Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Вечерва со нови шест натпревари ќе биде комплетирано првото коло во Лигата на шампионите. Погледите на фудбалската јавност ќе бидат насочени кон Англија, во Манчестер, Сити ќе го пречека италијанскиот првак Наполи, а во Њукасл ќе гостува Барселона. Менаџерот на домашниот тим Пеп Гвардиола подели комплименти за противникот од Неапол. „Тимот што ја освои Серија А – тоа значи дека тренерот и играчите завршија неверојатна работа. Кога ќе ја ...
Европската комисија во среда предложи привремено суспендирање на трговскиот договор со Израел, во вредност од околу 5,8 милијарди евра (6,1 милијарди долари) во извоз, поради војната во Газа. Иако предлогот постои, во моментов нема доволна поддршка од земјите-членки на ЕУ за да биде усвоен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, исто така, предложи санкции против двајца израелски министри, Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих, како и ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази жалење поради судирот со навивачите на Ливерпул на крајот од првиот натпревар од Лигата на шампионите во среда на „Енфилд“, објавија денес шпанските медиуми. Ливерпул го победи Атлетико Мадрид со 3-2 синоќа, а англискиот клуб победи со голот на Вирџил ван Дајк во 90-тата минута. Тренерот на Атлетико Мадрид се приближи до трибините, а неколку редари стоеја меѓу него и навивачите на Ливерпул. ...
Продолжуваат возбудливите натпревари на Светското првенство (СП) во атлетика во Токио (Јапонија). По четири дена тоа бележи над 300.000 присутни гледачи на Националниот стадион. Секој ден беше исполнет со незаборавни изведби, вклучувајќи рекордни скокови и историски моменти, покажувајќи ги возбудата, страста и глобалната привлечност на атлетиката, пишува Светската атлетика (СА). Не сметајќи го вчерашниот ден во целост, најмногу медали имаат ...
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит планираат да презентираат фотографски и научни докази пред американскиот суд за да докажат дека Брижит е жена. Нивниот адвокат вели дека двојката Макрон ќе презентира документи во тужбата за клевета што ја поднесоа против десничарската инфлуенсерка Кандис Овенс, откако таа го промовираше своето верување дека Брижит е родена како маж, објави Би-би-си. Во разговор за подкастот ...
Последните податоци од Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека продажбата на станови во вториот квартал од годинава е значително помала во споредба со првиот. Во периодот од 1 април до 30 мај, од инвеститори се продадени 676 новоизградени стана, што претставува пад од 178 стана во споредба со првиот квартал од годинава. На пазарот на недвижнини се очекува да се најдат уште 25 354 стана кои се во фаза на градба. И покрај падот ...
Царинските службеници на граничниот премин „Стење“ на македонско-албанската граница, заедно со граничната полиција, спречиле обид за шверц на златен накит во вредност од 346 000 денари (околу 5 600 евра). Како што информираат од Царинската управа, патникот, инаку македонски државјанин, се обидел да го внесе накитот, без да го пријави кај надлежните служби. „Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Велика Британија, како дел од неговата државна посета на земјата, која започна со формален пречек во замокот „Виндзор“, одбележан со воени почести и раскошни церемонии. President Trump inspects the Guard of Honor with King Charles III during an arrival ceremony at Windsor Castle on his historic U.K. state visit. Read more: https://t.co/vizY7FBF71 pic.twitter.com/4GND2DAESu — ABC News (@ABC) ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби, и потенцираше дека обвинителството е тоа што предлага, а судот одредува притвор и носи пресуда. Тошковски рече дека е срамно да се лаже и да се манипулира јавноста заради одредени политички поени. -Кој во оваа држава изрекува мерка притвор, и кој во оваа ...
Жозе Мурињо повторно ја презема Бенфика, веста ја потврди синоќа познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо со неговото познато „Еве нè“. Португалецот со тоа се враќа во клубот каде што ја започна својата независна тренерска кариера пред 25 години по неодамнешното завршување на соработката со Фенербахче. На клупата, тој ќе го наследи Бруно Лаге, кој беше отпуштен по изненадувачкиот пораз од Карабах на почетокот од Лигата на шампионите. ...
Во пресрет на локалните избори, Државната изборна комисија (ДИК), Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска потпишаа Меморандум за соработка. Од ДИК посочија дека со ова трите иснституции ја зацврстуваат определбата за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено ...
Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември. Основното јавно обвинителство во Штип, покрена и ...
Изминатото деноноќие, според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на територијата на земјата биле регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари сè уште се активни. Едниот е во Општина Гази Баба, во атарот на селото Виниче, каде што гори нискостеблеста шума. Вториот пожар е во Општина Гевгелија, на планината Кожуф кај селото Петрово, каде огнот од приземен пожар се проширил и зафатил букова шума. Третиот ...
Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за Правилникот на Државната изборна комисија (ДИК), според кој независните кандидати за советници и градоначалници можат со само два граѓански потписи да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври. За потсетување, Државната изборна комисија го донесе Правилникот на 17 август поради правната празнина што настана откако Уставен во мај укина две одредби од Законот за ...
Британскиот премиер Кир Стармер наводно ќе објави признавање палестинска држава претстојниот викенд откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја заврши својата официјална посета на островот, објави лондонски „Тајмс“. Стармер претходно најави дека Велика Британија планира да ја признае палестинската државност пред почетокот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк овој месец, доколку Израел не ги исполни низата услови ...
По убиството на 31-годишната Росица од Велес, неколку невладини организации за утре во 17:30 часот повикаа на протест пред Министерството за внатрешни работи и блокада кај паркот „Жена борец“ во Скопје во 18:00 часот поради, како што велат, колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што, пак, доведува до фемициди. „Фемицидите на кои им претходи сериозно партнерско или семејно насилство растат низ ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде ...
По ведрото и посвежо утро, во текот на денот времето ќе биде сончево. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен, а на места, вдолж Повардарието повремено засилен ветер со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 3 до 15 Целзиусови степени, а максималните од 19 до 28 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево со умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер ...
Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот, рече американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор во замокот „Виндзор“, каде што беше организиран свечен банкет по повод неговата втора официјална посета на островот. Претходно Трамп официјално престојуваше во Велика Британија во 2019 година, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, а вечерва, како што пренесоа медиумите, тој го истакнал тоа што е ...
Шкотска млекарница ја нуди најскапата шолја кафе во ОК, по цена од 272 фунти (344 долари) за двојно еспресо со млеко, комплетно со уметничко дело со краткотрајна млечна пена. Скапата шолја кафе е всушност погодност за купувањето акции во млекарницата Mossgiel Organic Dairy’s, бидејќи луѓето кои ќе купат 34 акции од таа фарма добиваат сертификат за еспресо со млеко, кое може да се купи во едно од 13-те кафулиња во Шкотска кои користат млеко ...
Собранието на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Со оваа одлука, земјата добива уште една силна законска рамка, усогласена со европските стандарди, која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање на нови зелени работни места, информираат од Министерството за енергетика. -Законот ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел повика на обединување на Европската Унија во услови на војни и кризи, како и на протекционистичките политики на американскиот претседател Доналд Трамп, и повика на реформи на блокот од 27 члена, објави во среда германската новинска агенција ДПА. Поранешниот лидер на конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU) зборуваше на симпозиум за Лисабонскиот договор на ЕУ, организиран од ...
Со приближувањето на локалните избори и интензивирањето на предизборната кампања, повторно почнаа да циркулираат неофицијални информации за можно проширување на американската „црна листа“ со политичари од Северна Македонија. Во моментов, информациите главно циркулираат на социјалните мрежи, каде што се споменуваат можни имиња на политичари, а се објавуваат и нивни фотографии. Во врска со оваа информација, скопскиот портал Лидери.мк побара ...
На еден од најголемите крузери, избувна расправија што се претвори во масовна тепачка меѓу патниците. Големскиот крузер на компанијата „Ројал Карибиан“ беше принуден итно да се врати во Флорида откако неколку патници беа повредени во брутална масовна тепачка, потврди полицијата. Имено, бродот „Чудото на морињата“ мораше да се врати во Мајами во понеделникот откако едноставна расправија покрај детскиот базен се претвори во отворена тепачка ...
Граѓани и денеска попладне одржаа протест и го блокираа мостот „Близнаци“ меѓу скопските општини Аеродром и Гази Баба со единствено барање – надлежните да го слушнат нивниот глас и да најдат трајно решение за дивата депонија Вардариште. „Чист воздух, сега“, „Барате власт, нема кога нè храните со отров“. Ова беа дел од паролите што ги извикуваа насобраните граѓани на раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и АСНОМ, пред мостот „Близнаци“. ...
Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар, денес оцени дека предложените мерки на Европската комисија против Израел се „морално и политички перверзни“ и ќе ѝ наштетат на Европа. Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар, денес оцени дека предложените мерки на Европската комисија против Израел се „морално и политички перверзни“ и ќе ѝ наштетат на Европа. „Акциите против Израел ќе им наштетат на интересите на самата ...
Опозицискиот СДСМ бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и разрешување на Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес по трагедијата во која беа убиени 31-годишна жена и нејзиниот татко. Осуда и одговорност за овој случај, кој, како што велат од партијата, можел да биде спречен, не се прашања на политика туку на човечки и етички норми. „Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои ...
По минатонеделното убиство на конзервативниот активист Чарли Кирк поранешниот американски претседател Барак Обама излезе во јавноста со остро предупредување за , како што наведе, „политичка криза каква што никогаш порано не сме виделе“. Зборувајќи вчера во Пенсилванија, Обама истакна дека, иако не го познавал Кирк и не се согласувал со многу од неговите ставови, неговото убиство го смета за „ужасно и трагично“, пишува Би-Би-Си. Кирк(31) ...
Советот на министри на Босна и Херцеговина не ја усвои реформската агенда, што е еден од предусловите за БиХ да добие средства од Планот за раст на Европската унија за Западен Балкан, на својата седница на 17 септември. Рокот за поднесување на конечната верзија на реформскиот план истече минатата година, по што износот планиран за БиХ беше намален за десет проценти, а новиот рок што го постави Европската комисија е 30 септември. Доколку не ...
Климатските промени и растот на температурите предизвикани од човечкиот фактор се одговорни за смртта на околу 16500 лица во Европа во текот на ова лето, се наведува во студија на група британски истражувачи на климата и здравјето. Врз основа на истражување на климатскиот модел во 854 европски градови, научници од Империјалниот колеџ во Лондон и епидемиолози од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, утврдиле дека како резултат на ...