Русија побара од Вашингтон и Анкара да објаснат дали постојат планови за префрлање на „значителен арсенал“ американско оружје и муниција од Турција во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека евентуалниот таков трансфер би предизвикал „сериозна штета на нашите билатерални односи со Вашингтон и Турција“. Претходно овој месец украинскиот ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т. (48) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Според информациите од МВР, во јули 2021 година пријавениот измамил едно лице од кое набавил 2,580 тони сливи, но до моментот на пријавувањето не ја извршил исплатата за преземената стока. Со тоа, според пријавата, Ј.Т. се стекнал со противправна имотна корист во ...

По вчерашната голема меѓународна полициска акција во која беше сузбиена организирана криминална група за недозволена трговија со наркотици, истрагата продолжи и во текот на ноќта и раните утрински часови, при што е пронајдено и лишено од слобода уште едно лице. Одделот за криминалистичка полиција, по спроведените истражни дејствија и оперативни активности, го пронајде и лиши од слобода лицето за кое постојат сомненија дека е дел од ...

Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска повторно го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Новиот силен потрес се случи само неколку часа откако оваа југоисточноазиска држава веќе беше погодена од друг разорен земјотрес во текот на денот. Епицентарот на новиот земјотрес бил во близина на градот Пематангсиантар, во индонезиската провинција Северна Суматра, на оддалеченост од 126 километри ...

Двајца млади лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на патниот правец од селото Истибања кон браната Калиманци, на место викано „Драка“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 август 2026 година во 12:12 часот во ОВР Виница било пријавено дека околу 11:40 часот мотоцикл со делчевски регистарски ознаки, управуван од О.Ш. (18) од Делчево, излетал од коловозот. Во ...

Најмалку пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, во пукање што денеска се случи на Државниот универзитет во американската сојузна држава Вирџинија. Во соопштението на полицијата и универзитетските власти се наведува дека инцидентот, во кој учествувале повеќе лица, се случил ноќеска во 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот станбен комплекс „Квад анекси“ (Quad Annexes). Сите повредени веднаш се пренесени во ...

Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала денес попладне беше почувствуван во Гостивар и околните населени места, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според официјалните податоци, земјотресот бил регистриран во 16:10 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје. Потресот бил почувствуван ...

Празни улици, затворени продавници, но и голем број ресторани и кафулиња – атмосфера карактеристична за 15 август во Атина, со оглед на тоа што денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, традиционално ја празни грчка метропола, а единствено, живост на градот му даваат туристите, додека целото внимание за прослава и одбележување на празникот е насочено кон островот Тинос. Во Грција денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица, ...

Европската Унија денеска испрати три хеликоптери и два авиона за гасење пожари во источниот дел на Белгија, откако земјата побара итна меѓународна помош за справување со најголемиот шумски пожар во својата историја – соопшти европската комесарка за управување со кризи, Хаџа Лахбиб. Пожарот во областа Високи Фени, најголемото заштитено природно подрачје во Белгија, беснее од вчера, а во неговото сузбивање се вклучени локалните пожарникари, ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. – Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето ...

Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер трактори“ со концентрирано дејство на неколку ...

На 14.08.2026 година во 14:15 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода И.Д.(44) од Тетово. Постапувајќи по претходна пријава од неговата 41- годишна сопруга, дека по вербална расправија физички ја нападнал при што и упатил и вербални закани. Пријавителката се здобила со телесни повреди, но истиот и оневозможил да побара лекарска помош. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе ...

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш завчера на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко, откако при преглед на возило биле пронајдени 14.440 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, ...

На 14.08.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес, поточно во с. Трубарево, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишната Б.Ј. и велосипед, управуван од В.Д.(70) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ ...

ОВР Кочани во содејство со Општина Кочани и со Локалниот совет за превенција – Кочани синоќа реализираше превентивна акција. Активностите се спроведоа од мешани патроли со акцент на превенција од вандализам, врсничко насилство, консумирање алкохол на јавни места, физички пресметки, заштита на јавните добра – детските игралишта, малолетничка деликвенција, почитувањето на сообраќајните правила и прописи… Според информациите од Општината, ...

Талибанските власти во Авганистан денеска одбележуваат пет години од доаѓањето на власт со воени дефилеа, собири и спортски манифестации, истакнувајќи ги „слободата и безбедноста“, додека Обединетите нации и меѓународните организации ги осудуваат сè построгите ограничувања на човековите права во земјата. Точно пет години откако талибанските бунтовници влегоа во Кабул по хаотичното повлекување на силите предводени од САД, низ главниот град ...

Симон уште еднаш покажа и докажа дека не е само најдобриот македонски пијанист на сите времиња и еден од најмаркантните пијанисти во светот, туку и харизматична личност којашто сака и умее да комуницира во текот на концертот со музичарите на сцената, но и со слушателите, креирајќи топла, пријатна атмосфера, напиша денеска на Фејсбук претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која вчеравечер присуствувала на концерт на Симон ...

Украинската војска го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета. Локалните власти во Самара потврдија дека Украина ...

Општина Валандово викендов ја реализира последната фаза од реконструкција на регионалниот пат Р1105, на делницата Удово – Јосифово. Како што информираат општинските власти, градежната механизација интензивно работи на еден од најоштетените делови од оваа значајна сообраќајница. – Со завршувањето на работите, оваа делница добива значително подобри услови за одвивање на сообраќајот, со што се зголемува безбедноста за возачите, пешаците и сите ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден од возачите бил под дејство на алкохол. Дополнително, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило со активна забрана за ...

Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале ...

Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека на фреквентната сообраќајницата се става првиот слој асфалт и таа се доврзшува „по триесетгодишно чекање“. -Се сеќавам уште како дете, довршувањето на овој булевар беше ветување кое се повторуваше со години. Генерации граѓани слушаа ветувања, а повеќе од 100.000 луѓе кои секојдневно гравитираат во овој дел од Скопје ...

Во подрачниот објект на основното училиште „Круме Кепески“ во Припор, општина Кисела Вода, денес во употреба беше пуштена новоизградена спортска сала, за која преку повикот на Владата за реализација на капитални инфраструктурни проекти во општините, минатата година беа одвоени речиси 20 милиони денари. Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, ...

Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени – истакна Маја Борозан од СДСМ, на прес конфрренција. Цел месец СДСМ ја обвинуваше власта зошто во Гостивар, градот во кој тие имаат градоначалник што го поддржуваат и локална ...

Венецуелската влада објави ослободување на 131 политички затвореник, а САД го нарекоа овој потег значаен чекор кон национално помирување, јави ДПА. Аналитичари ја гледаат одлуката во Каракас како еден од првите резултати од преговорите меѓу владата на вршителот на должноста венецуелска претседателка Делси Родригез и претставниците на опозицијата. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го нарече ослободувањето на затворениците „витален чекор“ ...

СДС и раководството на партијата поставено од Зоран Заев освен што постојано сведочиме како шират лаги, паника меѓу граѓаните, веќе покажуваат и целосна дезориентираност, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција што ја пренесуваме интегрално. Така закажуваат, па презакажуваат, па откажуваат настани. Претседателот Венко Филипче кој е заедно со Заев на Егејот, најдобро да се врати час поскоро затоа што ...

Ние ќе продолжиме како Влада да поддржуваме вакви проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега, така што јас би сакал уште еднаш да напоменам дека повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата, истакна денес ...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во ...

Информиран сум дека повеќе од десетина лица се повикани на разговор во МВР. За жал, денеска преку социјалните медиуми голем број пораки се испраќаат, меѓу кои и вакви кои претставуваат своевиден хибриден напад, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за лажните информации во врска со водата во Скопје. -Пораки кои имаат за цел да внесат немир, несигурност и револт кај граѓаните. Во услови кога не можете да ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Платина

49319.25