За правото зборувате со огромна љубов. Кога се јави љубовта кон правото кај вас? Кога точно се јави љубовта кон правото, не сум во можност да кажам, можеби во текот на средното училиште, кога требаше да направам избор за мојата идна професија. Тоа што сум комуникативна личност, како и љубовта кон општествените науки веројатно го трасираа патот за избор на Правниот факултет, а со тоа и на професијата правник во иднина. Од денешна гледна точка ...

Министерот за правда Кренар Лога испрати писмен допис до Судскиот совет на Република Северна Македонија во кој се бара советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје , за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет. Во мислењето на Институтот наведено е дека Снежана ...

Основниот суд во Струга ја отфрли тужбата на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и физичко лице поднесена во 2021 година преку адвокат Глигорие Ќатоски, со која баравме судот да утврди дека со опстојувањето и функционирањето на дивата општинска комунална депонија во Струга се повредени правото на здрава животна средина и да ги задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и Јавното претпријатие ...

Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, расправајќи по правнoтo прашањe од интерес за единствената примена на правото и воедначување на судската пракса, на седница одржана на ден 15.05.2023 година, го донесе следното: ПРАВНО МИСЛЕЊЕ На странката и следуваат трошоци на име надомест за изготвено вештачење и покрај тоа што не е доставен доказ дека е платено за изготвеното вештачење. Образложение На Работната ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 114.6. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.6 %), Информации и комуникации (17.9 %) и Образование (17.5 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 114.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.7 %), Образование (17.9 %) и Информации и комуникации (17.7 %). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата ...

Министерството за економија преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Предлог Закон за енергетика (*). Целта на предлог законот е да се транспонираат Регулативите и Директивите на ЕУ од Пакетот за чиста енергија, односно да се транспонираат: Регулативата ЕУ 2018/1999 за управувањето со Енергетската Унија и активностите во областа на климата; Директивата ЕУ 2019/944 за заедничките правила за внатрешниот пазар на електрична ...

„Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на Претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Северна Македонија. Имено, во текот на 2021 година во судска ...

Агенцијата за заштита на личните податоци изрече три глоби во вкупен износ од 653.160,78 денари на финансиско друштво за брзи кредити и три глоби во износ од 55.347 денари за одговорното лице кај финансиско друштво за сторен прекршок согласно членот 111 став (1) точка 2 и членот 111 став (2), а во врска со членот 111 став (1) точка 2 од Законот за заштита на личните податоци. Агенцијата поведе три вонредни супервизии по поднесени барања од три ...

Соопштение По повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од страна на МВР е реализирана акција и по поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Врз основа на спроведените предистражни дејствија постои основано сомнение дека осомничените сториле кривични дела ...

Основниот кривичен суд Скопје, денеска 19.07.2023 година, на јавна расрпава, ја објави првостепенaта пресуда за предметот со КОК бр. 61/20 против обвинетиот М.Ш., Судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување и поднесено обвинение со детали во следниот линк: https://jorm.gov.mk/sudija-na-upraven-sud-pod-istraga-za-zl/ Според сите изведени материјални и ...

Врховниот судија Наќе Георгиев и судијата од Граѓанскиот суд во Скопје, Антоанета Димовска се избрани за нови членови на Судскиот совет на непосредните избори што се одржаа на 13 јули. Судијата Георгиев доби шест гласа од општата листата на Врховниот суд, на која гласаа вкупно 16 судии, додека за судијата Димовска се изјасниле 110 судии од судовите од скопското апелационо подрачје наспроти 49, колку што доби нејзиниот противкандидат Лазар ...

Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната Општа седница утврди Начелен став за акредитациите на медиумите во врска со одобренијата за снимање и фотографирање. Со утврдениот Начелен став се решава прашањето за различната судска практика за дадените одобренија за снимање или фотографирање по конкретен предмет, а во врска со примената на член 360 од Законот за кривичната постапка и член 105 од Судскиот деловник. „Даденото ...

Уставните судии денеска одржаа состанок на кој едногласно одлучија да се оформи предмет во кој ќе се води постапка за оценување на уставноста на „Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или ...

Почитувани читатели, Ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека од утре, 8.6.2023 година ќе ја стартуваме новата Академика (www.akademika.mk) – комплетна електронска збирка на важечки прописи во Република Северна Македонија. Таа ќе биде со истиот, највисок квалитет, но со нов изглед и, секако, подготвена со најнови технолошки решенија. По повеќе од 14 години успешно работење и задоволни корисници, дојде време да ја освежиме ...

Министерот за правда Кренар Лога во рамките на дводневната работна посета на Хаг ја потпиша Хашката конвенција за признавање и извршување на странски пресуди во граѓански и трговски предмети од 2 јули 2019 година. Конвенцијата беше потпишана во присуство на Генералниот секретар на Хашката Конференција за меѓународно приватно право,Кристоф Бернанскони и Амбасадорката на Република Северна Македонија, Бети Јачева и другите присутни. Потпишувањето ...

На 21.06.2023 година (среда), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука за канцелариското и архивското работење. Една од основните задачи на секој правен субјект е правилно водење на канцелариското и архивското работење. Правилното постапување со документарниот и со архивскиот материјал е клучен сегмент во управувањето со правниот субјект и во докажувањето на законитоста во неговото работење. Предавач на оваа обука ќе биде Солунка ...

Претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија г-дин Љубомир Михајловски и претседателот на Здружението на јавни обвинители во Република Северна Македонија, г-дин Елвин Вели, согласно заедничките заложби за модерен и ефикасен правосуден систем денеска во просториите на Комората, потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот има за цел размена на искуства, знаење, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете ...

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 26.04.2023 година, продолжена на ден 03.05.2023 година, одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „27 април“. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп.Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на ...

На 7.6.2023 година (среда), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Отворени прашања во примената на Законот за општата управна постапка“. Во оваа обука ќе се даде осврт на дилемите кои најчесто се појавуваат при спроведувањето на управните постапки и начините за нивно решавање, преку практични примери. Целта на обуката е да се дадат насоки за правилно спроведување на управната постапка и донесување на правилен и ...

Академик, во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци, на 06.06.2023 година (вторник), од 10:00 до 13:00 часот, ќе одржи онлајн обука на тема: „Улогата на офицерот за заштита на личните податоци – примери и најдобри практики“. Обуката, која е наменета за офицерите за заштита на личните податоци, цели кон зајакнување на позицијата на офицерот и е дизајнирана да ве опреми со практични знаења и вештини и ...

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај, во чии рамки се вклучени и пролетните макроекономски проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции во јавноста на конференцијата за печатот. Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се ...

На 31.05.2023 година (среда), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Практична примена на Законот за јавните набавки, предизвици со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори во пракса и правната заштита“. Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите предизвици со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори во ...

Министерството за труд и социјална политика преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Нацрт на закон за системот за проценка на лица со попреченост. Како што се наведува во известувањето, „Со овој закон се уредува системот на проценка на лицата со попреченост, организацијата, надлежноста, групите вработени и начинот и изворите на финансирање на Централното координативно тело за проценка на лица со попреченост, условите и ...

Министерот за правда Кренар Лога испрати дописи до Амбасадата на САД во РСМ, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и Програмската канцеларија на Советот на Европа со кои ги информира за неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Република Бугарија. Во дописот кој е испратен заедно со 14-те пресуди посочено е дека Министерството за правда бара поддршка од меѓународната заедница во делот на унапредувањето и ...

СООПШТЕНИЕ Oд 440-та итна нејавна седница-04.05.2023 година-13:30 часот Судскиот совет на Република Северна Македонија по барање за свикување на итна нејавна седница согласно чл.38 ст.3 од Законот за Судскиот совет на РСМ, на 04.05.2023 година (четврток) во 13.30 часот ја одржа 440-та итна нејавна седница на која едногласно беше донесена одлука за исклучување на јавноста согласно чл.39 ст.2 од Законот за Судскиот совет на РСМ, по што донесе ...

СООПШТЕНИЕ Oд 441-ва итна нејавна седница-04.05.2023 година-14:00 часот Судскиот совет на Република Северна Македонија по барање за свикување на итна нејавна седница согласно чл.38 ст.3 од Законот за Судскиот совет на РСМ на 04.05.2023 година (четврток) во 14:00 часот ја одржа 441-та итна нејавна седница на која едногласно беше донесена одлука за исклучување на јавноста согласно чл.39 ст.2 од Законот за Судскиот совет на РСМ и врз основа на ...

„Врховниот суд на Република Северна Македонија како и целата јавност внимателно ги следи случувањата во Судскиот совет на Република Северна Македонија. Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република Северна ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 438-та седница одржана на ден 26.04.2023 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното: 1. Усвоен е: – Записникот од 436-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.03.2023 година 2. Весна Дамева е разрешена од функцијата претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија Се закажува седница за 27.04.2023 година во 11,00 часот со ...

Почитувани, Блупринт групата за реформи во правосудството ја изразува својата загриженост околу ескалирањето на состојбата при утврдувањето на дневниот ред на вчерашната седница на Судскиот совет на РСМ која заврши со разрешување на претседателката на Советот. Како група која подолго време ја следи работата на Судскиот совет сметаме дека почитувањето на законот при секојдневното работење на една институција треба да се императив во нејзиното ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
5.14
56%
1013

Белград

7ᴼ/5ᴼ
3.6
46%
1010

Софија

2ᴼ/1ᴼ
8.75
66%
1013

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
5.37
52%
1012

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.03
88%
1004

Атина

21ᴼ/19ᴼ
5.81
57%
1006

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
44%
1011

Подгорица

13ᴼ/12ᴼ
2.06
33%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4309

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $