
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Полските парламентарци денеска изгласаа одземање на пратеничкиот имунитет на лидерот на националистичката опозициска партија „Право и правда“ (ПиС), Јарослав Качински, што овозможува против него да се покренат обвиненија за наводен напад. Обвинувањата се поврзани со инцидент за време на комеморацијата за жртвите од авионската несреќа во Смоленск, Русија, во 2010 година. Активистот Збигњев Комоса го обвинува Качински дека на одбележувањето на ...
Граѓанска иницијатива покрена онлајн петиција упатена до Уставниот суд на Република Северна Македонија, изразувајќи загриженост за последните политички и правни случувања во земјата. Во петицијата се нагласува важноста на Охридскиот договор од 2001 година, кој стави крај на вооружениот конфликт и ги постави основите за унитарна држава која гарантира еднакви права на сите граѓани. Потписниците на петицијата бараат Уставниот суд да дејствува ...
Од Уставниот суд велат дека нема да коментираат ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците. Седницата на Судот на која ќе се дискутира за Законот за употреба на јазиците е закажана за 11 декември. – По завршувањето на седницата ќе се одржи редовна прес-конференција на која ќе биде одговорено на сите прашања, соопштија денеска од Уставниот суд, пренесе МИА. Во пресрет на одржувањето на седницата, Демократската унија за ...
Од експлозијата што се случи минатиот петок во селото Варага во општина Зубин Поток – Косово, беше оштетен водоводниот канал Ибер-Лепенци, од каде вода се снабдува од Ујманското Езеро до неколку градови во земјата, како и Косовската енергетска корпорација за ладење. термоелектраните неа. Од овој напад, причинета е голема материјална штета на каналот Ибар-Лепенец и прекинато е снабдувањето со вода за пиење за повеќе области и локалитети, како и ...
Да почекаме да дојде 11 декември, да видиме како сето ова ќе се развива и еволуира, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со денот кога Уставниот суд треба да ја одржи расправата за уставноста на Законот за јазиците, пренесе МИА. Според Мицкоски, се работи за уставни судии избрани од мнозинството предводено од СДСМ и ДУИ кои сега ДУИ ги критикува. Премиерот е дециден дека не постои опасност по безбедноста на државата и покрај ставот ...
Честитки на ЦИВИЛ за 25 години јубилеј. Навистина е предизвик да се остане релевантен во граѓанското општество во целиот овој период. Најкратка дефиниција или карактеристика за ЦИВИЛ е англискиот збор disruptor (нарушувач), да ги меша работите односно да поставува и покрене прашања на повисоко и поинтензивно ниво за да се замислат луѓето дали и како одиме напред со почитувањето на правата на граѓаните. Во тоа ЦИВИЛ одигра значајна улога. ...
Уставниот суд на 11 декември ќе одлучува за судбината на Законот за употреба на јазиците. Претходно, на 2 октомври беше откажана седницата на која требаше да се донесе одлуката, поради „чувствителноста на ситуацијата со укинувањето на балансерот“. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити апелираше сите судии од уставниот суд да бидат на ниво на задача и да носат одлуките во интерес на граѓаните, за ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска замоли да им бидат дадени неколку дена на институциите за решавање на случајот со малолетникот и бојкотирањето на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ укажувајќи дека на ваков начин се стигматизира детето во јавноста. – Ве молам да дозволите неколку дена веќе работиме тимски. МОН, Министерството за здравство и Министерството за социјала, демографија и млади го решаваме проблемот. Дозволете ...
„Литванците знаат дека Украинците се борат не само за себе, туку и за нас – ако Украина падне, Русија ќе нападне други земји“ е наслов на ексклузивното интервју на Џабир Дерала со проф. д-р Витис Јурконис, Институт за меѓународни односи и политички науки на Универзитетот Вилнус, на медиумската платформа на ЦИВИЛ на англиски јазик. Овој разговор со Јурконис, водечки експерт за Белорусија, регионите на Источното партнерство и литванската ...
Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ е: Што мислите за ефектот на социјалните мрежи врз децата и младите? Безбедноста, здравјето, животот и достоинството на младите често се доведуваат во опасност поради социјалните мрежи. Да одговориме заеднички на прашањето, да се обидеме да си дадеме совет едни на други, да споделиме искуства, да посочиме кон решенијата. Одговорете во коментари или, ако сакате да останете анонимни, пратете ни порака. ВКЛУЧЕТЕ СЕ. ...
Во борбите меѓу бунтовниците и сириските сили раселени се 280.000 луѓе од 27 ноември и брзото напредување на исламистичките групи во Сирија, објавија денеска Обединетите нации, изразувајќи стравувања дека бројката може да се искачи на 1,5 милиони. -Бројката што ја имаме е 280.000 луѓе заклучно со 27 ноември. Тоа е ажурирана бројка од синоќа. Не го вклучува бројот на луѓе кои избегаа од Либан за време на неодамнешната ескалација на борбите меѓу ...
Наталија Киселова од БСП собра 140 гласа за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија, 98 беа против, пренесува БГНЕС. Тошко Јорданов од ИТН побара прегласување. А во последователното прегласување, Наталија Киселова беше избрана за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија. Ја поддржаа 68 пратеници од ГЕРБ-СДС, 35 од ПП-ДБ, 34 од „Вазраждане“ гласаа „против“. Против беа и 29 пратеници од ДПС-Нов почеток. Поддршка на Киселова ...
Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра. Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистирбутери на нафтени деривати итн. На дел од компаниите кои се на листата 50 ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше ...
ЦИВИЛ е тоа што Македонија ќе биде ако го преживее второто оглупавувачко цунами на вмро: нормална, модерна, благородна, добронамерна, солидарна. Надвор од овие критериуми не постојат национални интереси, без тие критериуми луѓето не го исправаат `рбетот и не стануваат горди, туку стануваат мекотели. ЦИВИЛ е платформа која штити од варварство и ја втемелува врската меѓу општеството и политичките вредности кои на поединецот му гарантираат ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ И власта и опозицијата во соседна Србија во последно време говорат за македонско сценарио како дел од можната разрешница после повеќегодишната политичка криза во таа земја. Говори ли тоа нешто добро за нас, нешто како да сме „најдобар ученик“ во балканското одделение или има негативен контекст за нешто што има „македонско“ како атрибут? Како воопшто станавме „рефрен“ во туѓа стварност за нешто во што немаме никакви придонес, ...
Целта на сириската бунтовничка коалиција, бидејќи оваа недела одзема уште еден голем град од владината контрола, на крајот е да го собори авторитарниот претседател Башар ал-Асад, според Абу Мохамад ал-Џолани, милитантниот водач на главната група што ја води вооружената опозиција во земјата. Во ексклузивното интервју за Си-Ен-Ен, Џолани не остави никаков сомнеж дека амбициите на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) – група која беше формирана од поранешен ...
Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди за МИА в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов. Како што посочи, децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје. -Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ден до 13 часот. Можно е и да има ...
Рoманија би можела да го избере својот прв екстремно десничарски претседател в недела, на клучни избори за членката на ЕУ и НАТО што граничи со Украина. Екстремно десничарскиот политичар Калин Георгеску, поранешен висок државен службеник, ја шокираше источноевропската нација со победата во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември, наведуваат западни медиуми. В недела, во вториот круг, тој ќе се соочи со Елена Ласкони, ...
Полицијата трага по две маскирани лица видени како прскаат течност акцелератор за оган низ синагогата во Мелбурн рано утрово, пред таа да се запали во наводен антисемитски напад кој го осудија еврејските групи и премиерот. Верниците побегнале од синагогата Адас Израел на југот на градот кога избувнал пожарот околу 4 часот утрово. Синагогата редовно одржува ноќни молитви. „Се чукаше на вратата, внатре беше фрлена течност и беше запалена. ...
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден размислува за превентивно помилување за истакнатите критичари на неговиот наследник Доналд Трамп, изјавија повеќе луѓе запознаени со дискусиите за CBS, американски партнер на Би-Би-Си. Тоа е во обид да ги заштити од потенцијална одмазда откако Трамп – кој вети дека ќе им се одмазди на оние што му се спротивставија – ќе ја преземе функцијата. Си-Би-Ес известува дека иако се вели дека Бајден ...
Амнести интернешенл го обвини Израел дека извршил геноцид врз Палестинците во војната во Газа, што Израел силно го негира. Групата за човекови права со седиште во Велика Британија рече дека нејзиниот заклучок се заснова на „дехуманизирачки и геноцидни изјави“ од израелски официјални лица, дигитални слики и сведочења на сведоци и дека мора да послужи како „повик за будење“ за меѓународната заедница. Израелското Министерство за надворешни работи ...
ВОЈО МАНЕВСКИ Ставот на Фискалниот совет како анализа на состојбата во Фондот за пензиско осигурување и предлог на мерки, веднаш наиде на политички или синдикални одговори. Предлогот наместо да се анализира како излезно решение се дочека како уште една тема за натпревар меѓу партиите и синдикалните организации. Како и да свртиш сите се во право, ама тоа не нуди решение. Како граѓани на оваа држава мораме да влеземе во посуштинска дебата околу ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Бојкот на наставата во две скопски основни училишта поради проблематичен ученик, формирана интердисциплинарна комисија по средба на МОН и Одборот на родители Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 октомври“. Комисијата ќе треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во ...
Лидерот на една од грузиските опозициски партии е приведен од полицијата откако бил претепан до несвест од полицајци во главниот град Тбилиси, соопшти неговата партија, како последица на жестоките протести во поранешната советска република. Партијата „Коалиција за промени“ – која се состои од четири опозициски групи – објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како Ника Гварамиа го носат неколку мажи по улица среде бел ден. Елене ...
ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница го постави прашањето – Што мислите за црвените линии на Мицкоски? Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел порача дека земјата е подготвена да разговара за сите принципиелни прашања во интерес на граѓаните, меѓутоа нема да ги помине црвените линии. Поголемиот дел од коментарите на граѓаните се дека црвените линии се всушност невидливи линии, односно линии за манипулација и изолација на Македонија од ЕУ. Ви ...
Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 октомври“. Комисијата ќе треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни. – Министерството за образование и наука учествува во изнаоѓањето решение за случајот со ученикот со кој јавноста е веќе ...
Кога ќе се погледне на актуелната состојба, посебно на геополитичките тензии, прашањето за поблиската економска соработка меѓу земјите од Западниот Балкан добива на важност, изјави претседавачот на Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, хрватскиот европратеник Карло Реслер. Во обраќањето на втората сесија на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан“, насловена „Отклучување на економскиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие и дека повторно ќе интервенира, но дека тоа не може да оди во недоглед. – Како Влада сигруно нема да седиме немо и да набљудуваме, но да дадеме шанса и да видиме денес-утре да не има некоја повторна набавка да не се предомислат некои од економските оператори. Ако не, ние ќе мораме повторно како ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, обвинувајќи го за „цунами од дезинформации“ и ја осуди Москва за ескалацијата на конфликтот во Украина. На состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на Малта, Блинкен изрази жалење што Лавров ја напуштил салата по своето обраќање, без да ги сослуша останатите учесници. – Жал ми е што нашиот ...