Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...
Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот “Талир 2”, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. -Иако беа направени измени на ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен маж, кој е осомничен за кривичното дело убиство. Според Обвинителството, на 12 јули, по расправија и физичка пресметка меѓу неговите родители во семејниот дом, осомничениот земал нож и во дворот го нападнал својот татко. Како што се наведува, му нанел повеќе од 30 убодни рани во пределот на вратот и градниот кош, од кои таткото починал на ...
– Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. – Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...
Досегашниот министер за здравство Азир Алиу денеска во Министерството му ја предаде функцијата на новиот министер Сашо Клековски. На средбата, како што е објавено на Фејсбук страницата на Министерството, се разговарало за досегашните проекти, тековни процеси и активности кои во изминатиот период беа во фокусот на МЗ. Сашо Клековски е еден од осумте нови министри, кои беа избрани синоќа на собраниската седница за реконструкција на Владата. ...
Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат дека зависноста од увоз претставува стратешки ризик за европската економија. Македонија, иако располага со значајни резерви на бакар во Иловица, сè уште не го користи овој потенцијал. Проектот, вреден околу 350 ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...
Левица и СДСМ упатија остри критики кон министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, откако МВР распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров – „Цуната“, кој избега од полициска станица во Кочани. Од Левица посочуваат дека Лазаров, според сведочења во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, бил препознаен како лице кое продавало дрога во клубот. Партијата оценува дека неговото бегство не може да се смета за случаен ...
Русија фрли бомба од три тони FAB-3000 врз градот Орихив во Запорошката област на Украина и објави видео од нападот. Градот се наоѓа недалеку од линијата на фронтот, а видеото покажува огромна експлозија, објавува PolskieRadio24.pl. Видеото циркулира на социјалните медиуми од вчера. Russia released footage of a 3-ton FAB-3000 glide bomb striking the front-line town of Orikhove in Ukraine's Zaporizhzhia region. The bomb carries around 1.4 ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 18-годишната П.А. од липковското село Лојане и две малолетнички, на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Според полицијата, на 13 март годинава, околу 18 часот, трите осомничени повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива во работењето на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за 2024 година, поради утврдени значајни неправилности и слабости во финансиското и оперативното управување. Ревизорите констатирале дека претпријатието се соочува со високо учество на побарувања со неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ...
Првата театарска премиера на „Охридско лето“, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ донесе извонредна актерска игра. Претставата е во продукција на „ Театарот на еден актер“. Сценографијата ја изработи Енес Деари, а костимограф е Изет Цури. Големиот бард во македонското глумиште, Бајруш Мјаку со овој театарски проект го заокружува своето 53-годишно патување во светот ...
СДСМ остро реагираше на извинувањето што премиерот Христијан Мицкоски го упати по инцидентите за време на расправата за реконструкцијата на Владата, оценувајќи дека станува збор за „изнуден театар“, а не за искрено признавање на грешката. „Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. Не може!“, наведуваат од СДСМ. Од опозициската ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се осврна на размислувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за Ормутскиот теснец и искористи уште една можност да ја исмее политиката на Белата куќа на Блискиот Исток. Имено, Доналд Трамп рече дека Ормутскиот теснец ќе остане отворен со или без Иран. POTUS is absolutely right. Whoever provides secure and safe passage of commercial vessels through the Strait of Hormuz should be ...
Повеќе од 100.000 навивачи се собраа на улиците на норвешката престолнина Осло за да го пречекаат својот фудбалски тим. Ерлинг Халанд и неговите соиграчи беа елиминирани од Светското првенство во саботата со пораз од 2:1 по продолженијата против Англија, но тие веќе постигнаа нешто историско со пласманот во четвртфиналето. The national team is parading through Oslo in an open-top bus from the Royal Palace to City Hall, as people line the ...
Американската војска рано утровосоопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран „трета ноќ по ред“. „За време на петчасовната мисија, американските сили успешно нападнаа воени цели низ Иран, вклучувајќи ги Бушер, Шахбахар, Џаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас“, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштение на својата X платформа. ☠️ US forces declare completion of tonight’s bombardment of Iran US Central Command says ...
Во Руската Република Башкортостан, по нападот со беспилотни летала врз рафинеријата за нафта „Газпром Нефтехим Салават“, која се наоѓа на приближно 1.400 километри од украинската граница, беа пријавени експлозии и пожар, пишува Украинска правда. Another angle of the burning refinery in Salavat, Bashkortostan, currently Russia. The facility is operated by Gazprom and annually processes 10 million tons of oil products. ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
На денешната собраниска расправа за реконструкцијата на Владата, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, оцени дека смената на повеќе од една третина од владиниот состав претставува признание дека проблемот не е во министрите, туку во политиките на Владата и нејзиниот претседател. Осврнувајќи се на експозето на премиерот Христијан Мицкоски, Апасиев истакна дека зад внимателно спакуваната реторика не стојат ниту резултати, ниту искреност. ...
Седат Сулејмани е избран за нов министер за култура и туризам на 112. собраниска седница, посветена на реконструкцијата на Владата. Сулејмани, кој доаѓа од редовите на коалицијата ВРЕДИ е избран на местото на досегашниот министер Зоран Љутков, кој претходно беше разрешен од функцијата. Во периодот од 2024 до 2026 година ја извршуваше функцијата заменик-министер за култура и туризам, а истата функција ја извршуваше и во периодот од 2020 до ...
Досегашниот заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски е избран на раководната позиција во Министерството за социјална политика, демографија и млади, на 112. собраниската седница, посветена на реконструкцијата на Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Велковски, кој е од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа на местото на досегашниот министер Фатмир Лимани, кој претходно беше разрешен од ...
Досегашниот заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, е избран за нов министер за локална самоуправа на 112. собраниска седница, посветена на реконструкцијата на Владата. Стоилковиќ доаѓа на местото на досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински. Во периодот од 2024 до 2026 година ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците. Претходно, ...
Собранието го избра Борче Серафимовски за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, како кадар на Движењето ЗНАМ, во рамки на реконструкцијата на Владата. Серафимовски досега ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Серафимовски е дипломиран дефендолог на Институтот за одбранбени и мировни студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во ...
Собранието го избра Сашо Клековски за нов министер за здравство, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на реконструкцијата на Владата. Клековски досега ја извршуваше функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а има завршено и МБА академска програма на УАЦС. Во неговата биографија посочува дека ја вршел функцијата прв ко-претседател на ...
Ерџан Демир е избран за нов министер без ресор на 112. собраниска седница, посветена на реконструкцијата на Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Демир, кој е од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа на местото на досегашниот министер без ресор Шабан Салиу, кој претходно беше разрешен од функцијата. Во периодот од 2025 до 2026 година ја извршуваше функцијата национален координатор за креирање и следење на национални ...
Собранието денеска ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски, која беше на дневен ред на 112. собраниска седница. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за нов министер за здравство Сашо ...
Собранието го избра Јетон Шасивари за нов министер за правда, како кандидат на коалицијата ВРЕДИ, во рамки на реконструкцијата на Владата. Шасивари е доктор по уставно и управно право на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Според неговата официјална биографија, од 2002 година е редовен професор по уставно и управно право на истиот факултет. Во својата биографија посочува дека од јануари 2024 година е ...
Русија во моментов нема воен капацитет да започне напад од големи размери врз Полска, но би можела да прибегне кон провокации и хибридни операции, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. Во интервју за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“, Сикорски рече дека Варшава сериозно ги сфаќа предупредувањата за можна руска закана, но не очекува директен воен напад врз полска територија. – Владимир Путин нема средства да нè ...
Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека во вчерашните напади врз Иран биле користени „камикази борбени дронови“ и – за прв пат – поморски камикази – дронови. Американските борбени дронови веќе биле користени порано во конфликтот со Иран, кога CENTCOM го користел „Евтиниот систем за беспилотни борбени авиони без екипаж“ (LUCAS) – во суштина американска верзија на иранските дронови Шахед-136, кои Русија ги користела во голем број во ...
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека извршила успешни напади врз складишта за гориво и муниција во воздухопловната база „Принц Хасан“ во Јордан, како и врз американски цели во Бахреин и Кувајт. Во соопштението се вели дека целите во Јордан биле погодени со прецизни ракетни напади како дел од одмаздничка операција против американската воена инфраструктура во регионот, објави иранската државна телевизија „Прес ТВ“. ...