Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта ...

Земјоделците незадоволни од откупната цена на пченицата. Бараат 30 денари за килограм, а откупувачите им нудат од 10 до 12 денари. На средба со министерот за земјоделие барале начин како да се добие повисока цена и гаранција за откуп на целото домашно производство. Откупувачите пак им вратија – понудената цена е највисока во регионот, информира Сител. – Ќе лобираме да се почитува договореното производоство. Ќе ја следиме целата ситуација и ...

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15.000 тони пченица исклучиво од македонско производство нема да бидат од увозен карактер, вчера на седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка се со цел да се сменат сите правила на игра за да биде македонската пченица таа што ќе биде откупена – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој информира и дека дополнително ќе се продолжи ...

По надминување на сите имотно-правни и административни проблеми, конечно почна изградбата на нова Пречистителна станица за третман на отпадните води, децениски проблем кој го мачеше Дојран и со овој еколошко-капитален проект го решаваме најголемиот проблем за заштита на Дојранското Езеро, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Тој во објавата на фејсбук потсетува дека средствата во износ од 188 милиони денари за изградба на ...

На граничниот премин Табановце за влез во земјава утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 20 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од понеделникот до 31 август на државните патишта во змјава е воведн летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна ...

Попладнево големо невреме го зафати Валандовско. Земјоделците од село Пирава јавуваат за огромни штети на насадите со градинарски култури, бостан како и оштетени лозја. „Жално, вложен труд, средства и за пет минути го нема . Знам како е имаме и ние страдано вака , само здравје нека е во фамилија“ – коментираат земјоделците на фотографиите кои се споделени на социјалните мрежи. Во објавите на Фејсбук земјоделците со жалење потсетуваат какви ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис. -Ги потпишав сите оние договори и документи кои долго стоеле по фиоките во кабинетите на Министерството за кои претходната гарнитура не нашла време или пак не сакала да ги потпише од причини само за нив јасни, изјави Трипуновски. Ова е само најава на тоа што следува и во која насока ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува. Како што додаваат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) се зголемува и маллопродажната цена на Мазутот М-1 НС за ...

Општина Кавадарци ги повика земјоделците да пријават штети од град, предизвикани при невремето што го зафати подрачјето на кавадаречко на 27 јуни оваа година. Преку јавниот повик објавен од кавадаречката локална самоуправа денеска, се повикуваат сите земјоделци погодени од природната елементарна непогода, да се пријават во просториите на Општината. Пријавувањето на штетите ќе трае од трети до десетти јули, во Граѓански услужен центар. – ...

Надминат е проблемот со водата за наводнување во атарите на општините Свети Николе и Лозово. Земјоделците од селата Црнилиште во Општина Свети Николе и Милино во Општина Лозово велат дека вода имаат во каналот за наводнување од Хидросистемот „Брегалница“, а според нив водата пристигнува во вистински момент за лозовите насади, а очекуваат помали приноси на пченката. Бранко Вучевски од селото Сарамзалино вели дека вода има во каналот, но тешко ...

Северна Македонија, како и останатите земји од Западен Балкан, се соочува со сѐ поголеми предизвици од природни опасности што влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија, земјата треба да преземе низа реформи, се вели во новиот извештај на Светска банка насловен „Преглед за климатски јавни ...

Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по носењето на одлуката, цената на електрична енергија ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година. Согласно Одлуката на Влада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од ...

Стабилна е состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, а патните правци се проодни, информираат од Центарот за управување со кризи. -Регионалниот ЦУК Тетово утрово известува дека состојбата со водостоите на реките во Тетово и во руралните општини се стабилни. Нема зголемување на водостојот и нема опасност засега од излевање. Сите патни правци се проодни, се додава во соопштението Од ЦУК посочуваат дека нема излевање на ...

Љубителите на пиво од денеска до недела во рамки на Фестивалот на домашни пива, што ќе се одржува во Скопје, ќе имаат можност да пробаат уникатни пивски вкусови произведени од локалните домашни производители на пиво. На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање. Своите пивски производи ќе ...

Во Министерството за финансии се подготвува ребалансот на Буџетот за 2024 година. Ќе се обезбедат пари за плати и пензии, за се она што е преземено како обврска согласно закон, а ќе се скратат неприоритетните и непродуктивните трошења. Предизвикот е голем, планираниот дефицит е потрошен околу 90%, но ќе се справиме со состојбата. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето прво гостување по преземање на ...

Од неделата (23 јуни) до вчера (26 јуни) пожарникарите од Тетово евидентирале 80 интервенции поврзани со последици и проблеми со кои се соочиле граѓаните поради невремето проследено со интензивен дожд, силен ветер и грмотевици. И вчера Тетово и околина беше погодено од невреме кое траеше од 17 часот па се до 1 часот по полноќ. – Од недела до денес имавме повеќе од 80 интервенции, извлекување на заглавени во возилата, од куќите, испумпување ...

Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, посочи дека со ова за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1 јули. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вчера изјави дека ќе нема ценовен шок и оти просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од еден процент. На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа работен состанок со раководителите и стручниот кадар од Подружниците Брегалница – Кочани и Свети Николе при АД Водостопанство. За средбата информираше на Фејсбук: „Изминативе години како најголем проблем во земјоделството се провлекува проблемот со вода за наводнување на земјоделските површини, заради досегашните лоши политики и негрижата за системите за ...

Невремето што го зафати вчера регионот на Свети Николе предизвика штети, особено кај село Кадрифакоово. ЦУК соопшти дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети. Од поројниот дожд и големата количина вода поплавен е надвозникот кај с.Кадрифаково, а на регионалниот пат Штип – Свети Николе имало насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок. Има и оштетување на патот од ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со земјоделци во општина Новаци за откупната цена на пченицата. – Денеска сум во посета на пелагониско, во општина Новаци, срцето на житницата во Република Македонија, на разговор со земјоделците околу почетокот и текот на откупот на лебното жито. Денеска ќе разговараме за сите отворени ситуации коишто се на прагот на жетвата. Претпоставувам ...

Ова е најголемата инвестиција досега во делот на обновливите извори на енергија во регионот. 500 милиони долари во парк на ветерници. Планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден милион мегаватчасови, што е 20% од целокупното производство на електрична енергија. Ова инвестиција ќе отвори нови 630 вработувања. Ваквиот почеток на мандатот со ваква инвестиција покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во ...

Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7. Доколку имате идеја за подигање нов овошен или лозов насад, да изградите фарма, да набавите земјоделска механизација и друго, ова е можноста која ви се нуди да инвестирате со со 60% грант од државата. Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Преку оваа мерка можете да инвестирате во ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 437 116 МWh електрична енергија, 12.002 мил. нм3 природен гас, 415 631 тони јаглен и 85 745 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за ...

Италија и денеска, од север до југ, е погодена од невреме проследено со пороен дожд, па цивилната заштита издаде портокалово предупредување за областите Емилија-Ромања, каде што реките Секија, Енца и Панаро предизвикуваат посебна загриженост, како и за Сардинија. Жолтото предупредување е на сила во уште 10 региони, Пиемонте, Ломбардија, Венето, Тоскана, Лацио, Умбрија, Марке, Пуља, Базиликата и Сицилија, пренесува tg24.sky. Во ...

ЗАПОЧНУВА ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ ПО НЕВРЕМЕТО. Ги информирам граѓаните на општина Гази Баба дека по разговор со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски започнуваме со постапка за утврдување на штета врз земјоделските култури како последица од вчерашното невреме кое ја погоди нашата општина, вели градоначалникот Бобан Стефковски. -Ги повикувам земјоделците од општина Гази ...

После седум години активно учество во бројни процеси на Владата на Северна Македонија како советник на премиерот и национален координатор за европски прашања, министер за правда, вицепремиер за европски прашања и како главен преговарач за процесот на евроинтеграција денес му ја предадов функцијата на новиот министер за европски прашања Орхан Муртезани. На новиот министер му посакувам успешно продолжување на процесот на евроинтеграција, брзо ...

Општините Кочани и Виница ќе спроведат координирана акција за прскање од воздух против комарците, со што се очекува да се постигне поголема ефикасност против здодевните инсекти. Со оглед што истиот оператор ќе го обезбеди авионскиот третман, двете локални самоуправи се договориле тоа да биде во ист ден. Градоначалникот на Виница, Миле Петков на денешната седница на општинскиот Совет даде образложение за претстојната активност. -Во нашата ...

Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари дизелот. Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
40%
1003
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
35%
1002
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
56%
999
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
24%
1005
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.47
52%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
95%
999
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
4.12
64%
1005
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
56%
1006
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
43%
1005
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
43%
1005
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
34%
1001
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
51%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Алуминиум

3.64

Родиум

320703.70

Злато

151413.64

Калај

55.99

Бакар

13.22

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Платина

68577.54

Паладиум

47550.95

Сребро

2812.48