Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Утрово, машинскиот персонал во Грција започна 24-часовен протест поради разрешувањето на тројца нивни соработници од фирмата „Хеленик Трејн“, што предизвика прекин на железничкиот сообраќај низ државата, пренесе дописникот на МИА од Атина. Од здружението на машинскиот персонал на Грција изјавија дека компанијата „без никакво предупредување во август отпушти тројца искусни машиновозачи“ кои, според нив, имале преку 42 години работен стаж и ...
Над 75% од децата во училишна возраст во Судан не се присутни на настава, објави денес организацијата „Спасете ги децата“. Ново истражување спроведено од оваа невладина организација покажува дека фрапантни 13 милиони деца не посетуваат училиште, од вкупно 17 милиони деца на училишна возраст во државата. Ова ја истакнува една од најтешките образовни кризи на глобално ниво. Приближно седум милиони ученици кои се регистрирани во училиштата се ...
Американската компанија „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“ објавија за заедничко учество на јавниот повик од Министерството за животна средина и енергија на Грција за истражување и експлоатација на јаглеводороди во четири офшор блокови јужно од Пелопонез и јужно од Крит, извести дописникот на МИА од Атина. Во врска со доставената понуда, министерот за животна средина и енергија, Ставрос Папаставру, изјави дека “се отвора ново поглавје за ...
Јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 привршува на полноќ, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, истекува и крајниот рок за доставување на кандидатските листи за градоначалници и советници до општинските изборни комисии (ОИК). Граѓаните можат да извршат увид во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и на нивната официјална веб-страница. Преку електронската адреса upisis@sec.mk можат да достават ...
Компанијата Еуроимпекс, генерален увозник на францускиот автомобилски бренд Peugeot за регионот, оваа година одбележува 35 години успешно работење и присутност на пазарот. Во текот на овој период, компанијата изгради репутација на сигурен и модерен партнер кој не само што нуди автомобили со врвен квалитет, туку и поставува стандарди во постпродажната грижа и услугата кон своите клиенти. Еуроимпекс својата приказна ја започна во 1990 година со ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари средба со младиот информатичар, Владимир Грчев, кој неодамна триумфираше со златен медал на Европската олимпијада по информатика за млади (EJOI), која се одржа во Шумен, Бугарија. Според информациите од Министерството за дигитална трансформација, Владимир Грчев е првокурсен ученик во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје, родум од Кочани и претставува еден од ...
Депонијата „Вардариште“ не е продукт на оваа Влада во изминатите 15 месеци. Таа се создавала 35 години, а можеби и подолго, но ние ќе го решиме проблемот. Ќе ја уредиме и депонијата „Дрисла“, ќе ја средиме и ќе изгледа како модерна европска депонија со фабрика која ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот. Тоа го вети денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина ...
Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) планира да имплементира вештачка интелигенција во процесот на масовна обработка на документи и други дејности. Оваа иновација се очекува да им овозможи на корисниците и вработените во Фондот побрз пристап до потребните информации, како и намалување на административните процедури. Фондот распиша тендер за воведување на систем базиран на вештачка интелигенција, а предвидената вредност на ...
Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело. Со Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи заменик претседателот на Владата за политики за добро владеење, Арбен ...
Ноќта на бакарно-црвената месечина, со моќните настапи на Џекс Џонс, Бејби Лазања, Бајага и Инструктори, Александра Јанева и БДМ, ја донесе спектакуларната „Get EXITed“ забава во Струмица во Големиот градски парк, во заеднички ритам кој ги обедини генерациите. Духот на ЕГЗИТ и овојпат, во градот на тромеѓето, донесе посетители од Бугарија, Грција, Србија, Македонија и целиот регион, и по четврти пат ја направи Струмица место за собир во добра ...
Во текот на месец ноември, секој белгиски граѓанин на возраст од 17 години ќе добие писма со информации за можностите за доброволно ангажирање во составот на Вооружените сили на Белгија, објави белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен. Целта на овој потфат е да ги мотивира младите луѓе да се одлучат за доброволно отслужување на воена служба со времетраење од една година. Оваа иницијатива претставува дел од стратегијата на Франкен за ...
Институтот за социологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје одбележува значаен, 50-годишен јубилеј со меѓународна научна конференција, на која учествуваат приближно 30 експерти од земјата и од странство. Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, пред почетокот на собирот нагласи дека се работи за важен момент: “Го одбележуваме достоинствено, со голема меѓународна конференција на која ...
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ја посети фабриката на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во саботата изби голем пожар во погоните и магацините на фабриката. Пожарот нанесе голема штета и уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката која е една од најголемите производни капацитети во Македонија. На средбата со извршниот директор на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов, заменик-министерот Ристески кажа ...
Вчера, на 9 септември 2025 година, во Стопанската комора се одржа работна средба со француската компанија Буиг (Bouygues). Високите претставници на компанијата изразија интерес и подготвеност на Буиг да учествува во изградбата на големи инфраструктурни проекти во Македонија, како изградбата на железницата и клиничките центри. Компанијата Буиг со диверсифицирано портфолио во секторите градежништво, енергетика, телекомуникации и медиуми, со над ...
Министерството за правда извести дека денес се одржа конститутивната седница на Советот за следење на реформите во правосудството. Овој совет има мандат да го надгледува спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудството (2024-2028) со Акциски план и Реформската агенда 2024-2027 во делот 5 Фундаментални вредности/Владеење на правото. Министерот за правда, Игор Филков, кој раководеше со седницата, истакна дека со ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Горан Ангеловски, денес порачаа дека сигурноста во сообраќајот е нивен значаен приоритет, при предавањето на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ од 310 кубни сантиметри во полициска верзија и 23 комплети опрема за возачи. Министерот Тошковски нагласи: “Со денешниот настан ја ...
Се уште е присутен пожарот на сметлиштето Дрисла, кој започна вчера во 15:15 часот. Во главниот дел на депонијата гори голема количина смет, од што се ослободува густ дим кој се забележува и во поширокото подрачје, соопшти денес Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во интервенцијата за гаснење на пожарот учествуваат седум пожарникари со две возила за гаснење пожар од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. “Пожарот не се шири и не ...
Обезбеден е проект за итна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од 2,5 милиони денари, кој ќе биде реализиран до крајот на тековната година. Паралелно со тоа, НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за комплетна обнова и конзервација на целиот комплекс, информираше денеска на прес-конференција владиниот гласноговорник Марија Митева. Митева најави дека проектот ќе биде завршен до средината на идната година, по што Министерството за ...
Министерството за здравство и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги во јавните здравствени установи. Со овој документ се воспоставува рамка за заемна поддршка, која овозможува вклучување на медицински кадар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во јавните здравствени институции, особено во ситуации на зголемени потреби, недостиг на ...
Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас! Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе стане дом на Startup Revolution Summit.ai – четиридневен регионален настан кој ќе ги собере на едно место визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција. Во организација на Стартап Клуб Скопје, самитот ќе донесе над 1000 учесници од целиот регион – стартапи, инвеститори, истражувачи, студенти, фриленсери и AI ...
Прегледот на крипто пазарот за август 2025 покажува созревање на крипто екосистемот: алткоините заземаат сè поголем замав, стабилните коини сè подлабоко се интегрираат во финансискиот систем, а DeFi кредитирањето се шири со користење од страна на институциите. Краткорочната нестабилност може да продолжи, но долгорочната насока на криптото укажува на поширока употреба, поголема регулаторна јасност и интеграција со традиционалните финансиски ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им наложи на американските агенции за јавно здравје да дадат приоритет на испитувањата за несаканите последици од вакцините, употребата на лекови кои се издаваат на рецепт и причините за аутизмот, во новиот извештај „Направете ја Америка повторно здрава“ објавен синоќа, а фокусиран на децата, пренесе Бета. Извештајот од 20 страници, креиран под водство на секретарот за здравство и ...
Грција се очекува да прими сума која достигнува 788 милиони евра од механизмот САФЕ, новиот финансиски инструмент на Европската Унија за обезбедување заеми за олеснување на зајакнувањето на европските одбранбени трошоци, пишува грчкиот весник „Катимерини“ и додава дека ЕК вчера ја одобри привремената финансиска помош за земјите-членки, пренесе дописничката на МИА од Атина. Кон крајот на јули годинава, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави ...
Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги. Сите ...
Денеска, собраниската комисија за надзор над функционирањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) ќе одржи седница. На дневниот ред е предлогот за заклучок за спроведување надзор над работата на АНБ. Претседавањето со комисијата е предвидено да го води претседателот на комисијата, Скендер Реџепи, согласно договорот постигнат од членовите на комисијата. За ова е известен и претседателот на Собранието, ...
Јавниот преглед на информациите од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува крајниот рок за доставување на листите со кандидати за градоначалници и за советници. Изборната кампања за локалните избори, планирани за 19 октомври, ќе започне на 29 септември. Гласањето ќе се одвива во 80 општини и во Градот Скопје, на 3480 избирачки места. Граѓаните имаат можност да ...
Поради израелскиот напад во Доха, американскиот претседател Доналд Трамп изрази дека се чувствува „многу лошо“, потенцирајќи дека го смета Катар за „силен сојузник и пријател“ на САД. „Сакам СИТЕ заложници и телата на загинатите да бидат веднаш ослободени, и оваа војна да заврши, СЕГА! По нападот, разговарав со премиерот Нетанјаху. Премиерот ми рече дека сака мир. Верувам дека овој несреќен инцидент може да послужи како можност за МИР“, напиша ...
Американската инвестициска банка Голдман Сакс денеска обелодени дека ќе го преземе раководењето со пензиските фондови на британскиот енергетски колос Шел во вкупна вредност од 40 милијарди долари. Спогодбата опфаќа трансфер на менаџирањето на имотот на европските пензиски шеми на Шел, како и советодавни услуги за областа на Северна Америка. Префрлањето на имотот ќе се реализира до крајот на годината, а мандатот подразбира и јавни и приватни ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, адресираше писмо до Европската Унија, во кое бара рефундирање на трошоците на Унгарија за обезбедување на нејзините граници. Орбан нагласи дека државата превенирала влез на повеќе од милион илегални мигранти од 2015 година, а сепак се соочува со дневни казни од милион евра од страна на Брисел, објави хрватскиот портал Индекс. Според написот објавен синоќа, претседателката на Европската комисија, Урсула фон ...
Од оваа сабота, па натаму, секоја сабота, метрото, трамваите и десет автобуски линии во Атина ќе функционираат деноноќно, за разлика од досегашната пракса кога работеа до полноќ. Оваа мерка има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да се враќаат дома без да користат автомобили, пренесе дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Константинос Киранакис, кој е одговорен за јавниот превоз, ...