Бројот на Хрвати кои не планираат летен одмор е зголемен во споредба со лани, при што финансиските ограничувања се најчеста причина за останување дома, според анкета на Alma Career Croatia, компанијата што го води порталот за барање работа МојПосао. Од речиси 500 испитаници, 32% рекле дека не планираат летен одмор, во споредба со 27% минатата година. Меѓу нив, 60% го навеле недостатиг на средства како главна причина, во споредба со 56% во ...

Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзници – објави „Вашингтон пост“. Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од ...

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...

Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време – 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Воедно, Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети островот Итуруп во Курилскиот архипелаг, што е предмет на територијален спор меѓу Русија и Јапонија, објавија руските медиуми. Тоа е негова прва посета на Курилските Острови. Путин пристигна во Итуруп од Јужно-Сахалинск, каде вчера присуствуваше на последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота од гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“, водечкиот брод на руската Тихоокеанска флота. ...

Соединетите Американски Држави планираат до 30 септември да ги повлечат сите свои војници од Ирак, со што ќе биде ставен крај на американското воено присуство во земјата што започна со инвазијата во 2003 година и соборувањето на режимот на Садам Хусеин. Ирачкиот премиер, Али ел Заиди, денеска се сретнал со адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД, по што било соопштено дека 30 септември е „фиксен и конечен датум за ...

Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО. Сиљановска-Давкова истакна дека симболично ја избрала Струга за посета ...

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според информации на порталот станува збор за самоубиство. Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат. Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција. Тој беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и ...

Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер „АХ-64 Апач“ од базата Форт Худ се урна во поле во Тексас и предизвика пожар, соопштија денеска официјални лица. Хеликоптерот се урнал во округот Бел, стотина километри северно од Остин, главниот град на Тексас. Портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Бел, Клиф Колман, потврди дека двајцата војници загинале во несреќата. Двајца американски војници загинаа откако воен ...

Претседателот на Движењето Самоопределување (ПС) и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, ги покани лидерите на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Демократската партија на Косово (ДПК) и Алијансата, на состанок со цел конституирање на институциите на Косово. За разлика од претходните повици, според косовски медиуми, овојпат Курти побарал заедничка средба со Љумир Абиџику од ДСК, Бедрим Хамза од ДПК и Адриан Џини од Алијансата. ...

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче му нарачува на СДС да прави хистерија за водата во Скопје од одмор на јахтата на Заев Венко Филипче од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија, пишува во соопштението ан ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално. Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е ...

Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група. Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила ...

Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти, соопшти денеска Министерството за дигитална ...

И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците, се наведува во соопштението на ВРЕДИ што МИА го објавува интегрално. Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го ...

Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје. Од Министерството нагласија дека се ...

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. Вели дека ако во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ истакна дека во евроинтегративниот процес е неопходно јасно разграничување меѓу суштинските европски реформи и билатералните прашања. „Тоа што го бараме е јасно разграничување меѓу суштинските реформи и билатералните прашања. Јасно им укажуваме на сите земји членки дека треба да се стави крај на барањата што се однесуваат на ...

Граѓаните бараат да се пронајдат и соодветно да одговараат и да се казнат сите лица кои во текот на вчерашниот ден ширеа паника дека во водата од скопскиот водовод е пронајдена бактерија и истата не треба да се пие. Преку социјалните мрежи посочуваат дека „преку ова не смее да се помине“, и дека „граѓаните заслужуваат навремени и точни информации“. Во полициска станица на информативен разговор се повеќе лица кои преку социјални мрежи и ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со ново соопштение во кое прашува каде се наоѓа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека седми ден е на одмор во Грција, во друштво на поранешниот премиер Зоран Заев. Од партијата тврдат дека Филипче на 6 август со мотор ја напуштил државата преку граничниот премин „Богородица“, по што, како што наведуваат, заминал кај Заев. „Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август ...

И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...

Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП Водовод и канализација и Министерството за здравство. – Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат ...

Градот Скопје денеска спроведува голема акција за расчистување на површинскиот отпад од долгогодишната депонија во Радуша, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски на социјалните мрежи посочи дека акцијата се реализира координирано, иако, како што наведе, чистењето на оваа локација не е обврска на Град Скопје. Во однос на информациите што изминатите денови предизвикаа загриженост кај јавноста за наводна опасност по изворот ...

Чави Ернандез е назначен за главен селектор на репрезентацијата на Холандија, објави прес-службата на Холандска фудбалска асоцијација (KNVB). Договорот е со важност до 2030 година. Чави на селекторското место го наследува Роналд Куман, кој поднесе оставка на 1 јули. На 30 јуни, Холандија загуби од Мароко (1:1, 2:3 на пенали) во 1/16финалето од Светското првенство 2026 година. Чави ја тренираше Барселона од 2021 до 2024 година. 46-годишникот ...

Членките на НАТО денеска одржаа состанок посветен на неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на Полска и Романија, при што заклучија дека Русија сноси целосна одговорност за инцидентите и изразија целосна солидарност со двете земји сојузнички. – Овој инцидент е уште еден непромислен потег на Русија и опасна последица од нејзината војна против Украина – изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Портпаролката на Алијансата, Алисон ...

Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Диа кај Тирана, се прошири на голема површина. -Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, се шират брзо, додека чадот ја покрива целата област. Пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици, кои се со големи размери. Во опасност биле и две противпожарни возила и неколку пожарникари, кои брзо се повлекле, објавија локалните медиуми. Во гаснењето се вклучени пожарникари, полициски и ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого разговараше за најновите случувања на палестинските територии, како и за билатералните и регионалните прашања. По билатералната средба, Ердоган и Абас одржаа заедничка прес-конференција, на која турскиот претседател го критикуваше Израел за односот кон Палестинците и ја потврди цврстата поддршка на Анкара за палестинската ...

Младите не треба да ги гледаме само како иднина на нашето општество. Тие се негов важен дел денес. Секоја идеја на млад човек заслужува да биде слушната, поддржана и реализирана, порача вечерва министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски по повод 12 Август – Меѓународниот ден на младите. – Овој ден не е само повод за честитки, туку можност да го истакнеме значењето на младите и да потврдиме дека нивниот глас, нивните ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07