Надлежните служби од Општина Кочани денеска работеа на озеленување на дел од јавните површини во градот. Сто и педесет садници од јасен, јавор, црвена слива, индиски јоргован, бреза, туја и ликвидамбир се засадени на улиците „Четврта македонска бригада“, „Скопска“ „Тодосија Паунов“, во разделните зеленила на градските сообраќајници, во Градскиот парк, а се обновуваат и испразнети места во дрворедите низ градот. Хортикултурното уредување и ...

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против три физички и едно правно лице кои, со неколку сторени кривични дела, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари. Според МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени две ...

Општина Македонска Каменица објави јавен повик со кој ги повикува сите сопственици на станови во колективни станбени објекти да пристапат кон формирање заедници на сопственици како правни лица или управувањето да го доверат на лиценцирани управители, согласно важечката законска регулатива. Со повикот се потенцира дека заедницата на сопственици претставува правно лице кое ги застапува интересите на станарите, управува со заедничките делови на ...

Претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски, денеска оствари работна средба со помошник-министерот во Министерство за внатрешни работи, Јован Алтанџиев, на која беа разгледани повеќе прашања за подобрување на административните услуги за граѓаните. -Акцент беше ставен на реализацијата на проект за обезбедување нови простории за управните служби при МВР Делчево, како и на можностите за воведување нови управни услуги со цел ...

Нова зона и нови дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“ – чекор напред кон поуредено и пофункционално секојдневие, попладнево најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Тој информираше дека со градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, го означиле почетокот на нов, современ начин на користење на услугите, како и ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од ...

Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер, денеска престојуваше во Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Фисник Меља и неговите соработници. За време на средбата се разговараше за постојната соработка, како и за нови идеи и иницијативи со цел понатамошно продлабочување на односите меѓу општините. -Беше истакната важноста на реализираните проекти во рамки на збратимувањето со француски општини, кои донесоа конкретни ...

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, ставени се во функција целосно реконструираните простории на Службата за брза помош. -Од денес, овие простории се целосно нови, стандардизирани и функционални, во служба на обезбедување поквалитетни и поефикасни здравствени услуги за граѓаните. Нашата институција останува континуирано посветена на унапредување на инфраструктурата и подигнување на стандардите во служба на пациентите, ...

Министерот за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва информираше дека денеска оставил средба со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс. – На средбата го потврдивме високиот степен на развој на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, разговаравме за продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и за подготовките за вториот стратешки дијалог, ...

Почна изградбата на алтерантивниот паркинг простор во кумановското село Долно Којнаре, соопштија денеска од јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово. Директорот на претпријатието Суад Зејнулаху, денеска информираше дека во тек е тампонирање на паркинг-просторот во близина на пазарот за стари работи, проект кој се спроведува на барање на месното население од селото, кои се жалеа на сообраќаен метеж. -Ова е една новина која ја ветувавме и се ...

Припадниците на Генералштабот денеска го одбележаа Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО. На одбележувањето, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, поранешни началници на Генералштабот, активни и пензионирани генерали, претставници од Министерството за одбрана, како и команданти на ...

Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток иако укажуваат дека проблем не е само цената на горива, туку постојат ризици од разни аспекти, кои може да се рефлектираат како недостиг на горива, керозин, алуминиум… – Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките. Драстично намалување сè уште не постои ...

Општина Делчево потпиша договор за соработка со ЕЛ КОЛЕКТ, со цел унапредување на системот за управување со опасен, електронски и електричен отпад на локално ниво. Во рамки на договорот, општината доби 15 контејнери за мешан комунален отпад, како и шест сета за селекција на електронски и електричен отпад, наменети за собирање кабли, фенови, сијалици и мали апарати за домаќинство. Сетовите се распределени во двете основни училишта, детската ...

Во рамките на петтиот Интерпарламентарен форум на делегациите од Југоисточна Европа во ПС на ОБСЕ претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, оствари средба со генералниот секретар на ПС на ОБСЕ, Роберто Монтела, информира собраниската прес-служба. На средбата Гаши истакнал дека за Собранието е чест што ја ужива довербата од ПС на ОБСЕ, потврдена преку организирањето на овој парламентарен форум, кој претставува извонредна можност ...

Петнаесет ученици од прва, втора и трета година и двајца професори од Средното општинско училиште „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево, во периодот од 23 до 28 март престојуваат во Тирана, Република Албанија, каде ја реализираат втората возвратна размена во рамки на проектот „Bridges to Unity“, дел од програмата „SuperSchools“. Со оваа активност се заокружува четвртиот циклус од проектот, чија цел е унапредување на меѓукултурниот дијалог, ...

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо турс“ од Гостивар, што беше спроведена на влез во државата на граничен премин „Табановце“. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени, кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО – Куманово, а истрагата е проширена и ...

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имаше работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детаљно биле презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговарало за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и за граѓаните. – Со реализацијата на овој проект се очекува значително намалување на сообраќајниот метеж, ...

Приоритет на Владата е да се обезбедат помали трошоци за живот и повисоки примања за вработените – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја анализата на Државниот завод за статистика за исплатените плати во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека продолжувањето на трендот на раст на платите е позитивен податок, но нагласи дека цел на извршната власт е континуирано сузбивање на инфлацијата и ...

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на отварањето на новата трафостаница „ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН. Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека ...

Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека кога ќе заврши лабораториската анализа во РЕК „Битола“, каде што се пожалиле на симптоми на труење, ќе излезат со подетаљни информации. – ДЗСИ веќе беше на терен. Знаете дека процедурата трае 48 часа. Кога ќе заврши лабораториската анализа, ќе излеземе со информации – рече Алиу на денешната прес-конференција. Надлежните институции испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби, на кои завчера ...

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, денеска ја посети општина Куманово и се сретна со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. На средбата, како што информираат од Општината, се разговарало за тековните реализирани проекти со поддршка на ЕУ. – Денеска, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, и заменик-амбасадорот Бен Нупнау во рамките на ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светската банка, предводена од г-ѓа Шјијаокинг Ју, директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија. Како што соопштија од МЕРМС, оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои посебен акцент е ставен на ...

Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ имаше јасна цел: да ја постави академската соработка како стратешки приоритет за регионот и да ги позиционира шесте држави повисоко во европските и глобалните мрежи на високото образование зголемувајќи ја нивната видливост, но и влијание. Тоа е важно затоа што се соочуваме со реални демографски предизвици, кои ...

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот во рамките на активностите организирани за Деновтеи на отворен театар. За време на посетата, тој имаше можност да се сретне и со повеќе деца, кај кои јасно се забележуваше желбата и љубовта што оваа генерација ја негува кон културата и театарската уметност. Заедно со директорот на Албанскиот театар, Исмет Рамадани, ги посетија ...

Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите. Во рамки на акцијата, како што соопштија од локалната самоуправа, беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за ...

Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата и Владата континуирано инвестира во него преку инфраструктурни проекти вредни повеќе од стотина милиони евра – истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на отворањето на новата трафостаница „Централна“ во Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, дека не ...

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, во однос на одлуката да не ѝ биде продолжен мандатот во ОЈО ГОКК на обвинителката Ивана Алексовска-Трајчевска, која ги работеше предметите против полициски службеници поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели дека „Советот е колективно тело и одлуката е колективна“ и „колешката не е ни прва ни последна што не е избрана или е избрана“. – Вие бевте внатре и видовте ...

Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност не оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги написите во медиумите, во кои се наведува дека Грција реагирала бидејќи сопругата на претседателот на САД, Меланија Трамп, го употребила името Македонија на настанот во Вашингтон, на кој присуствуваше сопругата на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за една изборна единица и гласање на дијаспората одговарајќи на новинарско прашање поврзано со разговорите во рамките на работната група за Изборниот законик. – Ние сме за една изборна единица и не ги менуваме ставовите и тоа го кажав и на лидерската средба, но да има еден праг што би го договориле со другите политички партии. Во таа една изборна единица логично е ...

Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција најави дека следната недела на ЕНЕР ќе биде објавен нов закон за лекови усогласен со европските стандарди. Потенцира дека актуелното законско решение за лекови е застарено и се јавила потреба да се усогласи со европските регулативи. Информира дека на новото законско решение се работело три години. – Со законот воведуваме современи решенија за поефикасни, побрзи постапки за ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1015
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
40%
1017
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
35%
1020
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
62%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.6
68%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
37%
1020
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.69
76%
1011
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
58%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
55%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
60%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
31%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
75%
1016
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Сребро

2508.22

Кобалт

45.39

Родиум

326330.08

Рутениум

53788.20

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Злато

153002.26

Бакар

12.18

Калај

51.07

Паладиум

50026.56

Платина

66584.20

Алуминиум

3.62