Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик, потврдија за МИА од владејачкото мнозинство. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи расправата по ребалансот на Буџетот. За власта, ребалансот е развоен, реален и овозможува економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, а опозицијата со критики дека ребалансот потврдува дека проекциите во Буџетот за 2026 година биле преоптимистички. Според Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот се темели на реален раст, а бројките покажуваат дека земјава може да има ...
Од утре, 7 јули, во земјите од Европската Унија почнува примената на нов пакет безбедносни стандарди што ќе важат за сите нови патнички автомобили и лесни комерцијални возила кои се пласираат на пазарот. Со новите прописи, производителите се обврзани да вградуваат напредни системи за активна безбедност, чија цел е да помогнат во спречување на сообраќајни незгоди и подобро да ги заштитат возачите, патниците и ранливите учесници во ...
Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг, Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела. Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година. Јанг во завршните зборови пред судот ...
Од полноќ стапуваат во сила нови малопродажни цени на горивата, со што бензините и дизелот повторно ќе поскапат, согласно најновата одлука за корекција на цените. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 85,5 денари, што е зголемување од еден денар. Исто толку поскапува и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова цена ќе изнесува 87,5 денари за литар. Поголемо зголемување има кај дизелот. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе чини 82,5 денари, односно 2,5 ...
Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. Репрезентативците на Англија успеа да се пласираат во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. На тој начин Англичаните се изборија за европско четвртфинале против Норвешка. View this post on Instagram A post shared by FIFA World Cup (@fifaworldcup) ...
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде транспарентно во врска со целата постапка за обнова на цементарицата „Титан УСЈЕ“ во Скопје, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кој одговараше на новинарско прашање по кој Закон ќе биде обновена А интегрираната дозвола за овој индустриски капацитет. -Барањето, како што знаете е објавено, расправата се ...
По повод две години од работата на Владата, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прес-конференција на која даде пресек на постигнатите резултати и започнатите капитални процеси во ресорот, нагласувајќи го институционалниот континуитет и стабилноста во реализацијата на политиките. Во изминатиот период, Министерството обезбеди средства и започна со реализација на над 300 инфраструктурни проекти од ...
Автопатот Скопје-Блаце влегува во фаза на изградба откако денеска беше потпишан договорот за инвестициски грант со кој се затвора финансиската конструкција за реализација на автопатот. Премиерот Христијан Мицкоски на настанот порача дека државата, наместо нови ветувања, денес има обезбедени средства, избран изведувач и започната реализација на проектот, најавувајќи дека градежните активности на терен би можеле да стартуваат во наредните ...
Современите свадби сè повеќе наликуваат на мини-претстави. Најнов тренд се така наречените „лажни матичари“. Станува збор за лица кои немаат законско овластување да склучуваат брак, но ја водат церемонијата така што таа изгледа како вистинско венчавање. Правниот дел од постапката младенците најчесто го завршуваат во Општина, а потоа големото „да“ го повторуваат пред семејството и пријателите, често со сценографија како на филм, пишува Сити ...
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Здружението за социјални иновации – АРНО, со што се продолжува и унапредува досегашното заедничко дејствување. Новиот Меморандум го потпишаа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и претседателката на АРНО, Ирина Јаневска. Овој документ претставува основа за континуирана соработка насочена кон унапредување на локалниот развој, поддршка на социјалното и зеленото ...
Со цел да им се излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради неодамнешните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на град Скопје, Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување на еднократна парична помош за овие граѓани. Лицата кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната документација: фотокопија од важечка лична карта или ...
Возачите кои минуваат низ Северна Македонија со возила со странски регистарски таблички засега нема да добиваат автоматски казни преку системот „Безбеден град“, иако камерите ги регистрираат прекршоците. Од Министерството за внатрешни работи велат дека испраќањето на казните ќе започне по целосната надградба на системот. До тогаш, контролата на странските возачи ќе ја вршат полициските екипи со таканаречените „пресретнувачи“, кои, според ...
Македонската репрезентација во традиционално карате на 38. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети одржан на 5 јули 2026 во Софија освои вкупно 20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени, со што Македонија го освои третото место во генералниот пласман. Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал. Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, ...
Жителите на неколку населби во општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи, врз основа на известување од ЕВН Македонија. Во Аеродром, без електрична енергија од 08:00 до 15:00 часот ќе останат домаќинствата и деловните објекти на улицата „Тодор ...
Охрид, 6 јули 2026 – Вчера во Охрид официјално започна Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност 2026, во организација на Македонија2025, под покровителство на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Оваа година се одржува шестото издание на Кампот, на кое учествуваат 23 деца на возраст од 11 до 15 години. Од нив, 13 учесници се од македонската дијаспора – од САД, Германија, Малта, Србија и ...
Анексија на Гренланд од страна на САД во моментов е единствениот начин за справување со долгорочните безбедносни ризици околу овој остров покриен со мраз, кој му припаѓа на Кралството Данска, изјави висок американски функционер. – Сè уште сметаме на тоа како на најдобар начин да се задоволат одбранбените потреби на НАТО во однос на Гренланд – им изјави тој на новинарите пред самитот на НАТО кој утре и задутре ќе се одржи во Турција. Сепак, ...
Што се случува кога светот однапред ќе одлучи кои сме и што можеме да постигнеме? Токму од ова прашање започнува „Believe. Further “, новата повеќегодишна платформа на Филип Морис Интернешнл и светски познатиот тенор Андреа Бочели, создадена да поттикне поширок дијалог за напредокот, промените и храброста да се верува во можностите. Претставена во Венеција, град познат по своите мостови и поврзувања, платформата обединува две различни, но ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата за електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да ги надминат различните ставови и да постигнат компромис за Изборниот законик. На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на неговата политичка партија ...
Во првите шест месеци од 2026 година во државниот Буџет се слеале речиси 170 милијарди денари, што претставува зголемување од 8,6 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска при образложувањето на ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според неа, приходите се движат во рамките на планираната динамика и во првата половина од годината е реализирано ...
Од 15 до 18 октомври во Струга ќе се одржи седмиот Конгрес на еколозите на Македонија, со меѓународно учество, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). До ден-денес, Конгресот останува еден од најголемите научни собири на еколозите во регионот, во чиј фокус се еколошките истражувања во последните години. „Науката е тимска работа. Нашите конгреси се уникатна можност еколозите лично да ги запознаат колегите од регионот, да ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска предупреди дека вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што законодавството може да ја следи, нагласувајќи ја потребата од глобално хармонизирани правила за намалување на потенцијалните ризици – особено за децата. „Технологијата што може да ги преобликува економиите, да го трансформира светот на работната сила, да влијае на изборите и да ја наруши безбедносната ...
Над 300 деца се убиени или повредени во последните шест месеци во војната во Судан, најмногу во напади со дронови, соопшти денеска УНИЦЕФ. Судан од април 2023 година е во граѓанска војна меѓу државната војска и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ). Според податоците на УНИЦЕФ, војната сега е концентрирана во сојузните држави Кордофан, Дарфур и Сини Нил. Организацијата за деца на ОН додаде дека 60 отсто од жртвите настрадале во напади со ...
Еуролинк осигурување го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации. Одлуката беше разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува 20,5 милиони евра. Со докапитализацијата, вкупниот капитал на ...
Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во ...
Државите ширум Европа сè позабрзано инвестираат во обезбедување на критичните минерали неопходни за зелената транзиција. Велика Британија веќе најавува поддршка за отворање нови рудници за бакар и други стратешки суровини, предупредувајќи дека без домашно производство нема да може да ја задоволи идната побарувачка. Во Македонија, пак, и покрај значајните резерви на бакар, нови рударски капацитети сè уште нема. На локалитетот Иловица, според ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека од август ќе започне реализацијата на програмата „Месеци на практикантство“, чија цел е студентите да стекнат практично искуство преку работа во локалната самоуправа. Според информациите од партијата, програмата ќе се спроведува во текот на август и септември, во партнерство со државните универзитети. Иницијативата е дел од соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, ...
Американскиот Научен центар на Калифорнија (California Science Center) во Лос Анџелес објави дека последниот вселенски брод на НАСА, „Ендевор“ (Endeavour) ќе биде изложен во надградена поставка во Воздухопловно-вселенскиот центар „Семјуел Ошин“, почнувајќи од 13 ноември оваа година. Новиот дел од научниот музеј, со површина од 18.600 квадратни метри, ќе биде дом на култниот шатл, заедно со колекција од 100 експонати, вклучувајќи избор на ...
Првиот глобален дијалог за управување со вештачката интелигенција свечено беше отворен денеска во Женева, а генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, истакна дека на интернетот му биле потребни дури 15 години за да достигне милијарда корисници, додека ВИ го постигнала тоа за само две години, што е показател за тоа колку таа денес го менува и го обликува светот. – Прашањето е дали заедно ќе ја обликуваме таа трансформација ...
Кинеската платформа за онлајн купување „Тему“ за само три години се искачи меѓу петте најголеми интернет-продавници во Швајцарија, покажува најновото годишно истражување на консултантската компанија „Карпатија“. Според проценките за 2025 година, платформата остварила приходи од околу една милијарда швајцарски франци (приближно 1,09 милијарди евра), што претставува исклучително брз раст од нејзиното појавување на швајцарскиот пазар во април ...