Собранието денеска треба да ја продолжи работата по 104. седница, по чие завршување е предвидено да се одржи и продолжението на 108. седница. На дневен ред на 104. седница се Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во прво читање, како и Предлог-законот за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка. По завршување на оваа седница, ...

Во Министерството за животна средина денеска ќе се одржи јавна расправа посветена на постапката за издавање нова А-интегрирана еколошка дозвола за Цементарница УСЈЕ, документ што ќе ги утврди условите под кои компанијата ќе работи во наредниот седумгодишен период. На расправата се очекува да учествуваат претставници на институциите, компанијата, стручната јавност, еколошките организации и заинтересирани граѓани, кои ќе имаат можност да ги ...

Германската влада подготвува измени во системот за боледување со кои се предвидува укинување на можноста отсуството од работа да се отвора преку телефонски преглед. Според најавите, работниците во иднина ќе треба да обезбедат лекарска потврда уште од првиот ден кога ќе отсуствуваат од работа. Мерката е дел од пошироките напори на Берлин за намалување на злоупотребите на системот и ограничување на економските загуби што произлегуваат од ...

Силното невреме што го зафати Скопје не предизвика штета само на инфраструктурата и домовите. Меѓу погодените е и издавачката куќа „Антолог“, каде што поплавените магацински простории резултираа со уништување на голем број книги, опрема, возило и друг инвентар. Иако материјалната штета е значителна, последиците за издавачката дејност се далеку пошироки. Секоја уништена книга претставува резултат на долг процес што вклучува авторска работа, ...

Јавниот долг во првиот квартал од 2026 година изнесува 58,9 проценти од БДП, што е под нивото при преземањето на мандатот со проекциите кои ги имаше претходната влада Тоа е суштинската разлика во начинот на кој ги водиме јавните финансии Ние не создаваме дефицит за тековна потрошувачка, создаваме простор за инвестиции што ќе генерираат нов економски раст, рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во отчетот за ...

Прашањето за идните реформи во пензискиот систем повторно е актуелно, но од Министерството за финансии уверуваат дека во овој момент не е донесена никаква одлука за промена на условите за пензионирање, ниту за евентуално зголемување на старосната граница. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, појасни дека Владата дала согласност Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка да изработат детална анализа на состојбата во ...

Цените на суровата нафта продолжија да се намалуваат на меѓународните берзи, при што референтната цена на барелот повторно се спушти под границата од 71 долар. Аналитичарите оценуваат дека главна причина за ваквиот тренд се подобрените услови за испорака на нафта од Персискиот Залив и очекувањата за поголема понуда на светскиот пазар. На лондонската берза, барелот од типот „Брент“ се тргуваше за околу 70,8 долари, додека американската сурова ...

Заради зајакување на транспаретноста и градење на црвсти релации со јавноста и со сите засегнати страни, од денес е достапен новиот портал за животна средина на ТИТАН Усје https://envi-platform.usje.mk/mk/ . На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали. Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, ...

Холандската европратеничка Тинеке Стрик, која ја предводеше мисијата на ЕП за утврдување факти во Албанија, изјави дека албанското раководство „си игра со оган“ инсистирајќи на проект вреден 1,4 милијарди евра, кој, според неа, дека ќе го уништи недопрениот брег Таа во интервју за „Гардијан“ изјави: „Ако премиерот Рама е навистина сериозен во врска со своите амбиции за влез во ЕУ, треба да се откаже од овој курс и да му каже на кланот Трамп: ...

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска објави дека во јуни е забележан нов врв во прибирањето на месечни царински приходи. На прес-конференција во Владата, Николовски нагласи дека приходите од царини во јуни се повисоки за повеќе од 20 милиони евра во споредба со истиот период лани. Исто така, кумулативно, приходите од царински давачки за првите шест месеци од годинава се одлични. „Во јуни поставивме нов рекорд од ...

Тел Авив, 2 јули 2026 (МИА) – Денеска се навршуваат 1000 денови од конфликтот во Појасот Газа, кој избувна по нападот на Израел од страна на палестинската вооружена група Хамас на 7 октомври 2023 година. Во досегашните борби загинаа над 73,000 лица. Во регионот се води војна во Иран и постојат непрестајни судири во Либан, а не е постигнато стабилно и целосно примирје. Често доаѓа до кршење на привремените договори. Неизвесната иднина на ...

На редовната седница, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година. Според Извештајот, во првиот квартал од 2026 година, банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови, како што покажуваат резултатите од спроведените стрес-тестови. Кредитирањето и депозитната ...

Во овој момент, забележавме рекордно ниска стапка на невработеност од осамостојувањето на Република Македонија, истакна денеска од Штип заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, одговарајќи на новинарски прашања во врска со актуелната состојба со невработеноста во државата. Ристески потенцираше дека кога оваа Влада дојде на власт, затекна околу 100,000 невработени лица, додека денес оваа бројка изнесува приближно 86,000. ...

Дурмиши пред реконструкцијата: Најважни се резултатите, а не функциите Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши изјави дека одлуките околу владината реконструкција се во надлежност на лидерите на коалициските партнери, нагласувајќи дека министерските позиции не треба да се гледаат како трајни функции. Одговарајќи на новинарски прашања, Дурмиши рече дека негов приоритет е реализацијата на проектите и исполнувањето на обврските кон ...

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на ...

„Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на САД во земјава денеска промовираше поштенска марка по повод 250 години од независноста на Соединетите Американски Држави. Поштенската марка не е само филателистичка вредност, туку и симбол на пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, беше посочено на промоцијата. – Двесте и педесетгодишнината од американската независност не е само јубилеј на една ...

Поминаа две години од управувањето со јавните финансии, две години во тешки економски услови, глобални неизвесности и огромни фискалани предизвици Но, и две години во кои направивме свесен избор – избор за дисциплина, за фискална одговорност и за долгорочни решенија, наместо краткорочен популизам Во овие две години макроекономските резултати се повеќе од јасни: македонската економија во овој период бележи стабилно закрепнување и континуиран ...

Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 ...

Македонското рударство се соочува со сериозен предизвик. Производството опаѓа, бројот на рудари се намалува, а дел од активните рудници веќе се приближуваат кон крајот на својот работен век. Според најновите статистички податоци, индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во мај бележи пад од 3,6 проценти на годишно ниво. Наместо нов инвестициски циклус, државата останува без нови рудници што би ја замениле ...

Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, и Cineplexx лансираат нова активација во Македонија под името „Светла, камера, крипто!“, давајќи им можност на посетителите на киното да го откријат светот на криптовалутите на едноставен и достапен начин, а воедно да освојат и вистински награди. Станува збор за прва соработка од ваков тип меѓу Binance и кино-мрежата во Балканскиот регион, а кампањата комбинира ...

Советот на странски инвеститори изрази задоволство од вчерашното донесување на измените на Законот за царинска тарифа, со кои дополнително ќе се редуцираат царинските стапки за 70 артикли, кои се користат како сировини, репроматеријали и компоненти во преработувачката индустрија. Ова намалување на царините претставува синхронизација со стапките кои се применуваат во Европската Унија. Во изминатиот период, Советот на странски инвеститори ...

Скопје, 2 јули 2026 (МИА) – Одличната билатерална врска и заедничката одлучност за нејзино понатамошно зацврстување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните зафати и зелената трансформација, беа потврдени на денешната работна средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и шведскиот амбасадор, Ола Солстром. Во центарот на дискусиите, информираат од МЕРМС, беа можностите за унапредување ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да го продолжи трговскиот договор на САД со Мексико и Канада, започнувајќи деценија долг период за укинување на северноамериканскиот трговски договор, додека бара промени за враќање на производството во својата земја. Одлуката, објавена по шестгодишна ревизија на договорот меѓу САД, Мексико и Канада, го одржува договорот на сила уште 10 години со годишни ревизии пред да ...

Лидерите на владејачката коалиција во Германија вчера постигнаа договор за пакетот реформи по 7,5 часа разговори, изјави доцна синоќа за ДПА извор запознаен со преговорите. Големината и обемот на пакетот засега остануваат нејасни. Лидерите на конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц – составен од Христијанско-демократската унија (CDU) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (CSU) – и ...

САД и Иран постигнаа напредок во индиректните разговори, наведуваат медијаторите Катар и Пакистан. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, доцна синоќа изјави дека е постигнат „позитивен напредок“ по прашањата поврзани со рамковниот договор постигнат пред две недели за завршување на војната во Иран, јавува ДПА. Разговорите во главниот град на Катар, Доха, се одржаа одделно со преговарачите од двете ...

АЛТА банка АД Белград дополнително го зголеми своето сопственичко учество во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со уште 40 обични акции. Според информацијата објавена преку Македонската берза, по последната трансакција банката од Белград располага со вкупно 372.114 обични акции, што претставува 95,1754 проценти од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола. Објавата е направена согласно правилата за транспарентност на ...

Собраниската расправа за измените на Изборниот законик започна во атмосфера на остри политички несогласувања, откако опозицијата поднесе повеќе од 13.500 амандмани, што се очекува значително да ја продолжи дебатата. Премиерот изјави дека претходно постоел договор меѓу политичките партии околу предложените законски измени, но според него, опозицијата подоцна ја променила својата позиција и се решила за амандманска блокада. Од друга страна, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. -Дежурните екипи се постојано на терен и ги ...

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова на 2 јули денеска ќе ја посетат Агенцијата за вработување – Штип. Според Општина Штип, целта на посетата е да се изврши увид во поднесените апликации во рамки на ...

Денеска низ поголем дел од државата се очекува променливо облачно и нестабилно време, проследено со локални врнежи од дожд и грмежи. Според прогнозата, на одделни места атмосферските процеси ќе бидат поизразени, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за краткотрајно невреме. Локално се очекуваат врнежи поголеми од 15 литри на квадратен метар, како и засилени налети на ветер што може да надминат 60 километри на час. Во делови од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07