
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). Пензиите за клиентите кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата: – За пензии со висина ...
УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 26-ти јануари (вторник), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се ...
Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. Со пензиите за месец јануари, клиентите ...
Шпаркасе Банка Македонија во Битола од 25.01.2021 година (понеделник) на новата локација на ул. 1 Мај бр. 1. Отворањето на експозитурата во Битола е уште една потврда за грижата на Шпаркасе Банка Македонија за поголема достапност до своите клиенти. Отворањето нови и модерни експозитури кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите, значат поголем број ...
УНИБанка АД Скопје на 22.01.2021 година ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 9% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа лицата кои беа регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2021 година. За повеќе информации: ...
Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец јануари ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (26 јануари 2021 година) во четири групи. Со пензиите пензионерите ќе може да располагаат веднаш, доколку се корисници на дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од банката препорачуваат да се користи широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка ...
Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на јануарските пензии од вторник, 26.01.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно ...
Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година. Со исплатата во февруари ќе се заокружи 2020 година во која бројот на корисници кои ја користат апликацијата „МОЈДДВ” надминува рекордни 362.000 граѓани, во која ...
Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец јануари ќе се врши на 26.01.2021 година (вторник). Почнувајќи од 26.01.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката. Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од ...
Централна кооперативна банка ги известува своите клиенти дека постави нов банкомат на следната локација: – во просториите на маркетот Рамстор Горно Лисиче, ул.Февруарски поход бр.46, Горно Лисиче – Скопје. Со новиот поставен банкомат, ЦКБ во моментов брои вкупно 38 АТМ уреди поставени на локации ширум земјата. ...
На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Нина Неданоска, Претседател на Управен одбор на Охридска банка АД Скопје. Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2020 ...
Со цел да биде поблиску до своите клиенти и до нивните потреби, Шпаркасе Банка Македонија постави уште еден нов банкомат, на нова локација! Новиот банкомат е поставен на следната локација: – KFC-OKTA Автокоманда, Бул. Александар Македонски бр.10. Со новиот поставен банкомат, Шпаркасе Банка Македонија во моментов брои вкупно 58 АТМ уреди поставени на локации ширум земјата. Проверете ја мапата со сите локации на банкомати на Шпаркасе Банка ...
Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите почитувани клиенти дека експозитурата во Битола која досега се наоѓаше на локација (ул. Маршал Тито бб), е преместена на нова локација на ул. 1 Мај бр. 1, во насока на подобрување на корисничкото искуство при користење на банкарските производи и услуги. Експозитурата ќе продолжи да работи на новата локација од ден 25.01.2021 година (понеделник), со скратено работно време од 09:00 до 16:00 часот. ...
Акциите на најпознатата светска берза во Њујорк (Wall Street) се на рекордно ниво поради охрабрувачките извештаи за приходите на акционерите и поради оптимизмот дека новото раководство во Вашингтон ќе значи поголема поддршка за економијата, која е во голема тешкотија поради пандемијата на Ковид-19. Индексот „S&P500“ беше повисок за 1,4 проценти во попладневното тргување, на 3.851 поен, надминувајќи го рекордното ниво од 3.824,68, поставено ...
Најновиот пакет мерки на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе има мал ефект врз економијата на еврозоната која е уништена од коронавирусот, според анкетата на „Reuters“, која ги намали за половина изгледите за раст во првиот квартал. И покрај одлуката на ЕЦБ да ги надополни своите итни мерки поради пандемијата од половина трилион евра на 1,85 трилиони евра и да ја продолжи програмата за девет месеци, економските изгледи на блокот остануваат ...
Народната банка изминативе денови целосно ги отфрли и демантираше неточните наводи и квалификации објавени во соопштението на Здружението на оштетени штедачи од „Еуростандард“ за начинот на постапување на Народната банка и гувернерката во случајот на „Еуростандард банка”. Оштетените штедачи со износи повисоки од 30.000 евра најбурно реагираат и не можат да се помират со настанатата ситуација во банката која замина во стечај, па сега со дрва и ...
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив пензионерите ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година. ...
На 15 јануари, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри, кој минатиот ноември стапи на должност во нашата земја. Неговата екселенција Силвестри истакна дека е многу важна улогата и независноста на централните банки, особено во вакви кризни времиња. Амбасадорот изрази задоволство од активностите и мерките коишто се преземени од страна на Народната банка во справувањето ...
Банките кои работат во соседна Србија нема да можат да им исплатат дивиденда на своите акционери ниту оваа година, бидејќи важноста на Договорот склучен од НБС и комерцијалните банки минатата година е продолжена со цел да се зачува стабилноста на финансискиот систем во пандемијата, објасни централната банка. Овој договор меѓу другото, предвидува дека деловните банки нема да распределуваат профит за исплата на дивиденда на нивните акционери за ...
На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на д-р Гордана Балтовска, член на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д. Битола. Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата ...
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 22.01.2021 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO, објави банката преку соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2021 ...
Планирате да земете кредит? Овие се неколку основни работи кои мора да ги знаете пред да влезете во банка. Влеговме во новата 2021 година и веќе ја надминавме една од најтешките, една кризна година во која научивме дека здравјето ни е најважно од се, година во која научивме да живееме со новото „нормално”. Во годината којашто ни претстои се надеваме дека животот полека, но сигурно ќе ни се врати во нормала, дека луѓето повторно ќе почнат да се ...
За почеток, почнете да трошите помалку отколку што заработувате. Тоа е златното правило за подобрување на финансиската состојба. Во продолжение ви прикажуваме листа од неколку навики кои можат драстично да ви ги подобрат Вашите лични финансии: Следете ги вашите приходи и расходи; Не трошете на подароци и облека доколку немате реална причина за тоа; Отворете ги сметките штом ќе пристигнат; Плаќајте сметки на време; Плаќајте сметки онлајн; ...
Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. Британскиот влијателен економски магазин го стори тоа во согласност со „Big Mac Index“, индекс кој се користи за мерење на паритетот на куповната моќ и пресметување на „реалните“ девизни курсеви. Авторите зедоа за пресметка еден стандарден производ што може да се купи во повеќето земји во светот, но за поинаква цена, во зависност од валутата. За да ...
За 25 години Mastercard® на Комерцијална банка, во 25 дена банката одлучи да направи нешто бесценето! Во периодот од 15-ти декември 2020 до 8 јануари 2021 година, за секоја трансакција направена со Mastercard® од Комерцијална банка на продажни места и онлајн, Комерцијална банка АД Скопје од сопствени средства ќе донира за грижа на деца со аутизам. Со оваа кампања, за време на празничниот период банката заедно заедно со своите клиенти ќе направи ...
На 12 јануари 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница беше одлучено каматната стапка да се задржи на историски најниското ниво од 1,5%, со што монетарната политика го задржа релаксираниот ...
Подигнувањето на средства станува полесно и побрзо со новата можност за бесконтактни транскации на банкоматите на НЛБ Банка. Благодарение на бесконтактната функционалност на НЛБ банкоматите, можете да подигнете средства само со доближување на Вашата бесконтактна картичка или Вашиот NLB Pay мобилен паричник. Погледнете го туторијалот за бесконтактно подигнување на Вашите средства. ...
Отсега нема потреба да губите време чекајќи ред во експозитура за едноставна работа како што е ажурирање на Вашите лични податоци! Преку новата електронска апликација на НЛБ Банка, отсега можете да ги ажурирате Вашите податоци со само неколку клика на Вашиот лаптоп, таблет или мобилен телефон. Ажурирањето на податоците можете да го направите на следниот линк: https://azuriranjepodatoci.nlbtb.com.mk Воедно, можете да ги ажурирате Вашите податоци ...
По терористичките напади во Париз и Брисел, кои првенствено беа финансирани преку виртуелни валути и “анонимни” припејд картички, беше одлучено дека е потребна поголема контрола над овие видови плаќања. Фокусот е да се регулираат виртуелните валути и анонимни при-пејд картички, додека се подобруваат заштитните мерки за финансиски трансакции од и до земји со висок ризик. Анонимни картички се оние каде што не сме го потврдиле идентитетот на ...
На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути нагло oпадна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на aмериканската валута во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 89,97 поени, додека во текот на вчерашниот ден тој беше 90,56 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 104,25 на 103,60 јени. Американската валута ослабна и во однос на европската, па ...