По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци. Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе ...

Концептот „rebus sic stantibus“, односно „променети околности“ во принцип значи дека една од договорните страни има право да бара раскинување на договорот кога околностите значајно се промениле, доколку се исполнети определени претпоставки. Според нашиот Закон за облигационите односи, ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта ...

Предлогот на Законот за употребата на македонскиот јазик, чија цел е да се придонесе кон подигањето на јазичната култура, негувањето и заштитата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, почитувањето и унапредувањето на јазичниот стандард, како и кон афирмирање на македонскиот јазик во странство преку обновување на старите и отворање нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети, е поставен на ЕНЕР. Како што се ...

Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 68 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“ бр. 66/2013 и 114/2014) и член 33 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.14/2022), постапувајќи по заклучокот на граѓанските оддели на четирите апелациони судови во Република Северна Македонија, за расправање по правно прашање заради ...

Основниот суд Куманово, имајќи го во предвид интересот на јавноста во однос на приведувањето на осуденото лице Драгана Даравелски на ГП Табановце на ден 10.01.2023 година, го издава следното С О О П Ш Т Е Н И Е По доставување на пресудата на Основен суд Скопје I Скопје К бр.809/05 правосилна од 26.03.2008 година, со која Драган Даравелски од Куманово, е осуден на казна затвор во траење од седум години, во Основен суд Куманово како надлежен суд ...

Ревизорите утврдиле: Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема “Ефикасност на политики и мерки за заштита, управување и ревитализација на недвижното културно наследство“ согласно Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2022 година. Целта на извршената ревизијата е да даде одговор на прашањето: „Дали со постојната правна рамка, воспоставениот начин на водење на евиденција, финансирање на активностите ...

Врховниот суд на Република Северна Македонија – Оддел за граѓански дела, согласно член 33 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 14/22), на седница одржана на ден 26.12.2022 година, утврди: ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВНО МИСЛЕЊЕ ОД 12.07.2022 ГОДИНА Во изреката, во ред први, после зборот „извршување“, се додаваат зборовите „правосилни и извршни“ и конечниот текст гласи: За извршување на ...

Старата латинска вели REPETITIO MATER STUDIORUM EST или ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, затоа Академик ќе ве потсетува на некои правила од Правописот на македонскиот јазик со цел да го повториме она што некогаш сме го учеле. Верските и другите празници се пишуваат со голема почетна буква само на првиот збор од името на празникот, а од другите зборови со голема буква се пишуваат само оние што претставуваат сопствено име: Божиќ и Божик, ...

Човековите права припаѓаат секому без исклучок. Постојат низа меѓународни акти кои уредуваат различни права и основни слободи, како и национални законски и подзаконски акти кои се темелат на постулатот дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Секој меѓународен акт, инструмент, стандард, закон или подзаконски акт треба да е достапен, пристапен, во корист и служба секому. Но, како здружение кое повеќе од 10 ...

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07), во 2023 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За ...

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-81/21, во јавноста познат како „Таргет- Тврдина“ , по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Г.Г од С., Т.Ј од О., Г.Ј. од С., Н.Б. од С., С.М.од С., Н.Н. од С. и В.В. од В., изјавени преку нивните бранители и по повод жалбите и по службена должност ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд ...

Старата латинска вели REPETITIO MATER STUDIORUM EST или ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, затоа Академик ќе ве потсетува на некои правила од Правописот на македонскиот јазик со цел да го повториме она што некогаш сме го учеле. Општите именки, како што се: извештај, договор, план, програма, решение, одлука итн., се пишуваат со мала буква, освен кога се на почетокот на реченицата или кога се наслов на документ. Примери кога горенаведените именки ...

Старата латинска вели REPETITIO MATER STUDIORUM EST или ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, затоа Академик ќе ве потсетува на некои правила од Правописот на македонскиот јазик со цел да го повториме она што некогаш сме го учеле. Во називите на законите, декларациите, резолуциите со голема почетна буква се пишува првиот збор, а од другите зборови само тие што претставуваат имиња. Правилно Закон за Академијата за судии и јавни обвинители Погрешно ...

Уставниот суд на вчерашната 38. седница одлучи да го укине членот 44 став 2 во делот „најдоцна до 65 годишна возраст” од Законот за социјална заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021), по иницијатива поднесена од Александар Долгоски, од Прилеп и Институтот за човекови права – Скопје, преку Игор Спировски, адвокат од Скопје, Реферат У.бр.27/2020 и У.бр.289/2020. ...

На 14.12.2022 година (среда), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Клучни теми и предизвици во примената на новиот Закон за заштита на потрошувачите“. Новиот Закон за заштита на потрошувачите стапи во сила на 15 ноември 2022 година. Третирајќи ги меѓусебните односи потрошувач – трговец, тој не само што ги дефинира правата на потрошувачите туку ги дефинира и обврските на трговците, поради што е од исклучителна ...

Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство е изгласан од страна на Собранието на 17.11.2022 и е објавен во Службен весник број 247/2022 година. Истиот е предвидено да влезе во сила на 17.05.2023 година. Законот е од големо значење за сите жртви на кривични дела со насилство бидејќи според анализите на експертската јавност истиот ќе овозможи подобра заштита за жртвата на насилство и ќе го подобри нивниот ...

Во октомври 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,05 п.п. и изнесува 4,40%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,74% и оствари месечно зголемување од 0,04 п.п., додека на годишно ниво оваа каматна стапка бележи пад од 0,03 п.п. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во октомври изнесува 4,44%, што претставува ...

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции во јавноста на конференцијата за печатот. Надворешниот амбиент за домашната економија е понеповолен, во споредба со периодот на изготвување на пролетните проекции. Натамошните ...

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска ги огласи за виновни обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. На обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“. Судскиот процес го води судијката Елена Илиевска Јосифови. Во овој процес, Основното јавно обвинителство – ...

На 22.12.2022 година (четврток), од 10:00 до 14:00 часот, Академик ќе одржи онлајн обука на тема: „Практична примена на Законот за јавните набавки и најчести пропусти при спроведување на постапките“. Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка ...

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“ , по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С. М. од С., Г. Г. од С., Н. С. од С. и Т. Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. Апелациониот суд Скопје при ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 112.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 113.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.3 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.3 %) и Преработувачка индустрија ...

Северна Македонија, се вели во новиот Извештај на Европската комисија, не направи значителни подобрувања во постапките за остварување на правото на сопственост. Скапи постапки и отсуство на стратегија Постапките и понатаму се долги и скапи за граѓаните поради недостиг на централна институција и недостиг на координација меѓу институциите што се занимаваат со овие права. „И покрај најавите, администрацијата сè уште нема развиено национална ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Со Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” бр. 135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна ...

Бизнисменот Јордан Камчев од 6 ноември е на слобода откако пред еден месец ја искористил законската можност да побара и добил од Основниот кривичен суд спојување на затворските казни за случаите „Плацови на Водно“ и „Империја“. Камчев во април годинава за случајот „Плацови на Водно“ беше осуден на една година затвор, додека за случајот „Империја“ призна вина и се спогоди на една година затвор и да плати 5,2 милиони евра. Во меѓувреме Камчев ја ...

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија се спроведе во периодот од 5 до 30 септември 2021 година. После голем број одложувања и по речиси 20 години од последниот Попис во државата, успешно беше спроведена оваа најголема статистичка операција која има извонредно значење за развојот на државата и за креирање на иднината на нашата, но и на идните генерации. Пописот беше спроведен според сите меѓународни ...

На 15.9.2022 година (четврток), од 10:00 до 15:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на лични податоци“. Улогата на офицерот за заштита на личните податоци е клучна во обезбедување на усогласеност со Законот за заштита на личните податоци. Контролорите кои утврдиле обврска за назначување офицер за заштита на личните податоци се должни да назначат лице кое ги ...

Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 12.07.2022 година, согласно член 28 и член 32 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, го усвои следното: П Р А В Н О М И С Л Е Њ Е Не постои важна причина за определување на друг стварно надлежен суд, ако странката, законскиот застапник или полномошникот на странката е роднина по крв во права линија на ...

На 10 октомври 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари. На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 3,5%. ...

Скопје

3ᴼ/3ᴼ
3.6
60%
1013

Белград

5ᴼ/3ᴼ
2.78
56%
1009

Софија

1ᴼ/0ᴼ
3.6
71%
1014

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
4.23
57%
1012

Љубљана

4ᴼ/2ᴼ
2.06
91%
1002

Атина

20ᴼ/19ᴼ
6.26
55%
1007

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.03
43%
1011

Подгорица

8ᴼ/7ᴼ
1.54
66%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4722

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $