
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов промотивен пакет за осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, наменет за резидентниот и за корпоративниот сегмент. Триглав SOS пакетот покрива трошоци за тешки болести и за операции, коишто можат да се изведат во Република Северна Македонија и во Република Словенија, а осигурителната премија за секој осигуреник е иста, без оглед на ...
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните правила и законски прописи од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. Беџот за верификација е дел од иницијативата „Е-трговија за сите“, која е поддржана од Проектот на ...
Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, за првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување. Имено, крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година. Оваа промена овозможува значителна поддршка за Народната банка од ЕЦБ, со оглед на тоа дека создава ...
УНИБанка во 2020 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот ревидиран бизнис план за 2020 година. Клучна цел беше остварување на профит и раст согласно бизнис целите преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, водејќи притоа сметка за потребите и интересите на клиентите на банката. Остварените вкупни приходи од работење во 2020 година изнесуваат 1.619,6 милиони ...
Цената на среброто нагло порасна бидејќи „нападот“ на аматерските инвеститори од социјалната мрежа „Reddit“ врз берзанските брокери со кратки позиции беше пренесен на берзата на метали. Фјучерсите на среброто скокнаа за 8 проценти непосредно по отворањето на берзата на фјучерси, што е нивниот најголем пораст во последните осум години, барем од 2013 година, според „CNBC”. Во исто време, цените на среброто се зголемија за 7,5 проценти на 29,04 ...
Во периодот од 01.02.20121 до 28.02.2021 година НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда кредитите за физички лица се нудат без трошоци за одобрување, додека за сите станбени и хипотекарни кредити за кои треба да се изврши проценка на имот, нема да се наплатуваат трошоци за проценка. Клиентите можат да ја искористат промотивната понуда и зависно од своите потреби да аплицираат за ...
Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Со оваа нова инвестиција од 1.000 купени акции од Банката со која раководи, г-н Хари Костов се повеќе го зголемува својот акционерски капитал во Комерцијална банка АД Скопје, каде што вкупниот број на акции ...
Кратката продажба (Short selling) како трговски термин во нашата земја попознат како „Шорт“ е начин на инвестирање во кој прво се продава „позајмена“ акција (за позајмицата се плаќа такса) или хартија од вредност, а потоа, кога нејзината цена опаѓа, таа се купува. Заработката се остварува според разликата помеѓу продажната (повисоката) и куповната (пониската) цена. Инвеститорите, всушност, очекуваат пад на цената на акцијата и прават пари на ...
Силк Роуд Банка АД Скопје воведе промотивни услови за кредитните продукти за физички лица. Сите кредити на банката за физички лица до 30.06.2021 година се без административни трошоци за исплата и без трошоци за проценка на имот за хипотекарните и станбените кредити. Сите заинтересирани клиенти за продуктите на банката, можат да аплицираат за потрошувачки и хипотекарни кредити со фиксна каматна стапка почнувајќи од 4.9%, односно фиксна каматна ...
НЛБ Банка АД Скопје известува дека Надзорниот одбор на Банката врз основа на Одлука донесена на 28.1.2021 година, ја назначи Сања Павлеска Донева како одговорно лице за контакт со инвеститори на НЛБ Банка АД Скопје. Сања Павлеска Донева е Раководител на Служба за стратешко планирање и финансиски контролинг. Заменик одговорно лице за контакт со инвеститори на НЛБ Банка АД Скопје е назначена Ивана Стојчевска, Самостоен финансиски аналитичар. ...
Банката за меѓународни порамнувања (БИС) го организира редовниот состанок на гувернери на централни банки, при што на состанокот активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Тема на јануарскиот состанок беа податоците од Анкетата спроведена од страна на БИС во врска со најновите трендови во процесот на управувањето со девизните резерви. Резултатите од Анкетата посочуваат дека централните банки сѐ уште ...
На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Цветан Петринин – Претседател на УО на Капитал Банка АД Скопје. Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2020 година. Кои ...
Согласно член 85, став 3 од Статутот на Централна кооперативна банка АД Скопје, a врз основа член 88, став 3, точка 39 од истиот Надзорниот одбор на Банката на ден 29.10.2020 година, без одржување на седница ја донесе Одлука за именување на Предраг Шапчески како одговорно лице за контакт со инвеститори на Централна кооперативна банка АД Скопје. Предраг Шапчески е Стручен соработник за управување со ликвидност во Дирекција за парични пазар и ...
Макроекономските услови во кои Комерцијална Банка ќе ја остварува својата активност во текот на 2021 година се условени од ефектите од здравствената и економската криза која започна на почетокот на 2020 година. Покрај изразеното неповолно влијание на здравствената криза, макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност исто така е условено и од геополитичките состојби, блокадата на евроинтеграциските процеси на Државата ...
Во периодот од 01.01-31.12.2020 година Комерцијална банка од своето работење оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.912,0 милиони денари наспроти остварената нето добивка за претходната година во износ од 1.806,8 милиони денари, такашто истата е зголемена за 5,8%. Планираната бруто-добивка за 2020 година е остварена со 105,4%. Остварената добивка пред исправка на вредноста, е за 33,4% поголема во однос на истиот период ...
На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Емилија Спировска, Член на Управен одбор на ПроКредит Банка. Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2020 година. Кои ...
Врз основа на член 68 и 69 од Статутот на Охридска Банка АД Скопје и член 32 став 3 од Правилата за котација, Управниот одбор на Банката на седницата одржана на ден 25.01.2021 година донесе Одлука за именување на Мито Ѓорески како одговорно лице за контакт со инвеститори на Охридска банка АД Скопје. Мито Ѓорески е Директор на Сектор за финансии и контролинг. ...
Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека на 26.01.2021 година изврши бришење на издавачот Либерти АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Либерти Холдко Галати & Скопје Лимитед од Лондон, Обединето Кралство. Либерти АД Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на „Листата на набљудување“ согласно ...
Народна банка денеска организира е-работилница за новинари посветена на статистичките податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија. На работилницата, според најавите, ќе се обрати гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска по што ќе бидат презентирани статистичките податоци. Народната банка започна со објавување на овие податоци кон крајот на минатата година. Податоците се изработени согласно меѓународните и ...
На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Проф. Д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен одбор на ТТК банка АД Скопје. Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на ...
Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека почнувајќи од 01.02.2021 година направи измена во тарифата за надоместоци и услуги на Банката во делот на месечно одржување на трансакциона сметка за правни лица, се менуваат следните тарифни ставки и истите гласат: за остварен месечен промет од 500.001 до 1.000.000 денари Банката ќе наплаќа провизија од 600 денари месечно; за остварен месечен промет над 1.000.000 денари Банката ќе ...
Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на друштвото Идевелоп АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерка долгорочната суспензија од котација, поради континуирано неисполнување на обврските согласно Правилата за котација. Мерката долгорочна суспензија од котација се изрекува за период од најмалку 30 дена почнувајќи од 26.01.2021 година и трае до ...
Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). Пензиите за клиентите кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата: – За пензии со висина ...
УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 26-ти јануари (вторник), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се ...
Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. Со пензиите за месец јануари, клиентите ...
Шпаркасе Банка Македонија во Битола од 25.01.2021 година (понеделник) на новата локација на ул. 1 Мај бр. 1. Отворањето на експозитурата во Битола е уште една потврда за грижата на Шпаркасе Банка Македонија за поголема достапност до своите клиенти. Отворањето нови и модерни експозитури кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите, значат поголем број ...
УНИБанка АД Скопје на 22.01.2021 година ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 9% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа лицата кои беа регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2021 година. За повеќе информации: ...
Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец јануари ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (26 јануари 2021 година) во четири групи. Со пензиите пензионерите ќе може да располагаат веднаш, доколку се корисници на дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од банката препорачуваат да се користи широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка ...
Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на јануарските пензии од вторник, 26.01.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно ...
Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година. Со исплатата во февруари ќе се заокружи 2020 година во која бројот на корисници кои ја користат апликацијата „МОЈДДВ” надминува рекордни 362.000 граѓани, во која ...