Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Глобалните финансиски пазари ја започнуваат новата недела во значително помирна атмосфера по период исполнет со геополитички тензии, трговски спорови и силни ценовни осцилации на енергентите. Иако ризиците не се целосно исчезнати, вниманието на инвеститорите сега повторно се насочува кон економските показатели, корпоративните резултати и идните потези на американската централна банка. Еден од главните фактори што придонесува за стабилизација ...
Португалија во изминатите неколку години се позиционира како една од најатрактивните европски дестинации за лица со висока нето-вредност. Благодарение на стабилната економска средина, поволната клима, безбедноста и развиениот пазар на недвижности, бројот на луѓе со богатство поголемо од 25 милиони евра бележи силен раст. Според анализата на британската консултантска компанија „Knight Frank“, до крајот на 2026 година во Португалија ќе живеат ...
Британскиот министер за одбрана, Ден Џарвис, престојуваше во посета на Исланд во услови на „сè поголеми руски закани“, во момент кога НАТО за првпат спроведе операции за воздушна одбрана од европски носач на авиони. Џарвис ги посети британските сили на командниот брод на Кралската морнарица „ХМС Принцот од Велс“ (HMS Prince of Wales), кој е распореден во близина на Исланд под команда на НАТО, при што од неговата палуба за првпат беа извршени ...
Американскиот конгломерат „Амазон“ веќе некое време гради своја мрежа сателити во ниската Земјина Орбита, наречена „Амазон Лео“, којашто за своето место под ѕвездите ќе се натпреварува со „Старлинк“ на „Спејс-Икс“ – моментно најголемата мрежа во вселената. Потпретседателот одговорен за „Амазон Лео“, Крис Вебер објави дека веќе се распоредени повеќе од 390 сателити – очигледно доволно „за поддршка на континуирана услуга на почетните ...
Грчката влада постигна договор со големите трговски синџири и производителите на храна со кој во текот на летните месеци нема да има нови поскапувања на производите во супермаркетите. Мерката е дел од напорите за ограничување на инфлацијата во период кога земјата бележи најголем број туристи и зголемена потрошувачка. Договорот беше постигнат на средба меѓу премиерот Киријакос Мицотакис, министерот за развој Такис Теодорикакос и претставници ...
СДСМ упати критики до Владата, оценувајќи дека најавите за ново поскапување на горивата доаѓаат без конкретен план за заштита на граѓаните од дополнителниот ценовен притисок. Од опозициската партија велат дека премиерот Христијан Мицкоски признал оти кај дел од трговците се евидентирани високи профитни маржи, но, според нив, не открил за кои компании станува збор, ниту најавил конкретни санкции или мерки. СДСМ предупредува дека секое ...
Пратеничката група на Левица достави 47 амандмани на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои предлага пренасочување на дел од буџетските средства кон области што, според партијата, имаат директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните. Во пакетот амандмани се предлага воведување GPS-систем за службените возила на државните институции, со цел поголема контрола врз нивното користење и рационализација на јавните трошоци. ...
Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“ Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и опасностите на ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е трет ден од расправата во матичната собраниска Комисија кој трае 10 дена. По предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, поднесени се вкупно 224 амандмани, од кои од ДУИ – 87, СДСМ – 78, Левица – 51 и од Коалицијата ВРЕДИ осум амандмани. Ова е трет ден од општата ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар. Во рамки на посетата, Муцунски, како што информираат од Министерството, се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи. Во програмата се предвидени ...
Почетокот на викендот повторно донесе голем број туристи кон грчките летувалишта, што предизвика значителен метеж на граничните премини меѓу Македонија и Грција. Најголемите задржувања утрово се забележани на преминот Евзони, каде колоните од возила се протегаат до македонската страна на границата. Според сведоштва на патници, времето потребно за влез во Грција преку Евзони достигнува околу два часа, а интензитетот на сообраќајот постојано ...
Најновото издание на Глобалниот индекс на пасоши донесе промени во рангирањето на земјите чии патни исправи нудат најголеми предности за своите граѓани. Освен можноста за патување без виза, индексот ги оценува и условите за живот, економската стабилност и потенцијалот за инвестирање во земјата што го издава пасошот. За разлика од традиционалните рангирања кои се засноваат исклучиво на бројот на држави достапни без виза, оваа анализа користи ...
Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна исклучителни 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани и претставува уште една потврда за забрзаното темпо на раст на јавните приходи, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). Според податоците на УЈП, даночните приходи бележат раст од 14,9 проценти, додека приходите од социјални придонеси се повисоки за 7,6 проценти. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во 2025 година пријавил приходи од околу 2,2 милијарди долари, што е повеќе од трипати во однос на претходната година, кога неговите приходи изнесувале 622 милиони долари. Ова го покажуваат податоците од неговата најнова финансиска и даночна документација доставена до надлежните американски институции. Документот, кој оваа година опфаќа 927 страници, значително е пообемен од ланскиот извештај и дава ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска претпладне ќе ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. По образложението на ребалансот од страна на ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, во попладевното продолжение на седницата опозициските пратеници оценија дека со ребалансот не се адресираат клучните предизвици со кои ...
Собранието на Северна Македонија на 13 јули ќе одржи седница посветена на реконструкцијата на Владата, на која пратениците ќе одлучуваат за разрешување на дел од актуелните министри и избор на нови членови на извршната власт. Предлогот за кадровските измени, потпишан од премиерот Христијан Мицкоски, денеска беше доставен до законодавниот дом, по што претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја закажа седницата за понеделник со почеток во 11 ...
Пазарот на недвижности во Европската Унија продолжува да бележи нагорен тренд, покажуваат најновите податоци на Евростат за првиот квартал од 2026 година. Во споредба со истиот период лани, цените на станбените објекти се зголемиле за 5,1 процент, додека кириите пораснале за 3 проценти. Во однос на последните три месеци од 2025 година, становите поскапеле за 1,2 проценти, а цените на изнајмувањето се зголемиле за 0,7 проценти, што укажува ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Општина Кавадарци, каде ќе присуствува на поставување камен-темелник на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“. Во рамки на посетата, предвидено е тој да изврши и увид во текот на реализацијата на проектот за изградба на нова картинг-патека во месноста Моклиште, со што ќе се запознае со динамиката на градежните активности на терен. Како што соопшти Владата, ...
Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, објави премиерот Христијан Мицкоски. – Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14-те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ ...
Општина Струга информираше дека успешно е реализирана продажбата на едно од службените возила во сопственост на локалната самоуправа, при што се обезбедени 22.000 евра. Од општината велат дека средствата ќе бидат искористени за намалување на јавниот долг и подобрување на финансиската состојба. Станува збор за службеното возило „Ауди“, кое го користеше поранешниот градоначалник Рамиз Мерко. Од актуелното раководство оценуваат дека продажбата ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата во наредниот период ќе организира средби со трговските синџири кај кои, според направените анализи, е утврдено неоправдано зголемување на трговските маржи. Сепак, тој не откри кои компании ќе бидат повикани на разговор, нагласувајќи дека прво сака директно да ги слушне нивните аргументи. Одговарајќи на новинарски прашања по настан во Општина Бутел, Мицкоски изјави дека не е негов стил преку ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по две години владата успева да го консолидира и секторот земјоделство во кој, рече, наследила катастрофална состојба во која земјоделците не можеле да си ги наводнуваат посевите и не ги добивале субвенциите -Во секторот земјоделство наследивме буквално катастрофа од претходната влада Акумулациите беа доведени под биолошки минимум, на 8 проценти, денеска се на 80 проценти, и тоа во јули кога е речиси ...
Измената на Буџетот за 2026 година не произлегува од недостиг на приходи или нарушена ликвидност. Таа е резултат на потребата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови, обезбедување дополнителни средства за законски обврски што значат редовно исплаќање на плати во сектори со раст, поголема поддршка за земјоделството, социјалната заштита и општините, како и средства за забрзување на инвестицискиот циклус, истакна ...
Цените на благородните и индустриските метали на светските пазари забележаа раст во текот на последната трговска сесија, при што најголем добитник беше среброто. Цената на златото за испорака во август се зголеми за 1,49 проценти, достигнувајќи 4.187,30 долари. Во текот на денот благородниот метал се движеше меѓу 4.134 и 4.207,90 долари. Најсилен раст оствари среброто, кое поскапе за 2,87 проценти и се тргуваше по 62,815 долари. Во текот на ...
Енергетските суровини ја завршија трговската сесија со раст, при што и нафтата и природниот гас забележаа повисоки цени во однос на претходниот ден. Северноморската нафта брент за испорака во септември се тргуваше по 72,12 долари за барел, што претставува дневен раст од 0,45 проценти. Во текот на денот највисоката цена достигна 72,49 долари, додека најниската изнесуваше 71,30 долари. Американската лесна сурова нафта WTI исто така остана во ...
Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј – 250 години од Денот на независноста, стои во честитката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 250 годинишнината од независноста на САД. Овој ден, се додава во честитката, претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната ...
На светските девизни пазари тргувањето помина со умерени поместувања на најважните валутни парови, при што еврото и британската фунта забележаа минимален раст во однос на американскиот долар. Еврото се тргуваше по 1,1437 долари, што претставува дневно зголемување од 0,04 проценти. Идентичен раст од 0,04 проценти оствари и британската фунта, која достигна курс од 1,3346 долари. Американскиот долар зајакна во однос на јапонскиот јен, при што ...
Денеска сакаме да ја потенцираме важноста на месец јули и за Македонија, но и за проценките коишто Европската комисија ги прави за сите земји кандидати. Нашите информации говорат дека проценката на Европската комисија за Македонија е позитивна заедно со Албанија и Црна Гора, додека другите земји кандидати од регионот имаат назадување споредено со Реформската агенда, односно Планот за раст утврден од Европската комисија, изјави денеска на ...
Последните статистички податоци уште еднаш потврдуваат дека Македонија не смее повеќе да ја одложува дебатата за развојот на рударството и искористувањето на сопствените минерални ресурси. Додека рударството бележи пад, а бројот на рудари постојано се намалува, нови инвестиции кои би можеле да го обноват секторот и да отворат нови работни места, како проектот „Иловица – Штука“, со години остануваат заглавени во административни и правни ...
Пазарот на криптовалути ја продолжи позитивната динамика, при што најголемите дигитални средства забележаа раст на вредноста во текот на денешното тргување. Најголемата криптовалута, биткоинот (Bitcoin), поскапе за 1,72 проценти и достигна цена од 62.631,5 долари. Позитивен тренд бележи и етерот (Ethereum), кој порасна за 2,56 проценти, достигнувајќи 1.763,74 долари. Меѓу водечките криптовалути, значителен раст оствари и BNB, чија вредност ...