
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот ...
Времето денес ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Почитувани граѓани, почитувани медиуми, СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист ...
Kако парче месо што се одбира за скара – вака се чувствуваат дел од жените кога се на интервју за работа „Косата ми беше кратка и ми кажаа дека тоа не остава добар впeчаток за жена и исто така ми беше кажано еднаш додека бев на работно место – ’Насмевни се малку, ги бркаш мажите така ненасмеана’ ова ми беше кажано додека местев банери пред настан” – Испитаничка на возраст меѓу 25 и 36 години. Ова е само една од бројните изјави кои истражувачкиот ...
Синоќа беше фрлена граната врз резиденцијата на норвешкиот амбасадор во Израел во Тел Авив, но никој не беше повреден, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар. „Пред кратко време разговарав со норвешкиот амбасадор во Израел, Пер Егил Селваг, во чиј двор вечерва беше фрлена граната. Остро го осудувам ова сериозно и опасно злосторство“, напиша Саар на мрежата Икс. Израелското Министерство за надворешни работи не одговори ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера се сретна со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и разговараше по телефон со австралискиот министер за надворешни работи и со францускиот и италијанскиот министер за надворешни работи за војната меѓу Израел и Иран. Рубио разговараше по телефон со австралиската колешка Пени Вонг и францускиот и италијанскиот колега Жан-Ноел Баро и Антонио Тајани, а американскиот Стејт департмент ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека промената на режимот или падот на раководството на Иран не е цел на нападите на Израел, туку може да биде резултат. „Прашањето за промена на режимот или падот на овој режим е пред сè прашање на иранскиот народ. Никој друг не може да го стори тоа. И затоа не го претставив како цел. Може да биде резултат, но тоа не е наведена или официјална цел што ја имаме“, рече Нетанјаху во интервју за ...
Иранските државни медиуми објавија дека Али Шамкани, врвен советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, сепак е жив. Тие велат дека Шамкани се опоравува во болница од повредите здобиени во израелскиот напад. Неколку новински агенции, вклучувајќи ги и новинските агенции Фарс и Мехр, објавија соопштение кое му се припишува на Шамкани. „Жив сум и подготвен да го жртвувам својот живот“, наводно рекол Шамкани. „Денот на победата е ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле десетици воздушни напади преку ноќ, таргетирајќи повеќе локации во Техеран со помош на повеќе од 60 израелски борбени авиони. Според ИДФ, во нападите биле употребени околу 120 смртоносни средства. Целите биле воени постројки за производство на ракети и центар за нуклеарни истражувања за кој израелската војска вели дека е поврзан со развојот на нуклеарно оружје на Иран. Во текот на ноќта, ...
Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си. Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница. Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале ...
Актуелниот градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, е убеден дека по втор пат ќе ја добие довербата на центарци, заради сработеното но и многуте планови од интерес на граѓаните. На работната средба со новинарите, Герасимовски посочи дека во изминатиот период општината, раководена од него, работеше и работи транспарентно и отворено, и секогаш е достапна за граѓаните. „Советот на општината и јас како градоначалник, сме пример за ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна ...
-На 19.06.2025 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с.Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје, соопшти МВР. -Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а ...
-На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели, информира Владата. „Неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа. Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални ...
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, тој е последица на нивната некадарснот во водењето на државата. Граѓаните препознаваат некадарност, живеат се потешко, куповната моќ им се намалува, платите ги јаде инфлацијата, а власта нема решенија, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска при нејзиното гостување во емисијата „Пресврт“ на „Слободен печат“. –Според внатрешните истражувања што ги спроведуваме, СДСМ бележи напредок. Истовремено, ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор: Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Поминаа 24 часа од објавата на скандалот кој ја тресе јавноста, а од ВМРО-ДПМНЕ – молк. Ниту збор, ниту објаснување, ниту демант. Зошто молчите, господине Мицкоски? Македонија заслужува одговори. СДСМ вчера објави документирани информации дека фирмата „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на ...
Соопштение на СДСМ: Ниту збор од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за огромниот скандал. Документи потврдуваат дека„Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип кој Мицкоски четри месеци го штитеше, е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ молчат? Затоа што се фатени живи или затоа што има и друго нешто што сакаат да го сокријат? Што друго ќе открие Вистината за Кочани 2? Проследете ја денешната прес конференција ...
-Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, соопшти Владата. „Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија. Со оваа ...
Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми и неколку телевизиски станици. Нападот се случи откако претходно истиот ден Израел го повика населението да ја евакуира областа. Израелската војска потврди дека го гаѓала објектот во Арак, на околу 400 километри западно од иранската престолнина, велејќи дека тоа е дел од напорите да се уништи иранската ...
Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац изјави дека земјата ќе го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран, вклучително и оние во главниот град Техеран. Најавата доаѓа по израелскиот ракетен напад врз нуклеарниот реактор во Арак и иранскиот напад врз болницата Сорока во јужен Израел. „Премиерот и јас дадовме наредба на ИДФ да го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран и врз владините цели ...
Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој игра клучна улога во нуклеарната програма на Иран и е цел на израелските обиди да го онеспособат. Се вели дека Фордо е закопан подлабоко од англо-францускиот тунел под Ла Манш и досега останал надвор од дострелот на израелското оружје. Се верува дека само Соединетите Американски Држави поседуваат бомба доволно моќна за да ...
Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до жителите на иранско село северозападно од Техеран, најавувајќи напад врз воената инфраструктура таму. Предупредувањето се однесува на индустриската зона на селото Колеш Талешан. Иранска ракета се чини дека паднала на пат во близина на станбена зграда во израелски град Нема извештаи за повредени по ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта. Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, на блокадите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати, нуди само пропаганда. „Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега. Таков пад на гласовите, таков дебакл до сега во историјата на државата за толку кратко време едноставно не се случил“, изјави Филипче. Тој предупреди дека власта се ...
Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства, објави американскиот Стејт департмент. „Во светлината на безбедносната ситуација и во согласност со упатствата на израелската команда на внатрешниот фронт, амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда, 18 јуни, до петок, 20 јуни. Ова ги вклучува конзуларните оддели во Ерусалим и Тел ...
Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“, додека Израел продолжува со нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува иранското раководство. Видеото беше објавено на социјалните мрежи од страна на Иранската арапска новинска агенција. ربما.. Maybe pic.twitter.com/tB02PrPbp1 — إيران بالعربية (@iraninarabic_ir) June 17, 2025 Израел со денови ...
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, напиша дека Иран никогаш нема да им се предаде на ционистите во серија објави на социјалната мрежа X. „Нема да имаме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Друг гласи: „Битката започнува“. Ова се првите јавни изјави на Хамнеи откако американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД знаат каде е иранскиот лидер, но дека „тие нема да го убијат… барем засега“. Порано оваа ...
Болницата Сорока во Бершева на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад на израелска територија. „Во нападот беше погодена болницата и беше предизвикана значителна штета во неколку области“, се вели во соопштението на болницата. Неколку минути претходно израелското Министерство за надворешни работи извести за „директен удар“ на важен објект каде се згрижуваат бројни израелски војници ...
Израелската војска во четвртокот објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република. „Израелските воздухопловни сили во моментов спроведуваат серија напади врз Техеран и други области на Иран“, објави израелската војска на „Телеграм“. Најавувајќи ги претстојните напади, израелската армија повика на евакуација на иранските села Арак и Хондаб, кои се наоѓаат во ...
Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богаднка Кузеска која изнесе нови детали околу одговорноста за пожарот во Кочани. Таа сподели податоци од Државниот завод за ревизија каде меѓу донаторите на кампањи на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа и името на компанијата „Салтировски консалтинг“ од Делчево чиј ...