Тенисерите од тимот на Светот славеа на овогодинешниот Лејвер Куп, кој се играше во Сан Франциско. Ова беше трета победа над тимот на Европа во осмото издание на ова натпреварување, а најзаслужен за тоа е Тејлор Фриц. Американецот не само што го победи најголемото име на турнирот, Карлос Алкараз, туку и во решавачкиот натпревар славеше над исто така фаворизираниот Александар Зверев. Откако му препушти само пет гема на шпанецот, Зверев даде ...
Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните. ТИМ НА 7. КОЛО После одиграни седум кола, Вардар и Струга ТЛ се издвоија на врвот на табелата, со само едно реми и шест победи, додека во чекор ги следат ...
Шпанската кошаркарска федерација го назначи Чус Матео за нов селектор на „црвената фурија“. Поранешниот тренер на Реал Мадрид со тоа го наследи новиот шеф на кралскиот тим, Серхио Скариоло, кој беше на чело на националниот тим повеќе од десет години. Шпанија доживеа вистински дебакл на последното Европско првенство, завршувајќи го натпреварувањето уште во групната фаза. Една од најтрофејните репрезентации во Европа минува низ генерациска смена, ...