
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Европската Унија мора да е подготвена до 2030 за проширување, е пораката од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на отворањето на Бледскиот стратешки форум. 2030 е годината која и ние ја определивме како целна година за членство во ЕУ, што е доказ дека со нашите европски партнери имаме иста цел. После 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. ЕУ во наредните ...
По шест последователни квартали на дефицит, трговскиот биланс на ЕУ во второто тримесечје од оваа година бележи суфицит од една милијарда евра, пред се благодарение на падот на цените на енергенсите, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Според податоците на Евростат, извозот од ЕУ во вториот овогодишен квартал се намалил за два отсто, а увозот за 3,5 проценти, што резултири со остварениот суфицит. Во вториот квратал лани ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на ...
Подобри состојби во лозаропроизводството, бараат лозарите и најавуваат „жежок септември“ доколку не се излезе во пресрет на нивните барања и укажуавања, вели за МИА, Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозаропроизводители во Македонија, со седиште во Кавадарци. Тој посочува не ја исклучуваат можноста од протести и блокади, во нивниот обид да го свртат вниманието на јавноста, врз проблемите во лозарството. Од Министерството ...
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски го промовира новиот „Фестивал на храна“ во Крива Паланка Ќе ве пречекаме со богатсво од вкусови, звуци и позитивни вибрации. Ќе ве пречекаме со првото издание на новиот „Фестивал на храна“ на кој ќе можете да го пробате познатиот „Паланечки симит“. Ќе уживате во вкусовите на домашна традиционална храна од над 70 изложувачи, ароматични вина од македонските винарии, врвна македонска музика од многу ...
Околу 16 часот избувна нов пожар кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума и се шири со голема брзина. Ангажиран е еден Ер трактор за гасење на пожарот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Денеска околу 16:00 часот избувна шумски пожар кај село Бучинци и Ајватовци – општина Илинден во борова шума. Се шири со голема брзина. Покрај пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита ...
Општина Ресен објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските насади од природна непогода, врнежи од град на територијата на Општина Ресен. Од Општина Ресен информираа дека граѓаните кои претрпеа штети од невремето што се случи во текот на вчерашниот ден, тоа треба да го направат со пријавување во локалната самоуправа, да информираат за видот на претрпената штета и достават соодветна документација врзана за земјиштето каде е ...
Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка го поддржуваат продолжувањето на забраната на ЕУ за увоз на украинско жито на нивните пазари до крајот на годината, изјави денеска полскиот министер за земјоделство Роберт Телус. ЕУ во мај им дозволи на петте земји соседна Украина да ја забранат продажбата на украинската пченица, пченка, семе од репка и сончоглед на локалните пазари, додека дозволи транзит на такви товари за извоз на други места. ...
Пожарот кој од вчера беснее во Општина Чешиново-Облешево, а утринава влезе и во Општина Пробиштип попладнево се доближи на сто метри воздушна оддалеченост од кочанското село Врбица, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој е во селото. Посочува дека ова село и пред десеттина дена исто така беше во опасност од огнените јазици, а во моментов на терен се, како што вели, пожртвуваните кочански пожарникари и ...
Недовербата во институциите, шпекулациите од страна на политичките опоненти, скептицизмот на земјоделците и муабетите пред продавници, најдобро се демантираат со факти. А фактите зборуваат дека сме лидери во регионот по искористеност на ИПАРД 2 и први како држава ќе започнеме со имплементација на ИПАРД 3 програмата. Со вакво „лице“ министерот за земјоделство Љупчо Николовски и првиот човек на Платежната агенција Никица Бачовски цела година се ...
Дадениот збор на министерот Николовски на средба во месец април со претставниците на домашните производители на раноградинарски култури со оранжериско производство е исполнет. Како што тогаш вети министерот Николовски преку Интервентната програма е креирана мерката за нивна поддршка со која ја надоместуваме разликата помеѓу производната и продажна цена, како резултат од владината одлука за замрзнувањето на цените за овошјето и зеленчукот. ...
По падот регистиран во април годинава, во мај трговијата со земјоделско-прехранбени производи во ЕУ забележа раст и во делот на увозот и во делот на извозот, се наведува во последниот месечен извештај за трговија со земјоделски и прехранбени продукти во Унијата што денеска го објави Европската комисија. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, поголемиот раст на извозот во споредба со увозот, овозможи ЕУ во мај годинава да ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети винаријата Камник, од каде извести за рангирањето на Северна Македонија како 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино, според податоците на World Top Export. „Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 година сме оствариле девизен прилив во вредност ...
Мелничарите потврдија дека се шпекулации информациите во јавноста за наводното поскапување на лебот и дека нема основа за такво нешто кога е драстично намалена цената на суровината и кога се стабилизирани цените на електричната енергија. Излегоа со ист став како Министерството за финансии и Министерството за земјоделство. Ние ќе ја свикаме Потсекторската група уште еднаш следната недела за да знаеме во континуитет што се случува и каде треба да ...
Холандскиот производител на пиво Хајнекен на 25 август соопшти дека го завршил процеост на напуштање на Русија со продажба на тамошниот бизнис на руската групација Арнест за симболично цена од едно евро. Вториот по големина производител на пиво во светот рече дека договорот ги добил сите потребни одобренија и најверојатно ќе предизвика исклучителни загуби од 300 милиони евра (324,8 милиони долари). Хајнекен ја објави својата намера да излезе од ...
Исплатени се 88,6 милиони денари на 5 400 корисници за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, соопшти Платежната агенција. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчомлеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.Висината ...
Бројките за првите шест месеци од годинава се оптимистички и значат опоравување на туристичката индустрија во државава. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, во однос на претходната, бројот на туристи е зголемен за 30,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 отсто, изјави денеска директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ...
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, денеска посетија неколку капацитети од агрокомплексот кои имаат искористено средства од ИПАРД за модернизација на нивните производство. При посетатa, Николовски ја потенцираше важноста од програмата ИПАРД за домашниот агрокомплес и најави дека првите два јавни повици за Мерка 1 и Мерка 7 , во висина од 30 милиони евра ќе бидат објавени на почетокот ...
Денеска заедно со директорот на Платежната агенција Nikica Bachovski ја посетивме винаријата “Вардарска Долина Андон”, корисник на средства од #ИПАРД програмата. Со околу 54 милиони денари оваа винарија набавува опрема и го модернизира своето производство. Во тек е последниот јавен повик од #ИПАРД 2 програмата за мерката 3, а на почеток на месец септември веќе ќе започнеме први во регионот со #ИПАРД 3 и првите два јавни повици вредни 30 милиони ...
Денеска заедно со министерот Ljupcho Nikolovski го посетивме рибникот Дошница во Демир Капија каде се сретнавме со успешните добитници на грантови за финансиска поддршка за инвестиции во рибарство и аквакултура. Доделени беа 16 решенија за финансиска поддршка чија вкупна вредност е 33 милиони денари. Корисници на оваа поддршка се регистрираните репроцентри за репродуктивен и порибителен материјал, концесионерите кои вршат стопански риболов како ...
Интервентната програма која од минатата година за прв пат беше воведена даде одлични резултати. Нејзината главна цел е обезбедување навремена поддршка за секој еден земјоделец во услови на криза и поддршка на домашното производство. По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на последната владина седница усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година. Дополнителна поддршка од 3 денари по ...
Уште една успешна приказна на #ИПАРД и позитивен пример за максимална искористеност на европските средства со дури 3 апликации и овозможени средства од над 20 милиони денари за опрема. “БИМФУД“ е еден од лидерите во собирањето, преработката, пакувањето и дистрибуцијата на диви печурки и други диви плодови во регионот на Балканот. Со средствата од #ИПАРД компанијата БИМФУД вложила во зголемување на капацитетот за производство и модернизација на ...
Во Секретаријатот за европски прашања, денеска беше промовирана кампањата „Ние сме Европа“ во организација на СЕП, а во соработка со Владата на Република Северна Македонија. Караванот на кампањата ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – ...
Научниот Институт за тутун од Прилеп е една од најстарите научни институции на Балканот. Нашата соработка ја зголемуваме и продлабочуваме. Преку програмата за рурален развој обезбедуваме поддршка за институтот за поставување на систем за наводнување на опитни полиња . 5.740.000 денари за наводнување на 14 хектари површина на која се сади сортата “Прилеп 66” која е сопствена сорта на Институтот. Институтот е од голема важност за ...
Цената на лебот во однос на брашното ќе нема никакви поместувања, освен ако драстично не поскапат енергенсите или електричната енергија како минатата година, тврдат мелничарите. Но, во таков случај, тие очекуваат Владата да реагира навремено и да ги изрегулира на соодветно ниво цените на енергенсите или струјата за да не се повтори, велат, проблемот од лани. Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската ...
По предлог од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ги усвои трите нови мерки за поддршка на земјоделците преку Интервентната програма. Мерки насочени за поддршка на производителите на пченица, јачмен и раноградинарски култури произведени под контролирани услови. „Интервентната програма е нова програма која за прв пат беше донесена минатата година, директно поддржувајќи ги земјоделците, и даде ...
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбите во Атина со високи претставници на ЕУ истакнал дека постои момент на решителност за ново проширување на Европската Унија и дека Северна Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и повторно да чека. – Пораката е јасна, државите од Западен Балкан што поскоро да се најдат во Европската Унија. Како никогаш до сега, постои момент и решителност за ново проширување на Европската Унија. ...
Цените на житото годинава се преполовени. Мелничарите се снабдија со суровина по цена од 11 денари, а не по цена од 20 денари. Затоа, треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал поскапување на лебот на грбот на граѓаните, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Според Николовски, новите три мерки што ги донесе Владата на денешната седница и кои ќе се реализираат преку Интервентната ...
Србија годинава ќе има доволни количества пченица за домашни потреби, а солидна заработка очекуваат и извозниците. Со пченица беа засеани околу 700.000 хектари, исто како и претходните години, а жетвата беше приближно 3,2 милиони тони. Од тие количини, околу 1,5 милиони тони се доволни за домашни потреби, околу 1,2 милиони се за извоз, а останатите се наменети за стоковите резерви на земјава, пренесува Бета. Агроекономистот Милан Простран вели ...
Три нови мерки за поддршка на производителите на пченица, јачмен и градинарски култури донесе Владата на денешната седница. Мерките ќе се реализираат преку Интервентната програма, а предвидуваат по три денари за килограм остварено и предадено или складирано производство на пченица, по три денари за килограм произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, по 35 денари за килограм домат ...