ...
Според „Диарио Спорт“, станува збор за Жил Кунде, кој се најде на трансфер – листата на англискиот шампион Арсенал и ќе замине во Барселона. Раководството на Барселона не ја исклучува можноста за негова продажба, бидејќи евентуалниот трансфер би ослободил значителни средства за планираните засилувања на Родри, Хулијан Алварез и Жоао Кансело. Прв приоритет на Арсенал бил англискиот репрезентативец Езри Конса од Астон Вила. Сепак, клубот од ...
Ракот на дебелото црево станува сè почест кај луѓето во 50-тите години, но и кај помладите, а научниците сè повеќе се загрижени поради зголемената отпорност на болеста кон хемотерапијата. Сепак, ново откритие на тим научници од Белфаст може да донесе надеж за пациентите, откако истражувачите го идентификувале механизмот поради кој третманот станува помалку ефикасен. Според истражувачите од Универзитетот „Квинс“ во Белфаст, клетките на ...
Либанскиот парламент денеска донесе историска одлука за целосно укинување на смртната казна, со што Либан стана првата арапска држава што ја воведе оваа радикална законска измена. Смртната казна во иднина ќе биде заменета со доживотен затвор проследен со извршување исклучително тешка принудна работа. – Ова е историски чекор за нашата земја – изјави министерот за правда Адел Насар за време на парламентарната седница. За укинувањето гласаше ...
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...
Во рамки на градежните активности што се реализираат во УЗ Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување, информираат од локалната самоуправа. На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетско-ефикасни светилки со можност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци. Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови ...
Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба. Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија што се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Депонијата не е на територија на Град Скопје, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата ...
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот”. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток. Зад секоја трансплантација стои приказна ...
Европската Унија упати апел до сите политички партии во Косово итно да постигнат договор за избор на нов претседател и да соработуваат за надминување на долготрајната политичка криза, предупредувајќи дека блокадата на институциите сериозно го загрозува европскиот пат на земјата. – ЕУ постојано ги повикува сите политички актери да обезбедат институционална стабилност. Од суштинско значење е институциите на Косово да бидат конституирани без ...
Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, се вели во соопштението на Вреди од денешната прес-конференција на Дритон Сулејмани, што МИА го пренесува интегрално. Токму тука лежи ...
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на најавата на српските власти дека се разгледува промена на текот на реката Ибар, порачувајќи дека реката ќе продолжи да тече според географијата, а не според фолклорот и потсетувајќи дека токму за вакви ситуации постои меѓународното право за водите. Реакцијата на Рама следи откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред два дена изјави дека државата ја разгледува можноста за пренасочување на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка. Според договореното, ајварската пиперка ќе се откупува по цена од 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и за индустриска класа, и 15 денари за пиперка класифицирана како најниска класа. Новите цени ќе почнат да ...
Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е блиску до можноста за безбедна употреба и за пиење, информираат од Локалниот кризен штаб од каде посочуваат дека резултати од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења потврдиле дека и нивото на хлор се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот штаб, Зуди Џелили посочи дека одлуката за повлекување на забраната за користење на водата ...
Откако Изет Меџити го презеде раководењето со Општина Чаир, еден по еден пропаѓаат клубовите кои со години беа спортска гордост на Чаир, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Првиот и најдраматичен случај е ФК Шкупи. Клуб кој пред само неколку години беше шампион на С. Македонија, настапуваше во европските натпреварувања и беше гордост на Чаир, минатата сезона заврши на дното на табелата и испадна од Првата ...
Најновото лансирање на кинеската ракета „Лонг марч 7А“ (Long March 7A) заврши неуспешно откако леталото експлодираше само 85 секунди по полетувањето од вселенскиот центар Венчанг во провинцијата Хаинан, соопштија кинеските медиуми. Зад мисијата стои кинеската државна корпорација за аерокосмичка наука и технологија (China Aerospace Science and Technology Corporation – CASC). Според достапните информации, во текот на овој лет ракетата требало ...
Зачувувањето на националното единство и сплотеноста во услови на непријателство и надворешен притисок е најважната порака на врховниот лидер на Исламската Република Иран, Моџтаба Хаменеи, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкиан. Во изјавата што ја пренесуваат иранските медиуми, Пезешкиан посочува дека за време на неговата неодамнешна средба со врховниот лидер што траела седум часа разговарале за главните предизвици со кои се соочува Иран ...
Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие. Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските ...
Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар. Токму оние кои со години имаа политичка и институционална моќ денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста, стои во соопштението од прес-конференцијата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски, што МИА го пренесува интегрално. Наместо денес да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по ...
Мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) започнува процес на постепено интегрирање на косовската полиција во безбедносниот систем за заштита на манастирот „Високи Дечани“ во западно Косово, објави весникот „Газета експрес“, повикувајќи се на официјално соопштение од мисијата. Според соопштението, процесот на предавање на контролата ќе се спроведува постепено и е строго координиран со Српската православна црква, косовските институции, ...
Талогот од СДС освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја види Македонија на колена, уништена и мизерна, затоа што тоа им е пасија. Но тоа, нема да го дозволиме, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на партискиот портпарол Валентин Манасиевски со реакција на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Од СДС директно се против прославата на независноста која сите ...