Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе биде домаќин на катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани во неговиот голф-центар во Бедминстер, во североисточниот дел на Њу Џерси, објави Белата куќа. Состанокот доаѓа три дена по нападот на Израел врз водачите на палестинското исламистичко движење Хамас, кои се собраа во станбен комплекс во Доха, главниот град на Катар. Израел предизвика незадоволство кај многу сојузници откако го ...

Растот на цените, инфлацијата и економијата се главните проблеми за грчките граѓани, заедно со порастот од 56,6 и 30 проценти. Според резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од агенцијата „Opinion Poll“ за грчката телевизија „Action 24“, тие не се премногу задоволни од мерките кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги објави во Солун. Анкетата беше спроведена по обраќањето на грчкиот премиер на Меѓународниот саем во Солун минатата ...

Политичката атмосфера во САД е во состојба на зголемена тензија, а стравувањата за сигурноста ескалираат низ целата држава откако конзервативниот активист Чарли Кирк беше убиен на универзитет во Јута, објави Би-Би-Си. Поради инцидентот, безбедносните тимови на претседателот Доналд Трамп ја сменија локацијата на неговиот говор во чест на нападите од 11 септември 2001 година, и ја зајакнуваат безбедноста на бејзбол натпреварот во Њујорк на кој ...

Поддршка за трчањето и заедништвото на НЛБ Љубљанскиот маратон 2025 Како членкa на силната регионална НЛБ Групација, НЛБ Банка Скопје гордо го поддржува еден од најголемите спортски настани во регионот на Југоисточна Европа – НЛБ Љубљанскиот маратон. Овој маратон не е само спортска трка, туку претставува симбол на упорност, енергија и поврзување помеѓу луѓето. На 18 и 19 октомври 2025 година, Љубљана повторно ќе биде во знакот на трчањето, а ...

Уште само една недела нè дели од почетокот на Weekend.18, најголемиот регионален фестивал за комуникации, медиуми и бизнис. Од 18 до 21 септември нè очекува полнолетното издание на фестивалот во кое под еден покрив се собираат шест тематски целини: Weekend.18, HR.Weekend, AI.Weekend, Finance.Weekend, како и премиерните изданија на Investment.Weekend и Energy.Weekend, а една влезница важи за сите. „Од поскромни почетоци до денес, Weekend Media ...

Оваа година винарската визба „Тиквеш“ одбележува 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци – јубилеј кој го потврдува континуитетот на македонската винска традиција, но и модерната визија и лидерство на компанијата. Денес ВВ „Тиквеш“ е препознаен како регионален лидер и глобално афирмиран бренд, благодарение на стратешката трансформација и инвестициите насочени кон целосна модернизација, дигитализација и создавање вина со ...

Минималната плата се утврдува според економскиот прогрес, порастот на продуктивноста и нивото на трошоците за живот. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во одговор на пратеничко прашање изјави дека: “Ад хок предлог за зголемување без економска покрепа и без да се направи анализа ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата”. Како последица на ова, дополни тој, ќе следи отпуштање на ...

Јавното претпријатие Дрисла денес, преку писмено известување, упати повик до Министерството за внатрешни работи да ги пронајде и казни подметнувачите на пожарите во депонијата, за кои, според нив, постојат претпоставки дека се политички предизвикани. Од Дрисла наведуваат дека работат во согласност со утврдените процедури и прописи и дека тие не се причина за контаминацијата. “Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон ...

Во средата на 10.9.2025 година, првата приватна македонска компанија со дејност од автомобилската индустрија „Еуроимпекс“, прослави јубилеј од 35 години успешно стопанисување. Свеченоста беше посветена на тимот вработени на компанијата, а забавата ќе остане долго да се зборува и да се памти… „Еуроимпекс“ започнува со работа во 1990 година, кога во Македонија немаше ниту една приватна компанија за продажба на автомобили. Тие беа први. ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 12 септември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 112,53 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 102,62 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 68,57 евра за мегават час, а на MEMO 61,33 евра. Цената на ...

На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, а која се одржа на 10-ти септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“. Оваа награда која што е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Михал Харари, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на Швајцарија и со претставници на Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева, на која се разговараше за давање поддршка за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон Европската Унија. Во рамките на разговорите беше истакната поддршката што Институтот ја дава преку ...

Одбројувањето започна! На 5 октомври Скопје повторно ќе живее во ритамот на најголемиот спортски настан во земјата – Виз Ер Скопски маратон 2025. Доколку се уште не сте се пријавиле, имате уште малку време тоа да го направите. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од еуфоријата, адреналинот и незаборавната енергија што ја носи Виз Ер Скопски маратон. Регистрациите се отворени до 19 септември, што значи дека остануваат уште само седум дена да ...

Албанската Влада ќе биде првата во светот со министерка креирана со вештачка интелигенција. Таа е седумнаесетти член на новиот владин состав „Рама4“. Премиерот на Албанија, Еди Рама, на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја презентираше првата министерка во историјата, создадена со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го започнува својот четврти мандат, посочи дека Диела, што на албански јазик значи Сонце, ...

Трети држави кои не се дел од ЕУ имаат право да учествуваат во проекти кои се финансирани преку инструментот Безбедносна акција за Европа (САФЕ), изјави Тома Рение, портпарол на Европската комисија за технолошки суверенитет, одбрана, вселена и истражување. Рение појасни: “На трети земји им е дозволено да учествуваат во САФЕ. Дозволено им е да бидат вклучени во национални инвестициски проекти што ќе ги достават земјите членки, со учество до ...

Со цел да се поттикне подинамично учество на локалните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на капитал и инвестирање на населението во акции издадени од домашни компании кои котираат на Македонската берза, односно унапредување на знаењето за овие финансиски инструменти и усовршување на инвестициската култура во нашата земја, Берзата денес по шести пат го организира настанот „Инвеститорски ден“. “Оваа иницијатива ја прифатија и во неа ...

Денес, во организација на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе се одржи работна средба со претставници на најголемите синџири на маркети, дистрибутери, Советот на странски инвеститори, како и претставници од здруженијата. Целта е да се даде поддршка на компанијата Макпрогрес – Виница, по неодамнешниот пожар кој нанесе значителна штета на дел од имотот и производствените капацитети. Во соопштението од ...

Во Скопје, Тетово, Штип и Битола се забележува зголемување на трошоците за наем на апартмани, особено во централните градски зони. Во одредени делови на Скопје, оваа година цените се зголемија за 10 до 15 проценти, како што беше соопштено за МИА од страна на Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија. Побарувачката за недвижнини, како што истакнуваат, останува константна, особено во урбаните средини како ...

Владата на Србија ја одобри Одлуката за покачување на најниската саатница од 1 јануари 2026 година на 371 динар, со што најниската месечна исплата ќе достигне 64,554 динари, односно, како што е наведено, 551 евро. Најниската цена на работата, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се одредува по саат без данок и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната година, а се применува од 1 јануари ...

Претседателот на владејачките албански социјалисти и кандидат за премиер, Еди Рама, на состанок на Националниот конгрес на партијата, побара итно отстранување од функцијата на Ерион Велиај, актуелниот градоначалник кој е во притвор поради корупција. Како предлог за кандидат за градоначалник на главниот град на претстојните вонредни избори, ја предложи министерката за образование, Огерта Манастирлиу, што значи дека таа нема да биде дел од новиот ...

Околу стотина интернационални медиумски куќи и новински агенции денес апелираа до американската влада да ја повлече намерата за редуцирање на периодот на важење на визите за странските новинари во САД, бидејќи тоа “би ги поткопало обемот и квалитетот на известувањето” за државата. “Ова ќе му наштети на глобалниот углед на Америка, наместо да го зајакне”, напишаа потписниците на отвореното писмо, меѓу кои се Би-Би-Си (Велика Британија), ЗДФ ...

Системот за влез и излез на Европската Унија ќе започне со постепен старт од 12 октомври. Оваа одлука е чекор што се презема со цел да се зајакне сигурноста на сите точки за влез во ЕУ. Евроамбасадорот Михалис Рокас денес изјави дека имплементацијата ќе биде постепена, но исто така ќе го упрости процесот на влез во ЕУ. “Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ”, рече Рокас. Во пракса, како што објасни Рокас, тоа имплицира ...

Европскиот парламент даде конечно одобрување за модификациите во актуелниот циклус на финансирање на кохезивната и социјалната политика на ЕУ, како одговор на новите предизвици и приоритети на Унијата. Пратениците во Европскиот парламент со 440 гласа „за“, 168 „против“ и 52 „воздржани“ го поддржаа пренасочувањето на финансиските средства од Европскиот фонд за регионален развој, Кохезивниот фонд и Фондот за праведна транзиција, а со 453 гласа ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа инвестициите во културата, плановите за реновирање на постоечките или изградба на нови театри, изјави: „Апсолутно, како и во секоја друга област во државата, така и во културата имаме навистина инвестиции, коишто би рекол, се историски. Тука пред сѐ мислам и на инвестицијата на театарот во Струмица којшто ...

Европската комисија ја реализираше осмата рата од својот заем за макрофинансиска асистенција за Украина во вредност од една милијарда евра. Со ова, целосната помош на ЕУ за државата од почетокот на руската офанзива се искачи на над 17 милијарди евра. Вкупната вредност на кредитот изнесува 18,1 милијарди евра, како дел од пакетот заеми на Г7 за итно забрзување на приходите на Украина (ЕРА), кој има за цел да обезбеди околу 45 милијарди евра ...

Синдикатите во Република Кипар организираа денешен тричасовен општ штрајк од 11 до 14 часот, што ќе предизвика одложувања на прегледи и хируршки интервенции во болниците, тешкотии во авионскиот и јавниот превоз, како и затворање на училиштата, извести дописникот на МИА од Атина. Причината за штрајкот е барањето на синдикатите за целосна имплементација на механизмот АТА, односно автоматско усогласување на платите со инфлацијата, односно ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ќе побара од релевантните институции да спроведат дополнителни анализи на составот на отпадните води кои се генерираат на депонијата Дрисла, со цел да се утврди степенот на нивната опасност. Тој истакна дека по завршувањето на изборите ќе се започне со дефинитивно решавање на ситуацијата со депониите Дрисла и Вардариште. На денешната прес-конференција во Центарот за управување ...

Агенцијата за електронски комуникации соопшти дека е окончена процедурата по јавниот конкурс за доделување радиофреквенции за трет мобилен оператор во земјата, на кој единствен кандидат беше „Оне Македонија телекомуникации“, во сопственост на унгарската компанија „Фор-ај-џи“. По донесувањето на решението за завршување на постапката, директорот на АЕК, по завршувањето на Локалните избори закажани за 19-ти наредниот месец, треба да донесе одлука ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко. На средбата беа разменети мислења за актуелните економски движења во светот, предизвиците со кои се соочуваат централните банки при зголемена неизвесност, како и искуствата од спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност. Посебен акцент беше ставен ...

Новиот видео спот на Телеком веднаш го привлече вниманието на медиумите и јавноста, кои позитивно ја прифатија пораката за отфрлање на предрасудите. Видеото „Никој не се раѓа со предрасуди, тие се учат“ е продолжување на комуникациската платформа #НаправиМесто, која Телеком ја започна лани, за да поттикне отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за целосно да се поврземе. Снимањето на видеото се случуваше во градинката „Пролет”, во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
82%
1017
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.42
94%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
84%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
82%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.26
92%
1020
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
73%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
94%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60216

Currency

1.26054