Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово, информира ЈП Македонијапат. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, во второ читање, расправаше за предлог законот за Судскиот совет на Македонија. До членовите на собраниската комисија и Министерството за правда претставувано од заменик министерот Ален Деребан, беа предложени повеќе амандмани, меѓу кои и амандманот за начинот на избор на членови на Судскиот совет. Новото законско решение е во функција на реформите во правосудството и се ...
Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета, соошти Кабинетот на претседателката. Сиљановска-Давкова на средбата го поздравила напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ...
Куманово повеќе не се вбројува меѓу најзагадените општини во државата, покажуваат податоците од мерните станици достапни на општинскиот сајт, информираше на последната прес-конференција градоначалникот Максим Димитриевски. Според него, состојбата со квалитетот на воздухот е позадоволително во однос од пред неколку години кога Куманово беше меѓу првите три најзагадени општини со високи концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички. – Сепак, имаме ...
Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност има нов состав, соопшти Министерството за образование и наука. Новите 15 члена на Националниот совет се: проф. д-р Димитар Трајанов, проф. д-р Соња Лепиткова, проф. д-р Билјана Трајковска, проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Дренуша Палоши, проф. д-р Кристина Скепаровска, Стефан Момир, проф. д-р Валентин Мирчевски, проф. д-р Наталија Атанасова Панчевска, Никица Мојсоска ...
Јавната установа Национален парк „Маврово”, во рамки на надлежностите, продолжува со активностите за промоција на своите природни богатства, убавини и развој на дополнителни туристички содржини. – Овој пат тоа го правиме преку проширување, маркација и уредување на лесна планинарска патека која од село Требиште води кон живописното ледничко езеро Локув , едно од, така да речам, скриените бисери на паркот, информираше директорот Харис Ибраими. ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден дена по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените во просек за 1,18 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се ...
Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. И податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце викендов влегле над 36 илјади македонски државјани. – На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10:00 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10:00 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани. Што се ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ги посети средните училишта во Скопје, каде што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа. Градот Скопје информира дека интензивно работи на унапредување на условите во средното образование, со конкретни и видливи резултати за краток временски период. Посочуваат дека посветеноста кон создавање современи, безбедни и достоинствени услови за учење и работа во ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали. Како што соопшти собраниската прес-служба Гаши на средбата нагласил дека двете држави градат одлични билтерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес. Тој изразил задоволство од прогресот што Албанија го има при процесот на приближување кон ...
Општина Штип од вечерва започнува со форумските средби со преставници од урбаните заедници со цел креирање на буџетот за 2026 година. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во салата на Совет во општината граѓаните ќе може да даваат свои идеи, предлози кои понатаму ќе се анализираат, а дел од нив ќе влезат во буџетот за наредната 2026 година. -Во изминатиот период во општината има пристигнато многу предлози и идеи ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) денеска ги презентираше резултатите од спроведувањето на програмите на Европската унија „Еразмус +“ и „Европски солидарен корпус“ во 2025 година. -Податоците покажуваат 95% искористеност на расположливиот буџет и успешна имплементација на бројни проекти за вмрежување на корисници од Македонија со партнери од други европски земји. В.д. директорката на Националната ...
Седумдесет до осумдесет прегледи има во текот на 24 часа на Универзитетската клиника за детски болести. Кај пет до шест деца неделно изолираме инфлуенца А, но бројот е поголем кај тие кои имаат респираторни симптоми, изјави денеска директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди. Вообичаено, посочи тој, во овој период од годината почнуваат да циркулираат вирусите на инфлуенца и кај нашите пациенти во овој период најчесто се изолира инфлуенца А. – ...
Унифициран колективен договор според кој ќе биде иста почетната нето плата на докторите од другите градови и од Скопје, запирање на дефицитот на здравствениот кадар кој од внатрешноста доаѓа во Скопје, како и зголемувањето на платите на вработените во здравствениот сектор, бара Независниот синдикат на здравствените работници. За овие барања, претседателот на Синдикатот, Боби Бојчевски денеска разговарал со министерот за здравство Азир Алиу. ...
Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со што се најавуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од 97 милиони евра. -Во Владата денес беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на ...
Пред управната зграда на Клиничка болница Тетово денеска протестираа дел од луѓето кои повеќе години работеле во установата со договор на дело, а не добиле решение за трајно вработување. Тие обвинуваат дека на нивно место бил примен надворешен кадар. Во текот на мај и јуни 155 лица – доктори, медицински сестри, техничари, администрација и друг персонал преку протести јавно го изразија незадоволството и бараа трајно вработување со оглед дека ...
Денеска, беа потпишани договорите за државна гаранција и договорите за заем во вкупна вредност од 97 милиони евра, наменети за два капитални енергетски проекти кои ќе ја трансформираат енергетската слика на државата. Од овие средства, вкупно, 87 милиони евра кон АД ЕСМ се наменети за најголемата фотонапонска електрана „Битола 3“, 50 милиони евра од КфВ и 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР). Уште дополнителни 10 ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја презентираше Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, со која започнува ново поглавје во развојот на оваа институција. Стратегијата поставува јасна и амбициозна визија за трансформација на Зоолошката градина во современ центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. – Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и ...
Речиси 150 милиони евра директни инвестиции во македонскиот енергетски систем – зголемено производство на струја со запазени еколошки стандарди. Потпишаниот договор предвидува изградба на нова соларна електрана во Битола која треба да биде најголема во Македонија, а ќе чини 87 милиони евра. Ќе биде финансирана од германската КфВ банка и Европската банка за обнова и развој. „Трансформирањето на исцрпен рудник за јаглен во соларна централа е ...
Руски генерал е убиен утринава во експлозија на автомобил-бомба во Москва, соопшти Истражниот комитет на Русија. Станува збор за генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на Дирекцијата за обука на рускиот Генералштаб. Рускиот истражен комитет соопшти дека Сарваров починал откако бил детониран експлозив подметнат под неговиот автомобил. Експлозијата се случила на паркинг во станбена населба во јужниот дел на Москва. Снимките од местото ...
За нашата европска интеграција, прво не треба да има никаква дилема дека наш интерес е да се најде решение за овој спор кој очигледно постои со Бугарија. Ме охрабарува што се повеќе земји членки, а и европските институции развиваат свест и до некој степен и разбирање за нашите позиции. И често ќе го слушнам моментот поврзан со прашањето за предвидливост со контрааргументот дека предвидливоста не е нешто што со сигурност може да се добие по ...
Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во соопштението се наведува дека на состаноците со претставниците на Европската комисија било најавено спроведување дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите, како што се посочува, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе ...
Следната недела треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која се очекува да стане збор и за минималната плата. Од Владата остануваат на ставот дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, а бизнис секторот се надева дека ќе биде прифатен нивниот предлог за олеснувања во делот на придонесите за сметка на зголемувањето на минималната плата. Заменик-министерот за економија и труд Марјан ...
Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на економска и фискална политика на државата, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето воведно обраќање на денешната конференцијата на престижниот „Економист“ насловена „The Economist MeetUp – The World Ahead“, која се одржа во Скопје. Како што потенцираше министерката, во услови на глобални економски и ...
Обвинителката Анита Тополова-Исајловска е именувана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на седницата на Советот на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата. Тополова-Исајловска во моментов е заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол. Во рамки на Јавното обвинителство, ...
Со многу емоции и носталгија – македонската рок група Меморија, покрај најавениот концрет на 25-ти месецов во МКЦ, годинава ја заокружуваат со музички времеплов – Изложба на фотографии од најзначајните моменти на групата од нејзиното постоење. Во наредните седум дена верните фанови на Меморија ќе можат да се вратат низ времето. Изложбата ги открива ретките и култни настани од повеќе од четири деценискиот музички пат – од првите проби и ...
Со засилена динамика продолжуваат да се изведуваат градежните зафати на автопатот Охрид – Кичево. За првпат во Македонија, но и во поширокиот регион, на оваа траса се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да се стави во функција како безбедно сообраќајно решение. Денеска увид во градежните активности извршија министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, ...
Владата утре ќе одлучува дали ќе прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Државните електрани го побараа ова со писмо до Владата поради отежнатата набавка на енергенси како последица на секојдневните блокади на грчките земјоделци. Министерката за енергетика Сања Божиновска уверува дека нема да има проблеми во снабдувањето со енергенси. Доколку РЕК Битола не може да се снабди, односно да го доведе мазутот до македонска територија, ќе се ...
Иста работа, а различна плата – оваа неправда мора да престане. Унифициран колективен договор со кој лекарите ќе имаат иста почетна нето плата без разлика дали работат во Скопје или во внатрешноста, итно запирање на одливот на здравствен кадар и реално зголемување на платите – ова се клучните барања на Независниот синдикат на здравствени работници, кои ги ставиле на маса во Министерството за здравство. Од страна на министерот Азир Алиу, тие ...