Ракометарите на Е. Пелистер ќе го предизвикаат Вардар во финалето на Купот на Македонија, откако вечерва во полуфиналето славеа над домаќинот на фајнал-фор турнирот ГРК Охрид со 27-23. Второто полуфинале донесе неверојатно тврда игра на двете страни. Домаќините на Ф4 турнирот одиграа неверојатно во дефанзива, па по дваесет минути на фаворитот му дозволија само пет гола, а резултатот на семафорот изнесуваше 5-7. До крајот на првиот дел двата тима ...

Еурофарм Пелистер е вториот финалист од ракометниот Куп на Македонија, што значи дека утре во Охрид ќе има вечно дерби за трофејот од најмасовното клупско натпреварување на македонската ракометна сцена, со оглед на тоа дека Вардар на пенали го елиминираше бранителот на трофејот, Алкалоид. Битолчани во полуфиналето со 27-23 го совладаа домаќинот на завршниот турнир, Охрид, откако го скршија отпорот на противникот дури во второто полувреме. Охрид ...