Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) планира да го редуцира својот фонд за речиси една петина поради “финансиски ограничувања”, според предлог-финансискиот план за 2026 година, објавен денес. Буџетот на УНХЦР за 2026 година изнесува 8,5 милијарди долари, што претставува намалување од 1,7 милијарди долари во однос на тековниот годишен буџет од 10,2 милијарди долари. Како резултат на намалениот фонд, УНХЦР планира да ја ...
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, денес соопшти дека стационирањето на американска војска во Карипското Море претставува опасност за неговата држава. “Венецуела се соочува со најголемата закана, што нашиот континент ја видел во изминатите сто години – осум бродови со 1,200 ракети и подморница се насочени кон Венецуела”, изјави Мадуро. Тој потенцираше дека тоа е “неоправдана, неморална, апсолутно криминална и крвава закана”. Мадуро ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денес ја одобри поддршката за обезбедување на заем од 15 милиони евра како додатно финансирање, со што ќе се овозможи реализација на Проектот за подобрување на основното образование. Предлог-законот за задолжување на државата преку заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, според Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, ...
Започнуваат едукациите за професорите, кои од вториот семестар во секој наставен предмет ќе ја имплементираат и ќе ги обучуваат учениците за вештачката интелигенција. Во моментов ќе се едуцира репрезентативен примерок на професори од едно училиште, по што овие професори понатаму ќе треба да ја прошират мрежата за едуцирање на професорите, објави денес министерката за образование и наука, Весна Јаневска од Општина Кисела Вода, каде што ...
Најмладите и наставниците сакам да ги советувам две работи. Ова се години кога учите за две исклучително значајни вредности, а тоа се семејството и татковината, нашата Македонија. Уверен сум дека наставниците ќе ги пренесат на вистински начин и во вистински дух вредностите кои најмладите првачиња треба да ги научат за своето семејство, за мама, за тато, за даде и за бато, но исто така и за она што се нарекува татковина, нашата преубава ...
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ Групацијата. Нејзината кариера е обележана со врвни резултати, признанија за иновативност во 2022 и 2024 ...
Во јули годинава, стапката на невработеност во ЕУ беше 5,9 проценти, што според Евростат претставува пад во однос на јуни, како и во споредба со истиот месец минатата година, кога невработеноста беше 6,0 проценти. Во еврозоната, стапката на невработеност во јули изнесуваше 6,2 проценти, што е намалување во однос на претходниот месец кога беше 6,3 проценти. На годишно ниво – од јули 2025 до јули 2024 година – стапката на невработеност во ...
Во рамките на „Museumuferfest” во Франкфурт, настан кој секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот свет, Министерството за култура и туризам успешно ја промовираше Македонија како врвна европска дестинација. Македонија беше претставена како држава со автентична култура, недопрена природа, примамлива гастрономија, земја која има врски со светот, за што зборуваат и податоците – во првите пет месеци од ...
Денес, во Босна и Херцеговина, автопревозниците започнаа демонстрации со блокади на сообраќајници, царински терминали и гранични премини, предизвикувајќи големи сообраќајни застои, особено во главниот град Сараево, информираа од Логистичкиот Конзорциум на БиХ. Главниот координатор на Конзорциумот, Велибор Пеулиќ, изјави дека досега немало инциденти, но се евидентирани зголемени метежи на влезовите во градовите, каде што е нарушен синџирот на ...
Во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетите во аферата „Геријатрија“ денеска се произнесоа дека не се сметаат за виновни за кривичните дела кои им се припишуваат. Мухсин Арифи, управител на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, е гонет за земање мито, додека Блерим Амити е обвинет за примање награда за незаконско влијание. Според обвинителниот акт, Арифи побарувал финансиска корист од 20.000 евра со цел да ...
Колку и да е убава една дестинација, ако никој не знае за неа, таа останува само скриено богатство, а не туристички производ. Туристите нема да дојдат ако не ги заинтересираме и повикаме, ако немаме стратешка, креативна и континуирана промоција. Нема да дојдат не затоа што немаме што да понудиме, туку затоа што живееме во свет на внимание и алгоритми, во кој прво се „купува“ вниманието, па дури потоа патувањето. Ништо не се случува случајно! Не ...
По успешниот прв дел од фестивалот во август, кој ја опфати скопската општина Кисела Вода, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово, Баскерфест 2025 продолжува со своето 15. јубилејно издание низ Македонија. Од 1 до 6 септември, фестивалот ќе гостува на шест локации во три градови, односно од 1 до 4 септември, домаќини на баскерџиите ќе бидат четири скопски општини. Денеска, уметничкиот караван ќе се претстави на плоштадот во општина ...
Согласно Одлуката за имплементација на Европската комисија за одобрување на првото пуштање во оптек на парични средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, одобрена е првата исплата на финансиски средства за нашата држава во висина од осум милиони евра. Со оваа Одлука, информираше денес Министерството за европски прашања, одобрени се 2,3 милиони евра како безусловна помош и 2 милиони ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес ја започнува својата тринеделна обиколка низ земјите членки на ЕУ, именувана како „Тура низ главните градови“. Нејзината намера е да оствари размена на гледишта со шефовите на држави или влади на членките на Унијата, во врска со состојбата во блокот и подготовките за претстојните самити. „Во текот на следните три недели ќе патувам низ Европа и ќе се среќавам со лидерите на ЕУ во нивните ...
Според извештајот на Институтот за економија и мир (IEP), Северна Македонија се наоѓа на 51. место на Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година, со резултат од 1,799. Ова претставува регрес од четири позиции во споредба со претходната година. Оваа позиција ја сместува државата во централниот дел на листата која опфаќа 163 земји ширум светот, во рамките на регионот Западна и Централна Европа. Регионот останува најбезбеден во светот, иако ...
Министерството за образование и наука (МОН) им честита успешна школска година на сите професори и стручни работници, на учениците и нивните фамилии. “Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели”, порачуваат од МОН. Ги поттикнуваме учениците со љубопитност да одат по патеката на знаењето, кое претставува најсилна алатка за успех што секој може да ја понесе со себе во текот на животот. “Да ...
Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%. „Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе ја посети Република Словенија, каде што ќе земе учество на Бледскиот стратешки форум. Во текот на форумот, Муцунски ќе има обраќање на панел-дискусијата на тема: „Нема регион за младите – време е за промени“, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Форумот ќе ги собере министрите за надворешни работи и младите стручњаци од ...
Во изминатите 70 тина дена, почнувајќи од 26 јуни, Битола повторно блесна како центар на културните случувања во државата. Општина Битола имаше чест да биде домаќин на низа настани кои ја славеа македонската музика, култура и традиција, кои отворија простор за младинска креативност, за театарска уметност, за врвни класични изведби и за содржини посветени на најмладите. Посебна гордост се настаните што оставија траен впечаток – како ...
Проширувањето на ЕУ ќе биде примарна тема на неформалниот состанок на министрите за европски прашања од 27-те земји членки на ЕУ и нивните колеги од државите од Западен Балкан, Молдавија, Турција и Украина, кој ќе се одржи денес и утре во Копенхаген. Според објавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот акцент на состанокот ќе биде ставен на различните аспекти на експанзијата на Европската Унија под наслов „Од Копенхаген преку Копенхаген ...
Германскиот министер за внатрешни работи, Александер Добринт, изјави дека зајакнатите гранични проверки ја намалиле илегалната миграција откако новата влада ја презеде функцијата во мај. “Од 8 мај досега, попречивме 12.000 нелегални преминувања,” рече Добринт за јавната телевизија АРД, надополнувајќи дека меѓу нив има приближно 660 лица кои побарале азил. Германија на 8 мај ги интензивираше претходните спорадични контроли на своите надворешни ...
В точно полноќ истекува крајниот рок за прибирање поддршка за самостојни кандидатури за Претстојните Локални избори 2025, кои се предвидени да се одржат на 19 октомври. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), до саботата се собираа потписи за кандидати за градоначалници во 16 општини, за вкупно 22 кандидати. Воедно, за советнички места се собираа потписи во 11 општини, за вкупно 12 листи. Потписи за кандидати за градоначалници ...
Група стручњаци од Турција, предводена од Бајрам Вардар, е ангажирана да го подготви развојниот Мастер план на кандидатот за градоначалник на Чаир, сегашниот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Во известувањето за медиумите, се истакнува дека нивното искуство во урбанистичко планирање, архитектура и просторно уредување се очекува да овозможи современ и одржлив визионерски пристап за општината. Се наведуваат и дел од ...
Две климатски активистки денеска ја испрскаа фасадата на црквата Саграда Фамилија во Барселона со црвена боја, демонстрирајќи против пасивноста во справувањето со климатската криза, за која екологистите тврдат дека е одговорна за шумските пожари што ја опустошија Шпанија. Во видео материјал објавен од здружението Futuro Vegetal на социјалните мрежи, се забележува како активистите се приведени од страна на обезбедувањето, откако го испрскаа ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес посочи дека рускиот претседател Владимир Путин претставува “предатор”, заради што е круцијално Европа да вложи во одбраната. “Тој е предатор. Од искуство знаеме дека може да се држи под контрола само со силно одвраќање.” “Мораме да го задржиме чувството на итност бидејќи знаеме дека Путин не се променил и дека нема да се промени”, рече таа при посетата на полско-белоруската ...
Норвешка ја избра британската понуда за набавка на идните фрегати, што претставува уште еден удар за француската поморска група Навал, која пред неколку дена веќе беше исклучена од мега-договорот за подморници во Канада. “Норвешка ќе купи британски фрегати за одбрана како дел од стратешкото партнерство со Велика Британија”, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стере на прес-конференција во Осло. Покрај Велика Британија, со фрегатите тип 26 ...
Албанскиот премиер, Еди Рама, преку објава на социјалните мрежи, даде соопштение за старт на операцијата за отстранување на бесправно изградените објекти на крајбрежјето, започнувајќи од областа Р’тот Родон (Kepi e Rodonit) во Општина Драч. Тој потенцира дека овој процес “не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој феномен”. Исто така, Рама објави дека операцијата ќе ...
Во Србија од утре, па во текот на следните шест месеци, цените на приближно 25 видови производи ќе бидат намалени, бидејќи Владата, со донесувањето на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи профитните маржи на најмногу 20 проценти. Овие нови регулативи ќе важат за сите деловни субјекти кои во 2024 година оствариле приходи од над 4,5 милијарди динари, или приближно 38 милиони евра, што значи дека сите ...
Постојаниот пораст на индустриската продукција е исклучително поволен сигнал за македонското стопанство. Во текот на јули годинава, индустриското производство забележа зголемување од 4,1 процент во споредба со истиот период лани. “Јули е првиот индикатор за третиот квартал од 2025 година”, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. “Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ќе предложи законско решение базирано на барањата на винарите, кое предвидува три денари повеќе за килограм произведено грозје. “И законскиот предлог утре или задутре ќе го поднесеме во Собранието,” изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на прашање од новинар на настанот посветен на откривање на муралот во чест на 40 години „Бушава азбука“. “Искрено се надевам, еве го ...