
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Пред Уставниот суд, каде денеска се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, се собираат членови и активности на Демократската унија за интеграција. Меѓу нив се и членови на највисокото раководство на партијата како поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми. Присутни се и лидерот на ...
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска соопшти дека го информирал Северноатлантскиот совет за случувањата во дијалогот меѓу Белград и Приштина и ја истакнал важноста од одличната соработка меѓу ЕУ и НАТО за регионалната стабилност. Лајчак на социјалната мрежа Х изјави дека имал вредни разговори со заменик генералниот секретар на НАТО Радмила Шекеринска и со сите амбасадори. „Го информирав ...
Бројот на вработени на збирно ниво во јавниот сектор е намален за 2.488 лица за разлика од 2022 година, кога вкупниот бројот вработени изнесуваше 130.377 лица, наспроти 127.889 лица ви 2023 година, покажува Посебниот извештај за 2023 година изработен од Народниот правобранител, а кој се однесува на следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор. Народниот правобранител, Насер Зибери на денешната ...
Министерството за внатрешни работи претпладнево потврди дека во тек е полициска акција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Според неофицијалните информации десетина лица се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино. – Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме ...
Роман Бусаргин, гувернер на руската област Саратов, објави дека беспилотни летала нападнале воен аеродром лоциран во регионот, наведува каналот Астра Телеграм, пренесува Укринформ. Бусаргин рече дека нападот бил запрен, а беспилотните летала се уништени. Нема информации за жртви или материјална штета. Претходно, беспилотни летала неколку пати го нападнаа воениот аеродром во Енгелс, регионот Саратов. Како што објави Укринформ, ноќта на 5 април, ...
ДРАГАН МИШЕВ И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и многу автократи и диктатори пред него, вчера, „ничим изазван“, ишкајќи си ја мувата изјави дека тој не е Асад и дека нема да бега никаде. „Дури и да мислите дека сум Асад, па ќе побегнам некаде – НЕ СУМ“, објави Вучиќ доцна синоќа на социјалните мрежи, предупредувајќи дека Србија е под притисок од различни страни и се обидуваат да ја соборат со сите можни хибридни средства. „Жив ...
Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Вокер Турк, обраќајќи се на прес-конференцијата пред Денот на човековите права истакна дека Денот на човековите права, се одбележува во време кога човековите права не само што се прекршуваат, туку и сé повеќе се инструментализираат. Турк, гледајќи наназад во годината, истакна три клучни прашања кои продолжуваат да имаат огромни последици за човековите права ширум светот. Прво, ширењето на ...
Меѓународен ден на човековите права, 10 декември 2024 година На Меѓународниот ден на човековите права, CIVIL – Центар за слобода алармира за црната реалност во која човековите права се под жесток напад низ целиот свет. Од разорните ефекти на војната до потиснувањето на слободите од авторитарните режими – принципите на достоинство, правда и еднаквост се газат секојдневно. Во Украина, руската агресија ги открива ужасните последици на ...
По соборувањето од власт на сирискиот претседател Башар Асад во повеќе европски држави е покренато прашањето за идниот статус на Сиријците кои изминативе 13 години, за време на граѓанската војна во Сирија, добиваа азил и дозволи за времен престој во земјите членки на ЕУ. Неколку членки на ЕУ, како Австрија, Белгија, Данска, Германија, Италија, Финска, Холандија Чешка и Шведска веќе решија да го стопираат разгледувањето на апликациите за азил ...
Човековите права се нападнати. Овогодинешната тема нè потсетува дека човековите права се за градење на иднината – токму сега. Ние мора да се залагаме за сите права – секогаш“, изјави Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по повод Денот на човековите права и Универзалната декларација за човекови права. Денот на човековите права се одбележува секоја година низ светот на 10 декември. Ја одбележува годишнината од едно од најреволуционерните ...
ДУИ денеска соопшти дека ја почитува одлуката на американскиот Стејт департмент за воведување санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција. -Демократската Унија за Интеграција ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД. Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите ...
Зијадин Села, лидерот на едното од крилата на Алијансата за Албанците, кој е во коалиција со ДУИ, ја поздрави одлуката на Стејт департментот за ставање на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и на судијата Енвер Беџети на црната листа на САД, ги повика да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, и да се соочат со обвиненијата. – Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои јавно ги осудуваа врските на ...
Во Собранието се очекува денеска да почне расправата по Дополнетиот предлог на буџет на Република Северна Македонија за 2025 година, како дел од дневниот ред на 22-та седница. Амандманската расправа за Предлог буџетот заврши на 29 ноември, а во Дополнетиот предлог на буџетот се вградени прифатените амандмани и потребните изменувања и дополнувања. Согласно Деловникот за работа на Собранието, претресот по Дополнетиот предлог на буџетот на седница ...
ЗОРАН ИВАНОВ Засега кротко и во стилот налик на Шарената, ДУИ сред зима, демек жртва со додадена вредност, се обидува на топло да ја држи својата партиска активност зашто од позиција на за неа неочекувана и непосакувана позиција на опозиција, реши да почне ја загрева атмосферата за локалните догодина како надеж за наредните предвремени или редовни парламентарни, сеедно, за да си се врати каде што смета дека и е местото за стално, да си запоседне ...
Годинава во светот се убиени 104 новинари, а повеќе од половина од нив загинале во Газа, покажуваат денеска објавените податоци од Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ). По 129-те смртни случаи регистрирани во 2023 година, „2024 е една од најлошите години“, рече генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже. Како што пренесува МИА, според ИФЈ, од почетокот на оваа година биле убиени 55 палестински медиумски работници. Од почетокот на војната, ...
Кина ја распоредува својата најголема поморска флота во регионалните води во изминатите речиси три децении, а заканата за Тајван е поизразена отколку во случајот со претходните кинески воени вежби, објави денеска тајванското Министерство за одбрана, пренесува МИА. Портпаролот на Министерството за одбрана, Сун Ли-Фанг во Тајпеј, рече дека обемот на моменталното распоредување на кинеската морнарица во областа што се протега од јужните острови на ...
Брзиот колапс на режимот на Асад во Сирија, режим на кој Кремљ помогна да се поддржи од 2015 година, е стратешки политички пораз за Москва и го фрли Кремљ во криза додека се обидува да ја задржи својата стратешка воена база во Сирија, се вели во извештајот на тинк-тенк Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон. Русија интервенираше во име на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во 2015 година со цел да го ...
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека во претходните две недели имал интензивни разговори за дијалогот и дека очекува следната недела да биде полна со закажани состаноци и официјални мисии. „Новото раководство на ЕУ конечно стапи на должност, Косово имаше грозоморен терористички напад чија цел беше критична инфраструктура – чин што силно го осудувам – а дипломатскиот свет се ...
Не поминуваат триковите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кои сакаат да се претстават како спасители на проблемите кои што сами ги создадоа. Албанците можат да бидат мирни, албанскиот јазик ќе биде заштитен, порача денеска Саранда Имери – Стафаи од коалицијата Вреди, по состанокот на координативното тело на Коалицијата и лидерите на партиите, заедно со министрите од владината коалиција. Како што беше посочено на прес-конференцијата, ...
Катастрофално: Со мини, беспилотни летала, артилерија и тенкови, украинските војници уништија 90 руски возила на површина од четири квадратни милји во Курската област во западна Русија која стана гробишта за руските воени возила, и предвесник на претстојната катастрофа за Кремљ додека неговата неколкугодишна офанзива во Украина почнува да попушта. Кригсфоршер, оператор со беспилотни летала на украинскиот поморски корпус кој поддржува 20.000 ...
Генерал-мајор Вадим Скибицкиj, заменик шеф на Управата за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа говори за политичките одлуки на САД и нивните сојузници за употреба на далекудометно оружје врз воените цели на агресорот, неопходноста за справување со руското влијание во Европа, и неопходноста за единствено дејствување против руската агресија. Генерал-мајор Скибицкиj испраќа јасна порака: ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија) ја објавија агендата на големата меѓународна конференција ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА и на македонски и албански јазик. Неодамна, ЦИВИЛ ја лансира веб страницата DefendingDemocracy во состав на интернет весникот ЦивилМедиа. Веб страницата се креира по повод големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и ...
Советот на ЕУ денеска одобри исплата на втората транша финансиска помош во рамките на Украинскиот механизам, во износ од над 4,2 милијарди евра во форма на грантови и заеми, наменети за поддршка на макрофинансиската стабилност на Украина и за функционирањето на нејзината јавна администрација. Со денеска усвоена одлуката, Советот заклучи дека Украина ги исполнила неопходните услови и реформи предвидени во Планот за Украина за да може да добие ...
Централното претседателство на Демократската унија за интеграции, денеска ќе одржи состанок на којшто ќе одлучува за следните чекори, информираше за МИА потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, откако вчера ја започнаа иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд до одржување на седницата за Законот за употреба на јазиците. – До 11 декември сигурно остануваме, а за понатаму дополнително ќе се решава. Денеска има ...
Родово базираното насилство во Република Северна Македонија се соочува со многу предизвици, а еден од најголемите е начинот на кој медиумите известуваат за овие случаи. Според анализата на Институтот за комуникациски студии, доминацијата на дневнополитичките случувања, ограничените ресурси во редакциите и отсуството на извори придонесуваат кон недоволно и неквалитетно известување за оваа тема. Дополнително, овие теми често не се сметаат за ...
Пред Уставниот суд попладнево се собраа активисти на опозициската Демократска унија за интеграција, кои, како што најави партискиот функционер Арбер Адеми, ќе останат таму до 11 декември кога треба да се одржи седница за Законот за употреба на јазиците. Адеми рече дека со иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд застануваат во „одбрана на Законот за јазици“. – Собрани сме тука за да го подигнеме нашиот глас за ...
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што ќе се одржи на 11–12 декември 2024 година во Скопје, Северна Македонија (кликнете за ФБ настан), ги повикува сите учесници активно да се вклучат во обликување на критичните дискусии за иднината на демократијата и човековите права. Подолу се наведени важни детали за обезбедување на значајно учество и непречено искуство. ...
ТАЊА КАРМЗОВА Анамнеза на еден пад Претседателот Макрон летоска го распушти Собранието после поразот што го доживеа неговата политичка партија и неофицијалната коалиција со левиот и десниот центар на европските парламентарни избори. Бруталната кампања водена од екстремите резултираше со изгласано мнозинство пратеници од редовите на партијата на Марин Ле Пен и Жордан Бардела. Емануел Макрон уште пред објавувањето на дефинитивните резултати реши ...
Проф. д-р Стево Пендаровски, професор на Американ Колеџ во Скопје и поранешен претседател на Северна Македонија, е добро познат како долгогодишен застапник на демократските вредности и критичар на авторитарните тенденции. Во својата богата кариера, тој ги испитува сложените динамики на современите општества и нивните предизвици. Во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа, Пендаровски отворено говори за кризата на демократијата, за влијанијата од ...
ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова објави дека претседателката нема да патува во Париз, поради проблеми со авионот. Францускиот претседател Макрон упатил покана до нашата претседателка за присуство на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз. Веднаш се наметнува прашањето: Ако е расипан авионот, зошто претседателката Сиљановска Давкова не отпатувала со алтернативна комерцијална ...