Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 114.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.7 %), Образование (17.9 %) и Информации и комуникации (17.7 %). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 14,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Градежништво (19,6 проценти), Информации и комуникации (17,9 проценти) и Образование (17,5 проценти). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата ...