Десетици илјади луѓе синоќа маршираа низ улиците на Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации, откако екстремно десничарската граѓанска иницијатива која бара сеопфатни мерки против мигрантите доби доволно поддршка за да биде изнесена во парламентот. Петицијата на иницијативата собра 50.000 потписи потребни за започнување парламентарна дебата. Сè уште не е одреден датум за гласање за иницијативата. Предлогот, промовиран од ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, му порача на својот индиски колега Субраманјам Џајшанкар дека сите трговски бродови во Ормуската Теснина мора веднаш да ги почитуваат наредбите на американските сили, објави синоќа американскиот Стејт департмент. По телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери, Рубио рече дека „сите комерцијални бродови треба веднаш да ги почитуваат наредбите на американските сили“ во овој стратешки важен морски ...

Венко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија. Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна и слугувањето на софиското раководство се причината за нивното тонење, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ...

Во воведното коло во групата Ц на Светско првенство, Бразил и Мароко одиграа без победник 1-1, а Шкотска минимално го совлада дебитантот Хаити со 1-0, додека стартна победа во групата Д извојува Австралија, триумфирајќи над Турција со 2-0. Иранкунда во 27 минута ѝ донесе водство на Австралија на „БЦ Плеј“ стадионот во Ванкувер, а Меткалф во 75 минута стави печат на победата. Шкотска во својот прв мундијалски настап од 1998 година го совлада ...

Швајцарците денеска гласаат на референдум за иницијативата за ограничување на бројот на жители со закон на десет милиони и задолжување за владата во иднина поригорозно да управува со миграцијата и, доколку е потребно, да ги раскине договорите за слободно движење со Европската Унија. Иницијативата ја покрена десничарската, евроскептична Швајцарска народна партија (SVP), која има две места во седумчлената влада и најголема парламентарна група. ...

Северна Кореја денеска соопшти дека прашањето за денуклеаризацијата е „неповратно завршено“, осудувајќи ги неодамнешните разговори меѓу Јужна Кореја и САД кои ја потврдија нивната цел за денуклеаризација на Северна Кореја. Неименуван портпарол на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги критикуваше барањата за денуклеаризација на земјата откако Јужна Кореја и САД пред три дена потврдија, на состанокот на билатералната ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД денеска нема да биде потпишан, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека неговото инсистирање на овој рок врши притисок врз иранскиот преговарачки тим. Револуционерната гарда на својот канал на Телеграм изјави дека „необичното инсистирање“ на Трамп договорот да биде потпишан во недела, 14 ...

Голем УФЦ спектакл е планиран за денеска на тревникот пред Белата куќа по повод 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од Декларацијата за независност. Трамп ќе биде опкружен со членови на кабинетот, високи претставници на администрацијата, републикански пратеници и илјадници гледачи кои ќе ги гледаат борбите во специјално дизајниран осумаголен прстен со заштитна челична ограда, специјално осветлување и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во Европската Унија и дека очекува ова лето да се постигнат повеќе резултати во процесот. Зеленски во своето редовно вечерното видео обраќање до сонародниците рече дека Украина веќе се подготвила за дипломатските настани во следната недела. Тој потсети дека ЕУ ја потврди својата подготвеност да го отвори првиот кластер во ...

Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени. Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДС нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на државата. Додека Владата носи инвестиции, отвора перспективи и ...

Не смееме да ги заборавиме граѓаните. Ние сме привремени, ние не сме совршени. Денес политиката е во голема криза бидејќи главно се занимава со тоа кој, кога, како и каде ќе добие, но граѓаните се изворот на нашиот легитимитет и тие се носителите на суверенитетот, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА. Во однос на прашањето како ќе спречиме граѓаните да не ја изгубат вербата во европската ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе биде во интервал од 25 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а ...

САД и Иран, со посредство на Пакистан и Катар, и со учество на Египет и Турција, како што се очекува, денеска ќе одржат виртуелен состанок и електронски ќе потпишат меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормуската Теснина и ќе започнат нови преговори за иранската нуклеарна програма, објави синоќа Аксиос, повикувајќи се на свои извори. Меморандумот за разбирање треба да придонесе за ...

Националниот интерес е најважен. Ние да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе гледаа на нас и начинот на кој се однесуваат кон нас од надвор покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА. – Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата – и сега не треба да се исклучува, нема ...

Решението за правосудството е во сериозни реформи – истакнува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во мегаинтервјуто на МИА, чиј втор дел ќе биде објавен денеска. Одговарајќи на прашањето каде е решението за правосудството да стекне доверба, која сега изнесува само два отсто, таа децидно одговара: „Во сериозни реформи“. Но, таа наведува, мора да се провери кој со какво богатство стапил на функција, а со какво излегол и тоа не се ...

Од вчера до 14 јуни, Македонија е домаќин на 17. Меѓународен стоматолошки конгрес К4, еден од најзначајните стручни настани во областа на денталната медицина во регионот. Конгресот е во организација на Стоматолошката комора на Македонија, а годинава за првпат се одржува под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Свеченото отворање беше синоќа, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. На настанот присуствуваа претставници од ...

Договорот е закажан да биде потпишан утре, како дел од напорите за завршување на војната со Иран, по што Ормусата Теснина треба повторно да се отвори, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social, пренесе ДПА. „Договорот е закажан да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормуската Теснина е ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ“, напиша тој. Американскиот претседател во објавата ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Будимпешта и Киев официјално постигнале договор за образовните, културните и јазичните права на Унгарците во украинскиот пограничен регион Закарпатија, објави унгарската агенција МТИ. Маѓар на Фејсбук објави дека украинската страна се согласила да ги спроведе сите точки од договорот во официјален протокол и го вклучила договорот во акциониот план на ЕУ на Украина за етничките малцинства, рече ...

По три месеци војна САД и Иран се согласија за рамката на мировен договор, а се очекува двете страни да го потпишат првичниот договор во следните 24 часа, изјави денеска пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Премиерот на оваа земја посредник во договорот за завршувањето на војната изјави дека Пакистан се подготвува за електронско потпишување, по што од следната недела ќе следат разговори на техничко ниво. САД и Иран вчера сигнализираа дека се ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека НЕ „Запорожје“ (ЗНПК) денеска повторно е поврзана со мрежата по успешните поправки на резервниот далновод „Фероплавна“, што беа извршени за време на локалниот прекин на огнот постигнат со посредство на МААЕ. Во соопштението објавено на платформата Икс се наведува дека ЗНПК во средата го изгуби напојувањето со струја преку 330 киловолтен (kV) вод поради оштетување поврзано со ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол. По две лица во Скопје и Прилеп и по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола. Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна ...

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса. Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше ...

Вооружени лица убија 17 земјоделци додека работеа на своите полиња во северозападна Нигерија и ранија 13 други, изјавија локален службеник и локален жител. Нападот се случи вчера во селото Горон Намаје, во областа Марадун, во државата Замфара, каде што во последните месеци се забележани зголемен број нападите од локалните банди. „Земјоделците работеа на својата земја кога бандитите одеднаш нападнаа и убија 17“, изјави денеска Шеху Муса, ...

Во периодот што следува односите меѓу нашата земја и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, напиша на социјалните мрежи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. -На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните ...

На 12.06.2026 во СВР Скопје, полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.А.К.(53) и А.А.Р.(56), постапувајќи по претходна пријава дека на 10.06.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, физички ја нападнале нивната 16-годишна ќерка и внука. Според пријавеното, таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзината мајка Ѓ.А.К., но досега не било пријавувано. На 12.06.2026 во СВР ...

СВР-Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела ...

По три месеци војна САД и Иран се согласија за рамката на мировен договор, а се очекува двете страни да го потпишат првичниот договор во следните 24 часа, изјави денеска пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Премиерот на оваа земја посредник во договорот за завршувањето на војната изјави дека Пакистан се подготвува за електронско потпишување, по што од следната недела ќе следат разговори на техничко ниво. САД и Иран вчера сигнализираа дека се ...

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ е подготвен да стави крај на кариерата по завршување на Светското првенство во 2026 година, објави денеска добро информираниот новинар Николо Шира. Според истиот извор, 40-годишниот Модриќ веќе постигнал договор со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид да заземе позиција во клубот по завршувањето на кариерата. Модриќ изминатата сезона настапуваше за Милан, а договорот со калчолигашот му ...

Властите во јужна Холандија издадоа тридневно предупредување до околу 200.000 жители на кои им е наложено да ја зовриваат водата откако бактеријата ешерихија коли е откриена во нивната вода за пиење, објавија денеска локалните медиуми. Предупредување е издадено до жителите на Дордрехт, Цвајндрехт и Хендрик-Идо-Амбахт, што предизвика недостиг на флаширана вода во супермаркетите, објави денес „NL Times“. Службениците изјавија дека целата вода ...

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, одобри ублажување на смртните казни за 139 затвореници, по препорака на првиот човек на правосудството, Голам Хосеин Мохсени-Еџаи. Портпаролот на правосудството, Али Асгар Џахангир, објави дека одлуката е донесена „од хумани причини и во согласност со исламските принципи на милост“, објави порталот „Прес ТВ“. Според него, помилувањето не ги вклучува лицата осудени за дела против ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.6
25%
1018
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.63
42%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.85
45%
1020
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.5
33%
1020
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
9.83
35%
1016
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.85
32%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.15
29%
1017
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
2.24
37%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
30%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
8.52
49%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.56

Платина

51923.46

Сребро

1902.84

Алуминиум

3.20

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Злато

131072.82

Бакар

12.33

Кобалт

56.29

Цинк

0.00