Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги прими членот на Бордот на директори на австриската Штаермаркише Шпаркасе Банка д-р Георг Бухер, кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, и претседателот на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Македонија, д-р Глигор Бишев. На средбата беше поздравено спојувањето на Шпаркасе Банка Македонија со Охридска Банка ...

Банките се повеќе стануваат свесни за важноста на сајбер безбедноста и борбата за спречување перење пари. Овие две работи многу често се комбинираат од страна на криминалците со цел да остварат незаконски придобивки по цена на финансиските институции. Сето ова станува огромен проблем не само поради украдените пари и нелегалните трансфери, туку и по цена на глобалните економии. По дефиниција, перењето пари е процес на маскирање на приносите од ...

Жените ќе одат во пензија на 62 години, но доколку сакаат ќе може да работат до 64, односно до истата старосна граница како и мажите, уверуваат предлагачите на новите измени во Законот за работни односи. Истиот е во Собрание и за него допрва треба да се дискутира, но суштината е во тоа што пензионирањето на завршени 64 години ќе биде задолжително, односно нема да може да се продолжува до 67 години. Единствената дилема беше дали жените ќе мора ...

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 ...

Во ниту едно законодавство, барем не во оние земји од западниот свет, не е напишано дека над поединечна банка не може да се отвори стечај доколку не ги исполнува минималните законски барања. Само оваа година, во ЕУ се затворија десетина банки. Она што е важно е да не се наруши финансиската стабилност. Акционерите се одговорни за тоа дали капиталот на банката е адекватен на ризиците што банката ги презема во своето работење. Банките, како ...

На почетокот на корона кризата, се чинеше дека биткоинот е најголем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше близу до границата од десет илјади долари, се до пред неколку недели, пренесува „Deutsche Welle“. Во меѓувреме, најпознатата криптовалута не само што успеа да ја надомести драстичната загуба од ...

Од денес, 04.11.2020 година, ќе започне со примена новата одлуката за измени на Правилата за котација донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 16.10.2020 година, за кои е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност со Решение УП1 08-113 од 26.10.2020 година. Со овие измени се прави допрецизирање на основите и начините за внесување на котираните издавачи на Листата на набљудување, односно се предвидува можност Берзата ...

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. На настанот ќе говорат и дебатираат водечките извршни директори на глобалните осигурителни групации како што се: „AXA”, „Swiss Re”, „Generali”, „AIG”, „Zurich”, „Lloyd’s”, „Scor”, „Convex”, „RSA”, „Ageas”. Исто така ќе заземат ...

Осигурителната група „Уника” планира да укине околу 600 работни места до 2022 година, претежно во Австрија и да затвори една третина од филијалите во матичната земја, соопшти австриската осигурителна компанија. Во соопштението се наведува дека намалувањето на бројот на вработени треба да се реализира што е можно повеќе преку „природен одлив” на работната сила, односно пензионирање и договорено прекинување на работниот однос, пренесува порталот ...

За искуствата од новолансираниот производ IQOS, е-трговијата како клучен аспект од стратегијата на компањата за продажба, особено во екот на пандемијата и позитивното искуство на нивните купувачи од нивната онлајн продавница, разговараме со Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис Скопје. Иновативниот IQOS уред кој направи револуција во тутунската индустрија беше лансиран на нашиот пазар токму во екот на пандемијата предизвикана од covid-19. ...

Во отежнати и неизвесни услови на пандемија, Групацијата Триглав останува фокусирана на своите стратешки насоки, на профитабилното и сигурно работење. Во првите девет месеци од годината, оствари 6% поголема консолидирана бруто премија од осигурување (960,9 милиони евра) споредено со истиот период минатата година, и на поголемиот број пазари оствари премиски раст. Нејзината добивка пред оданочување од 62,4 милиони евра е за 13% помала во однос ...

Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. Пакетот Мој миленик е наменет за сопствениците, чии кучиња се чипирани и вклучува лекување на ...

Ова тврдење е старо колку и светот, дури и кога немало пари во оптек. Со размена на стоки, луѓето се обидуваа да се осигурат себеси и своето семејство на најдобар начин, бидејќи тоа е во човечката природа. Како што станувавме се позависни од парите со текот на времето, така расте и потребата да ги имаме во што поголем обем, да ги „акумулираме“, да ги создаваме или „лесно“ да ги добиваме. И зошто? Затоа што денес купуваме многу работи: од храна ...

Сите сакаат да заштедат пари. Најчесто сите луѓе го бараат најбрзиот и најефикасниот начин за да дојдат до одредена заштеда. Процесот на штедење пари може да биде успешен доколку се штеди организирано и одговорно. Ова се неколку совети кои доколку ги следите и почитувате со сигурност ќе ве доведат до поставената цел. 1. Доколку одлучите да почнете со штедење треба да го поставите тоа како приоритет. Тоа значи дека на месечно ниво не треба да ги ...

Пандемијата COVID-19 доведе до невидени глобални предизвици, човечко страдање и економско нарушување. Огромен број на канцелариски работници на глобално ниво може да работат од дома, вклучително и до 90% од банкарските и осигурителните работници. Повеќето од овие вработени се најавуваат на системите на нивните фирми од далечина, присуствуваат на состаноци користејќи ја технологијата, и имаат пристап до податоци кои што не се јавни преку ...

Министерството за финансии на својот Фејсбук профил објави дека се усвоени измените и дополнувањата на Законот за Македонска банка, со што се овозможува спроведување на државната гарантна шема која е дел од четвртиот пакет антикризни мерки и Стратегијата за заздравување и забрзан економски раст- #SmartERGrowth, како и можноста Развојна банка да формира фондови за поддршка на развојот на стопанството. Како што посочуваат од Министерството, ...

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.10.-31.10.2020 година вкупниот промет изнесува 427.260.792 денари и е зголемен за 4,61% во однос на претходниот месец септември. Класичното тргување изнесува 334.843.767 денари и бележи пад во однос на септември за 13,13%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 333.840.854 денари и обврзници во вредност од 1.002.913 денари, додека пак нема забележано тргување ...

Демографските предизвици со кои се соочуваат повеќето развиени и не толку развиени држави во годините зад нас доведоа до редизајнирање на пензиските системи и преземање на дополнителни мерки кои се насочени кон обезбедување на долгорочни извори на приходи, пред се заради обезбедување на соодветни приходи за идните пензионери. Неповолните трендови доведоа и до некаде поуспешно, а некаде помалку успешно, кревање на свесноста дека стареењето на ...

Оштетените штедачи на Еуростандард Банка преку соопштение доставено до редакцијата на Банкарство се обраќаат до јавноста со цел, како што велат тие да го започнат процесот на известување на јавноста за сите детали во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка. Оваа сезона наречена „Пропаѓање на Еуростандард банка“ во којашто покрај главните актери кои во секоја епизода од серијалот учествуваат, се појавуваат и нови актери, до вчера во споредни ...

Четвртиот пакет не придонесе кон враќање на довербата на инвеститорите во македонската економија. Пазарот негативно го оцени првиот пакет економски мерки, но оптимистички реагираше на вториот, докажувајќи дека формата и големината на мерките беше соодветна за поттикнување на економијата. Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на ...

Во Македонија, 455.600 лица или 21,9 проценти живеат под прагот на сиромаштија и се водат како сиромашни лица според последните податоци на Државниот Завод за статистика. Анализата е направена во согласност со препораките на Европската Унија по што се пресметани таканаречените Лаекенски индикатори. Стапката на сиромаштија во најбројните, 4-члени домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца изнесува 19,5 проценти, односно секое 4-то ...

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во првите девет месеци од 2020 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје) оствариле добивка од 4.156.100 илјади денари или 67,58 милиони евра. Споредбено со добивката на овие банки за истиот период во 2019 година, единствено Комерцијална банка бележи минимален раст на профитот, додека Стопанска банка и НЛБ ...

Пет банки од Македонија се најдоа на листата на топ 100 во југоисточна Европа, покажува анализата на „Seenews“. Од вкупно 100, Комерцијална банка се најде на 42-то место, исто како и минатата година, со актива од нешто над две милијарди евра. Девет места подолу се најде Стопанска банка АД – Скопје со актива од 1,6 милијарди евра, додека НЛБ Банка се позиционираше на 59-то место со актива од 1,4 милијарди евра. Меѓу петте банки од Македонија, ...

Најголемата компанија на територијата на поранешна Југославија според вкупните приходи од работењето е словенечки „Петрол“ со годишен приход од 3,6 милијарди евра. На второто место се наоѓа хрватската компанија „ИНА”, со годишен приход од 2,9 милијарди евра, a третото место го зазема „ЈП Електропривреда Србија” со околу 2,5 милијарди евра годишни приходи. На четврто место се наоѓа „Нафтена индустрија Србија” со приходи од нешто повеќе од 2,1 ...

Македонскиот приватен сектор бележи послаби финансиски резулатати од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 30 септември 2020 година три се банки, од кои сите три се наоѓаат на првите три места по заработката. Од ова можеме да дојдеме до заклучок дека и во услови на пандемија и криза, банкарскиот ...

Силк Роуд Банка АД Скопје во месец декември започнува со промотивна кампања за VISA Business припејд картичките за правни лица. Со секоја апликација за картичката во месец декември (01.12-31.12.2020 година), корисниците добиваат брeндиран подарок од Силк Роуд Банка. VISA Business припејд бесконтактната картичка е единствена од ваков тип која нуди можност за надополнување на истата согласно со потребите на компаниите. Картичката може да се ...

Во духот на новогодишните и божиќните празници што нѐ очекуваат, Шпаркасе Банка Македонија започнува нова промотивна кампања, наградувајќи ги сите нови корисници на VISA Classic Debit со вредносен ваучер на износ од 1.000 денари. Во рамките на оваа промотивна активност, сите клиенти што ќе аплицираат онлајн за платежна картичка Visa Classic Debit преку Sparky Viber асистентот, по активацијата на платежната картичка ќе добијат подарок – е-ваучер ...

Капитал Банка АД Скопје со нова неверојатна кампања за штедење! Банката лансираше нов промотивен Новогодишен “BOOM” депозит со 3% фиксна каматна стапка и рок на орочување од 9 месеци. Почнувајќи од денес (02.12.2020 година) за секој нов отворен Новогодишен ,,BOOM” депозит добивате зa подарок неверојатна фиксна каматна стапка од 3% со рок на орочување на 9 месеци. Кампањата ќе трае до 31.12.2020 година, а на Вас останува да посетите некоја од ...

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. Банката се занимава, меѓу другото, со трговија, складирање и финансирање на благородни метали, а коронавирусот создаде одлична можност за инвестициските банки кои тргуваат со злато, сребро и други благородни метали затоа што ги охрабруваше инвеститорите да купуваат и го наруши ...

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. Собранието на акционери на НЛБ Банка, на својата седница одржана на ден 30.11.2020 година донесе Одлука за именување на член на Надзорниот одбор. За нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка се именува г-дин Борут Вујчич, како замена за членот на Надзорниот одбор, Хедвика Усеник. Мандатот на новиот член ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
70%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.2
84%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
89%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57