
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



АНКАРА (АА) - Најмалку уште 39 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 50.983, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во последните 24 часа во болниците се пренесени 118 повредени лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 116.274. ...
ГАЗА (АА) – Претставници на Обединетите нации денес ја посетија баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Газа, која повеќе не е во функција поради израелските напади, јавува Анадолу. Тимови од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), Службата за мини на ОН (УНМАС) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) извршија увид во болницата. Официјалните лица ги снимиле уништените делови, особено одделот за брза помош во болницата. Пред да биде ...
БЕЈРУТ (АА) - Израелската армија со градежна машинерија урна христијански споменик во Јужен Либан, известува Анадолу. Христијаните во Либан беа информирани дека споменикот во појасот Јарун, во јужната провинција Набатие, е урнат од страна на Израел на празникот Цветници (христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим и се слави една недела пред Велигден). Мустафа Бајрам, поранешен министер за труд, на својот профил на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Стивен Кари од Голден Стејт Вориорс стана 26-тиот играч во историјата на НБА кој постигнал 25.000 поени во кариерата, јавува Анадолу. Синоќа, 36-годишниот Кари ја достигна пресвртницата во третата четвртина од победата на Вориорс со 115:110 против Детроит Пистонс. „Всушност, се чувствува како 25.000 тројки. Тоа е динамит. Ноќ по ноќ, а вечерва очигледно не беше одлична шутерска ноќ за него. Но, ми се допадна што играше и покрај ...
Денес започнува четврт-финалето во УЕФА Лигата на шампиони, известува Анадолу. Првите четврт-финални натпревари од најелитното клупско фудбалско натпреварување на Европа се играат денес и утре (9 април). Реванш-средбите се закажани за 15 и 16 април. Денес во рамките на четврт-финалето во Лигата на шампионите се среќаваат: 21:00 Арсенал (Англија) - Реал Мадрид (Шпанија) 21:00 Баерн Минхен (Германија) - Интер (Италија) Утре на програмата се ...
АНКАРА (АА) - Стотици нелегални израелски доселеници денес насилно влегоа во комплексот на џамијата „Ал-Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим, по повод одбележувањето на вториот ден од еврејскиот празник Пасха, јавува Анадолу. Според соопштението на Одделот за исламски вакафи во Ерусалим, вкупно 765 доселеници, под силна полициска заштита, влегле во светиот комплекс преку западната порта Ал-Мугараба. Одделот потсети дека и вчера, на првиот ден ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Европската Унија планира да ја зголеми својата финансиска поддршка за Палестинската управа на 1,6 милијарди евра, соопшти денес Дубравка Шуица, европската комесарка за Медитеранот, јавува Анадолу. Според европските медиуми, Шуица најави дека ЕУ ќе обезбеди нов тригодишен пакет финансиска поддршка за Палестинската управа, чија цел е поттикнување реформи во управувањето и функционирањето на институциите. Шуица рече дека ЕУ од ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски предупреди дека тековниот конфликт во Украина може да прерасне во светска војна доколку Киев и неговите партнери не покажат цврст отпор кон натамошните напади од Русија, јавува Анадолу. Во интервјуто за американската емисија „60 минути“ на Си-би-ес, кое беше емитувано во неделата, Зеленски истакна дека безбедноста на целиот свет е загрозена како резултат на војната што трае повеќе од три ...
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) - Двесте израелски воени лекари потпишаа петиција со која бараат итно враќање на заложниците од Газа, дури и ако тоа значи завршување на војната во палестинската енклава, објави израелскиот „Канал 13“, јавува Анадолу. „Ние, резервните лекари во различни единици на израелската Армија, бараме итно враќање на заробените и прекин на борбите во Појасот Газа“, се наведува во петицијата. Петицијата го отсликува растечкото ...
АНТАЛИЈА (АА) - Сумеје Дилара ДИНЧЕР / Шилан ТУРП Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, изјави дека турските инвеститори во многу области, вклучително и инфраструктурата, банкарството и здравството, дале позитивен придонес за деловното опкружување на Северна Македонија, известува Анадолу. Муцунски, кој учествува на Форумот за дипломатија во Анталија (ФДА) кој се одржува во ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес објави дека повеќе нема да „обрнува внимание“ на трговските потези на администрацијата на Доналд Трамп откако ги зголеми царините на увоз од САД на 125 отсто, јавија државните медиуми денес, јавува Анадолу. „Кина ќе ги зголеми дополнителните царини на производите увезени од САД од 84 отсто на 125 отсто, со важност од 12 април“, соопшти Комисијата за царински стапки при државниот Совет. „Бидејќи повеќе не постои можност ...
АНТАЛИЈА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес соопшти дека во тек се подготвителни активности за средба меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу. „Во тек се активности за да се утврди дали таков состанок ќе се одржи во САД или Туркије“, им соопшти министерот Фидан на новинарите на Дипломатскиот форум во Анталија, чијшто глобален комуникациски партнер е ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украина соопшти дека најмалку 34 лица се убиени, меѓу кои и две деца, во рускиот ракетен напад врз североисточниот град Суми, кој се наоѓа на околу 31 километар од границата со Русија, јавува Анадолу. Украинската Државна служба за вонредни ситуации преку Телеграм информираше дека бројот на повредени се искачил на 117, од кои 15 се деца, додека потрагата и спасувачките операции сè уште продолжуваат на местото на нападот. „На овој ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поранешни офицери на Мосад во Израел им дадоа поддршка на резервистите кои беа избркани од Армијата поради барањето за прекин на нападите врз Појасот Газа со цел размена на заробеници, известува Анадолу. Весникот „Ерусалим пост“ објави дека околу 250 поранешни офицери на Мосад, вклучително и тројца поранешни шефови на Мосад, поранешен заменик-шеф и високи извршни директори, се приклучија на повиците за прекин на нападите врз Газа ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Алжир им нареди на 12 службеници од француската Амбасада да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за францускиот весник „Фигаро“, јавува Анадолу. „Оваа одлука веројатно е одговор на апсењето на тројца алжирски државјани осомничени за сериозни прекршоци на француската национална територија“, рече Баро. Тој смета дека одлуката е „неоправдана“, објави францускиот ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Шошана Струк, ќерката на екстремно десничарската министерка за населби и национални мисии на Израел, Орит Струк, ги обвини својата мајка, татко и брат дека сексуално ја злоставувале, известува Анадолу. Весникот „Тајмс оф Израел“ објави вест под наслов „Ќерката на висока функционерка ги обвинува своите родители за сексуална злоупотреба - одлука за забрана на објавување во врска со случајот“. Ќерката поднела полициска пријава ...
Густа магла се спушти врз реката Хадсон при зајдисонце во Њујорк, создавајќи импресивен пејзаж над градот, јавува Анадолу. Во мистичната атмосфера, силуетите на облакодерите како што се Светскиот трговски центар, Емпајер стејт билдинг, 30 Хадсон јардс и кулата Стејнвеј едвај се наѕираа низ магливиот хоризонт. Нивните силуети се стопија со златно-розовите нијанси на зајдисонцето, давајќи му на градот слика со необична, речиси надреална естетика. ...
ВАН (АА) - Сноубордерот Шахабетин Ѓун, зафатен од лавина додека скијал на планината Артос во подрачјето на Геваш во турски Ван, успеа да се извлече од снежниот нанос, јавува Анадолу. Група скијачи вчера се искачија на планината Артос висока 3.550 метри, со голема снежна покривка. Сноубордерите, кои стигнале на врвот по макотрпно искачување кое траело околу 4 часа, по направена пауза почнале да се спуштаат со сноуборди од падините со висок ...
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана извести дека ја заземале населбата Елизаветовка во областа Доњецк во Украина, известува Анадолу. Руското министерство објави ажурирани информации за активностите на руските вооружени сили во Украина. Во соопштението се наведува дека руската армија ги зајакнала своите позиции на украинскиот фронт, додавајќи дека „како резултат на решителните дејствија, трупите на Централната воена група ја ослободиле ...
СУМИ (АА) - Бројот на загинати во нападот со балистичка ракета на руската војска врз градот Суми се зголеми на 30, а 84 лица се повредени, соопшти Украинската државна служба за вонредни состојби, пренесува Анадолу. Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко истакна дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат во областа на нападот. Украинскиот претседател Владимир Зеленски во објава на својот профил на платформата Телеграм ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на луѓе кои ги загубија животите во нападите што израелската армија ги изврши врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, се зголеми на 50.944, од кои 11 во последните 24 часа, известува Анадолу. Во писменото соопштение на Министерството за здравство во Газа, беа споделени најновите информации за жртвите и повредените во време на тековни израелски напади врз Газа. Евидентирано е дека во последните 24 часа во болниците во ...
АНКАРА (АА) - Глечерот Матануска е едно од природните богатства на американската држава Алјаска. Глечерот е долг 43 километри и широк 6,4 километри, а највисока точка е 1.021,08 метри, известува Анадолу. Се наоѓа во близина на автопатот Глен на околу 160 км североисточно од Енкориџ во Глечер Вју. Овој уникатен глечер го привлекува вниманието со огромните маси мраз на површината, како и со мистериозните ледени пештери. Овие природни структури, ...
БЛАЦЕ (АА) - Денес на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ се одржа свечена церемонија по повод пуштањето во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, известува Анадолу. На церемонијата по повод воведувањето на заедничката гранична контрола „One Stop Shop“ на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан, каде е изградена нова физичка и дигитална инфраструктура, беше ...
АНТАЛИЈА (АА) - Сумеје Дилара ДИНЧЕР / Шилан ТУРП Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, изјави дека турските инвеститори во многу области, вклучително и инфраструктурата, банкарството и здравството, дале позитивен придонес за деловното опкружување на Северна Македонија, известува Анадолу. Муцунски, кој учествува на Форумот за дипломатија во Анталија (ФДА) кој се одржува во ...
ЕРУСАЛИМ (АА) - Американските медиуми објавија дека посредниците од САД, Египет и Катар биле вознемирени од одолговлекувањето од страна на Израел во преговорите за враќање на договорот за прекин на огнот и размената на затвореници во Газа, истакнувајќи дека недостатокот на јасни цели на Израел го тестира трпението на администрацијата на Вашингтон, известува Анадолу. Според американскиот канал Си-Ен-Ен, процесот забавил откако израелскиот премиер ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Сирискиот претседател Ахмед Ал-Шара ја потврди силната определба на Сирија за дијалог и дипломатија како клучни алатки за решавање на конфликтите и за унапредување на регионалната и глобалната стабилност, јавува Анадолу. Тој ја даде оваа изјава за време на неговото учество на 4. Форум за дипломатија во Анталија, кој започна вчера во турската област Анталија. Во изјавата што ја пренесе сириската новинска агенција САНА, ...
СИВАС (АА) - Снегот што во април падна во подрачјето на Хафик во турската област Сивас, беше изненадување за штрковите и птиците преселници кои ја најавуваат пролетта, известува Анадолу. Штрковите, кои брзаа да ги изградат своите гнезда на куполата на џамијата Хаџи Изет Орнек, чекаа да престанат врнежите од снег. Во подрачјето каде што температурата на воздухот се спушти до минус 15 степени, дебелината на снегот достигна приближно 10 сантиметри. ...
ТЕХРАН (АА) - Во Оман се одржаа индиректни преговори меѓу Иран и САД, известува Анадолу. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Бекаи, во пораката споделена на својот профил на социјалната мрежа X наведе: „Индиректните разговори меѓу министерот за надворешни работи Абас Еракчи и специјалниот претставник на американскиот претседател (Доналд Трамп) за Блискиот Исток, Стив Виткоф, започнаа со посредство на министерот за ...
ГАЗА/АНКАРА (АА) — Kaнцеларијата за медиуми на Владата во Газа предупреди дека Израел систематски ја користи водата како „оружје за бавно убивање,“ оневозможувајќи им на Палестинците пристап до чиста вода и дополнително продлабочувајќи ја хуманитарната криза во опколениот Појас Газа, јавува Анадолу. Во официјално соопштение, канцеларијата оцени дека израелските дејствија се дел од „поширока стратегија на колективно казнување.“ Канцеларијата за ...
АНКАРА (АА) - Најмалку уште 21 Палестинец е убиен во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 50.933, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу. Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека уште 64 повредени лица се пренесени во болниците во последните 24 часа, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 116.045. ...