
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Капитал Банка АД Скопје распишува огласи за следните работни позиции: Референт на благајна (1 кандидат) Референт за кредитирање (1 кандидат) Референт за развој на продажба (1 кандидат) Сите работни позиции се во Скопје –Сектор за работа со физички лица, Кандидатите треба да поседуваат: Виша стручна спрема (ВСС) Напредни вештини во MS Office; Познавање на англиски јазик; Комуникациски вештини, усмени и писмени; Аналитичко расудување и внимание ...
Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата. Од особен интерес за читателите е тие да се информираат како домашните банки и финансиски институции се справуваат со моменталната ситуација. Поради тоа, ...
Во организација на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, денеска се одржа презентација на резултатите од второто годишно истражување за индустријата на небанкарските финансиски друштва. Истражувањето беше спроведено во текот на октомври и ноември, од страна на Маја Кадиевска-Војновиќ, финансиски експерт, поранешен вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи и тековно, предавач на ...
ФД СН Финансии ДОО Битола е првата Финтек компанија во Битола, но исто така е и прва Финтек компанија во Македонија со домашен капитал која е главно фокусирана на одобрување и исплата на кредити, но исто така работи и со издавање гаранции и факторинг. Проактивниот пристап кон клиентите, квалитетот на услугата и брзината на одобрување и исплата несомнено се клучни фактори кои влијаат врз клиентите да се одлучат да го изберат ФД СН Финансии. ...
Стапката на невработеност во земјата заклучно со третиот квартал изнесува 16,5 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците стапката на невработеност е намалена за 0,2 проценти во споредба со претходниот квартал кога таа изнесуваше 16,7 проценти. И покрај минималното намалување на стапката на невработеност, сепак поради пандемијата на коронавирусот, над 15.000 луѓе во земјава останале без работа. Во првиот ...
Поставување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет – во насока на поголема контрола, среднорочно буџетирање и воспоставување на интегриран систем за управување со јавни финансии-во насока на подобро планирање, креирање на регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентноста се дел од одредбите од новиот Предлог-закон за буџети. Денека на јавната расправа која се одржа во Министерството за финансии, на која учествуваше ...
Стопанска банка а.д. Битола креираше нов депозитен производ, во моментот еден од најповолните депозити на пазарот, со кој на своите клиенти им нуди најконкурентна каматна стапка. За влогови до 10.000 евра – каматната стапка е 1,00% на годишно ниво За влогови од 10.001 евра до 30.000 евра – каматната стапка е 1,10% на годишно ниво За влогови над 30.001 евра – каматната стапка е 1,20% на годишно ниво Периодот на орочување е 13 месеци. Исплата на ...
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, и оваа година го организира веќе препознатливиот и ексклузивен настан за избор на најуспешните и најмоќните компании „ТОП 100“, овој пат како специјално 10-то јубилејно издание. Настанот кој несомнено се претвора во традиција, и оваа година ќе ги истакне и награди најдобрите компании од најразлични индустрии, кои покажале најголем успех на повеќе полиња во своето работење, а се воедно и членки на ...
Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија (АФД) денес преку Зум платформата, ќе оддржи презентација за постигнатите резултати од годишното истражување на пазарот на финансиски друштва во Република Северна Македонија. На овој настан, обраќање ќе имаат Јана Никодиновска – генерален секретар на АФД, Маја Кадиевска – Војновиќ, финансиски експерт, поранешен вицегувернер задолжен за операции на финансиски пазари и платни системи, ...
НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони. Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги ...
Деновиве актуелна е ситуацијата со коринавирусот Ковид-19 и мерките кои ги донесоа банките во земјава, по донесената Уредба со законска сила за начинот на промена на договорните услови за кредитни изложености кај банките и штедилниците. Како да се дежурни кривци, сите се нафрлија на банките од самиот старт. Прво зошто ќе наплаќале за кредитите во време на вонредна состојба, потоа откако се донесе Уредбата колку време им треба за да ги предложат ...
Во моменти на изолација и рестриктивни мерки за движење и регуларно работење, дојдовме во ситуација во која сме приморани да работиме од дома и сите наши бизнис состаноци да ги одржуваме со употреба на некоја од новите технологии, односно преку теле-конференции и одржување на видео повици. На тој начин го продолжуваме текот на работењето и сме продуктивни колку што истото ни дозволува. Дигитализацијата сама по себе ја наметна употребата и ...
Тешките долгорочни ефекти од пандемијата на Ковид-19 вирусот можат да втурнат уште 207 милиони луѓе ширум светот во екстремна сиромаштија, со што вкупниот број ќе достигне над една милијарда до 2030 година се наведува во објавените податоци од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). Таквиот потег, сепак, не е неизбежен, бидејќи насочувањето на низа инвестиции за постигнување на целите на одржлив развој (SDG) ќе им овозможи на 146 ...
Шпанската влада разгледува можност за воведување четиридневна работна недела, односно скреатено работно време, за да не дојде до пад на вработеноста. Лидерот на левичарската партија „Унидас Помедос“, Пабло Иглесијас, изјави дека владата го разгледува предлогот за скратени работни часови за да го поттикне вработувањето. Идејата за покуса работна недела може со години да се слуша ширум светот, но пандемијата на коронавирус и нејзиното влијание ...
Комерцијална банка АД Скопје со гордост објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2020 година“ во Република Северна Македонија од страна на престижниот финансиски магазин „The Banker“. Освен како високо признание за постигнатите резултати во работењето, значењето на наградата е уште поголемо бидејќи таа е признание и за лидерството што го покажа Банката во оваа година во која земјава, како и целиот свет, со соочува со пандемија од ...
НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека денес, 3.12.2020 (четврток) започна со исплата на гарантираната минимална помош- гмп, додека останатите права од социјална и детска заштита ќе ги исплати на 7- ми декември (понеделник). Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 3.12.2020 година – четврток, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од гарантираната минимална помош на банкоматите во секое време, додека ...
МКБ е првото и единствено кредитно биро во Македонија кое делува со цел на корисниците да им овозможи безбедно и сигурно да чекорат низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето. Кредитното биро управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските. Повеќе ...
Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален. Бидејќи токму овие вредности се карактеристични за младиот и динамичен тим на вработени во ПроKредит Банка, а по повод својот 17-ти роденден, Банката им заблагодари на своите вработени на еден интересен и невообичаен начин. Имено, во соработка со македонскиот моден бренд “Шизик на ризик”, ПроKредит Банка на ...
Шпаркасе Банка Македонија ги информира своите почитувани клиенти дека од денес 03.12.2020 година (четврток), Банката ќе врши исплата на гарантирана минимална помош – ГМП за месец Ноември 2020 година која ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички. За останатите корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во експозитурите на Банката согласно воспоставен распоред по азбучен ред по презимето на лицето и ...
Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите. Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународната групација Steiermärkische Sparkasse Group која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата: Специјалист за Маркетинг и комуникации Локација: Скопје ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ...
Родителите во Македонија се свесни, се повеќе се интересираат и дебатираат за детското штедење со цел да им овоможат на своите деца поквалитетно образование, самостоен и подобар живот и финансиска стабилност. Најчесто родителите ги планираат финансиите и штедат уште од раѓањето на нивните деца. Некои штедат под перница, некои во банка, трети избираат детско штедно осигурување, но вложуваат и во фондови, што е една од најчестите форми на ...
Претприемништво, непроценливата вредност на вработените за успехот на еден бизнис, младите и иновациите, беа главните теми на последниот ден од виртуелниот Самит Македонија2025. Самитот денеска започна со панел-дискусијата насловена “Што е потребно за врвен успех: интервју со најуспешната жена-претприемач со македонско потекло во светот“ односно Сузан Ничовски, која е основач и претседател на „The Summer Fresh Salads Inc.“ во Канада. Во своето ...
„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, напиша главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. Но, тој додава дека патот до закрепнување ќе биде полн со опасности и ќе трае подолго за некои земји отколку за другите. Светската економија годинава ќе се намали за 4,2 проценти, но следната година ќе порасне за истиот износ, се наведува ...
Успешното управување со личните финансии како и разбирањето на основните финансиски концепти се важни вештини за сите млади. Токму овие и многу други теми се во фокусот на проектот за финансиска писменост на млади кој го спроведува организацијата Глобал Шејперс Скопје Хаб. Организацијата е дел од Global Shapers Community, иницијатива на Светскиот економски форум. Global Shapers Community е мрежа на хабови формирани во градови низ целиот свет ...
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција: Администратор на апликативен софтвер Потребни квалификации: Универзитетска диплома за завршени информатички студии (ВСС) Предност со 2-3 години работно искуство во работа со SQL, PL/SQL и Java технологија Познавање на англиски јазик (читање и пишување) Способност за тимска работа согласно интерни процедури на компанијата Потребни предзнаења: ...
Последната деценија докажа дека дигиталната трансформација е неопходност за едни, комерцијално привлечна за други – но во секој случај предизвикувачка за сите. Имајќи го ова во предвид, што мислите, што ја прави транзицијата полесна за некои компании од останатите? Со сигурност би се согласиле дека денес речиси е невозможно да сретнеме компанија без апетит за дигитална трансформација. Но, реалноста отсликува состојба во која голем дел од ...
Финансиската глобализација и огромната популарност на спортот ја зголемуваат ранливоста на спортската индустрија од корупција, перење на пари, затајување на данок итн. Популарноста на најважната споредна работа во светот (фудбалот) и неговата голема распространетост во игрите на спортските обложувалници за жал во значителна мера допринесува за зголемување на овој ризик. Големината на глобалниот пазар на обложувалници се проценува на 1,7 ...
Најголемата руска банка „Сбербанк” очекува да генерира повеќе од половина од своите приходи во сектори надвор од нејзината основна деловна активност до 2030 година, најавувајќи фокус на е-трговијата. „Сбербанк” сака да биде меѓу тројцата водечки руски актери во е-трговијата до 2023 година, а на почетокот на неделата најави преземање на мнозинскиот пакет акции на Интернет платформата „СберМаркет”, заедничко вложување со Интернет-групата ...
На светските валутни пазари, минатата недела вредноста на американската валута долар порасна, бидејќи по веста за напредокот во развојот на вакцини за Ковид-19, се зајакна тенденцијата на инвеститорите кон поризични инвестиции. Индексот на доларот, што го покажува движењето на САД кон другите шест најважни светски валути, зајакна минатата недела за 0,6 проценти, на 92,72 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута ...
Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и ...